На подрачјето на општината се евидентирани околу 40 брачни двојки во кои се раѓаат и се' уште можат да се раѓаат деца, а се водат како семејства со постојано место на живеење на територијата на Старо Нагоричане. Првото новороденче во 2007 година од Советот на општината ќе добие телевизор, а секое семејство во кое ќе се раѓа дете во иднина од буџетот на општината ќе биде стимулирано со еднократна парична помош во денарска противвредност од 50 евра. „Ова не е можеби којзнае што за некого, но е голема работа за луѓето од кое било од сиромашните села во Козјачијата“, вели градоначалникот на Старо Нагоричане и најавува и други мерки за поттикнување на наталитетот кај населението. Во разработка се идеи за ослободување на новоформираните млади брачни семејства од таксата за вода и други комунални давачки што се во надлежност на локалната самоуправа, а надежи за повторно заживување на селата се полагаат и во програми за побрз економски развој потпомогнат од Владата со средства од т.н. претпристапни фондови на ЕУ.
Шансите оваа територијално голема, а по население многу мала општина ги гледа во земјоделството и во сточарството. Вистински подем во развојот треба да обезбедат и неколкуте знаменитости, како што се Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, мегалитската опсерваторија Кокино и ранохристијанската црква „Св. Ѓорѓија“. Во догледно време овие три светилишта ќе бидат омилени дестинации на река љубопитни туристи од целиот свет - гласно сонува градоначалникот на Старо Нагоричане, Власто Димковиќ. (Ст.Б.)

1 коментар:
Здраво на сите, јас сум Лиза Келвин, самохрана мајка од Калифорнија. Без да ви одземам многу време, сакам да им се заблагодарам на „Trust Bridge Financial Service“, кои ми помогнаа да добијам заем без никакви грижи. Добив божиќен заем од 100.000 американски долари, а нивната каматна стапка е ниска – само 3%. За повеќе информации, контактирајте ги на (trustbridgefinancialservice943@yahoo.com) или преку WhatsApp на +393509313766 и кажете им дека ве упатила Лиза. Ви благодарам, „Trust Bridge Financial Service“!
Објави коментар