Единствениот мост на реката Пчиња кој води до мегалитската опсерваторија Кокино каде што в петок вечер треба да се одржи големиот ноќен хепенинг може да падне од тежината на автобусите, камионите и автомобилите, беше кажано на вчерашната прес конференција на градоначалникот на Старо Нагоричане Власта Димковиќ. "Мостот кој еден месец се користи како алтернативно решение по уривањето на мостот кај селото Драгоманце е стар над 30 години и е со носивост од само 5 тони. Неговата издржливост не е испитана", тврди Димковиќ, кој се прашува кој ќе ја понесе одговорноста доколку дојде до несакани последици, особено што ова никој не ги контактирал а за хепенингот дознале од медиумите. "Министерството за култура досега не ни даде никакви информации за собирот. Загрижени сме дека може да се урне и овој мост, а и жителите на Кокино кои имаат обработливи ниви и ливади се против собирањето на голем број на луѓе, на се уште неуреден простор кој може да прими едвај стотина". Селаните исто не се расположени за гости и тврдат дека тие ќе им ги "загадат и уништат нивите". Од Министерството за култура велат дека мостот е тестиран и може да издржи далеку поголема носивост од предвидената и дека таму секојдневно поминуваат камиони со далеку поголема носивост, од онаа што ќе биде таа вечер. "Тампонирањето на патот до опсерваторијата ќе биде завршено до концертот, а сметаме и дека никаква штета нема да се направи на околните имоти на селаните", ни рече портпаролот Тодорче Тасевски. Кокино остана отсечена од светот пред еден месец кога падна мостот на реката Пчиња во правец на селото Драгоманце. Ветувањата на министрите за култура и за одбрана беа дека опсерваторијата до почетокот на летото ќе ја добие својата вистинска функција како туристичка атракција со уреден амбиент и нов пат. (С.Н.) |
I have been looking for sites like this for a long time. Thank you! » »
ОдговориИзбришиEnjoyed a lot! Pain relief arthritis pain painsufferer.com table tennis adidas Girls cheetah swimwear costa rican orchids Hard drive recovery undetected C-in 2 men swimwear Sony digital still camera dsc-u50
ОдговориИзбриши