Пребарај го блогов

сабота, мај 20, 2006

Посета на мегалитската опсерваториј „Кокино“

Посета на мегалитската опсерваториј „Кокино“

На 07.08.2004 беше изведена акција во кумановско, домаќини беа кумановските планинари. Покрај другите активности беше посетена и мегалитската опсерваторија „Кокино“ која се наоѓа на 4-то место по важност во светот према листата (334 KB) на НАСА. Опсерваторијата го добила името по најблиското село „Кокино“, се наоѓа во општината „Старо Нагоричане“ оддалечена 32 км од Куманово. Опсерваторијата е поставена на врвот „Татичев камен“ 1013 мнв. Према истражувањата на археологот Јовица Станковски кој го открил Кокино пред 2,5 години, и Ѓорѓи Ценев од „Планетариум“ при МКЦ опсерваторијата е стара преку 3800 години, и со неа може да се одредуваат четирите главни позиции на месечината и трите главни позиции на сонцето во текот на годината, есенската и пролетната рамнодневница, како и најдолгиот и најкраткиот ден. Еден посебно позициониран маркер покажува дека можело да се следи движењето на соѕвездието „Плејадес“. Локалитетот е поделен во два дела и опфаќа простор со пречник од околу сто метри поставен скалесто и на платформи. На повисоката платформа се наоѓало централно место со обредно значење. Според археолозите, во оваа област има уште неколку вакви опсерватории.

Неколку фотографии од посетата снимени од Глигор Танев:
Групна фотографија на престолитеАрхеологот Јовица СтанковскиФотографија од правец на маркерите према престолите
Малку одмор на престолите

Архива на блогот

Site Meter