Пребарај го блогов

сабота, јули 31, 2010

Манастир Свети Отец Прохор Пчињски

http://spomenicikulture.mi.sanu.ac.rs/slike/538.jpg
Манастир Свети Отец Прохор Пчињски

Триесетини километри јужно од Врање, два километра од границата со Македонија - на левата страна на реката Пчиња се наоѓа Манастирскиот комплекс посветен на Светиот Отец Прохор Пчињски. Како што видовме во предходниот пост на местото каде што починал Свети Отец Прохор Пчињски Роман IV Диоген (1067-1071) изградил базилика/еднокорабна црква како што му ветил на Светиот Отец - кога се сретнале во лов а Светиот Отец му предскажак дека ке стане Византиски Цар ... Во XI век или на почетокот на XII век Роман IV Диоген изградил скромна еднокорабна црква/базилика.
  • Политички догађаји који су се одиграли крајем Х и почетком XI века, морали су оставити трага у градитељству ове области. Победом Василија II (976-1025) над Самуилом, Византија је вратила раније изгубљене територије Балканског полуострва, што је захтевало реорганизовање политичке и црквене управе и стављење становништва под његов утицај. Царском повељом из 1020. године, Василије II реорганизовао је Охридску патријаршију, сада архиепископију, у којој се спомиње епископија Морзовишка, у чијем саставу је поред осталих места и Козјак - данас име планине у чијем подножју се налази манастир св. Прохора Пчињског. Њега је изградио византијски цар Роман IV Диоген (1067-1071), на молбу потоњег свеца и патрона храма Прохора Пчињског. Систематска археолошка ископавања уз свестранију анализу досадашњих сазнања, потврдила би тврдњу да је првобитна скромна једнобродна црква саграђена у XI веку или почетком XII столећа.
  • Једна од најопсежнијих обнова заслуга је краља Милутина, који је ангажовао 1316. или 1317. године солунске сликаре Михаила и Евтихија да осликају нови храм. После косовске битке манастир су разорили Османлије, а 1489. године обновио га је Марин из Кратова. Тада је осликан фрескама које се убрајају у најзначајније уметничке творевине свог времена. У 16. веку у манастиру је постојала сликарска радионица, чији су мајстори сликали фреске великих ликовних вредности у капели на јужној страни цркве.
По војувањата со Византија меѓу 1180-1190 српскиот Цар Немања ја освојува областа околу Врање.  Св. Сава во 1220 прави реорганизација на црквата во кралството на Србите каде веднаш видно место и се дава на Црквата посветена на Светиот Отец Прохор Пчињски. Светиот Крал Милутин 1316  или 1317 година ја реизградува Црквата и ја иконописува ангажирајки ги познатите сликари/иконописци Михаил и Евтихије, истите кои ја фрескоживописуваат Црквата Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане и "Св. Богородица Перивлепта” во Охрид. Сегашната монументална повеќеекуполна црква, изградена е 1898. година.Во самата црква има три слоја на фрескоживопис ... Моштите на светиот отец се сместени од десната стрна на олтарот. Од моштите тече Миро кое има посебно значение за верниците кои веруваат во исцелителските моќи на Мирото.

Манастирските конаци се изградени меѓу 1854 и 1862. године по заслуга на  Хаџи-Михаил Погачаревиќ, трговец од Врање. Конаците се неколкупати реобновувани за сега повторно да светнат со сиот сјај. Во нив има многу нови и современи содржин, огромен ресторант, сместувачки капацитети за ноќевање, конгресна сала ... При реконструкцијата на конаците секојпат се трудело да се задржи автентичноста.

За Република Македонија Манастирскиот комплекс посветен на Светиот Отец Прохор Пчињски има посебно значение поради одржувањето на Првото заседание на АСНОМ на 2 Август 1944  година, кога се удрени темелите на Македонската државност ...
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/SkopjeKumanovo-Large.jpg
Попат до Манастирот Свети Отец Прохор Пчињски, можно е да посетите уште неколку локации зависно од вашата желба и расположиво бреме:
  1. На локацијата број еден може да се посетат пет цркви на едно место.5-те Цркви (Лавра) кај Дељадровце … близу Миладиновце и Рафинеријата ОКТА … … Манастирски комплекс Св. Ѓорѓи с. Дељадровце …
  2. Во Куманово има три цркви: Св.Никола, Света Троица и Св.Ѓорѓи.
  3. На оваа локација можете да го посетите меморијалниот споменик Заебарњак.
  4. На оваа локација можете да ја посетите Костоперска карпа и двете цркви св.Петка и св.Ѓорѓи
  5. Тука е прекрасната Црква Св.Ѓорѓи Старо Нагоричане
  6. Меморијален комплекс Пељинце.
  7. Манастир Свети Прохор Пчињски
  8. Кокино
  9. Бања Стрновац
Појдите, посетете го, доживејте го … попат изберете уше некоја од понудените локации на горната мапа … добра кафеана имате или во склоп на Бањата Стрновац или во Етно село … но има добар ресторан и во оквир на самиот Манастир.
 

Свети Отец Прохор Пчињски - Пустиножител ...

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/sr/b/bc/%D0%9F%D1%80%D0%BE%D1%85%D0%BE%D1%80-%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B0-%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%B0.jpg 
Свети Отец Прохор Пчињски - Пустиножител ... стара икона

Под Пустиножители се подразбират луѓе кои со верба во бога се подвизуваат и го следат вистинскиот пат и начин на живот по пример на бога, трудејки се да го достигнат христијанското совршенство. Тие тоа вообичаено го правеле со осамување и аскетски живот во некое диво и пусто место, живејки далеку од заедниците на другите луѓе, дури далеку и од монашките братства, кои вообичаени се нивни почетни станици. Во таквиот начин на живот тие вообичаено се сместувале во некоја природна пештера, каде во близината имало извор на вода а јаделе тоа што го давала природата во сирова форма, корења, лисја, трева ... Молитвата, вербата во бога и следењето на божјиот пат е главна духовна храна на секој Пустиножител.
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/e/e4/OnuphriusByzantineIcon4thCentury.jpg
Пустињак Онуфрије Египатски из 4. века
  • Отшелник или пустињак је човек који је из духовних разлога отишао од света, да би живео на осамљеном, пустом месту. Пустињаци су се још називали и еремити (грч. ἔρημος - пустиња), анахорети (грч. ἀναχωρέω - повући се, узмицати) или монаси (грч. μόνος - сам, осамљен), премда су неки од ових назива временом добили одређенија значења.
  • Отшелничество, анахоретствоаскетическо отречение поради различни убеждения от цивилния живот с максимално ограничение от външни връзки и усамотен живот в пустинни места.
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/e/e3/10.19_sv_IvanRilski.jpg 
Македонија има богата историја на Пустиножители кои во нашите краишта се јавуваат околу Осоговските планини. Се работи за четворица пустиножители кои живееле во X и XI век. Првиот е св. Иван Рилски:
 http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/ed/Sv.Gavril_Lesnovski.jpg/250px-Sv.Gavril_Lesnovski.jpg
  • Прохор је рођен у првој половини 11. века од побожних родитеља, Јована и Ане, у околини Овчег поља. По Житију, Прохор је рано изучио књижне мудрости и у свему био бољи од својих вршњака. У духовном усхићењу он одлази у пештеру Нагоричинску (источно од Куманова), близу данашњег манастира Старо Нагоричино, где среће ловца Диогена. Прохор му прорече да ће постати цар и рече му: сети се и мене кад постанеш цар. То се и обистинило - Диоген поста византијски владар Роман IV Диоген (1067-1071). Житије даље казује да се пустиножитељ Прохор подвизавао тридесет година у планини Козјак (јужно од Врања), у једној малој пећини. Ту се и престави после шездесет и две године испосничког живота.
  • Прохор Пчински е роден в областта Овче поле в Северна Македония. Според житието му, след като възмъжава, напуска родителите си Йоан и Анна и се уединява в пещера край Старо Нагоричане, срещу църквата „Свети Георги“, където прекарва дълги години като отшелник. По-късно, поради заплахата от нападение на „диви хора“ (вероятно печенеги или кумани), Прохор се премества в планината Козяк над река Пчиня, близо до днешния град Враня.
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/c5/Ioakim-Ososgovski_ot_Poganovo.jpg/160px-Ioakim-Ososgovski_ot_Poganovo.jpg
Во многу написи каде се споменуваат овие четворица Пустиножители се вели дека тие се браќа, но не се мисли на вистинско братско родство - туку на братско родство по начинот на кој живееле, по начинот на кој верувале во бога ... За сите четворица Пустиножители кои се спомнати погоре има нивни житија, кои најчесто се правени многу подоцна од времето во кое живееле.
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-121Small.jpg?t=1251924675
Над црквата Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане е испосницата -пештерата во која првично престојувал Светиот Отец Прохор Пчински. Легендата вели дека ловејки во близина тогаш само ловец, Роман четвти Диоген во се сретнал со Светиот Отец Прохор Пчински кој му пророчил на Роман четврти Диоген дека ке стане Цар на Византија - воколку не ја убие срната која била на нишан на неговата стрела ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-91Small-2.jpg?t=1252004827

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-101Large-1.jpg?t=1251922042
 
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-111Small.jpg?t=1251923089
Во продолжение ке се задржам со поголем осврт на Светиот Отец Прохор Пчињски. Во сите житија во кои е пишувано за Светиот Отец Прохор Пчињски не се спомнувани годините на раѓање и на смрта на Светиот Отец. Но спомнато е дека е роден во Овче Поле, во добростоечко семејство на неговите родители Јован и Ана. Тие долго време немале деца, но со верба во бога го добиле единствениот син кого го школувале. Не по воља на неговите родители Светиот Отец Прохор Пчињски под влијание на примерите од останатите троица Пустиножители и особено по углед на Св. Иван Рилски, и тој решил да се посвети на длабоката верба во бога и се одлучил на изолација каде ги правел своите подвизи.

За свое прво место далеку одбира една пештера која и ден денеска стои во близината на Црквата Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане. Во таа пештера тој престојувал цели триесетина години - го живеел животот кој го одбрал, следејки го божјиот пат и подвизувајки се.

Легендата вели дека тука се сретнува со тогашен ловец, кој подоцна ке постане византиски владар Роман IV Диоген (1067-1071). Роман IV Диоген  се спремал да убие една срна, која бегајки од ловецот дошла кај Светиот Отец Прохор Пчињски, кој по долгиот пустиножителски живоѕт веќе едвај да личел на човечко битие.  Роман IV Диоген се исплашил од старецот и почнал да бега. Светиот Отец Прохор Пчињски му довикнал да не се плаши бидејки и тој е човек - истовремено замолувајки го да не ја убива срната која била негова дружба. Му предскажал дека брзо ке ја фрли ловечката облека и ке ја замени со царска. Така и се случило, Роман IV Диоген женејки се со удовицата царицата Евдокије, супругата на Константина X (1059 - 1067) станува византиски цар и император.

На  Светиот Отец Прохор Пчињски Роман IV Диоген се сетил кога овој му дошол на сон и го подсетил за неговото пророчанство, дека неговата ловечка облека ке ја замени со царска. Во истиот сон барал да му се одолжи со тоа што ке изгради црква во местото каде што се сретнале. Роман IV Диоген  кога се разбудил потресен од сонот и неисполнетото ветување наредил веднашка да се појде и на местото каде се сретнале со Светиот Отец Прохор Пчињски и изградил базилика. Сакајки да му каже на Светиот Отец дека го исполнил ветувањето насекаде го барал. Светиот Отец во меѓувреме се преселува четириесетина километри североисточно од пештерата во која првично престојувал во Старо Нагоричане. Повторно му доаѓа во сон на Роман IV Диоген и му го кажува новото место каде нашол нова пештера и во која живеел нови триесетина години. Кога пошле таму, виделе дека во пештерата има само мошти од Светиот Отец. Легендата вели дека Роман IV Диоген трипати дење ги пренесувал коските - но тие ноќе се враќале во новата пештера, гаде Светиот Отец се упокоил. Тогаш ги товарил за да ги носи во Цариград. Но коските не се мрдале. Роман IV Диоген сватил дека желбата на Светиот Отец е моштите да останат тука . Роман IV Диоген прави уште една базилика на тоа место, со што го исполнува ветувањето.

Се чини дека највеќе напори да ги проучи сите житија на  Светиот Отец Прохор Пчињски прави Вера Стојчевска - Антиќ, АНХОРИТЕТОТ СВЕТИ ПРОХОР ПЧИЊСКИ.
Поважни написи:
 
Loading...
Site Meter