Пребарај го блогов

среда, март 22, 2006

УСАИД: Бежичен Интернет за 50 општини

“..Донацијата опфаќа 50 комуникациски комплети за безжичен интернет, а Интернет конекцијата ќе ја обезбеди “Он Нет“. Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) ќе одреди на кои општини ќе им припадне донацијата. Приоритет ќе имаат руралните општини кои немаат можност за интернет пристап преку АДСЛ...“

Целта на донациата на Американската агенција за меѓународна помош е да се зголеми пристапот до интернет како и ефикасноста во општините. Тоа ќе им овозможи на канцелариите на локалните самоуправи полесно да одговорат на барањата на граѓаните и на стопанствениците.

вторник, март 14, 2006

Моја драга мајко !

Оваа сторија за својота мајка а моја баба Драга е пишувана деновиве од мојата мајка. (Мајками сега има 72 години)

Моја мајка е родена 1910 год. Во село Чолопек Кумановско. Како најмало на моја баба која ја родила во поодмакли години. Кога се родила била многу ситна и сиќушна, што баба помалко ја сметала за несакано дете, од причина што имала веќе поодраснати деца. Мајками била 4-то дете, од кои биле три женски и едно машко. За нејзина среќа била много пргава и убава бебе што причинувало радост за останали жители во семејство.

Порано семејства биле малку поголеми од неколку браќа кои живееле подобро во заедница. Така мајка ми повише ја чувала баба и дедо и нејзина стрина, која била малко побистра и вредна жена, па доста свои особини успеала да ги пренесе и на мајка ми.

Така со растење мајка ми станала доста самостално и слободно дете. Много рано научила да работи ручни рад кој во това време бил много потребен а пошто имала две сестри постари па од ним учила ручни рад.

Мајками беше много природна интелегентна и музикална. Во това време уште било невозможно женско дете да се школува, па така до ослободување од турско ропство и отварање нова школа поминало доста време. Така мајками пошла во прво оделение во 10 години, па како поодрасло прваче а и со нејзина интелегенција и воља за школа била одлична ученичка. Кога пораснала станала убава и вредна мома па меѓу свои другарки се разликувала како писмена за това време.

Мајками беше повише плава него црнка. Имаше многу убава коса и става. Беше средно висока и убавао градена во стаса. Кога се омажила за мојот татко била една од најубави невести за таја година во село. На нејзина свадба за првпат и свиреле Врањски свирачи и имала убава невестинска руба. Малку помодерна од други невести, бидејки на таткоми фамилија била малко поимушна фамилија во однос на другите во село.

Моје село е Старо Нагоричино, које е едно од централни села во Кумановски крај а и со подруга традиција од други села. Има чесма на сред село и покрај неа црква свети Ѓорѓи. Една од попознати цркви по изванредно убави фрески. Па така имало обичај да се собираат, поготово зимско време на игранка. Некој понапреден и музикален дечко свирел на усна хармоника.

Мајками била прва невеста која носела во това време везене папуче со киќанке и бел шал. Па така и со гардароба се разликувала од останати невести. По некоја случајност како што била како дете најмала во нејзин момински дом, така и во куќа во која дошла како невеста била трета јатрва. Бидејќи стрини моји, нејзини две постари јатрви биле обе неписмене и малко погруби од мајками, па мајками много ја обожавале и се гордееле со неа. Така не се понашале према нејзе како јетрве, него како постари сестри и ја заштитувале од потешки и груби работи. А право речено на мајка ми и не беше много мераклија за тешки и груби работи. Јас како нејзино прво дете памтам како много убаво се слагаа сите домашни работи и проблеми, кои во едно селско семејство се случуваат.

Наша куќа имаше две слави, една куќна свети Никола и една селска Ѓурѓовден. Кога ке ни дојдеа гости на слава, мајками се облекуваше во убава народна носија со ситне накити кои следуваа према носија. Стално најстар мој чичко (стартатко), имаше обичај да ја повиа да ги занимава гости со шали и песми кои во това време много се поеа на слави.

Покасно кога фамилија се проширила и созреала за осамостојување, се поделиле браќа и успешно опстојувале во нови услови.

Мајками много патеше од мигрена па беше малко заштитена од таткоми за тешки и груби работи. Бидејќи имала убав брачен живот мајка ми си ги водеше домашни работи и спремање на храна а таткоми си водеше домаќинство, брига за стока и земјоделие. Мајка ми много рано и нас деца поготово женски не научи да работимо ручни рад.

Моја мајка имаше малко подолг живот, така доживеа до подлабока старост до 93 години. Имаше исто среќа да има и судбина и убава старост. Си живееше во заеднички живот со брат ми. Па по стари години помина да живее во град Куманово кај брат ми. Си го имаше обременето свое домаќинство кое се состоеше од две деца, машко и женско, што мајка ми ги чуваше и им се радуваше како на внуци.

Братми го родила мајка ми во постари години и како едно машко помеѓу три женски, многу го сакаше и штитеше. Не даваше за него да се каже непристоен збор. За неа брат ми беше како бог. Негов збор мајка ми много го почитуваше, а и он много убаво и хумано се однесуваше према родители. Секогаш тие биле први на маса за ручак и вечера, а си имале своја старачка соба.

Мајка ми беше малко егоиста во донос према туѓи луѓе. Секогаш си рачунала дека нејзино е се најбоље. Много не милувала сите деца а посебно била хумана према внуци. Посебно према моите деца, бидејки јас имав две деца сираци од прв брак. Мајками имаше малко слабост према ним а кога пораснаа па имаше гордост, што доживеа да ги види пораснати и одомаќинети. Имаше обичај да се пофали како нејзини внуци се много паметни и вредни домаќини. Едни од пошколовани и како такви много се радуваше на нивни успеси.

Кога ке и купеа нешто поклон, било за носење или за јадење, прво не го употребувала одма. Малко го чувала да се радува и да се пофали колко много ја сакаат и ја поштуваат.

Мајками преко лето често го поминуваше време кај мене. Јас како најстаро дете много ме обожавала и рачунала на мене. Много сакаше да ми раскажува за стари обичаи и старе народне песме, кое ги поела мајками кога била млада. Од песми ми раскажувала: жетварски, свадбарски, славски, за седенки. Така да за секоја пригода имало и посебна песма. За песми во друга прилика ке ви ги раскажам.

Мајка ми имаше и много голема меморија и перцепција. Тоа го задржа и во стари години до крај на својот живот. Можеше да гледа телевизија да чита новини и разни списанија кои и доаѓаа до рака.

Братми има сервис за машини и фружидери па она му служеше како секретарка да прима пораки и да закажува на муштерии, кога може да се јават на телефон.

Мајками много обожаваше да шири познанства и да разговара. Беше дружељубива со секого и со постари и со помлади.

Мала сторија за мојот татко

Оваа сторија за својот татко а мојот дедо Столе е пишувана деновиве од мојата мајка. (Мајками сега има 72 години)

Мојот Татко Стојан Тошиќ, роден е 1914 година во село Стао Нагоричино – Кумановско, како трето дете во фамилија. За негова несреќа многу рано останал сирак, без мајка, како мало бебе од неколку месеци.

Во тоа време немало храна ни прибор за бебиња, па негова стрина која немала деца а била вредна и хумана жена, го прифатила да го чува, го доела на овца, додека да го научи да го храни со печено брашно со лажичка.

После неколку години дедо ми се преженил и во втор брак му се родило уште едно машко дете. За несреќа втората мајка на татко ми била многу лоша, па ги малтретирала најдените деца. Дедо ми од проблеми и жал за негови сираци се разболел и умрел за кратко време.

Нивната мајка маќеа се премажила и трите машки деца останале сосема сами, без двата родитела.

Таа маќеа мајка на татко ми многу го тепала и не му давала леб да јаде и не му давала да спие во постелина. Па таткоми бил принуден да спие во јасле кај стока. Та на тој начин татко ми многу бил приврзан за стока. Татко ми така цел живот многу ја сакаше стока. Тој просто ја препознаваше нејзина потреба и особини и со добиток се однесувал како со човек. Многу убаво го чуваше добиток. Така се разликуваше негова стока од комшиска. Ги тимареше секое сабајле и им чистеше. Кога ке влезеше во шталата тој и се обраќаше со добро јутро, а на стоката по навика како да и беќе драго па се окренуваа да го видат и ќе замавнат со глава или со опашка како одговор на негово добро јутро.

Во тоа време било обичај да се чува по еден добар коњ за јавање. Имало некој обичај да се тркаат сватови на свадба. Некој од коњаници требало да однесе муштулук на свекрвина куќа и добивал подарок, чорапи или крпа (пешкир). Таткоми скоро секогаш успевал да стигне прв па на тој начин си обезбедувал чорапи инаку почесто одел бос.

Многу рано стекнал работна навика и бил многу послушен и омилем меѓу луѓето па така сите се однесувале хумано и добро према него.

Таткоми беше убав и многу воспитан. Имаше многу убави зелени очи со убав оквир и убави црни веѓи и црна коса. Не беше многу висок ама беше во голема кондиција и воља за работа. Беше много тактичар и принципиелен. Много рано се оженил па по негова среќа зел најубава мома, од убава и богата фамилија. Многу ја сакаше мајками и имаа многу сложен брак.

Таткоми имаше способност за добар организатор, за водење домаќинство. Покасно се покажувал како добар војсковоѓа, беше првоборац и ранет на Сремски фронт и имаше одликовање од Тито, орден за храброст.

Многу често беше истакнат како општествен работник, поготово за време селски заедници кои беа организирани 1947 год. Тој беше прв председател на задруга.

Како родител беше много хуман и близок со нас деца. Ни ги испунуваше наши желби, ама под еден услов прво да заслужимо, па често не наградуваше а и не казнуваше ако погрешимо или не извршимо задатак. Секоја вечер добивавме распоред за утрешниот ден, што треба да сработиме а друг ден после вечера дававме извештај за успешна или неуспешна задача. Тој тачно можеше да не процени дали го лажемо или вистина се оправдувамо за неуспех во задача.

Таткоми беше исто голем љубител на земјоделие. Со голем ентузијазам и мерак ги извршуваше пољопривредни работи. Точно знаеше кога и на која нива треба да се сее некоја садовина. Така си добиваше и голем приход. Имаше и вонреден приход од услуга на луѓе кои бева од далечни села од Куманово. Тој ги прифаќаше како на Ан, на спиење, а им наплатуваше и за храна па и нешто ако се напијат по некоја ракија. Така си го обезбедуваше семејство за еден солиден живот.

Много имаше способност да не препознае нас деца, кога ке имавме некој проблем и убаво можеше да ни се доближи и да не поучи како можемо најлесно да си го решимо проблем. Ние деца многу го почитувавме и го сакавме а тоа мислам дека беше мамина заслуга. Таа никогаш не ни рекла ништо лошо за таткоми. Ние никогаш немаме слушнато некои поголеми кавги во нивни заеднички живот.

Таткоми имаше обичај рано да станува на сабајле. Него секогаш сонце го огревало на нива а и сакаше навреме да ги добива сите три оброка, доручак во 9 ч., ручак во 12 ч., а вечера во 18 ч. А на крај ке речеше (после секој оброк) “..газда да полегне, храна да се слегне..“. Много брзо можеше да заспие. А лесно и да се пробуди ако треба.

Site Meter