Пребарај го блогов

вторник, февруари 21, 2006

Јавено обраќање до градоначалникот на општина Старо Нагоричане


Јавено обраќање до градоначалникот на општина Старо Нагоричане

1.- Не попуштај за Депонијата за отпад (од меѓуопштински карактер), која некој сака да ја наметне во нашата територија. Не дозволувај ѓубрето од соседните општини да се слее на територија на општината Старо Нагоричане. Ако треба барај помош од сите жители на општината кои со жив штит на своите тела ке бидат спремни да ја блокираат механизацијата....

2.- Имам и неколку прашања до градоначалникот на општината старо нагоричане:

-Зошто општината нема Интернет страница;

-Зошто нема ни интернет адреса-која во себе не содржи наставка ком;

-Зошто до сега не го има сватено значението на интернетот, како можност да се представи општината во Македонија па и во светот;

-Зото не сватил дека ако сака да ја представи општината Старо Нагоричане како туристичка дестинација во Македонија и во светот дека тоа најдобро ке го направи со интернет презентација;

3.- Имам и неколку констатации кои се поразителни а тоа се:

-Ако напишеш Старо Нагоричане на некој пребарувач на Интернет да речеме Google, има индексирано само 653 резултати за кириличен назив на Старо Нагоричане и во Најди има индексирано само 221 резултати

-Ако кон тоа го додадеш и латиничното пребарување за зборот Staro Nagoricane, во Google има 506 резултати а на Најди има 226 резултати.

-Ова е поразително за развојот на општината воопшто а посебно за туристичкиот развој на општината Старо Нагоричане

-Туризмот треба да е носечка гранка на општината Старо Нагоричане:(како селски туризам, како бањски туризам, како еко туризам и на крај како туризам на база на представување на бројните културно историски локалитети). Сето ова во денешно време без добра Интернет презентација не е возможно да се оствари.

4.- Искористи ја можноста што ја пружа акцијата на Куманово – како Град на култура за ова година во Македонија. Куманово предвидува за таа цел оваа година да го промовира Кокино и Мегалитската опсерваторија. Колку што се сеќавам Кокино е на наша територија.

5.- Искористи ја положбата што ја имаш, како една од најнеразвиените општини во Македонија а воедно и погранична оптина. За вакви општини во буџетот на Македонија е предвиден значаен дел а и самите донатори од странсво радо ги подржуваат ови проекти поготово што општината е и со мешан етнички состав (Македонци и Срби). За последново посебно паѓаат меѓународните донаторимеѓуетничка соработка...

6.- Промовирај ги сите културно историски споменици, цркви и Манастири во општината Старо Нагоричане. Тоа пак најдобро ке го направиш со добра интернет презентација.(на Македонски,Српски и Англиски јазик)

7.- Започни сериозен проект за сериозна инвестиција за бањата Стрновац. Проекти , планови и физибилити студии се потребни за да се заинтересираат потенцијалните инвеститори од земјата и светот. Плачење не помага...

8.- Излегувај во јавноста со соопштенија, кои ти се приоритетните планови на општината (барем еднашка месечно)

8.а- Соопшти на јавноста дека МТ сеусте го нема исполнето своето јавно изрежено ветување дека на сите општини ке донира АДСЛ пристап заедно со неколку компјутера. Соопшти дека во случајот на општината Старо Нагоричане тоа не е исполнето и јавно прашај зошто.....

За сето ова доколку сметаш дека и лично можам да помогнам, обрати ми се ке направам се што можам...

вторник, февруари 14, 2006

За дедоми Столе

Денеска се навршуваат 14 години како почина дедоми Столе. Роден 1914 година а живееже 82 години.


Што да кажам за дедоми Столе, можам роман да пишам и тоа ке биде малку. Сега ке кажам само некои работи кои ги имам во глава и сеуште ми се во сеќавање.

Роден е во релативно сиромашна фамилија во селото Старо Нагоричане, како што гледате погоре 1914 год. Тогаш богатството се мерело кој колку земја има - со што ги ора нивите - ако е со пар волови е богата фамилија - ако е со пар биволи е средна класа ....
Како го поминувал детството дедоми Столе, јас самиот не паметам да ми раскажувал некојпат - но затоа ке ја прашам мајками која ке ми раскаже детаљи - а богами и постарата сестра доста знае - па ке ја прашам и неа.

Се на се сите ја делеле сиромаштијата и кога во Њујорк и Лондон се возеле со првите транваи, дедоми сеуште орал со дрвено рало....Со едно слично такво дрвено рало дедоми ораше се до почетокот на седумдесетите кога ралото отиде во заборав - и го снема од дворот на дедоми.

Дедоми среќно се оженил со бабами која беше можок на фамилијата - имаше меморија страшно голема. Штета што немала шанса да се образува...(но за бабами во друга прилика).
Фамилијата на дедоми се состоеше од три женски деца и едно машко дете, и добитокот кој тој го сметаше како да е дел од фамилијата.
Од добидок имаше:
- една кобила - која беше задолжена да го вози чезето, до Куманово на пазарните денови, да ора со ралото кога требаше да се ора нешто меѓу редови, да го врши житото - во соработка со другите домашни животни, да не пренесува поединешно од место на место со седло или без него (на свадби-на нива и сл.) Последната кобила што ја имаше дедоми ја продаде кога требаше да купи виолина за најмалата тетка... Искрајно долго тагував по неа - името и беше Ласта.

-едно магаре кое вообичаено беше женско, кое имаше задолжение на помошно транспортно средство до нивите – да пренесе алат – ручек – да донесе млеко заедно со млекарот (имено овците на дедоми летно време беа сместени во бачила кои беа оддалечени неколку километри од селото 4 км мислам). Со магарето кое исто имаше име (во моментот не се сеќавам на името) имам неколку интересни случки за кои ке ви раскажам во друга прилика....

-еден пар крави – за орање на нивите – па превоз и теглење на воловската кола – за млеко кое се продаваше и од кое бабами правеше страшно добро бело и жолто сирење. И кравите имаа име едната беше обавезно Павка а другата (пак не се сеќавам на имињата)

Инаку сите домашни животни на дедоми имаа име и дедоми разговараше со нив како да му се фамилија и ги караше кога ке му згрешеа а ги мазеше во зимскиот период а и секојдневно.

-дузина овци и јагниња – кои служеа за волна и млеко – а богами и месо

-една до две крмачи – свињи – кои слижеа за месо – сувомеснати производи – сланина - сапун – маст и сл

-дузина кокошки – за јајца и секојпат свежо пилешко

-пар кучиња – едно поголемо вообичаено со име Мурџо и едо помало но кое знае да галами – кучињата беа чувари на дворот и куќата..

-неколку мачки – кои не бранеа од глувчињата и се играа со нас додека бевме деца.

Сите овие домашни животни бараа ангажман од дедоми и бабами а и од нас децата. Повеќето од времето со домашните животни се занимаваше дедоми кој всушност како да уживаше во одгледувањето на домашните животни.

Секое домашно животно имаше свој дом, кој дедоми го чистеше секојдневно а тука во работата помагаше вујкоми кој е неколку години постар од мене и јас самиот поретко.

Бидејки немавме питка вода во дворот, мораше секојдневно барем двапати дневно целата стока да ја носиме на поење во оближната селска чешма. Водата која течеше од чешмата во зима беше топла а во лете ладна – се собираше во камени корита – наречени мрамори и стоката пиеше вода со уживање од нив. Правило беше додека пие стоката вода никој да не ја вознемирува. Се почитувасе стоката. Стоката беше работна сила и имаше свои права....

Навистина за сето ова може да се пишува роман.

Дедоми не зборуваше многу – туку со личен пример даваше на знаење како треба и што треба. Вообичаено навечер на вечера се даваше распоред за утрешните задачи на сите членови на фамилијата – кои можеа да се изменат ако се сменеа нагло временските прилики..

Јас како најмал во фамилијата ги добивав најлесните задачи но ако не ми се дадеше никаква задача се бунев. Сакав и јас да учествувам со нешто...

Наутро кога одевме на нива, обично со воловска кола, јас најчесто се доспивав а и таму ако ми се спиеше најпрво ке се доспиев. Се доручкуваше на нива одкога ке се завршесе еден дел од работата – дедоми секојпат велеше “доручекот и јадењето мора да се заслужи со работа“. На нивата секој работеше по нешто. Додека бев помал да речеме во времето на жетва дедомике ми дадеше задача да собирам сламки !!!???. Никојпат неможев да го разберам тоа зошто се прави и како докажан економиста од мали нозе му викав на дедоми дека “таа работа не се исплати“ и го молев да ми даде друга работа. Тогаш тој ке се смилуваше и ке ми дадеше пар каначиња (стомни за вода) и ке ме пратеше до најблискиот извор да донесам ладн и свежа вода. И ке ми речеше значајно “Јас да те мислу да си натам а ти да си навам“ JJ.

Највеќе од се сакав кога ке одевме да работиме нешто близу до реката Пчиња. Погодувате зошто. Па се бањавме и фаќавме со раце мали рипчиња. Трските беа луксуз. Кога потпораснавме малку некои се извештачија и од завеси превеа мрежи за ловење риба...

На река никојпат гладен неможе да останеш. Наоколу бавчи колку сакаш. Краставици – пиперки – патлиџани и сл.

Дедоми имаше обицај да каже. “подобро џабе да работиш него џабе да седиш“. Така тој си наоѓаше за себе а и за нас секојпат некои чудни работи. Пример еден ден ке ги преместува камењата од еден зид до друг зид – а за неколку дена ке ги враќаше назад. Зошто го правеше тоа и ден денска не ми е јасно.

Осем животните ја сакаше многу земјата – добрата чашка ракија и вино. Иако често пиеше никојпат во живот не сум го видел пијан.

Живи пари во селско домаќинство доаѓаа ретко а и ако ги имаше се чуваа за зејтин , газија, порез и сл работи но одвреме навреме дедоми, ке ми дадеше некој ситниш да му купам цигари а за кусурот бомбони или шекерлами...

Тука ке прекинам со сторијата за дедоми ...

Велат постарите луѓе – човекот умира двапати – еднаш кога физички ке замине од овој свет – и вторпат кога веќе никој нема да го споменува....

Манастирот Забел се распаѓа

ЗАБОРАВЕНО ДУХОВНО СВЕТИЛИШТЕ ВО КУМАНОВСКО
Манастирот Забел се распаѓа
Во манастирот во селото Старо Нагоричани одамна е замрен духовниот живот, поради што голем број верници, предадени на традицијата, го посетуваат само на денот на патронот. Ни од МПЦ ни од верниците нема никаква иницијатива за негова обнова

Едно од најстарите духовни светилишта во Кумановско, манастирот "Забел" во селото Старо Нагоричане, се распаѓа. Во него одамна е замрен духовниот живот и поради тоа голем број верници, предадени на традицијата, го посетуваат само на денот на патронот, иако имаат желба вратите на манастирот постојано да бидат отворени.
Црквата "Пресвета Богородица" во манастирот "Забел" е изградена 1330 година, но како и повеќето православни светилишта во Македонија, во времето на турското владеење била целосно срушена.
Според легендата што ја прераскажуваат жителите од овој крај, од разурнатиот манастир останале само три гроба во олтарот. На некој човек од селото му се сонило дека во еден од гробовите има скриено богатство, со кое треба да се обнови стариот манастир. Тој навистина откопал злато, а потоа отишол кај игуменот во матејчкиот манастир да побара согласност од Цариград да му дозволат да го подигне светилиштето. Обновата почнала во 1852 година. На темелите на старата црква, со димензии од 12 на 7 аршини, за четири години бил изграден новиот храм. Мајсторите го поставиле и олтарот, но не успеале докрај да го изработат фрескоживописот и внатрешно да ја уредат црквата. И по толку години постоење, досега никој не се нашол да ја уреди црквата.
Манастирот "Забел" се наоѓа на тромеѓето меѓу селата Никуљане, Старо Нагоричане и Челопек, на петнаесетина километри од Куманово. Местото на кое е изграден потсетува на гнездо. Неговата скриеност од сите страни и зафрленоста не биле пречка ова духовно светилиште некогаш да врие од луѓе и живот. "Порано тука се вкрстувале многу патишта, па во манастирот доаѓале многумина верници и патници-намерници, кои ноќевале во конаците. Со својата плодна земја и густа шума, манастирот бил еден од најбогатите во земјата. Го опслужувале дваесетина семејства, кои одгледувале над 200 овци, 20 грла крупен и ситен добиток. Во манастирскиот двор имало неколку бунари, амбари, воденица за мелење брашно, фурна и се друго што му требало на едно богато селско домаќинство. Во него, се до средината на минатиот век, живееле и калуѓери. По војната тие биле протерани и животот во манастирот замрел", вели Слободан Јовановиќ од Старо Нагоричане, претставник од црковниот одбор.
Негрижата и запуштеноста довеле до целосно распаѓање на конаците, шталите, помошните простории. Распаднати се и манастирските порти. Руинираните објекти немо сведочат за негрижата на човекот кон духовното наследство.
Црквата "Успение на Пресвета Богородица", сепак, успеала низ вековите да му се спротивстави на времето и да зачува дел од убавината што и ја дариле градителите. Но, пред две години од црквата се украдени четири икони стари над сто педесет години. Иконата на Мајка Богородица и уште три други, со димензија од метар и половина на седумдесет сантиметри, се извадени од нејзиниот олтар. Ги изработил познатиот живописец Дичо Зографот и нивната вредност е непроценлива. Од нив се уште нема никаква трага. Постарите жители велат дека ова не е прва кражба и дека судбината на оваа црква е многу тажна, бидејќи никој вистински не сака да се заложи за нејзино обновување.
На празникот Голема Богородица манастирот беше преполн со народ и верници, кои дојдоа на прославата. Во дворот на црквата се делеше манастирско гравче, а на празничната трпеза имаше многу гости. На ливадите и полјанките во дебелите дабови сенки, луѓе на сите возрасти уживаа во прекрасната природа, далеку од градската жега.
- Ова место е Божји рај. Тука природата е недопрена, а Господ не штедел кога ја создавал. Има се што може да се посака за одмор на душата. Сега, човекот треба да се погрижи да ги искористи овие убавини. Ние мораме да и помогнеме на црквата да го врати некогашниот сјај на ова свето место. Општината да обезбеди средства за изградба на инфраструктура и да создаде излетничко и духовно место, кое многу му недостига на нашиот крај - вели една посетителка.
Годинешнава посетеност на "Забел" за Голема Богородица влева надеж дека овој храм набрзо вистински ќе заживее и широко ќе ги прифати потомците на своите градители.
Сузана Николиќ

Извпо Вест

КРВАВА ДРАМА ВО СТАРО НАГОРИЧАНЕ

КРВАВА ДРАМА ВО СТАРО НАГОРИЧАНЕ
Домазет ги заклал трудната сопруга и нејзината мајка
Го прифатија како син, а тој им ја затвори куќата, коментираа селаните од Старо Нагоричане

Селанец, по куса расправија, со кујнски нож ја масакрирал својата трудна сопруга, а потоа ја заклал и својата тешта. По масакрот, убиецот си ги измил крвавите раце и наместо во локалната полиција, оддалечена 50 метри од местото на инцидентот, отишол во кумановската полициска станица. Крвавиот инцидент се случил во семејната куќа на семејството Трајковиќ, завчера вечерта, во кумановското село Старо Нагоричане. Официјално мотивот за убиството се уште се истражува.

Според полицијата, трагедијата се случила неколку минути по 18 часот во куќата на Јефта Трајковиќ, кога неговиот зет, Зоран Арсовски (43) со кујнски нож ги убил својата сопруга Надежда Арсовска-Трајковиќ (37), која била во седмиот месец од бременоста, и нејзината мајка Еленка Трајковиќ (62).

Куќата во која се случил крвавиот инцидент вчера беше полна со роднини и пријатели на
семејството Трајковиќ. Оправдано тие не беа расположени за коментирање на случајот.

Соседите велат дека семејството Трајковиќ било едно од најимотните во селото и оти досега не забележале какви било проблеми кај нив.

Арсовски, кој бил домазет, со таткото на својата сопруга Јефта целиот ден работел на нивите. Кога завршиле со работата двајцата се упатиле кон семејната куќа. Јефта го зел автомобилот и со еден соселанец заминале за Куманово за да однесат грозје. Арсовски останал во куќата и ги вршел секојдневните обврски, а потоа отишол до блиската продавница.


- Зоран застана пред продавницата и ми побара цигара. Ја запали цигарата и ми кажа дека целиот ден со Јефта фрлале ѓубриво на нивите. Рече дека ги нахранил кравите и дека ќе си оди дома. Ништо не навестуваше дека по десетина минути ќе се случи таква крвава драма - раскажува возбудено еден од селаните.

Веднаш по разговорот Арсовски се упатил кон куќата. Зел нож од кујната и се упатил во собата каде што седела неговата бремена сопруга, за која селаните велат дека била во седмиот месец од бременоста. Надежда почнала да се брани и да бара помош, но нејзиниот сопруг бил безмилосен. Со неколку удари ја измасакрирал. Повиците за помош ги слушнала мајката на Надежда, која работела во дворот. Таа боса се стрчала кон куќата, меѓутоа на прагот од влезната врата ја пречекал нејзиниот зет. Арсовски со ножот ја измасакрирал и Еленка. Убиецот си ги измил рацете, ја соблекол крвавата тренерка зел 4.200 евра и со такси заминал за Куманово, каде што се пријавил во полициската станица. Куќата на семејството Трајковиќ е на само 50-ина метри од полициската станица во селото и не десетина метри од селскиот колонијал. Никој од селаните не видел ниту слушнал нешто сомнително. Тие разбрале за трагедијата кога дошла полицијата во селото и влегла во куќата.

Според селаните, Зоран Арсовски бил мирен човек. Не правел проблеми ниту пиел алкохол. Тој бил од селото Режановце, каде што живеел со сопругата Надежда околу две години во куќата на своите родители. По нивната смрт, во мај годинава Зоран и Надежда се доселиле во Старо Нагоричане. Семејството Трајковиќ имало голем имот. Јефта и Еленка имале три ќерки, сите биле мажени и не живееле во селото. Поради тоа, родителите на Надежда го прифатиле Зоран како сопствен син. За кусо време тие му купиле трактор и добиток на зетот за да работи и автомобил.

- Го прифатија како син, а тој им ја затвори куќата - коментираа селаните од Старо Нагоричане.

Според селаните, Зоран во последно време почнал да се однесува чудно. Откако го продале тракторот, Арсовски почнал да троши многу пари. Тие велат дека дури посетувал и бајачки во кривопаланечките села, па претпоставуваат дека може да му ја наполниле главата со будалштини. Селаните зборуваат дека Арсовски пред неколку дена го снемало, кога заминувал носел кесе најверојатно со алишта, но се вратил по три-четири дена со истото кесе во рацете.

По наредба на истражниот судија, телата на убиените се предадени на обдукција. Полицијата го утврдува мотивот за убиството.

извор Дневнник
извор Вест
извор Вечер
извор Идивиди, Линк 2
извор А1
извор Макфакс
извор Канал 5
Извор Утрински

Црква св. Ѓорѓи, Старо Нагоричане

SV. \OR\I, STARO NAGORI^ANE, KUMANOVSKO

Vo seloto Staro Nagori~ane, vo blizina na gradot Kumanovo, se nao|a eden od najzna~ajnite spomenici na kulturata vo Makedonija. Toa e crkvata posvetena na sveti \or|i, ~ija posebnost i ubavina, kako vo odnos na arhitekturata, taka i vo odnos na slikarstvoto, odnosno freskopisot, pretstavuva eden od biserite na hristijanskite tvorbi na ovie prostori.

Crkva Sv. \or|i, s. Staro Nagori~ane, XIV vek

Za vreme na gradewe na crkvata se zema godinata 1313, iako e utvrdeno deka taa e podignata vrz temeli na postar sakralen objekt od XI vek, izgraden, spored staroto predanie, od strana na vizantiskiot car Roman IV Diogen (1067-1071). Godinata 1313 e spomenata vo natpisot {to se nao|a nad zapadnata vlezna vrata, dodeka na eden drug natpis od jugozapadniot yid od crkvata, e zabele`ano deka taa e `ivopisana vo 1317-18 godina.

Vo pogled na arhitekturata, crkvata e trikorabna gradba so forma na izdol`en vpi{an krst, a nad nea se izdigaat pet kupoli, edna golema osmostrana postavena vo centarot i ~etiri pomali kubiwa. Dolniot del od yidovite e podignat od klepan kamen, dodeka gornite delovi se izraboteni so naizmeni~no redewe na kamen i cigla, pri {to e postignata edna smirena i efektna koloritnost. Oltarnata apsida e bogato ras~leneta, odnatre polukru`na, a odnadvor petostrana vo gorniot del.

Posebnosta na crkvata se sostoi vo za~uvanata prvobitna oltarna pregrada, odnosno ikonostasot koj bil izraboten od kameni stolbovi, parapetni plo~i i ornamentira arhitraf. Tuka e zabele`an edinstven primer kaj nas na izrabotka na ikoni vo fresko tehnika. Na toj na~in, levo i desno od carskite dveri, pretstaveni se likovite na sv. \or|i i Bogorodica Pelagonitisa.

No, neodminlivoto zna~ewe na ovoj kulturen i duhoven spomenik le`i i vo za~uvaniot freskopis, izraboten od poznatite zografi Evtihij i Mihajlo, koi kako avtori se javuvaat i vo drugi crkvi i manastiri vo zemjava, kako {to se crkvata Sv. Bogorodica Perivleptos, poznata kako ohridskiot Sv. Kliment, manastirot Sv. Nikita na padinite na Skopskata Crna Gora vo blizina na Skopje, no i vo golem broj vakvi objekti nadvor od zemjava, na teritorijata na sosednite balkanski zemji. Freskopisot e izraboten vo paleolo{kiot stil od XIV vek, so naglasena narativnost, no i edna izrazena suptilnost, fino stilizirawe i odmerenost vo izrazot. Vpe~atlivi se portretite na ktitorite na crkvata, kralot Milutin i negovata mlada `ena Simonida, pretstaveni vo dolnata zona od severniot yid. Crkvata izobiluva so pretstavi na likovi na svetiteli, sceni od `ivotot, stradawata i ~udata na Isus Hristos, (Raspjatie; Odewe na Golgota; Ka~uvawe na krstot; Podbivawe so Hrista itn), prisutni se ilustracii na kalendari, kako i portreti na lokalni svetiteli, sveti Kliment Ohridski, sveti Joakim Osogovski, sveti Prohor P~inski, za koj edno staro predanie raska`uva deka `iveel vo edna pe{tera vo blizina na crkvata pred taa da se izgradi.

M. Cvetanovska

СТАРО НАГОРИЧАНИ, ОПШТИНА НА БЕЌАРИ

СТАРО НАГОРИЧАНИ, ОПШТИНА НА БЕЌАРИ
Шпанските серии не оставија без жени
Во оваа општина 10 насто од населението е неоженето.Има околу 500 беќари од 35 до 50 години кои воопшто не размислуваат да оформат семејства и се почесто утеха бараат во алкохолот. Проблемот е сериозен и локалната власт донела одлука секое семејство

- Шпанските серии, ни ги пишманија девојките да се мажат за нас. Идните невести сонуваат за раскошен живот и богатство без мака и не сакаат да бидат селанки за да работат по нивате, велат на шега ергените во поодминати години од селото Старо Нагоричане, кумановско. Повеќето од нив потврдуваат дека останале неженети поради тоа што младите дами барале услови за живот како во телевизиските сапуници, а дел од беќарите вината ја префрлуваат на судбината и сиромаштијата. На крај сите признаваат дека самите се криви што не успеале да освојат некое женско срце и да се изборат за љубовта.
-Незнам зошто, но досега немав среќа да се оженам. Имав плата и работев како поштар. Моето семејство не беше сиромашно но, не се решив за брак. Имав неколку врски кои пропаднаа. Годините си минаа без да ги сетам и останав сам . Сега живеам со мојот постар брат Гроздан, кој исто така не е женет. Тој работеше во Швајцарија, но откако се врати во селото и тој не се ожени. Девојките од секогаш повеќе ги привлекуваа момчињата од градот. Овде има многу работа и никој не ја сака селската мака, вели четириесет и две годишниот Славе Марковиќ. Тој и неговиот брат се занимаваат со сточарство и обработуваат 3 хектари земја, а сами ги завршуваат и сите домашни женски работи по куќата.
Општината Старо Нагоричане има околу 500 мажи кои не оформиле семејства и го држи рекордот во државата по бројот на стари ергени. На нив отпаѓа 10 насто од вкупниот број на население - 5.000 жители. Во 49 населени места колку што има во Општината во секое во просек има по десетина ергени во зрели години. Најбројни се во селото Младо Нагоричане околу педесетина, потоа во Старо Нагоричане четириесетина, а селата Никуљане, Драгоманце, Мгленце, Длабочица се по триесетина стари ергени. Најмногу од нив се на возраст од 35 до 50 години.
- Оваа популација не можеше да го реши својот брачен статус и се најде во многу незавидна положба. Во 80 и 90 години на минатиот век, кога беше нивното време за женидба, постоеше голема разлика во квалитетот на живеењето помеѓу градските и селските средини. Девојките не се одлучуваа да се мажат на село, бидејќи немаше елементарни услови за живот: струја, вода, телефон, пристапни патишта. а момчињата немаа можност да заминат во градот. Останаа да ја обработуваат земјата, но не создадоа семејства. Сега условите во селата се подобрени и помладите се снаоѓаат, но за постарите ергени нема перспектива, вели градоначалникот Власта Димковиќ.
Старите ергени веќе дигнале раце од нивната женидба. Велат дека допрва , тешко ќе се стават "во вера", бидејки се навикнале на самечкиот живот без обврски. Најголем дел од времето го минуваат по работа, а единствена забава им се вечерните дружења пред селската продавница. "Се собираат околу 6 часот попладне, а остануваат до 2 по полноќ. Пијат пиво, играат карти, гледаат телевизија , се расправаат за политика, се фалат кој побрзо ја собрал летнината и на кого повеќе му родиле нивите, ама жените во уста не ги ставаат, за нив ретко зборуваат. Па во селото и нема девојки за да ги загледуваат и оговараат, ни открива еден од мештаните. Разочарани од безизлезната состојба во која се наоѓаат , осамените ергени понекогаш наместо во женска прегратка , утеха бараат во алкохолот.
За да им помогнат и да ги стимулираат да создадат фамилии, градоначалникот и советот на Општината, донеле одлука со која секое семејство што ќе добие новороденче ќе се ослободи од плаќање на вода во наредните две години. Размислуваат и да се збратимат со некоја општина, каде што има стари моми. "Ние сме можеби единствената општина во државата и пошироко што има донесено ваква одлука, се со цел да го потикнеме склучувањето на браковите и да се зголеми наталитетот .Имавме и некои неофицијални разговори со претставници на едно гевгелиско место, каде имаат ист проблем со женската популација за взаемно да си помогнеме", вели градоначалникот.
Додека повеќето од старите ергени речиси и не размислуваат за женидба , 37-годишниот Милутин Бојковиќ најавува дека наскоро ќе има венчавка. Тој изградил и нова куќа во селото за своето семејство. "Моите родители постојано прашуваат зошто не се женам и што чекам. Откако реализирав некои мои планови сега сериозно размислувам да скокнам во тавче. Во нашето село ретко има свадби, но можеби јас ќе повлечам нога", се надева Милутин.
Во руралните средини во државата, се повеќе се прекинува лозата на многу семејства и се губат корените на македонската традиција и нација, се запустуваат цели предели. Старо Нагоричане, пак на шега велат мештаните, ќе се подмлади само ако девојките ги заменат шпанските серии со старите ергени.

Сузана Николиќ

Извор Вест

Старо Нагоричане не сака депонија на своја територија

По одлуката на шест општини од североисточниот дел на Македонија за складирање на сметот
Старо Нагоричане не сака депонија на своја територија






Столе БоЖиновски
КУМАНОВО - Жителите на Старо Нагоричане не се согласуваат во нивната општина да се изгради депонија на шест града од североисточниот дел на Македонија, што било договорено уште во ноември минатата година. "На некаков нивен самит решиле во близина на Старо Нагоричане да си изградат единствена заедничка депонија за комунален смет, што ние, во најмала рака, тоа го сметаме за правење есап без крчмарри, реагираше вчера градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, Власто Димковиќ, со група советници и активисти на самото место на кое е одлучено да се гради депонија. †Сакаат да ни донесат депонија за ѓубре од шест општини во срцето на еколошки можеби најчистата средина во земјавааи, додаде градоначалникот Димковиќ и ја повикува јавноста, пред сў екологистите, да помогнат да се спречи оваа, според него, штетна и налудничава замисла.
Според договорот потпишан од страна на градоначалниците на Куманово, Крива Паланка, Кратово, Липково и Ранковце на 22 ноември минатата година, регионалната депонија за комунален смет треба да се формира во месноста Бела Земја два километра од селото Старо Нагоричане. "Во два наврата, на посебни седници, Советот на општината расправаше и донесе категорични ставови дека иницијативата е неприфатлива од многу аспекти. Козјачкиот крај, заедно со Дебрца и Мариово, се последните оази на незагадени шуми, ливади и води, со перспективи за развиен селски и планински туризам. Во Козјачијата се лоцирани многубројни културно-историски споменици, како што се средновековната црква "Св. Ѓорѓи° во Старо Нагоричане и Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце изграден во живописната долина на Пчиња. Општините од регионов треба да размислуваат за инвестиции во земјоделството, сточарството и туризмот, а не за создавање вака опасни жаришта за загадување на природата°, е ставот на Советот на Општина Старо Нагоричане. "Замислата е дотолку поапсурдна што депонијата е лоцирана само сто метри од основното училиште во Младо Нагоричане во кое учат околу 200 деца.

напис во Утрински весник

петок, февруари 10, 2006

Моето родно место


Секој на светот е нормално највеќе на светот да си го сака своето родно место.
Тоа важи и за мене - Старо Нагоричане е моето родно место.

На овој блог ке пишувам секогаш кога ке имам време и кога со мислите ке сакам да сум во моето родно место.

Со овој блог се надевам дека ке успеам:
- Да ја афирмирам дел од богатата историја на мојот роден крај;
- Да ги афирмирам многуте културно историски споменици:
- Да афирмирам дел од луѓето кои потекнуваат и го сакаат овој крај;
- Да ја зголемам изгледната туристичка атрактивност на овој крај со оглед на сите споменици во овој крај и убавиот крајолик;


Loading...

Архива на блогот

Site Meter