Пребарај го блогов

сабота, април 22, 2006

Мала меморија за мојот Свекор

(ова го пишува мојата мајка)

Мојот свекор се викаше Димитријевиќ В. Александар. Не ја знам точно годината на раѓање. Роден е во времето на Турско.

Роден е во село Старо Нагоричане Кумановско. За оваа негова мала историја ке покушам да ја искористам мојата меморија-сеќавање. И јас сум родена во исто село а во истото сум и мажена па така користам и една поговорка, “Добро село мома не ја испушта, а и добра мома село не го дава“. “Мама ја дава село не ја дава-оти е убава“. Јас ја имам исполитувано и една и друга поговорка.

Свекорот го памтам и од еден друг разлог, мојата фамилија и неговата беа куќни пријатели. Едно земјоделско-трговска, а друга поповска. Или поточно моја земјоделско-трговска, а негова поповска. Бев доста мала кога го запознав, тој беше како прво много природно убав. Не штедела природа кога го дарувала, беше висок, црномањаст, развиен и добро граден. Како второ многу добро васпитан бо однос на сите полиња. Тогаш беше омилен од сите луѓе без обзир дали се сиромаси или богати. А најголема негова особина беше негова хуманост и поштење. Негова хуманост ја користел за да помага сите сиромшни фамилии со пари, за кои позајмици не барал камата и во доста случаеви им го простувал и дуг, и велел да не му го враќаат. Покасно кога станал свекор и дедо бил помалку прекоруван. Покушавале да го изменат тој негов начин на помагање, од разлог што увиделе дека луѓето најчесто не се благодарни, туку дури и го исмејавале, а и му станувале непријатели. Покасно се видело дека биле во право, и му се светеле во текот на втората светска војна.

Тој како дете бил син на Поп, а останал сирак кога турци му го утепоале татко и Чичко кој исто бил Поп. Тоа се познати случувања на крајот на турската империја во Македонија. За време од една од конфернциите за дефинирање на границите меѓу Турција и тогашна нова Српска држава-Берлинскиот конгрес, локалното население од нашите краишта се организирале и барале со писма до Конференцијата да се помасти подоле границата на Србија, која тогаш била формирана на линија на Ристовац. Организатори и пишувачи на писмата меѓу другите биле и Поповите од фамилијата Димитријевиќи-Поп Димитрија, прма кои Турската Империја се пресметува со крвава ликвидација. Едниот поп е убиен на лице место во манастирот Забел, а другиот е однесен во Солунските казамати каде е и погубен.

Во тоа време се почитувало една традиција на црквата, да мора да се бира нов Поп од иста фамилија. Тоа и тука се случило. Во таа прилика негов чичко кој бил помал брат на негов татко иако нешколован за Поп - користејки ја црковната традиција се запопува, а го запопува и својот брат. Поп Анта и Поп Денко.

Со еден од овие попови овој има една една интересна сторија: На редовни собири за слави во селската црква св.Ѓорѓи им се обраќа на верниците-соселани со зборовите.

“...Имасмо златан крс, да га е*у украдосте га, туримо сребрен и т‘ј га украдосте. С‘г сам турија дрвен крс. И ако и њега га украдете, мој ке га целивате...“

Од хумани причини овој Поп Денко ги има прифатено и подигнато деца од својот брат - Васиљ. Попот се побринал сестра на мојот свекор да се омажи во Куманово.

Овој чичко на мојот свекор, инаку Поп Денко и попадија Мара го мажат и своето дете во богата и домаќинска фамилија, но селото било планинско преко река - Степанце.

Попот (личко) имал пет керки и а оваа од братму била шеста. Машко бил само свекор ми во двете фамилии. Менталитет на фамилијата бил секојпат да се вртат према машките деца, кои станувале наследници. Па така и свекор ми ја наследил таа особина да ги сака повеќе машки деца.

Користејки ја наклоност на својата фамилија, станал породично галениче, па и на цела парохија. Едно убаво дете, убаво воспитано но за жал без работна навика. Па така го поминал цел негов релативно краток живот, кој завршува со трагедија.

Се истакнал како Солунски борец, во прва светска војна во кои борби бил и ранет во нога. Од последица беше инвалид 70 посто, а примаше и пензоија добиена на база на медаљи со кои беше одликуван - за посебна храброст во воени дејствија. Медаља на Каражорѓева Звезда со сребрени мачеви и Медаља Бели Орао. Секако примаше и инвалидски додаток.

Значи беше обезбеден со лични примања и ако беа много богати со земја. Тој никојпат не стекнал навика за земјоделие, па ни за сточарство. Иако и на тоа поле беа многу имуќни, имаа стадо од повеќе од 200 овци, кои ги одгледуваа летно време на големите пасишта во оближното Муталово, десетина километри подалеко од наше село каде имаа и бачило. Исто беа богати и со стока која служела само за пазар. Говеда коњи и ситен добиток кој народно се викаше “пашиќна стока“, која не работела ништо. Па затоа има сличен прекор и за луѓе кои немаат работна навика, и не се добро васпитани, ги нарекуваат по прекор на стока која само јаде и пие и лута каде сака, а нема никаква обавеза или работна навика. Служи само за приплод и за пазар.

Како татко на шест деца, 4 сина и две керки, бил доста одговорен и строг према деца. Добро да ги васпитал и одгледал. Ова не му било ни проблем како еден од најбогати во село. А за негова голема среќа имал много работна и паметна жена, која му помагала и го штитела од тешки селски работи а ги научила и воспитала и деца да го сакаат како добар родител. Па така ги пораснале и воспитале како добри граѓани и луѓе.

Но на децата кога пораснале и требало да се женат и мажат, не им дозволувал да си бираат сами симпатие и животни сапутници. Ова се правело по старински обичај. Снаи зимале од угледни фамилии како и керки давале во исто угледни фамилии – богати и домаќински. Сево ова се правело без обзир на желба на деца и дали се млади сакаат меѓу себе.

Така настанале и породични проблеми, кога нивна прва керка убава вредна и богата се има омажено за дечко што го сака, ама бил сирак без мајка и без татко. Имал само помала сестра која беше многу убава. Овој човек беше многу стасит и убав и добар мајсор занаетлија - столар. Занат го завршил во Белград и бил прочуен мајстор во цел Кумановски крај. Покасно е еден од оснивачи на Словенијалес-Македонија и негов долгогодишен директор.

Керка му познавајки го карактер и желба на својот татко се омажила бегалка. А се запознале кога свекор ми го ангажирал нејзин маж за мајстор – столар да работи, врати и прозорци за нова куќа. Во тоа време дрвенарија се правела на лице месло во куќа која се гради. Па така тука се зближиле со своја идна жена.

По таа нејзина мажачка свекор ми многу се разлутил и настанала голема сваѓа во фамилија и брак. Свекор ми не сакал да и прости на својата керка и не ја има примено на гости за свој живот. Исто не дозволувал ништо да и биде дадено од чеиз, кој во тоа време ручно се изработувал а таа како вредна и паметна и богата имала многу убав и богат чеиз, за кој многу тагувала.

Слична работа се десила и со избор на прва снаа за најстар син. Зема мома од богата фамилија а без воља и љубов на самиот син и снаја. Несреќа со оваа снаа била поголема пошто имало дијагноза од лекари дека не може да раѓа. Синот се обратил на својот татко дека треба да ја остави и друга да зема за жена, но не добил одобрение од татко. Му било речено дека нејќе да го гази својот збор.

Ова била и една од причини зошто брат на мојот маж, несреќно се одалечува од своја фамилија. Во ратниот вихор на втора светска војна бива заробен и однесен најпрво во Аустрија, после во Германија. По завршеток на втора светска војна оди најпрво во Англија, но предходно се жени со Германка и потоа заедно одат во ветената земја Америка каде среќно живеат и денеска и имаат три керки и многу унуци.

Свекор ја научил лекција и својот втор син му дозволил да се жени со која сака. Бргу му се насмејала среќа и добил прво унуче машко, што многу го усреќило и смирило свекор ми. Вака сречен дедо за прв роденден на свое унуче на снаата подарил машина за шиење. Позната марка Сингер.

Но радост и среќа му траеле кратко. Стана втора светска војна и голема несреќа се деси во фамилија на мој Свекор. После убиство на бугарски намесник во село, Бугарска војска се има осветено на село така што пали неколку куќи во село Старо Нагоричане и од исти куќи погубува зверски сите машки членови. Извршување на зверско убиство се врши во суседно село Младо Нагоричане – Костоперска Карпа. Егзекутори се балисти, кои соработувале со Бугарскиот окупатор, кој во наши краишта се прогласил за ослободител.

Село било опколено од германска војска, а бугарски војници запалиле тие неколку куќи кои најмногу им сметале во нивна политика на покорување во наш крај. После тоа сите машки членови се Интернирани во Бугарија каде работат на присилна работа. А од таму се враќаат по капитулација на Бугарија. Во тоа интернираше е земен и брат на мој маж кој имал непуни 17 години. Со свекор ми погубен е и втор негов син кој сам се пријавил во полициска станица во Младо Нагоричане, сакајки со тоа да го ослободи својот татко кој многу го сакал и почитувал. Но за жал и дваица се погубени и истиот ден донесени од најстара сестра која ги има собрано од место на поибје и донесено во село Старо Нагоричане.

Јас сум лично сведок на спровод на цела група на луѓе од мое село во полициска станица на Младо Нагоричане. Јас со татко ми бев на гости и гроздобер кај полубрат на таткоми во Младо Нагоричане. Некаде на пола пат меѓу овие две наши села не пресретна група на војска која вршеше спровод на затвореници, кои беа врзани еден за друг-у колона по дваица. Ние бевме со чезе. Таткоми застана со чезе и чекаше да помине колона со затвореници. Тогаш се деси да еден од стражари помисли дека и таткоми е еден од тие луѓе кои треба да се во иста група на овие што беа заробени и врзани. Го симна тактоми од чезе, го удри со кундак у стомак и го врза за последен затвореник. Затвореници одеа у група по двоица. Татко ми на лице место го спаси еден полицаец кој беше на гроздобер во оближно лојзе и кој сведочеше дека татко ми не е тој што го Бараат. Стојан Шопрнаја. Него дека е негов газда, дека во негова куќа преноќува стално и дека гарантира за него. Така таткоми бива повторно одврзан и среќно се вративме дома.

Вака трагично се завршува живот на мој свекор.

Ама стари викаат “..Каде текла вода пак ке тече..“, па ке се обрне среќа за негови деца и фамилија кои останале живи од ратни страдања.

Сега има Син у Америка со цела фамилија, керка у канада со скоро цела фамилија. Многу унуци останаа во село и унапредуваат домаќинство. А доста од унуци и праунуци има во Куманово и Скопје.

четврток, април 20, 2006

Моја некогашна Свекрва, а можам да кажам и мојата втора Мајка

Ова сеќавање го пишува за својата свекрва мојата мајка.


Јас би ја некако описала како една жена доста храбра, радна и природен Филозоф и Логичар.

Јас сум од исто село родена и во исто село омажена, па од много мали годинија ја познавам, из еден единствен разлог што наши две фамилии биле блиски куќни пријатели.

Моја фамилија била трговачка и земјорадничка а нивна фамилија била поповска и во тоа време била доста имуќна и ценета.

Моја свекрва Димитријевиќ Петрија, родена из село Никуљане Кумановско, а се омажила во село Старо Нагоричане исто Кумановско. Нејзино село е малку полупланинско и мало селосо сиромашно и со слабо земјоделство а богато со пасишта и сточарство. Имала уште две сестри Доцка, Тимка и брат Петар.

Карактеристично за само село и население е природна интелегенција на луѓе. Тие се доста помагале и штителе меѓу себе, поготово комшии. Така полесно ги савладувале тешки времиња и сиромаштија, која владала за време Турска империја.

Мојата Свекрва родена е за време Турскои мноу рано станала сирак и без мајка и без татко. Кога останала сирак имала само 7 години, била најстара од другите деца, двете сестреи и еден брат. За поголема невоља да биде биле и прилично сиромаси. Како најстара се грижела за самата себе и за подигањето помали од неа сестри и брат. Благодарение на комшиска хуманост биле доста помаогнати за опстанок.

Кога пораснала како мома била забележана од попот, будуќ и свекор, кој го опслужувал и тоа село. Се разликувала од други моми како много работна и паметна девојка и сам поп одлучил да ја земе за свој внук од брат.

Во новата фамилија кога дошла се случило нешто многу чудно и несватливо за нејзе. Самата фамилија и покрај тоа што била доста имуќна (една од најимуќни во село), имала една доста патријархално сваќање и многу љубоморна на женски свет. И било забрането да се дружи со комшики или пријателки. Дури и била определена патека, кога одела за вода на селска чешма, која поминувала преку црквен двор.

Покасно станала мајка на шест деца, две женски и четири машки.

Како вредна мајка и добра домаќинка ги изгледала деца и много примерно ги воспитала. На нејзина несреќа и се случило иста строгост и ограничувањеа и со нејзини керки. И тие биле исто ограничени да се дружат со комшиски другарки, па чак и не им дозволиле да одат ни во школо.

На некој начин како мајка покушала да ги заштити од такво ограничување, па се судрила со мажот и почнале неприлики во брак. Самиот нејзин карактер се одликувал со голема издржливост и толеранција. Била подржана од укуќани кои го ценеле нејзино големо жртвовање за деца и домаќинство. Била многу ценета и почитувана и од сите кои ја познавале. Сите ја ценеле како највредна и паметна жена во село.

Беше неписмена, но не се приметуваше на на неа. Како необразована жена таа се одликуваше со голема логика и природна интелегенција а и рано стекната работна навика и на тој начин успевала да ги решава и совладува сите животни проблеми, кои ги наметнува живот и време.

За време втора светска војна за голема породична несреќа го има изгубено маж и еден од синови, кој имал само дваесет и некоја година а бил оженет и имал едно дете од една година, кое останало сирак. Да биде трагедија поголема во исто време им ги запалиле сите куќи и уништено и опљачкано домаќинство и покуќнина.

После таква тешка трагедија, добила прва помош и подршка од комшии, роднини и пријатели. Им дале основни работи, лажици и сл. Неопходно посуѓе да можат на отворено небо да приготват нешто за јадење.

Набрзо потоа еден од синови кој имал само 16-17 години, бил интерниран заедно со многу други о селото во Бугарија на таканаречена работна обврска. Еден од синови бил во регуларната војска на тогашна краљевина југославија а еден во партизанското движење.

Синот од партизанското движење, е погубен заедно со татко му во горе поменатата случка која се дешава како одмазда за убивање на турскиот кмет во селото.

Другиот син кој бил во регуларната војсак на краљевина Југославија, од жал за случката повеќе не се има вратено дома. Воените години го носат во заробеништво во Аустрија па во Герменија.

По крајот на втората светска војна се жени со Германка и одат заедно најпрвин во Лондон, но брзо по тоа оди во Америка. Таму му се раѓаат три керки. Сеуште е жив, живее во Кливленд, но сеуште нема дојдено во своето родно место. Во една прилика се има видено со својата мајка во Германија. Средбата била многу дирљива. Од таа средба, мајката од синот земала само рачен сат од раката на синот за спомен.....

Така по случката на палење на куќите и погибјето на мажот и синот, останала само со жени од синовите и двете керки, како и со син кој, бил најмал и имал 11 години. Мојата свекрва си го спасила иначе најмалиот син да не го фрлат во огин во запалената куќа, велејки дека тој е само комшиско овчарче.

Мојата свекрва била принудена да ја гледа трагедијата на палењето на куќите, која се одвива во сезона на гроздобер. А сушењето на устата од големата нервоза и температура од огинот ја гаснела со еден грозд кој случајно и се нашол под рака.

Со голема воља и стабилност и со помош на селото успеала пак да го обнови домаќинството, да направи нови куќи и да продужи со живот даље.

Судбина била многу сирова према незе, па и понатаму ја пратила со несреќа и трагедии. Кога се понадевала дека на некој начин ги решила животни проблеми и обврски, сите ги омажила и оженила и се понадевала дека својата старост мирно ке ја помине со својот најмал син (мојот маж), кој купи стан во Скопје и сите се преселивме во станот. Работеше како столар во Пелагонија – градежна фирма. Стинала друга несреќа и мојот маж, најмалиот син на мојата свекрва, на само 25 годишна возраст погинува на работно место и не остава сите повторно да тагуваме. Во оваа трагедија останаа уште две деца сираци во фамилија. Па така се нашла во још поголеми проблеми и жалови, со внуци сираци кои многу ги сакаше.


Да ја залечи раната се преселила кај помалата керка која била разведена со едно мало дете. Но трагедиите продолжуваат – за кратко време ја исгубила и керка која и умира на 34 годинишна возраст. Па така и од неа останала уште едно внуче сирак.

Притисната од жал и старост не можејки да опстане сама, па се преселила кај најстара ќерка, каде ја има доживеано дубока старост. Деведесет и неколку години.

За свој живот нема никогаш отидено на лекар нити попиено некој лек. Беше многу дисциплинирана во однос на исхрана, никогаш не јадеше една иста храна двапати и гледаше да е што попосна и тазе. Ни за носење не беше пробирлива. Се задоволуваше со мали работи.

Много не има сите советувано како да се справиме со проблеми. Даваше добри кратки поуки и поговорки. Сите ја спомнуваме во секоја прилика кога ке се собереме. Никогаш немаше обичај да колне. Најголема клетва и беше “биди жив и издржи па ќе доживееш и ке ти се оствари животна желба“.

Имаше још една чудесна особина, много повеќе ги сакаше и почитуваше машки од женски, а исто и нас ни го советуваше, дека машко е глава на породица. Не беше многу зборлеста, само викаше “измислиго (смислиго) па го кажи“ или во друга прилика “ја га мисли, ама ти га кажа“. За дете што немаше воља викаше “овој дете си нема терача“.

Не учеше кога ке одиме негде у гости или у друштво “прво постој и разгледај, па избери место, каде ке чуеш и видиш се, а да не бидеш угрожена од останало друштво“.

“Кога ке одиш на гости на слава, седни у ќош не до врата. Со поглед да си према врата, ама да бидеш близо до кума и до старејка. Пред њима сигурно ке поставив најдобро еденје, а ако седнеш близо до врата само ке те мував...“

Или “кога ке ти дојдат гости, кога ке си одат испрати ги до капија, да видат комшии дека се твои гости“.

Или “Кога ке одиш на пазар, никогаш не носи празна торба, ако ништо друго стави нешто од гардероба у торба. Така ке ти завидував комшии а ке ги завараш и радознали, као секогаш си со полна торба“

среда, април 19, 2006

Младиот Ѓокица се гордее со стадото

ОВЧАРСТВОТО ГО НАСЛЕДИЛ ОД ТАТКО СИ
Младиот Ѓокица се гордее со стадото

Дневник Број 2750 сабота, 18 март 2006

Од петте деца на Живка и Круне Бојковски од кумановско Младо Нагоричино, само Ѓокица ја продолжи семејната традиција, останувајќи да живее во селото и да се занимава со сточарство и земјоделство.

- Сакам да одгледувам ситен добиток, а најмногу ме привлекува овчарството. Посебна љубов чувствувам кон овие животни и сите обврски кон нив за мене се големо задоволство - вели 32-годишниот сточар Ѓокица.

Тој раскажува дека љубовта кон овчарството ја наследил од родителите. Иако завршил средно училиште за месар, вели дека никогаш не би се откажал од овците, ниту, пак, би го напуштил селото.

- Мене овде ми е многу убаво. Денот ми е исполнет со обврски, но има време и за забава, спортување, дружење. На село секогаш може да овозможиш опстанок ако човек сака да работи - вели Ѓокица.

Младиот сточар сега има стотина овци, но се надева дека со тек на време стадото ќе се зголемува. Проблем му претставува тоа што нема земјоделска механизација, а за обработка на три и пол хектари земја се снаоѓа.

Тој раскажува дека младите луѓе од неговото село се помалку имаат можност да заминат в град оти нема работа. Се надева дека и оние што го напуштиле селото ќе бидат принудени да се враќаат, оти власта во Општината Старо Нагоричино, во која спаѓа и неговото село, со најголем број жители, полека ги обезбедува неопходните услови за нормален живот.

- Од 1996 година локалната самоуправа се грижи за инфраструктурата. Во моето село обновена е електричната мрежа, воведени се телефонски линии, има училиште, здравствен дом, а последниве години градоначалникот Власта Димковиќ презема мерки и за воспоставување водоводна мрежа. Кога и тој проблем ќе се надмине, тогаш сите жители од моето и од околните села во наредните сто години ќе можат да живеат добро- смета тој.

Ѓокица вели дека не може да ги разбере оние млади луѓе кои имаат по нешто наследено од нивните родители, било да е земја или добиток, а тие не сакаат да работат, туку само да се жалат дека немаат услови за живот. - Не ми е јасно зошто не се зафатат со земјоделско производство, со одгледување добиток, на пример, да направат мини сточарски фарми и да не "кршат" раце дека немаат услови за егзистенција. На нашето село засега му недостасува една млекарница. Ако најдат пари за такво нешто, жителите ќе го решат и проблемот со откупот на млекото. Така, ние не би имале мака, а на градските газди, кои се поигруваат со откупот на млекото, ќе им кажеме збогум - вели Ѓокица од Младо Нагоричино, кое се наоѓа на десетина километри од Куманово, кон Крива Паланка.

Пренесен напис од Дневник 18 Март 2006

СТАРО НАГОРИЧИНО
Прогласена елементарна непогода


По една недела од невремето во Козјачкиот регион, каде што излеаната Пчиња и помалите потоци нанесоа големи штети во дваесетина села, Советот на Општината Старо Нагоричино прогласи елементарна непогода.

Комисиите за проценка утврдиле дека штетите се огромни и дека обесштетувањето на земјоделските производители и санирањето на патиштата и мостовите се можни само со помош и парична поддршка од Владата.

Според извештајот на комисијата за проценка на земјоделските култури, утврдено е дека полјоделските, градинарските и лозаро-овоштарските култури се оштетени од 30 до 100 отсто и тоа на површина од 1.000 хектари. Поради тоа, Советот прогласил елементарна непогода во повеќе села.

Комисијата за проценка на штетите на инфраструктурата утврдила дека делови на локалните и на пристапните патишта се целосно уништени со што е оневозможена комуникацијата на населението. (С.А.Ј.)

Пренесен напис од Дневник од 18,Март 2006

СТАРО НАГОРИЧИНО ПРОТИВ ИЗГРАДБАТА НА ДЕПОНИЈА
Нагоричинци сакаат еколошки регион


Изградбата на регионалната депонија во месноста Бела земја, помеѓу Младо и Старо Нагоричино, ќе предизвика големи штети во земјоделството и во сточарството и воопшто во развојот на Општината Старо Нагоричино, велат во локалната власт. Против изградбата на депонијата се и еколошкото друштво и населението.

- Со изградбата на депонијата ќе се прекине експлоатацијата на глината за која фабриката за керамичка индустрија од Куманово има 30-годишна концесија, а која производството го пласира не само во нашата земја, туку и во Србија и на Косово - вели градоначалникот на Старо Нагоричино, Власта Димковиќ.

Тој додава дека глиништето се наоѓа во непосредна близина на основно училиште, здравствена амбуланта, црквите "Св. Петка" и "Св. Ѓорѓи Победоносец", законски заштитените археолошки локалитети Вуевски камен и Костоперска карпа. Покрај депонијата поминува и меѓународниот пат кон Бугарија, а во близина се и познатата црква "Свети Ѓорѓи" и општинскиот центар.

- Покрај депонијата поминува и патот кон Меморијалниот центар АСНОМ во селото Пелинце и кон манастирот "Св. Прохор Пчињски" во СЦГ. Во близина се и мегалитната опсерваторија Татиќев камен, термалниот извор Стрновац и манастирот "Забел" - објаснува Димковиќ.

Според него, стручните анализи покажале дека постои опасност и од загадување на подземните води, а со тоа и Општината Старо Нагоричино веќе нема да е еколошки чиста животна средина.

- Ние се обративме до сите надлежни во државава. Ако не се почитува нашето образложение за несогласување за изградбата населението ќе ги искористи сите расположливи средства за спречување на изградбата на регионалната депонија во срцето на нашата општина - вели Димковиќ.

Меѓуопштинскиот одбор за североисточен субрегион во рамките на проектот "Национален план за управување со отпад и физибилити-студии" се оглушил на укажувањата на локалната власт и останал на ставот дека и против волјата на населението ќе го реализира планот за изградба на депонијата на локалитетот Бела земја - глиниште.

Пренесен напис од Дневник од 18,Март 2006

РАЗГОВОР СО ВЛАСТА ДИМКОВИЌ, ГРАДОНАЧАЛНИК НА С. НАГОРИЧИНО
И невремето удри по сиромаштијата


Се кине таму каде што е најтенко. Покрај сиромаштијата, не снајде и невремето, кое уништи една третина од земјоделските култури, а оштети повеќе патишта и мостови. Локалната власт, пак, е оставена самата да ги решава проблемите, вели Власта Димковиќ, градоначалник на Старо Нагоричино, една од најсиромашните општини во земјава.

Општината, која претежно живее од земјоделство и сточарство, опфаќа 39 населби, во кои живеат нешто повеќе од 4.000 жители на површина од 450 квадратни километри. А велат дека уште толку се враќаат од градовите и тука обезбедуваат егзистенција.

lКои се најголемите проблеми со кои се соочувате?

- Многу пари ни се неопходни за вложување во образованието, а Министерството за образование се однесува резервирано. Ново за нашата општина е и урбанизирањето на населбите. Изминативе години ние ја подобривме инфраструктурата, затоа сметам дека нема да имаме големи тешкотии на тој план.

lКакви се плановите за развој во општина чие население главно мака мачи со земјоделството и со сточарството?

- Земјоделството и сточарството се основната егзистенција. Но, од неодамна почна со работа мини-фабрика за производство на печурки. Во неа ќе бидат ангажирани околу 200 млади луѓе. Шанси за вработување на 80 до 100 работници има и во Фабриката за пакување и дистрибуција на минерална вода. Овој регион има повеќе културно-историски споменици од национално значење. Со правилен пристап во нивното искористување постојат шанси за развој на туризмот. Тука е познатата црква "Св. Ѓорѓи", манастирите "Забел" и "Карпино" и многу други. И меморијалниот центар АСНОМ во селото Пелинце е едно од местата за посети. Природните убавини на Козјачко-пчињскиот регион се добра шанса за развој на селскиот туризам. Ваквите услови создаваат реални претпоставки за економски развој, со што овој регион ќе ги привлече да се вратат тие што одамна ги напуштиле родните места и заминале в град, каде што сега се без работа.

lИзлевањето на реката Пчиња и на планинските потоци нанесе големи штети. Како ќе се санираат?

- За сиромаштијата се вели дека "се кине таму каде што е најтенко". Неодамнешното невреме, какво што не се памети овде последниве две децении, уништи една третина од земјоделските култури. Оштетени се и патишта и мостови. А безмалку оставени сме самите на себе. Советот на Општината формира две комисии за утврдување на штетите од оваа елементарна непогода. За жал, штетите, кои се огромни, само делумно ќе бидат надоместени. Некои од оштетените патишта веќе ги поправивме, но десетина козјачки села се уште имаат проблеми со комуникацијата. Преземаме мерки колку што можеме да го надминеме и овој проблем. Моите и плановите на општинскиот совет се населбите од Старо Нагоричино да се вратат во живот, оти во некои од нив тој речиси беше целосно прекинат.

Дипломираниот инженер агроном, 46-годишниот Димковиќ, беше избран за градоначалник од редовите на Демократската партија на Србите во Македонија. Ова е негов втор мандат на оваа функција.

вторник, април 18, 2006

Google - Слика на центар на селото Старо Нагоричане - но. 2


Ова е сликано од 902 ft или 275метри.


Тука убаво се гледа, строгиот центар на селото,

Црквата св.Ѓорѓи е најлево, над неа е најстарата школа , можеби во цела Македонија.
За школите во селото ке пишувам посебен пост. Сега ке кажам дека ги има три. Оваа за што зборев погоре. Стара школа и нова школа. Светозар Марковиќ.

Над црквата е полициската станица.

Десно од црквата е селската Чешма. И неофицијален центар на селото.

Оваа вода има карактеристика да во лето е ладна а во зимо е топла. И има посебно добар вкус, а нема мирис.

И ден денес кога ке одам во селото, одам на чесмата да се напијам вода од цивунот.

Од водата на времето се снабдуваше целото село со вода и тука на популарните мрамори се поела стоката, барем двапати дневно. Карактеристично ми беше тоа што додека пиеше вода стоката се оставеше на мира. Голем грев беше и израз на невоспитание да се прекине стоката во пиење на вода. Два добри вола го празнеа коритото-мраморот за два минута. Сега има спроведена вода скоро во секое домаќинство. Еден водовод е од овој извор. И друга водоводна мрежа е од пумпната станица во Никуљане, од каде со цевковод под природен пат се носи вода до самото село и околните мали. Има теорија, дека овие два извора во двете соседни села се поврзани и се од иста жица.

До самата чешма е коќата на “Вуци“. Кумот Коце беше шнајдер-терзија. Се надевам дека сеуште е жив. Овој човек го паметам како човек кој редовно ги чистеше мраморите на чешмата. И секогаш на крај ке се соблечеше до појас и самиот ке се искапеше. Во таа куќа зимно време паметам неколку пати имам помагано околу нижење а поготово околу калапење на тутун. Тешка и макотрпна работа верувајте. Но работата се работеше во друштво со мнугу шала и смееше...Дедоми незнам зошто не садеше тутум во моето детство...

Како дете често навраќав во неговиот дуќан за шнајдерај и го гледав како работи. Десно од неговиот шнајдерај, кумот Коце имаше своја бавча, каде садеше неколку реда пиперки и патлиџани. Бавчата ја вадеше со навртување на водата по браздата. Вишокот на водата од селската чешма служеше за наводнување на малите бавчи околу чешмата. т.е. под чешмата.

Под чешмата имаше уште неколку мали бавчи, од по двесетина квадрати, каде и дедоми имаше мала бавча.

Заборавив да кажам дека на чешмата приквечер жените переа на неколку поиголеми камени мрамори. Се употребуваа Пирајки за удирање по натопената облека. А се переше со сапуни, кој самите домаќинства ги правеа по некоја рецепта од свинска маст. Луксуз беше вистински сапун и прашок за рачно перење Биљана и Плави радион. Сапубите беа од Сапоиа Осјек.

Приквечер околу чешмата се собираа и младите, кои се удвараа меѓу себе - на кумановски-читање. Читаница. Читаник.

Помладите ке седневме над чешмата под големите дрвја на Дудинките. Околу чешмата имаше три големи дудинки. И над чешмата усте неколку.

Над Чешмата на неколку метри е познатата Испосница на свети отец Прохор Пчињски. Истата е заштитена со закон. Сега е обновена и малку се има изгубено од рустикалноста на пештерата. Секојпат тука доаѓаа луѓе со мака оставаа мали подароци пред светињата, ке се помолеа малку ке се напиеа вода од чешмата и ке си одеа дома.

Над испосницата почнува мало брдо наречена Краста. Тука беше единственото и најпогодно место за санкање во зима. Се санкавме на дрвени санки кои сами ги правевме. А луксуз беше ако ставевме метална шина, која ја земавме од пакетите, кои беа врзувани со вакви шини.

Пистата за санкање беше цирка стотина метра.....

Лево од Испосницата е полициската станица. Тоа е најстарата полициска станица како објект-можеби во цела Македонија. Во таа станица на времето во подрумот гледавме телевизија на неколку клупи. Тоа е некаде во крајните години од шеесетите. Често и по повеќе од половина час чекавме да почне програмата. А на телевизорот стоеше сликата тест сликата со округла форма...

Се разбира се гледаше телевизија во црно бела техника.

Пред станицата имавме одбојкарско игралиште. Тоа беше еден од омилените спортови во селото. Тука некаде во дворот на полициската станица бил споменик на првиот учител во селото и еден од заслужните борци за ослободувашето од турско.

Спомениците се минирани во време на окупацијата од Бугарите во нашиот крај.

Од детонацијата има загинато дваица бугарски војници кои се наоѓале во близината....

Сега слушам дека Градоначалникот има план да ги обнови спомениците со тоа што ке ги дислоцира некаде пред влезот на црквата.

Лево од полициската станица имаше мала пекара, која на времето прва почна да продава леб кој се произведуваше тука.

Полево малку беше објектот на старата пошта. Таа зграда сега не постои. Во подрумот на зградата имаше мал извор на питка вода...

Десно од испосницата се наоѓа куќата на “Манчини“. Тоа е куќа на братот на дедоми Столе – Дето Крсто Тошиќ. Куќата има историја на две кафеани. Столарска работилница и фарбара на текстил. Една постара која сега незнам дали уште постои. Но ја видов. Интересното е тоа што во таа кафеана од турско време имало музика и танчерки.

Подолу од тој објект е поновата кафеана која функционирала во текот на втората светска војна и покасно. Наследникот на дедоми Крсто вујкоми Жико, сега живее во таа куќа. Ја има обновено куќата а кафеаната е сега продавница.

Се разбира во зимо во продавницата пак се пие ракија и пиво. Има неколку маси. А во лето и надвор. Традиција е во продавниците – се играат карти и домино до несвест. Некојпат се врти и по некоја партија шах. Вујкоми Жико ги има интересно украсено зидовите во горните одаи. Има закачено дел од нашата носија и старите ткаења на баба Милевка.

Нагоре покрај куќата на дедо Крсто, води тесно патче према селските гробишта. Наречени “Гнила“.

Имам интересно сеќавање за дедоми Крсто.

Во атарот на реката Пчиња имаше доста ливади. На пролет одевме на 15 тина дена да косиме некои ливади. Дедоми не учеше да косиме, мене и Вујоми Ратко кој е неколку години постар од мене-5.

Вујкоми беше одличен косец косец. Јас се учев да косам. Кој косел знае дека е најтешко да косиш ретка ниска трева. Обично кога се косеше сите косеа. Па така во соседната ливада косеше дедоми Крсто. Јас бидејки лошо косев – дедо Крсто ке кажеше. Абе батко Стојане, “што ги даваш на деца да косив. Нели гледаш дека треба по њима да идеш па да косиш“. Но другата година веќе подобро косев. И сега дедоми Крсто ке речеше. Абе деца Ви сте троица, ај помогнете малко. А дедоми Столе ке речеше. “Абе батко Крсто па деца ке ти гу укашкав работу с‘с косење, па ке мораш по њима па да работиш“. Не му беше право на дедо Крсто но ја прифаќаше шалата.

Бабами Милевка, правеше многу убави баници и други месени специјалитети. Таа беше многу јака жена, но во природа секојпат беше насмејана.

Баба Милевка и дедо Крсто имаат две женски и две машки деца. Тетка Ѓурѓа, која за жал почина, но за време додека беше жива изгради куќа во непосредна близина на куќата на дедоми Столе. Тетка Драгица која сега живее на Водно во Скопје, непосредно под таканарешеното Шпанско село. Вујкоми Жико и уште еден вујко кој несреќно починал во пеесетите години на минатиот век,се викал Цане, кој несреќно починал во војска. На интересен начин. Имал инфаркт за време на трка. После неколку победи на трки едно по друго...

Посебно ми е во сеќаваше фурната на баба Милевка, која беше поврзана со подрум, а под подрумот е собата од првата кафана. Над фурната дедоми Крсто имаше племња, со стрмен мал двор во кој сепак дедоми Крсто успеваше да врши жито на селски начин.

Едно време во долната кафеана имало надалеку позната столарска работилница, која ја основал тетин ми Милан Денковски. Во таа работилница таткоми Воислав-Војо го учел столарскиот занает и покасно бил партнер со тетин ми. Биле прочуени со квалитетот на својата работа и кај нив се чекало на ред за столарија за куќите кои во тоа времето се граделе доста. Мајсторското писмо на тетин ми Милан сега се наоша кај мене и во друга прилика ке го прикажам во посебен пост.

Околината на црквата е заградена со камен зид кој беше изведуван во касните шеесети години на минатиот век. Во тој двор кој на времето било првото место каде биле и селските гробишта, сега се оставени некои камени плочи кои симболизираат гробни места.

Во самиот двор имаше прекрасни големи багреми кои во летно време беа идеално место за читање на книги, кои ги зимавма од селската библиотека наречена Читалиште....

Тука во тој двор имам прочитано највеќе книги во мојот живот. Тука како студент спремав и по некој испит. Посебна посластица беа честите гости кои ја посетуваа црквата, а ги имаше од цел свет....

Пред црквата има камбанарија, која сега е обновена. Се сеќавам на тесните скали кои ги качував како дете за да на врвот најдеме гнезда на разни птици, меѓу кои имаше и подполошки....

Десно од куќата на кум Коце е една интересна куќа на фамилијата Вуци. Во неа на времето се влегуваше преку дрвена врата. Огромна. А на самата врата имаше мала врата. Само за луѓе кога сакаа да влезат а не се со коли. Во таа куќа ја паметам влачарата, во која се влачеше волна од Овци. Во тоа време кафеаната на дедо Крсто беше фарбара на испредената волна. Го паметам како сега и тој објект.

До куќата на влачарата, има друг објект кој на времето била кафеана во времето на втората светска војна и некоја година покасно. Таа кафеана ја држеше комшиската фамилија на дедоми столе “Татарци“. Во тој објект едно време имаше и продавница, а пред тоа кратко време од неколку години имаше слаткарница. Се сеќавам купувавме бонбони на парче и шеќерлами. Црвено бели стапчиња, кои се виткаа и во форма на бастумчиња.

До таа куќа на времето имаше Ковачка работилница. Цанко ковач. Многу часови од детството сум минувал во ковачницата. Во неа мајстор Цанко го поправаше алатот на селсите домаќинства. Ги остреше секирите и мотиките, како и селските рала и плугови. Правеше и обручи за тркала на селските запрежни коли и другата железарија за колите. Колите ги склапаше познатиот мајстор Мисле. Ковачот Цанко, едно време произведуваше и мали ветерници ки служеа да се одвои житото од плевата. Дедоми Столе имаше една стара ветерница и една нова која ја купи од ковачот Цане. Чирак на мајстор Цанко едно време беше другарму на вујкоми Моме. Моме беше многу снажен и развиен и кога ке удреше со големиот чекан на наковалната, свитки летаа од железото. Интересно ми беше и да гледам како се грееше железото со таканаречена мешина за дување, која се покренуваше со една рачка која се движеше нагоре надоле.

Малку понатака се наоѓа сегашната зграда на Општината Старо Нагоричане. Зградата на време е изградена по ослободувањето во раните пеесетити години, како задружен дом.

Во позадината на задружниот дом, сегашната општина на времето имаше просторија која сите ја викавме читалиште. Библиотеката во Читалиштето беше богата со книжен фонд. Јас од тој фонд прочитав доста книги но помалиот мој брат кој сега е професор на еден универзитет во Тексас (предава Математика – Анализа) верувам ги има прочитано сите книги, или поголемиот дел од нив....

Во таа просторија на времето на касните шеесети ги гледав првите кино престави. Доаѓаше кино одвреме навреме од Куманово. Не се сеќавам на насловите на филмовите. Само се сеќавам на апаратурата за прикажување и карактеристичниот звук на движењето на филмската лента во апаратот па проектирање... Истотака и менувањето на филмските ленти. Секој филм се состоеше од повеќе ленти.

Во читалиштето гледавме долговреме и телевизија. Тука се играше и добар шах. Тука ми беа првите слатки шаховски победи. Покасно малку играв шах како младинец во еден клуб во Скопје – ШК Чаир. Така подготвен со теорија, селските играчи ми беа лесен плен. И богами луѓето не сакаа да играат шах со мене. Со секоја партија имаше и посебно зезање. Гласно навивање и коментарисање од страна... Посебно читалиштето беше посетено во зимскиот период.

Во задружната зграда имаше посебна просторија за Матичната служба, во која работеше матичарот Жарко Спасиќ. Жарко имаше посебно добар ракопис. Краснопис. Тој е сега пензиониран...

Над општинската зграда е зградата на поштата. Под поштенската зграда порано се наоѓаше налбатницата. Место каде се подковуваа коњите и говедата кои ги влечеа колските запреги. И ова ми беше омилено место во раното детство. Интересен беше начинот на кој се соборуваа крупните говеда на земја, за да се подковаат. Пред налбатницата имаше стално една мала бара а околу неа измет од говедата кои преплашени од самото ковење се унередуваа до крај. Секако под говедата се постилаше слама.

Подоле малку на самата раскрсница се наоѓа уште една чесма. Над неа столарска работилница имаше стариот сват на мајками и таткоми. И кај него проведував доста време, гледајки го како работи.

Сега тој објект е продавница на познатата Врањка.

Тука и влезот на старото школо кој сега е запуштен бјект. Но школото на времето имаше прекрасен двор. А долго време во школото живееа неколку учители кои дојдени тука да учетилствуваат, формираа фамилии и остануваа да живеат во старото школо.

Под патот е сега новото школо. Под новото школо е фудбалското игралиште на ФК Козјак. Тука за време на фудбалските мечеви се собира цело село за да навива... До него е и ракометното игралиште на кое игравми и мал фудбал на времето.

Тука некаде е сега новото игралиште комбинирано за кошарка, одбојка и други мали спортови, кое е донација и е опремено и со рефлектори...

Назад по птот према центарот на селото од лева стран е поголема зграда која ние сите ја викавме стамбена. Во неа по мое сеќавање беше сместена првата кооперација – селска продавница. Во неа сите пазаруваа на тефтер. И кога ке дојдеа селаните до пари си ги плаќаа сметките.

До стамбената зграда се три други стамбени куќи на дба спрата, кои на времето се изградиа за да има каде да живаат милиционерите-“полицајци“.

Карши стамбените згради имаше уште една столарска работилница која во едно време прерасна во пилана.

Малку погоре имаше на времето Качарска работилница на поцнатиот Цане качар.... И тука доста време проведував и ми беше интересно како од дрво се доаѓаше до разни видови на буриња и качиња. Буриња за вино и ракија и качиња за купус и носење на вода.

Малку понатака е локалот на уште една продавница-која едно време беше столарка работилница во еден дел а во другиот дел беше коларска работилница на познатиот колар Томислав – Мисле. Е тука кај Мисле највеќе “купував“ од занаетот. Фрапантно беше како пред моти оќи од сирово дрво се правеше запрежна кола. Доминантно ми беше сеќабањето како се прават ркалата. Округлите делови се обработуваа на приручен дребонг, кој со пренос на каиш се движеше со некаков мотор.

Понатака пирајките се делкаа со тесла и се оформуваа во саканата форма. А теслата беше главен алат и во оформувашето на полумесеците. Ги имаше барем осум во едно тркало или шест за помали тркала. На крај на тркалата се зацврстуваа со погоре поменатите шини. Со специјални клинци. Добар мајстор едно тркало правеше неколку дена. Цела запрежна кола се правеше скоро цел месец. Во сеќавање ми се и големите рачни бургии – Сврдлиња. Кои ги имаше неколку димензии-десетина.

Овој мајстор за правење на коли со лик личеше на еден друг мајстор кој правеше убави елечиња-кожувчиња од овчји крзна. Е сега јас толку често ги мешав луѓето што и дваицата ги нарекував со исто име мајстор Мисле. Долго време мислев дека се работи за иста личност.

понеделник, април 17, 2006

Google - Слика на центар на селото Старо Нагоричане - но. 1

Благодарност до Google Earth што ми овозможи да уживам во сателитските снимки на моето родно место.

Оваа слика ке ја крстам Центар на село но. 1

Сликата е замислена како се гледа селото од сателит од 2812 ft ili 850 metri
Loading...

Архива на блогот

Site Meter