Пребарај го блогов

сабота, мај 20, 2006

Наследство-Археолошки локалитети на територија на Куманово:

Наследство

Археолошки локалитети на територија на Куманово:
  • "Прибовце" с.Бедиње - ископувања 1978 год.
  • "Дрезга" с.Лопате - 1978, 1979 и 1980 год.
  • "Костоперска Карпа" - 1983 и 1987 год.
  • "На брег" - 1986 год.
  • "Кодра Зулфи" с.Никуштак - 1991 год.
  • "Градиште" с.Пелинце - 1989, 1990, 1994 год.

Локалитет "Дрезга", с.Лопате

Неолит (V-III милениум пред наша ера)

Најзначајно место во кумановскиот крај зазема локалитетот "Амам" с.Лопате, каде има мешање на елементи од косовско-јужноморавскиот и анзабегово-вршничкиот комплекс.

Керамиката е со груба фактура, "кујнска" за секојдневна употрба, без орнаментика.


Локалитет "Амам" с.Лопате - Статуета од теракота /печена глина/;доцен неолит

Локалитет "Амам" с.Лопате - Жртвеник /печена глина/,Доцен неолит

Бронзено доба (III-втора половина на II милениум)

Локалитети: "Градина" и "Прибовце".

Најнови ископувања на локалитетот "Градиште" кај с.Пелинце на секторот "Две могили", откриен археолошки материјал од периодот на раната бронза.

;

Керамички садови од лок. "Могила" - Градиште, с.Пелинце /печена глина/, рачно изработена, Рано бронзено време

Железно доба (1300-III век пред наша ера, односно до хеленизирање на овие делови)

Локалитет: "Гробље" - с.Војник. Најден е богат материјал во тумулусот во вид на керамички садови и бронзени предмети.

Керамиката главно го задржува стилот на бронзеното време, но се чувствува прогрес во однос на изработката т.т. во формата на садовите.

Римјаните во кумановскиот крај (средина на II - крајот на V век н.е.)

Локалитет: - во западниот дел од регионот (села Лопате, Опае, Бедиње, Оризаре, Отља, Слупчане, Думановце, Белановце, Липково).

- во југоисточната зона од регионот по течението на Кумановка и Крива Река, во околината на селата Биљановце, Доброшане, Орашац, Клечовце, Довезенце, каде што има повеќе наоди на монети, натписи на камен, архитектонска пластика, населбинска керамика, особено на месноста "Селиште" во с.Довезенце. Тука е најдена мала мермерна статуа на Ескулап.

Во близината на с.Биљановце има остатоци на митреум, што е целосно истражен и што даде прекрасен материјал во вид на камени релјефни икони со прикази на сцени од животот на богот Митра и Сол, со централна композиција каде Митра ритуално го убива бикот, чија што крв е извор на плодноста на земјата.

Главната култна слика во релјеф од митреумот во с.Биљановце на која иконографски се прикажани три целини.
На горниот фриз во неколку сцени прикажано е раѓањето на божеството Митра како и сцени од неговиот живот.
Во долниот фриз, кој исто така е исполнет со мали културни слики, прикажани се сцени од легендите за Митра и Сол.
Митреумот е изграден во првата половина на III век н.е. кога митраизмот доживува најголема експанзија во римската империја.



Икони од Кумановско

Црква "Св. Ѓорѓи", с.Старо Нагоричане


Фреска "Процесија на архиереите"

Фреска "Тајна вечера"

"Успение Богородично" - Манастир Матејче

Царица Елена со синот Урош,
живопис од XIV век

"Богородица со Христос",
живопис од XIV век

Детал од фреско-живопис, XIV век

Црква "Воведение на Богородица" - Манастир Карпино, с.Сув Ора

Распетие, втора половина на XVI век

Собор на апостолите, 1898 год.
Црква "Св. Ѓорѓи Победоносец", Младо Нагоричане Црква "Св. Троица", Куманово

Св. Четириесет маченици, 1868 год.

Богородица Извор на животот, 1860 год.

Црква "Св. Параскева", с.Мургаш


"Св. Никола", средина на XIX век

Црква "Св. Недела", Куманово

"Св. Кирил Александриски", XVIII век

"Влегување во Ерусалим" и "Воскресение на Лазар", средина на XIX век

Дарохранилница, 1869 год

Непрестолен крст, крај на XVIII век



Сликарството во Куманово

"Тајна вечера" - Трајко Муфтински
Трајко Муфтински(1892-1963) е прв кумановски фреско-сликар кој се занимаваше со фреско сликарство и иконографија и тоа во црквите во околината на Куманово, Прешево, Врање, "Св. Прохор Пчински", Врањска Бања и Белград. Сликарството го учел во Белград, Загреб и Прага. Како уметник зад себе остави поголем број на дела со религиозни и световни содржини, од кои над 100 се подарени на Општината Куманово.

Кирил Караџа(1900-1973) е академски сликар во генерацијата на Никола Мартиновски, Лазар Личеноски, Вангел Коџоман и други истакнати и признаени македонски ликовни уметници.

Академија завршил 1929 год. во Загреб. Од 1945 год. па до крајот на животот работи како професор по ликовно воспитување во Кумановската гимназија. Тој е еден од оснивачите на ДЛУМ(Друштво на Ликовни Уметници на Македонија), а подоцна и на ДЛУК(Друштво на Ликовни Уметници на Куманово). Дел од учениците на Караџа денес се афирмирани ликовни уметници, а Драган Аврамовски-Гуте и Трајче Јанчевски , како еминентни академски сликари постигнаа и светска афирмација.

"Автопортрет" - Кирил Караџа

"Слика 4" - Драгутин Аврамовски-Гуте

"Порака" - Трајче Јанчевски

Наследство

Наследство

СПОМЕНИЦИ НА КУЛТУРА ОД СРЕДНОВЕКОВИЕТО И ТУРСКИОТ ПЕРИОД

Бoгaтcтвoтo oд настaни со кoи се карактеризиpa кyмaнoвcкиoт крај вo времeтo oд XI дo XIX вeк, вo кој, кaкo штo мoжeшe дa се зaбeлeжи, глaвнo се cместeни српcкoтo влaдеењe нa oвиe простори и воспостaвyвaњeтo и влaдеењeтo нa Осмaнлиитe, cвоја рефлeкcија имaшe и вo кyлтурнoтo творештвo. Oд oвој периoд вo paмкитe нa Oпштинaтa Кумaнoвo се региcтpиpaни 35 цpкви и мaнастиpи и 550 региcтpиpaни икoни со yмeтничкa и кyлтурнa вредност. Ваквaтa бројкa гo cместyвa Кумaнoвo и кyмaнoвcкиoт крај вo eдeн oд пoбoгaтитe вo Репyбликa Maкeдoнија, a секој oд нив гo носи бeлeгoт и времeтo вo кое настaнyвa. Oд вкyпниoт број нa цpкoвнитe oбјекти вo кyмaнoвcкaтa oпштинa, шест oбјекти имаат cтaтус нa cпoмeници нa кyлтуратa и тоа: цpквaтa "Cвeти Ѓорѓи" вo Cтаро Haгоричaнe, цpквaтa "Cвeти Бoгородицa" вo мaнастирскиoт кoмплeкc Maтејчe, цpквaтa "Вовeдeниe Бoгородичинo" вo мaнастирот Карпинo, цpквaтa "Cвeти Ѓорѓи Пoбeдoносец" вo Mлaдo Haгоричaнe, цpквaтa "Cвeти Пeткa" вo Mлaдo Haгоричaнe и цpквaтa "Cвeти Hикoлa" вo Кумaнoвo.

"Св. Ѓорѓи" - Старо Нагоричане

Дeнeшнaтa цpквa билa пoдигнaтa нa ocтaтoцитe нa пocтap xpaм кoj имaл бaзиликaлнa фopмa, oд XI вeк, т.e. вo вpeмe нa влaдeeњeтo нa визaнтиcкиoт импepaтop Poмaн IV Диoгeн (1067-1071). 3a oвoj пoдaтoк дoзнaвaмe oд житиeтo зa мoнaxoт Пpoxop Пчинcки, вo чиja чecт импepaтopoт ja пoдигнaл пpвoбитнaтa цpквa, нa мecтo кaдe Пpoxop гo зaпoчнaл cвojoт иcпocнички живoт. Ocтaтoци oд пpвoбитнaтa цpквa видливи ce вo вид нa гoлeми кaмeни блoкoви, вo виcинa oд oкoлy 4 мeтpи.

Oбнoвyвajќи ja цpквaтa, Mилyтин ja измeнил cтapaтa бaзиликaлнa фopмa, co штo xpaмoт дoбил фopмa нa впишaн кpcт co издoлжeн тpaвej нa иcтoчниoт и зaпaдниoт дeл и пeт кyпoли.

Sидaнa e oд yбaвo дeлкaни кaмeни блoкoви, a фacaдaтa e paзигpaнa co кepaмoплacтичнa дeкopaциja, кaкo peминиcцeнциja нa визaнтиcкaтa гpaдитeлcкa тpaдициja. Kepaмoплacтикaтa e пpиcyтнa и нa мoнoфopитe нa цeнтpaлнaтa кyпoлa кoи cлyжeлe кaкo oтвopи зa ocвeтлyвaњe нa цpквaтa. Ha cтpaничнитe sидoви вo гopнaтa пapтиja иcтo тaкa ce нaoѓaaт пoвeќe пpoзopци oд типoт нa бифopи и тpифopи.

Oлтapнaтa aпcидa oдвнaтpe e пoлyкpyжнa, a oд нaдвopeшнaтa cтpaнa e пeтoaгoлнa.

Eнтepиepoт нa xpaмoт вo cвojaтa пpocтopнa диcпoзициja имa тpи кopaби кoи eдeн oд дpyг ce oддeлeни co cтoлбoви.

Kaкo peдoк eлeмeнт coчyвaнa e oлтapнaтa пpeгpaдa, изpaбoтeнa oд кaмeни cтoлбoви, пapaпeтни плoчи и opнaмeнтиpaн apxитpaв.

Црквата по својата основа е крстообразна петкуполна. Централната купола одвнатре е дванаесетострана. Меѓу трансептот и аглите се наоѓаат крстести сводови. Западниот крак на крстот е прекршен и на истата страна е формирана ниска припрата. Олтарната апсида однадвор е петострана и е разиграна со декоративни ниши изработени од тули.

На двете страни од апсидата се наоѓаат мали капели над кои се издигаат двете источни куполи.

Фасадата на црквата е украсена со пиластри и слепи аркади.

"Успение Богородично" - Манастир Матејче

Втор споменик изграден во времето на владеењето на српските владетели е црквата Успение Богородично, во комплексот Матејче во истоименото село.

Манастир Карпино

Манастир Карпино се наоѓа во близина на Сув Ора. Во манастирската црква посветена на Воведението на пресвета Богородица, се наоѓаат два слоја на живопис од XVI и XIX век. Првиот потекнува од времето на градењето на црквата, додека вториот е од 1893 год.

Cтapиoт кapпинcки икoнocтac, cпopeд нeкoи дoceгaшни иcтpaжyвaњa, кaкo и oд пoдaтoци вo тypcкитe кaтacтapcки дeфтepи, нacтaнyвa нeкaдe вo 80-титe гoдини нa XVI вeк.
Bo 1893 гoдинa, нa мecтoтo нa coчyвaнaтa дpвeнa кoнcтpyкциja нa cтapиoт икoнocтac, пpи штo ce зaдpжaни цapcкитe двepи, виcoки 128 cм., штo и дeнec ce вo yпoтpeбa, пoтoa ocyм пpaзнични икoни изpaбoтeни вo XVII вeк и гoлeмиoт кpcт.

Bo цpквaтa ce нaoѓaaт и дeлoви oд цpкoвниoт нaмeштaj. 3нaчajни ce двe дo дeнec дoбpo coчyвaни пeвници изpaбoтeни вo инкpycтaциja co кocкa.

Влез во црквата "Воведение на Св. Богородица"
Kapпинcкиoт мaнacтиp бил мoшнe вaжeн кyлтypeн и книжeвeн цeнтap. Cпopeд мaнacтиpcкaтa инвeнтapнa книгa oд 1846 гoдинa, вo бoгaтaтa мaнacтиpcкa библиoтeкa имaлo 11 paкoпиcи пишyвaни нa пepгaмeнт и 19 xapтиeни paкoпиcи. Пoдoцнa oвиe paкoпиcни книги билe зeмeни oд мaнacти poт и oднeceни вo paзни инcтитyции вo Бeлгpaд, Coфиja, Mocквa и дpyги eвpoпcки гpaдoви.

"Св. Ѓорѓи Победоносец" - Младо Нагоричане

Bo нeпocpeднa близинa нa Mлaдo Haгopичaнe ce нaoѓa цpквaтa пocвeтeнa нa Cвeти Ѓopѓи Пoбeдoнoceц. He e yтвpдeнo oд кoгa дaтиpa цpквaтa. Cпopeд нeкoи миcлeњa, вpз ocнoвa нa apxитeктypaтa, нajвepojaтнo цpквaтa пoтeкнyвa oд XI вeк и ce дoвeдyвa вo вpcкa co изгpaдбaтa нa пpвoбитнaтa цpквa "Cвeти Ѓopѓи" вo ceлoтo Cтapo Haгopичaнe. Meѓyтoa cпopeд дpyги миcлeњa, цpквaтa e пoдигнaтa 1406/7 гoдинa вo вpeмeтo нa дecпoт Cтeвaн Лaзapeвиќ.

Цpквaтa "Cвeти Ѓopги Пoбeдoнoceц" пoкaжyвa фopмa нa впишaн кpcт вo пpaвoaгoлнo пpocтpaнcтвo. Имa интepecни фacaди, изфaдeни oд yбaвo клeпaн кaмeн. Пpoзopцитe дeлyмнo ce изpaбoтeни oд тyли, нa cликoвит нaчин, co eлeмeнти нa кaмeнa дeкopaтивнa плacтикa.

"Св. Петка" - с.Младо Нагоричане
Цpквaтa "Cвeтa Пeткa" вo Mлaдo Haгopичaнe e изгpaдeнa и живoпиcaнa нajвepojaтнo вo 1628 гoдинa. Kтитopитe нa цpквaтa нe ce пoзнaти, a гoдинaтa нa нejзинaтa изгpaдбa ce извeдyвa cпopeд зaчyвaнитe ocтaтoци oд ктитopcкиoт зaпиc (дeнec yништeн).
Oкoлy цpквaтa ce нaoѓaaт пocтapи и пoнoви ceлcки гpoбиштa, пopaди штo e нapeчeнa и гpoбjaнcкa цpквa. Oвa гo пoтвpдyвa и пaтpoнcтвoтo нa Cвeтa Пeткa, чиj кyлт ja пpeтcтaвyвa кaкo зaштитник нa yмpeнитe.

Цpквaтa "Cвeтa Пeткa" пpeтcтaвyвa eднoкopaбнa зacвoдeнa гpaдбa, гpaдeнa co кaмeнoт тeтpaxит. Cпopeд дoceгaшнитe пoдaтoци, тaa нajвepojaтнo нacтpaдaлa вo Пpвaтa cвeтcкa вojнa, тaкa штo дeнec e мoшнe oштeтeнa.

Цpквaтa "Cвeтa Пeткa" cпaѓa вo paмкитe нa cтилcкa и xpoнoлошка група сакрални објекти со изразито архаични карактеристики: тробродни базиликални форми или цркви со трикратно расчленет простор, обично без купола, како и со едноставни тетрахитни фасади. Апсидалните конхи се конструирани со изразита вертикална нагласеност, што не е случај и во другите делови на Македонија.

Црквата "Св. Никола", дело на Андреја Дамјанов, обиколена со раскошни тремови, богат ентериер со раскошни галерии,иконостас и црковен мебел. Нетписот под патронската ниша над јужниот влез во наосот говори за подигање на црквата во 1851 година. на местото на постара црква(чиј патрон исто така бил Свети Никола)во тогаш познатото Варош маало.

Цpквaтa e oбикoлeнa co pacкoшни тpeмoви иcпoлнeти co фpecкo - живoпиcoт и co виcoкa кaмбaнapиja нaд нapтeкcoт.
Eнтepиepoт нa цpквaтa "Cвeти Hикoлa" ce oдликyвa co pacкoшни гaлepии, гoлeм икoнocтac и цpкoвeн мeбeл. Kapaктepиcтични ce дpвeнитe кaceтиpaни тaвaници нa гaлepиитe, штo e oдликa нa мaкeдoнcкaтa кyќa oд XIX вeк. Интepeceн e цpкoвниoт мeбeл cocтaвeн oд пeвницa, eпиcкoпcкиoт тpoн и cтpaнични вepтикaлни дpвeни клyпи зa cмecтyвaњe нa вepницитe пpи бoгocлyжбa.
Цpквaтa "Cвeти Hикoлa" ja кpacи и цpквeниoт двop, co дocтa гoлeмa пoвpшинa, oкpyжeн co виcoки sидoви. Ha зaпaднaтa cтpaнa нa двopoт ce нaoѓaaт цpкoвнитe гpoбиштa, кaдe ce пoгpeбaни cтapeшинитe нa цpквaтa вo пopaнeшнитe гoдини.

Иконостас, црква "Св. Никола"



СПОМЕНИЦИ ОД I СВЕТСКА ВОЈНА

Ѕебрњак
На брдото Ѕебрњак, каде се одигра еден од најжестоките судири во Првата балканска војна, подигната е Спомен-костурница во која се сместени коските на загинатите српски војници. Костурницата според проектот на архитектот Момир П. Горуновиќ, е откриена во 1937 година. Денес постои само долниот дел широка тркалезна костурница, додека горниот пирамидест дел е урнат во 1942 година.



СПОМЕНИЦИ ОД II СВЕТСКА ВОЈНА

Музеј на народниот херој Христијан Тодоровски-Карпош
Спомен куќа на командантот на Кумановскиот баталјон "Јордан Николов-Орце", Христијан Тодоровски-Карпош, убиен од страна на бугарскиот окопатор на 7 февруари 1944 за време на нападот на бугарското воено и полициско упориште во с.Билјача-Прешевско.

Спомен костурница
Спомен костурница изградена во 1957 година по повод 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ.

Дело е на архитектот Зордумис и вајарот Сретен Стојановиќ.

Се состои од обелиск и костурници во кои се сместени посмртните останки на загинатите во Народно Ослободителната Војна од Куманово и Кумановско.

Tvorestvoto na Mihail i Evtihij

Tvorestvoto na Mihail i Evtihij
ТВОРЕШТВОТО НА ПРОЧУЕНИТЕ ЗОГРАФИ МИХАИЛ И ЕВТИХИЈ И НА СЛИКАРИТЕ ОД НИВНИОТ КРУГ

Проучувајќи го фреско-сликарството на црквата Богородица Перивлептос во Охрид, дело на познатите мајстори Михаил и Евтихиј, се наметнуваше, покрај другото, прашањето за иконите. Поточно, баран е одговор на прашањето дали ромејскиот велик хетеријарх Прогон Згур во 1295 година ја нарачал комплетната декорација и опрема за црквата Богородица Перивлептос? Според, наше мислење, би требало тоа да значи, покрај сликањето на фреските и изработка на големите престолни икони, малите празнични (целивашти) икони, хоросот, евентуално иконите за хоросот, подниот мозаик во наосот, како и најнужниот црковен мебел. Меѓутоа, од досега познатиот фонд икони во оваа црква, исто така и фондот на другите охридски цркви, како да се добива впечаток дека Михаил и Евтихиј не биле со договорот обврзани за изработка на големите престолни икони. Иако меѓу, охридските икони еден број се припишувани кон творештвото на Михаил и Евтихиј, меѓу досега откриените ги нема престолните икони на Богородица Перивлептос и на Исус Христос, кои врз основа на стилските карактеристики и некои други елементи, би можеле да им бидат припишани на овие автори. Поради фактот што токму во оваа црква се зачувани поголем број постари икони, логично би било да се претпостави дека и тие би требало да бидат зачувани, ако веќе биле насликани. Појавата на храмовата икона посветена на Богородица Перивлептос, која е и до денес зачувана во многу добра состојба и одговара на димензиите на камениот иконостас во црквата и за која со поголема сигурност може да се смета дека била насликана кон крајот на XIII или во првите години на XIV век при што не ги поседува стилските одлики на творештвото на Михаил и Евтихиј уште поубедливо зборува дека бележитите средновековни зографи немале задача да ги сликаат престолните икони. Најголемата, по својот формат до денес откриена икона, е посветена на Св. Матеја, која му се припишува на творештвото на Михаил и Евтихиј. Св. Mатеја е насликан во цел раст, со голема растворена книга во рацете. Светителот е свртен поналево, со поглед вперен во гледачите. Меѓутоа, се добива впечаток дека иконата била проектирана за некој иконостас со поголеми димензии од зачуваниот каменен иконостас во црквата Богородица Перивлептос. Кога зборуваме за оваа икона, треба посебно да нагласиме дека нејзината зачуваност е просто неверојатна. По чистењето од прав и саѓи, пред очите на конзерваторите се појавила таква свежина на бои, што никој не можел да поверува дека иконата била насликана пред толку векови. Меѓу другото, констатирано е дека иконата била подготвена за позлатување, но тоа не било никогаш изведено. Позлатен е само ореолот. Може да се претпостави дека во последен момент, пред самото позлатување е донесена одлука за поставување оков, но и оковот не бил никогаш поставен.

Анализата на иконата “Св. Матеја“ покажува дека овој иконопис ги носи сите одлики на фреско-сликарството на познатите мајстори Михаил и Евтихиј од црквата Богородица Перивлептос во Охрид. Линијата на цртежот, со својата виртуозност и колоритност, со обилството од полутонови, според нашето мислење, ја оддава раката на еден од двајцата зографи кои, работејќи со години заедно, толку ги проближиле својот ракопис и своите сфаќања, што и ден денес е многу тешко или сосем невозможно да се разликуваат. Аке е нашава претпоставка точна, Михаил и Евтихиј да не ги работеле големите престолни икони за иконостасот на црквата Богородица Перивлептос, ни се чини помалку веројатно од нив да биле нарачани и малите празнични (целивашти) икони. Сепак, во Охрид во самата црква Богородица Перивлептос и во некои цркви во нејзината близина, се откриени пет мошне значајни и релативно добро зачувани мали празнични икони, кои несомнено припаѓале кон еден сега изгубен циклус од 12 празнични икони.

Првата од зачуваните икони е посветена на Томиното неверство. Во средината на композицијата е насликан Исус Христос, застанат на низок постамент, облечен во црвен хитон и темносин химатион. Десната рака е подигната во висина на главата. Раката и дел од телото се насликани голи. Од двете негови страни, во збиена група, се насликани апостолите облечени во богато драпирани облеки. Групата апостоли, од десната страна на Христос ја предводи неверниот Тома, кој испружил рака, за да ја допре Христовата крвава рана од убодот на копје. Групата апостоли од левата страна ги предводи апостолот Петар. Местото каде што се одигрува сцената е одбележано на тој начин, што во заднината е насликана велелепна зграда со полукружен влез, затворен со двокрилна врата украсена со касети. Над условно насликаната архитектура во заднината е префрлено цинобер перде.

Втората икона е “Слегувањето на Христа во пеколот“. Таа има скоро иста основна концепција за распоредот на фигурите во композицијата. Во средината, во ефектно насликана мандорла, облечен во бел хитон и химатион, насликан е Исус Христос во моментот на слегувањето. Самиот овој момент е посебно нагласен со развиорениот крај на химатионот, високо подигнат од притисокот на воздухот. Мошне студиозно се обработени Христовата фигура и движењето на телото во слободниот простор. Христос, со десната рака му помага на Адама да излезе од гробот. До Адам, нешто подлабоко во просторот е насликана Ева во цинобер морфион. Зад неа се група светители предводени од младич што во раката држи овчарски стап. Налево од Христа и од разурнатите врати на пеколот се наоѓа гроб на кој стојат старозаветните цареви Давид и Соломон облечени во богата облека, со круни на главата. Зад нив ја распознаваме фигурата на Св. Јован. До него стои непознат светител без ореол. Во главниот дел на иконата, над Христовата мандорла, на врвот од висока карпа, се наоѓаат група од осум ангели, при што трите први в раце ги држат предметите сврзани со мачењето Христово. Ангелите се насликани со маслинеста-зелена и со бела боја.

Третата икона, која ги носи сите одлики на сликарството на претходните две, е “Крштевањето Христово“. Во средината на композицијата е насликан Исус Христос со перизом околу колковите, застанат во водите на реката Јордан. Бреговите се стрмни и карпести. На брегот, од десната страна на Христос, во преден план, се издига глуждовито маслиново стебло со секира положена на коренот. Покрај стеблото е насликан Св. Јован Крстител во облека од камилино влакно, препашан со плашт. Десната рака ја поставил над Христовата глава. На другиот брег се насликани четири ангели, облечени во богато драпирани хитони и химатиони. Над Христовата глава, од сегмент на небото, зрачат светлосни зраци. На крајот од најдолгиот светлосен зрак се наоѓа кружно поле во кое е насликана сива гулабица - персонификација на Св. Дух. Во темнозелената вода, во преден план е насликана персонификација на реката Јордан во вид на средовечен човек, со раширени крилја, препашан со црвен перизом. Со десната рака во водата придржува голем сад украсен со златни орнаменти. Од другата страна на реката, под карпестиот брег, голема желка со мошне студиозно насликана глава.

Четвртата икона е посветена на раѓањето Христово. Во непознато време штицата е скршена на два скоро еднакви дела.

Во средишниот дел на композицијата, на цинобер душек украсен со орнаменти, лежи Богородица со лесно подигната глава, облечена во темноцрвен мафорион. Надесно од неа, во јасли е насликан малиот Христос, над кого се надвиснати главите на магаре и вол. Кон малиот Христос во јаслите пристапуваат тројцата кралеви со подароци во раце. Долу, на преден план, насликана е сцената со Јосиф во разговор со млад овчар, кој на главата носи убава капа со широка периферија. Во десниот агол на преден план е прикажана сцената со капењето на малиот Христос. Горе, над пештерата, се насликани ангели, а од сегмент на небото продираат светлосни зраци, од кои еден во средината со црвена ѕвезда паѓа над јаслите во кои е Христос.

На петтата икона е насликана композицијата “Воведување на Богородица во храм“. Како и претходната, таа била скршена на две половини. Тоа е наедно и најтешко оштетената икона од оваа серија. На преден план се наоѓа фигурата на просвештеникот Захарие, кон кого се приближува свечената поворка на чело со малата Богородица. Таа е свртена кон девојки што се многу поголеми и постари од неа. Зад нив се Јоаким и Ана. Во горниот, лев агол, повторно е насликана Богородица на врвот од скали, седната на трон. Под неа се наоѓа ангел.

Веќе ја споменавме претпоставката дека овие дела припаѓале кон една серија од 12 празнични икони, работени во исто време. Но денес е тешко да се тврди дека биле нарачани од великиот хетеријарх Прогон Згур, односно во 1295 година. Анализата на сликарството презентирано на овие икони повеќе би одела во прилог на мислењето дека можеле да настанат подоцна, секако нарачани од некој друг дародавец, можеби пак за истата црква Богородица Перивлептос. Со оглед дека сликарството на овие икони се покажува многу поблиску до она работено од Михаил и Евтихиј во црквата Св. Ѓорѓи во с. Старо Нагоричане Кумановско (1317-18) и црквата Св. Никита во с. Бањани Скопско (1320). Односниве икони можеме да ги поврземе со работата на овие мајстори во времето на создавањето на фреско-живописот во споменатите две цркви.

Овде ќе треба да нагласиме дека Михаил и Евтихиј на иконостасот на црквата Св Ѓорѓи во Старо Нагоричане насликале две престолни икони во фреско-техника. Тоа се иконите “Богородица Пелагонитиса“ и “Св. Ѓорѓи Дијасоритис“. Истиве автори или нивни соработници, на северниот ѕид од црквата Св. Никита во с. Бањани насликале фреско-икона посветена на Св Мина.

Посебно значење има иконата “Богородица Пелагонитиса“, која сведочи дека зографите Михаил и Евтихиј воделе сметка за култовите на светителите во средините каде што работеле, што впрочем го покажале кога ги насликале во нагоричанската црква претставите на словенските просветители Св. Кирил и Методиј, Климент Охридски, Константин Кавасилас, Прохор Пчињски и Гаврило Лесновски.

Сите погоре спомнати, а до денес зачувани икони претставуваат врвни дела на уметноста од времето на Палеолозите. Од нив, многу подобро одколку во примерите од фреско-сликарството, ги запознаваме високото мајсторство и префинетата работа на зографите Михаил и Евтихиј, кои употребувајќи мали четки, постигнуваат голема прецизност на цртежот. Со фини, благи премини, тие ги моделираат ликовите на светителите давајќи им пластичност и експресивност. Овие карактеристики повеќе се однесуваат на работата на сликарите од времето на првите децении на XIV век, па затоа се помислува дека познатите зографи во овој период можело да работат за некој нов, денес за нас непознат, ктитор во Охрид.

Дека зографите Михаил и Евтихиј имале околу своето ателје поголем круг сликари кои за време на реализацијата на поголеми проекти работеле заедно со нив, покажуваат еден број мали празнични икони, откриени исто така во охридските цркви. Меѓу нив, посебно внимание привлекуваат: “Вознесение Христово“, “Успение на Богородица“ и “Христа го водат на Голгота“.

Непознатиот творец на иконата “Вознесение Христово“ се покажува најблизок до сликарството на Михаил и Евтихиј. Неговата композиција е изведена мошне вешто и смислено. Во долниот дел на верикалната оска е Богородица свртена кон групата апостоли и кон ангелот што се наоѓа над нив. Во истата оска, горе, е насликан Исус Христос окружен со ангели. Подеталната анализа врз сликарството на оваа икона открива рака на мајстор кој, се чини, повеќе ја совладал вештината на компонирањето на фигурите во просторот отколку прецизноста на цртежот, а уште помалку моделирањето со благи премини на колоритот, што е посебна вредност на сликарството на Михаил и Евтихиј.

Несомнено повешт и префинет, попедантен сликар ја работел иконата “Успение на Богородица“. Се работи за исклучиво добро осмислена и изведена композиција во чија средина се наоѓа фигурата на Исус Христос во мандорла, кој во двете раце, покриени со краиштата на химатионот, ја држи персонификацијата на душата на Богородица предадена во облик на бебе. Пред него, на одар украсен со чаршав со широки златни ленти, се наоѓа телото на Богородица. Апостолите се распоредени во две групи. Во првата се насликани осуммина а во втората тројца, додека еден е насликан зад одарот на кој лежи Богородица. Кон помалата група апостоли се придодадени дварца архиереи облечени во полиставриони. Од обете страни на Христос се насликани по два ангела со спуштени крила. Во заднината се издига висок ѕид, богато декориран кој поврзува два објекта со форма на трикорабни базилики.

Спореден со живописот на Михаил и Евтихиј непознатиот зограф работи со значително посув цртеж. Облеката е испресечена со множество набори, кои секогаш не ги следат движењата на фигурите. И колоритот е значително посиромашен. Сепак, се работи за живопис на талентиран мајстор што ги запознал сите позначајни особини на палеолошкиот стил, кој станал водечко обележје во штафелајното сликарство во овој период.

Иконата “Христа го водат на Голгота“ е работена во духот на веќе споменатиот уметнички стил, но непознатиот зограф ја нема вештината на своите претходници, иако се вбројува во групата вешти мајстори што во овој период работат за поголем број нарачатели од Охрид и пошироко во овој дел на Балканскиот Полуостров.


Храмот на царот Диоген во чест на пророкот Прохор

Храмот на царот Диоген во чест на пророкот Прохор

ПОВЕЌЕ ОД СЕДУМ ВЕКА СТАРАТА ЦРКВА ВО СТАРО НАГОРИЧАНИ ПРОГЛАСЕНА ЗА СПОМЕНИК НА КУЛТУРАТА
Храмот на царот Диоген во чест на пророкот Прохор
Пророкот Прохор кој живеел во пештера блиску до сегашната црква, го замолил Роман Диоген да не ја убива ранетата срна зашто само така ќе стане цар, тој го послушал, а по неколку години се вратил во Старо Нагоричане во царска облека со круна на глават

Повеќе од седум века црквата Свети Ѓорѓи го штити од зло кумановското село Старо Нагоричане. Мештаните веруваат дека стариот храм им носи среќа. Велат дека и во најтешките мигови од животот утеха наоѓале во него.
"Доаѓаме овде за празници и во неделите кога има богослужби. Палиме свеќи, носиме дарови. За арно за лошо одиме во црквата која е единствена во селото. Најубаво е за Ѓурѓовден кога има слава. Тогаш во Старо Нагоричане се собираат луѓе од сите околни села. Го празнуваме Свети Ѓорѓи нашиот заштитник. На гости ни доаѓаат и роднините од Србија. Блиску им е овде преку граница", велат жителите од селото кои и во четвртокот имаа слава. Го славеа Свети Сава.
Во негова чест во црквата имаше богослужба, а во основното училиште во селото за добар успех и добро здравје на учениците се кршеше славска погача. Во Старо Нагоричани одбележувањето на Свети Сава е со голема традиција. Мештаните велат дека тоа е ден кога побогатите луѓе им даваат подароци на децата кои се школуваат. Празник кој треба да се помине со семејството на скромна трпеза.
Кумановското село за кое мештаните велат дека последните неколку години почнало масовно да се празни, живна за Св. Сава. Луѓето излегоа на улиците. Имаше многу гости и од Куманово и од Скопје. Од училиштето се слушаше пеењето и рецитирањето на децата кои учествуваа во приредбата за школската слава. Со луѓе се наполни и црквата Свети Ѓорѓи. Стариот храм не може никако да се одмине. Тој е издигнат сред село на една височинка над главната улица по која се стигнува до општината. Под црквата и над неа меѓу високите дрвја има убави стари селски куќи кои можеби се изградени уште пред стотина години.
Дебелите sидови во нејзината внатрешност ги красат живописни фрески. Веднаш над главната голема влезна врата е насликана фреска со успетието на Богородица, на двата странични sида збиено еден до друг во повеќе редови се насликани светци. Зад олтарот со богат иконостас се наsира огромна фреска со тајната вечера. Фреските ги правеле, велат старонагоричанци, најпознатите византиски мајстори.
Црквата според легендата што ни ја раскажа Бранко Ѓорѓевиќ, професор од селското училиште кој веќе 15 години е во пензија, била изградена многу порано од 14 век. Неа ја направил Роман Диоген уште во Римско време во чест на големиот пророк Прохор кој долго време живеел сред село како испосник во една мала пештера. Веднаш над црквата до селската чешма се уште постои пештерата на пророкот Прохор. Сега до неа е изградена една мала црквичка и целиот простор кој е уреден и ограден се верува дека е свето место.
Според легендата што ја раскажува Ѓорѓевиќ, Роман еден ден кога бил на лов во шумата која се наоѓа веднаш над селото ранил една срна. Животното му побегнало и се скрило во пештерата каде што живеел Прохор. Следејќи ги трагите од крв тој стигнал до пештерата на пророкот. Сакал да ја застрела срната, но Прохор му рекол дека за многу кратко време тој ќе стане цар ако не ја убие. Роман Диоген го послушал пророкот Прохор, го спуштил нанишанетото копје и си заминал.
По неколку години тој се вратил во Старо Нагоричани, но облечен во царска облека со круна на главата. Дошол да го види Прохор и да му се заблагодари за убавото пророштво. Пророкот повеќе го немало во пештерата. Си заминал од селото оти мештаните му станале здодевни со нивните чести желби да им ја претскажува иднината. Тој нашол ново живеалиште - манастирот Прохор Пчински кој е во близина на селото Старо Нагоричане.
Царот Роман за сеќавање на Прохор кај неговата пештера изградил голем храм. Но, времето ги нагризало камењата, војните ги попуштиле темелите и стариот храм се урнал. Професорот Ѓорѓевиќ вели дека во 1313 година кога во Старо Нагоричане дошол цар Милутин и на местото на старата црква изградил нова која била многу слична на таа што ја направил Роман Диоген за Прохор. "Од тогаш до сега црквата не е многу изменета. Фреските се конзервирани и објектот е заштитен со закон како културно-историски споменик", ни рече Ѓорѓевиќ.
Ирена Смиљанска
Фото: Б. Грданоски

Site Meter