Пребарај го блогов

сабота, април 22, 2006

Мала меморија за мојот Свекор

(ова го пишува мојата мајка)

Мојот свекор се викаше Димитријевиќ В. Александар. Не ја знам точно годината на раѓање. Роден е во времето на Турско.

Роден е во село Старо Нагоричане Кумановско. За оваа негова мала историја ке покушам да ја искористам мојата меморија-сеќавање. И јас сум родена во исто село а во истото сум и мажена па така користам и една поговорка, “Добро село мома не ја испушта, а и добра мома село не го дава“. “Мама ја дава село не ја дава-оти е убава“. Јас ја имам исполитувано и една и друга поговорка.

Свекорот го памтам и од еден друг разлог, мојата фамилија и неговата беа куќни пријатели. Едно земјоделско-трговска, а друга поповска. Или поточно моја земјоделско-трговска, а негова поповска. Бев доста мала кога го запознав, тој беше како прво много природно убав. Не штедела природа кога го дарувала, беше висок, црномањаст, развиен и добро граден. Како второ многу добро васпитан бо однос на сите полиња. Тогаш беше омилен од сите луѓе без обзир дали се сиромаси или богати. А најголема негова особина беше негова хуманост и поштење. Негова хуманост ја користел за да помага сите сиромшни фамилии со пари, за кои позајмици не барал камата и во доста случаеви им го простувал и дуг, и велел да не му го враќаат. Покасно кога станал свекор и дедо бил помалку прекоруван. Покушавале да го изменат тој негов начин на помагање, од разлог што увиделе дека луѓето најчесто не се благодарни, туку дури и го исмејавале, а и му станувале непријатели. Покасно се видело дека биле во право, и му се светеле во текот на втората светска војна.

Тој како дете бил син на Поп, а останал сирак кога турци му го утепоале татко и Чичко кој исто бил Поп. Тоа се познати случувања на крајот на турската империја во Македонија. За време од една од конфернциите за дефинирање на границите меѓу Турција и тогашна нова Српска држава-Берлинскиот конгрес, локалното население од нашите краишта се организирале и барале со писма до Конференцијата да се помасти подоле границата на Србија, која тогаш била формирана на линија на Ристовац. Организатори и пишувачи на писмата меѓу другите биле и Поповите од фамилијата Димитријевиќи-Поп Димитрија, прма кои Турската Империја се пресметува со крвава ликвидација. Едниот поп е убиен на лице место во манастирот Забел, а другиот е однесен во Солунските казамати каде е и погубен.

Во тоа време се почитувало една традиција на црквата, да мора да се бира нов Поп од иста фамилија. Тоа и тука се случило. Во таа прилика негов чичко кој бил помал брат на негов татко иако нешколован за Поп - користејки ја црковната традиција се запопува, а го запопува и својот брат. Поп Анта и Поп Денко.

Со еден од овие попови овој има една една интересна сторија: На редовни собири за слави во селската црква св.Ѓорѓи им се обраќа на верниците-соселани со зборовите.

“...Имасмо златан крс, да га е*у украдосте га, туримо сребрен и т‘ј га украдосте. С‘г сам турија дрвен крс. И ако и њега га украдете, мој ке га целивате...“

Од хумани причини овој Поп Денко ги има прифатено и подигнато деца од својот брат - Васиљ. Попот се побринал сестра на мојот свекор да се омажи во Куманово.

Овој чичко на мојот свекор, инаку Поп Денко и попадија Мара го мажат и своето дете во богата и домаќинска фамилија, но селото било планинско преко река - Степанце.

Попот (личко) имал пет керки и а оваа од братму била шеста. Машко бил само свекор ми во двете фамилии. Менталитет на фамилијата бил секојпат да се вртат према машките деца, кои станувале наследници. Па така и свекор ми ја наследил таа особина да ги сака повеќе машки деца.

Користејки ја наклоност на својата фамилија, станал породично галениче, па и на цела парохија. Едно убаво дете, убаво воспитано но за жал без работна навика. Па така го поминал цел негов релативно краток живот, кој завршува со трагедија.

Се истакнал како Солунски борец, во прва светска војна во кои борби бил и ранет во нога. Од последица беше инвалид 70 посто, а примаше и пензоија добиена на база на медаљи со кои беше одликуван - за посебна храброст во воени дејствија. Медаља на Каражорѓева Звезда со сребрени мачеви и Медаља Бели Орао. Секако примаше и инвалидски додаток.

Значи беше обезбеден со лични примања и ако беа много богати со земја. Тој никојпат не стекнал навика за земјоделие, па ни за сточарство. Иако и на тоа поле беа многу имуќни, имаа стадо од повеќе од 200 овци, кои ги одгледуваа летно време на големите пасишта во оближното Муталово, десетина километри подалеко од наше село каде имаа и бачило. Исто беа богати и со стока која служела само за пазар. Говеда коњи и ситен добиток кој народно се викаше “пашиќна стока“, која не работела ништо. Па затоа има сличен прекор и за луѓе кои немаат работна навика, и не се добро васпитани, ги нарекуваат по прекор на стока која само јаде и пие и лута каде сака, а нема никаква обавеза или работна навика. Служи само за приплод и за пазар.

Како татко на шест деца, 4 сина и две керки, бил доста одговорен и строг према деца. Добро да ги васпитал и одгледал. Ова не му било ни проблем како еден од најбогати во село. А за негова голема среќа имал много работна и паметна жена, која му помагала и го штитела од тешки селски работи а ги научила и воспитала и деца да го сакаат како добар родител. Па така ги пораснале и воспитале како добри граѓани и луѓе.

Но на децата кога пораснале и требало да се женат и мажат, не им дозволувал да си бираат сами симпатие и животни сапутници. Ова се правело по старински обичај. Снаи зимале од угледни фамилии како и керки давале во исто угледни фамилии – богати и домаќински. Сево ова се правело без обзир на желба на деца и дали се млади сакаат меѓу себе.

Така настанале и породични проблеми, кога нивна прва керка убава вредна и богата се има омажено за дечко што го сака, ама бил сирак без мајка и без татко. Имал само помала сестра која беше многу убава. Овој човек беше многу стасит и убав и добар мајсор занаетлија - столар. Занат го завршил во Белград и бил прочуен мајстор во цел Кумановски крај. Покасно е еден од оснивачи на Словенијалес-Македонија и негов долгогодишен директор.

Керка му познавајки го карактер и желба на својот татко се омажила бегалка. А се запознале кога свекор ми го ангажирал нејзин маж за мајстор – столар да работи, врати и прозорци за нова куќа. Во тоа време дрвенарија се правела на лице месло во куќа која се гради. Па така тука се зближиле со своја идна жена.

По таа нејзина мажачка свекор ми многу се разлутил и настанала голема сваѓа во фамилија и брак. Свекор ми не сакал да и прости на својата керка и не ја има примено на гости за свој живот. Исто не дозволувал ништо да и биде дадено од чеиз, кој во тоа време ручно се изработувал а таа како вредна и паметна и богата имала многу убав и богат чеиз, за кој многу тагувала.

Слична работа се десила и со избор на прва снаа за најстар син. Зема мома од богата фамилија а без воља и љубов на самиот син и снаја. Несреќа со оваа снаа била поголема пошто имало дијагноза од лекари дека не може да раѓа. Синот се обратил на својот татко дека треба да ја остави и друга да зема за жена, но не добил одобрение од татко. Му било речено дека нејќе да го гази својот збор.

Ова била и една од причини зошто брат на мојот маж, несреќно се одалечува од своја фамилија. Во ратниот вихор на втора светска војна бива заробен и однесен најпрво во Аустрија, после во Германија. По завршеток на втора светска војна оди најпрво во Англија, но предходно се жени со Германка и потоа заедно одат во ветената земја Америка каде среќно живеат и денеска и имаат три керки и многу унуци.

Свекор ја научил лекција и својот втор син му дозволил да се жени со која сака. Бргу му се насмејала среќа и добил прво унуче машко, што многу го усреќило и смирило свекор ми. Вака сречен дедо за прв роденден на свое унуче на снаата подарил машина за шиење. Позната марка Сингер.

Но радост и среќа му траеле кратко. Стана втора светска војна и голема несреќа се деси во фамилија на мој Свекор. После убиство на бугарски намесник во село, Бугарска војска се има осветено на село така што пали неколку куќи во село Старо Нагоричане и од исти куќи погубува зверски сите машки членови. Извршување на зверско убиство се врши во суседно село Младо Нагоричане – Костоперска Карпа. Егзекутори се балисти, кои соработувале со Бугарскиот окупатор, кој во наши краишта се прогласил за ослободител.

Село било опколено од германска војска, а бугарски војници запалиле тие неколку куќи кои најмногу им сметале во нивна политика на покорување во наш крај. После тоа сите машки членови се Интернирани во Бугарија каде работат на присилна работа. А од таму се враќаат по капитулација на Бугарија. Во тоа интернираше е земен и брат на мој маж кој имал непуни 17 години. Со свекор ми погубен е и втор негов син кој сам се пријавил во полициска станица во Младо Нагоричане, сакајки со тоа да го ослободи својот татко кој многу го сакал и почитувал. Но за жал и дваица се погубени и истиот ден донесени од најстара сестра која ги има собрано од место на поибје и донесено во село Старо Нагоричане.

Јас сум лично сведок на спровод на цела група на луѓе од мое село во полициска станица на Младо Нагоричане. Јас со татко ми бев на гости и гроздобер кај полубрат на таткоми во Младо Нагоричане. Некаде на пола пат меѓу овие две наши села не пресретна група на војска која вршеше спровод на затвореници, кои беа врзани еден за друг-у колона по дваица. Ние бевме со чезе. Таткоми застана со чезе и чекаше да помине колона со затвореници. Тогаш се деси да еден од стражари помисли дека и таткоми е еден од тие луѓе кои треба да се во иста група на овие што беа заробени и врзани. Го симна тактоми од чезе, го удри со кундак у стомак и го врза за последен затвореник. Затвореници одеа у група по двоица. Татко ми на лице место го спаси еден полицаец кој беше на гроздобер во оближно лојзе и кој сведочеше дека татко ми не е тој што го Бараат. Стојан Шопрнаја. Него дека е негов газда, дека во негова куќа преноќува стално и дека гарантира за него. Така таткоми бива повторно одврзан и среќно се вративме дома.

Вака трагично се завршува живот на мој свекор.

Ама стари викаат “..Каде текла вода пак ке тече..“, па ке се обрне среќа за негови деца и фамилија кои останале живи од ратни страдања.

Сега има Син у Америка со цела фамилија, керка у канада со скоро цела фамилија. Многу унуци останаа во село и унапредуваат домаќинство. А доста од унуци и праунуци има во Куманово и Скопје.

2 коментари:

Анонимен рече...

Пишував за мајка ти, дедо ти, ујковците и за цела останата родбина. Поздрав.

Анонимен рече...

Как говорилось на Seexi.net Мне может показаться на первый взгляд есть взаимосвязь. И девушки коие каждый день на каблуках 10 см. меньше подвержены целлюлиту. Сужу по себе. Раньше с каблуками не расставалась целлюлита и близко не было. Где то как год как перешла на больше удобную обувь и даже кроссовки и целлюлит появился. Хотя может это совпадение

Архива на блогот

Site Meter