Пребарај го блогов

четврток, јуни 29, 2006

Јаху ги снима Авантурите на Македонија

ОД ВЧЕРА ВО КОКИНО
Јаху ги снима Авантурите на Македонија

"Македонија е мистична земја со многу богата култура.

На оваа мегалитска опсерваторија пред 4.000 години, луѓето го изработувале календарот со следење на Сонцето, месечината и sвездите".

Вака го започна претставувањето на нашата земја Ричард Банкс, најпознатиот светски авантурист, вчера на снимањето во Кокино.

Ова е дел од проектот за претставување на Македонија на Јаху, што го организира националниот портал за туризам ЕКСПЛОРИНГ МАСЕДОНИА. ЦОМ.

Со претставувањето ќе се видат природните убавини, спортско-рекреативните места спакувани со информации за мистериите, културното историско и археолошко богатство во Македонија.

Претставувањето на порталот треба да се постави од 15 јули. Авантурите низ Македонија ќе се презентира како петдневна авантура во Македонија и ќе остане на Јаху засекогаш. На насловната страница ќе биде 2-3 недели, а потоа ќе остане на Интернет страницата.

"Имајќи го фактот дека на Јаху има над 400 милиони посетители месечно, Македонија ќе се наметне како нова туристичка дестинација на најширокиот медиум- Интернет и ќе се презентира во вистинска смисла", вели Сашо Гавриловиќ, директор на "Истражувајќи ја Македонија".
"Ова е едно прекрасно и волшебно место и кога би имале ние вакво нешто во Америка, тоа би било прогласено за национален парк и многу луѓе би доаѓале овде ", ни изјави Банкс.

На снимањето на сегментот "Мистериите во Македонија" учествуваа и Ѓоре Ценев и Јовица Станковски од Музеј Куманово.
Вчера екипата требаше да ги посети и локалитетите Куклица и Цоцев камен. Македонија е седма земја во светот што ќе се презентира на ваков начин на Јаху.
Фото и текст: С. Николиќ

понеделник, јуни 26, 2006

Духот на минатото се славеше во Кокино

Духот на минатото се славеше во Кокино

Под осветлената античка опсерваторија Кокино се собраа околу 1000 луѓе завчераноќта за манифестацијата "Кокино 4000 години подоцна". Вечерта почна со танцот под маски на вевчанците "Дримкол" по кој следуваа "Стринг Форсис" и Кокан и Бодан. Првиот дел од вечерта, конципиран во духот на минатото го заврши дувачко ударачката група Мајовци. Смислата на "4000 години подоцна" се доби со настапите на "Лоши деца", "Дедикејтед фор лајф" и кумановците "Виктим џеилд". Со своите, панк-метал-рок настапи бурно раздвижија дел од толпата. Интересни беа и "Летечки пекинезери" кои со својата весела џез свирка успеаа да ја дигнат наседнатата и да ја соберат распрсканата публика. Пред изгрејсонце свиреа кумановците "Вајт нојз ин а вајт рум", потврдувајќи се како еден од најкреативните нови бендови во Македонија. Небото пред разденување само го подобри нивниот настап, по кој луѓето се упатија кон опсерваторијата за да присуствуваат на централниот дел на манифестацијата - изгрејсонцето над Кокино. Стотина луѓе испоседнати на опсерваторијата, го дочекаа сонцето. Облаците не дозволија да го видиме изгревањето на сонцето на маркерот кој ја означува летната рамноденица, но тоа не го направи целото доживување помалку спектакуларно. Од бината долу за крај свиреше диџеј Деа.
(И.И)

Зурли и електрични гитари го тресеа Кокино

Зурли и електрични гитари го тресеа Кокино
ОПСЕРВАТОРИЈАТА 4.000 ГОДИНИ ПОДОЦНА

Благоја Бошковски

Вевчански маски, галички тапани, етноџез-рок состави, хеви-експериментал-панк-метал-рок-звук, свинг и транс беше изборот на Музичката младина на Македонија како најсоодветна забава за можните посетители на настанот организиран под мегалитската опсерваторија Кокино во петокот вечер. Замислен од Министерството за култура, овој минифестивал требаше да го приближи културното наследство во Македонија до младите.

„Стринг форсис“, Бодан и Кокан, групите „Мајовци“, „Лоши деца“, „Дедикејтид фор лајф“, „Виктим јилд“, „Летачки пекинезери“, „Вајт нојз ин а вајт рум“ и диџеј Деа беа задолжени за музичкиот дел од перформансот. Манифестацијата ја отвори настап на вевчански маски, а како втор следуваше можеби најкомерцијалниот состав на вечерта, „Стринг форсис“, за веднаш да биде проследен со лелеавиот етноџез-звук на басот и пијаното на Бодан и на Кокан. Се на се - една опуштена атмосфера, која тешко дека можеше да се нарече фестивал, бидејќи повеќе личеше на организирана седенка. Групата „Мајовци“ донесе малку свежина во раштрканата маса. Моќни игри со ритми, силни зурли и директна атака на се што е најдобро во традицијата. Не без причина добија најдобра и најсложна реакција од публиката. Поради тоа, а можеби и бидејќи единствено тие не зависеа од тоа какви се звучниците.

Дојдоа на ред веселите „Лоши деца“ и нивниот солиден настап. Оттука натаму меѓупаузите беа тешки, дотолку повеќе што имаше и технички проблеми. Со силните гитари што „Дедикејтид фор лајф“ и хард-музиката воопшто ги носат со себе дојде до колапс на системот од кој на моменти излегуваше само каша од звуци. Една песна и бендот замина од сцената. Кратко останаа и „Виктим јилд“, разочарувајќи 10 отсто од публиката. Свинг-атракцијата „Летачките пекинезери“ конечно отсвири подолго на сцената, на општо задоволство на публиката. По нив настап резервиран за малку поексперименталните „Вајт нојз ин а вајт рум“, кумановски гитарски состав што полека но сигурно ја освојува сцената. Остана уште настапот на диџеј Деа.

На другата страна од брдото - друго случување. Само два дена по најдолгиот ден, сонцето се уште убаво би требало да минува низ маркерот на изгрејсонце. Така што околу олтарот беа насобрани многу луѓе, некои задоволни што воопшто се таму, а некои незадоволни што има премногу народ. За жал, и на карпите кај маркерите седеа луѓе. Всушност, луѓето таму седеа уште од самиот почеток. Се јазеа по карпите осветлени од рефлекторот бесцелно лутајќи.

Утрото кога дојде времето за вистинскиот настан, оној што пред 4.000 години, само два дена порано, го чекале стотици и стотици други луѓе, малкумина вистински знаеја зошто се таму. За тоа помогна и лошото време што претходеше дента. Имаше и некое предавање. Кој го фати, го фати.

Опсерваторија од бронзената доба

Локалитетот Кокино претставува мегалитска опсерваторија стара околу 4.000 години и и припаѓа на бронзената доба. Актуелна станува по 2001 година, откако астрономот Ѓоре Ценев и археологот Јовица Стаковски ги објавија своите проучувања. Се состои од два дела. Едниот е олтарот, или престолот, од каде што свештениците го следеле движењето на ѕвездите, месечината и сонцето.

Вториот дел се карпите, кои природно се поставени така што одредени вдлабнатини создаваат маркери. Меѓу еден сонцето застанува на најдолгиот летен ден (летен солстициј), кој е на 21 јуни. Меѓу друг, застанува месечината на рамноденицата. Со тоа се поврзани и некои претпоставки и легенди, од кои едната е дека на престолот седел владетелот и дека кога ќе го облеел зракот тој се поврзувал со божеството на сонцето. Опсерваторијата Кокино, инаку, од 2004 година се смета за четврта најголема опсерваторија во светот. Првите три се: Абу Симбел - Египет, Стоунхенџ - Велика Британија и Анкор Ват во Камбоџа.

Кокино - рок-хепенинг со гратис изгрејсонце

Кокино - рок-хепенинг со гратис изгрејсонце




Новопронајдениот македонски Стоунхенџ во време на летниот еквиноцио го фрли предизвикот со својата древна мистерија. Така, деновиве 3.800 година старата карпеста опсерваторија Кокино беше место каде што крстосуваа екипи на магазинот „Нешенел џеографик", ТВ-каналот Дискавери, а на 23 јуни 2006 година, по иницијатива и организација на Музичката младина на Македонија, најдолгиот ден на годината се прослави со рок-хепенинг на древниот локалитет. Несекојдневната идеја проблематичната оддалеченост од урбаните места (70-ина километри од Скопје, 30-ина од Куманово), недоволно означениот пат до Кокино (со прашање до Стамбол се стигнува, а не до Кокино)... не беа пречка да се соберат две-три илјади луѓе со различна возраст и социјална структура, со различни музички вкусови и интереси, со различни погледи на животот. Секако, организираниот бесплатен превоз од Куманово до Кокино беше „олеснителна околност" за кумановската младина и сите што се чувствуваа така.

Шармот на авантурата и моментот на изгрејсонцето на еден од најдолгите денови во годината, да се види од трите карпести престоли на Кокино, беа предизвик не само за публиката туку и за музичките ѕвезди на хепенингот, како и за министерот за култура, Благој Стефановски, за министерот за одбрана, Јован Манасиевски, и за домаќинот, градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.

Штом денот е долг, ноќта си го добива „покусиот крај", па журот во Кокино си почна веднаш по зајдисонце на 23 јуни со настапот на маските од Вевчани, кои беа своевиден вовед во паганскиот имиџ што му се наметнува на местото. Потоа на сцената своето место го заземаа софистицираните музички традиционалисти „Стринг форсис", кои во својот ритам почнаа да го загреваат расположението. Додека дојде денот за големото враќање на „Леб и сол", Бодан и Кокан своите скици од минатото уште еднаш ги отсвирија во 45-минутна програма во подножјето на опсерваторијата, а пред веќе удобно удомената публика. Вистинско подигнување на адреналинот предизвикаа „Мајовци" со својот транс на зурли и тапани и потоа сж беше очекување на изгрејсонцето додека се редеа рокери, хевиметалци, џезери и технодиџеј во утринските часови. Сонцето уште еднаш изгреа во Кокино на 24 јуни, којзнае по кој пат, но одамна не со толку публика на карпите и со таков аплауз. (Ј.П.)

Кокино - забава !!

Жалам што не можев да го посетам Кокино кога Кокино славеше. Но ме исплашија силните промени на времето во тие денови и не сакав да бидам “Искисната кокошка“. Башка што не знаев каква е ситуацијата со тазе паднатиот единствен мост преку Пчиња - кој води до Кокино. Имаше најава и за бесплатен превоз од Куманово до Скопје. Но ни во тоа не поверував.

Како и да е забавата во Кокино помина без мене. Како било таму на овој блог ке ги пренесам сите написи кои се однесуваат на прославата. И тоа во целост. Некои викаат дека е тоа спамирање - но јас тоа го правам со намера кога ке имам повеќе време да пишувам за мојот крај а страв ми е тогаш дали ке ги најдам вредните написи кои се нижат во Македонските весници.

Еве еден таков во денешен Дневник.

ВО МЕГАЛИТСКАТА ОПСЕРВАТОРИЈА КОКИНО-Музички спој на минатото и иднината

Забавата почна со карневалските маски од Вевчани, во знак на паганското минато, а заврши со сетот на диџеј Деа како симбол за модерното време

Забава, концерти пред многубројна публика и пречек на изгрејсонцето се случуваа во петокот вечерта, во мегалитската опсерваторија Кокино, во рамките на манифестацијата „Куманово град на културата“. Забавата „Кокино 4000 години подоцна“ ја отворија карневалските маски на КУД „Дримкол“ од Вевчани и симболично потсетија на паганското минато на локалитетот.

Следуваше настапот на групата „Стринг форсис“, која пред многуте посетители од Куманово го промовира материјалот од новиот албум. Настапот во Кокино беше одлична можност за загревање пред настапот на бендот на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад.

Еден час пред полноќ на сцената се качија инспираторите на забавата, Бодан Арсовски и Кокан Димушевски, кои се претставија со материјал од својот албум „Скици од минатото“.

Најинтересен за публиката беше настапот на групата „Мајовци“, кои со зурлите и тапаните направија одлична забава и ги раздвижија сите присутни. Публиката трипати ги врати на бис, а изненадените Мајовци враќаа со моќни звуци и ритми.

Времето по полноќ беше резервиварно за групите што свират пожестока гитарска музика. Први настапија скопските панкери „Лоши деца“, кои приредија одлична свирка за многуте панкери во публиката. Непосредно пред настапот на скопскиот метал-бенд „Дедикејтед фор лајф“, падна дел од озвучувањето. По речиси еден час звучниците беа вратени на место, а „Дедикејтед фор лајф“, откако отсвиреа една и пол песна, го прекинаа настапот поради нарушениот квалитет на звукот. Без разлика на проблемите, настапија кумановците „Виктим јелд“, со својот квалитетен метал-звук.

Звукот на дисторзираните гитари беше заменет со смирените тонови на младиот скопски џез-квартет „Летачки пекинезери“. Со настапот на кумановците White noise in a white room, завршија настапите на бендовите, а забавата со сетот на диџеј Деа продолжи се' до изгрејсонцето над древното Кокино.

(Д.П.)

недела, јуни 25, 2006

Пасошко

Пред некој ден бев со синот во “пасошко“ да ја подигне својата прва лична карта и Извод од матичната книга на родените - Му беше неопходен за упис на факултет.

И сега јас како среќен татко кој доживеа со ова да биде горделив - затоа што децата му дораснаа да бидат свои - да имаат свои лични картим, си понесов апарат за да го сликам моментот за спомен. Така додека чекавме на празните шалтери, направив една фотка на синот како чека. И толку.

Од кај шалтерите се развика една “кокошка“:
“..Акој ти дозволи да сликаш..“ Ништо не и одговоривм ај викам да не ја лутам. За кратко време околу мене се собраа неколку млади полицајци и ме прашаа дали јас сликав. Да им реков - си го сликав синот за спомен. И им ја покажав фотката. Тогаш еден од нив ми рече - “..а дали знаете дека тука е забрането сликање..“

Тукна ми пукна филм и онака полу лутито одоворив дека не се во право. Прво нема никаде знак дека е забрането сликање. Второ ова е Јавна Институција и нема потреба Државата да се штити од своите Граѓани - башка што не сликав некој друг. Си го сликав синот. Се повикав на уставот дека е се дозволено што не е изричито забрането.

Бидејки полицајците сватија дека - не се рабти за некој “чпион“ - и одкако видоа дека си ги знам правата се повлекоа.

“Кокошката“ од позади шалтерот - не и беше право што не ми го одземаа апаратот....и така заврши спорната случка. Синот малку пребледе, бидејки не му беше пријатно од ситуацијата кога не опкружија неколку полицајци.

Си ја подигнавме Личната и изводот и си заминавме. Личната карта е сеуште со стариот изглед иако два деа пред тоа министертот за внатрешни се пофали со новите обрасци на лични карти и пасоши.

сабота, јуни 24, 2006

Пузаљка го штити светец од подземна црква

СЕЛЦЕ БЛИЗУ СТАРО НАГОРИЧАНЕ ЖИВЕЕ ОД ВЕРБА
Пузаљка го штити светец од подземна црква
Стрмните земјани патчиња едвај ќе те донесат до дваесетината куќи раштркани на неколку ритчињата. На 20-тина километри од Куманово, селото Пузаљка е сместено високо во Козјачието покрај реката Пчиња. Одделени од цивилизацијата, педесетината жители

Стрмните земјани патчиња едвај ќе те донесат до дваесетината куќи раштркани на неколку ритчињата. На 20-тина километри од Куманово, селото Пузаљка е сместено високо во Козјачието покрај реката Пчиња. Одделени од цивилизацијата, педесетината жители на ова село исклучиво се посветени на земјоделството и сточарството. Живеат за да работат и работат за да преживеат. Селото ја дели судбината на повеќето македонски планински села - нема асфалтен пат, нема водовод, нема телефон. Има само струја. Изворската вода селаните со магариња и трактори ја тегнат и по неколку километри од планинското кладенче.
Куќите се главно стари и распаднати, но селото е опкружено со густа шума и ливади покрај Пчиња, па недопрената природа е вистински рај за очите и за душата. Селаните велат дека да се доведе водовод до нивните куќи, да им се асфалтира патот и да им приклучат телефон како во соседните села не треба многу пари, но тие немаат свој човек кој ќе им ја поттурне работата. Се надеваат дека оваа година за изборите некој ќе се сети да им ги исполни ветувањата што им ги дале одамна.
Велат дека друг излез немаат и изгубиле верба во се. Селото нема ни свои гробишта. Ги погребуваат умрените во соседното Драгоманце. Црква имале, но сега таа е под земја.Им останал само светецот Спасовден заштитник на селото.
Црквата Свети Спас се наоѓала на влезот но селото .Сега таму има една впечатлива височинка оградена со камен каде е поставен крст и маси.На светото место селаните направиле трпеза за да доаѓаат на празниците.
Претседателот на месната заедница Зоран Димитриевски, вели дека црквата ја затрупале селаните од Пузаљка за да ја заштитат од уништување.
-По кажувањето на нашите стари, за време на отоманското царство, Турците почнале во околните села да ги палат православните храмови. За да го скријат светилиштето селаните одлучиле да го покријат со земја. Ноќе ја собирале земјата, а дење жените ја криеле во торби и ја носеле до црквата. Така целата ја затрупале и успеале да ја спасат од Турците, но и тие останале без неа, вели Димитриевски.
Никој досега не копал за да ја извади црквата од земја но, жителите кажуваат дека околу неа постои богато археолошко наоѓалиште од каде луѓето од кумановскиот музеј извадиле големи и убави предмети.
И покрај тоа што нивниот патрон е под земја селаните длабоко веруваат дека тој ги штити. Случката од мината година само ги потсетила дека не смеат да го потценуваат празникот и верата.
-Последните неколку години, поради проблемите и сиромаштијата некако се оддалечивме од светецот. Три години по ред немаше кум на славата и не одевме на Спасовден на крстот. Првите две години една бабичка Трајанка одела сама. Носела колач и вино како што е адетот, а попот чател молитва. Арно ама минатата година бабата се разболела и не можела да отиде.На празникот немало никој. Не помина долго кога удри едно невреме над селото како никогаш дотогаш. Град крупен како кромид ни ја уништи целата летина. Кратко потоа заврнаа силни дождови не поплавија и однесоа и тоа што остана. Веднаш се сетивме дека тоа е порака од нашиот светец да се вразумиме и да се однесуваме како вистински христијани, вели Томислав Димитриевски. Оваа година селаните на Спасовден организирале голема прослава со кум и сите обичаи и традицијата продолжи.
Пред околу 200 години на местото каде што сега се наоѓа селото Пузаљка имало големи бачила. Поради богатите извори и блиската река селаните почнале тука да градат куќи и да се преселуваат од повисоките предели. Местото било многу стрмно па луѓето кога се движеле морале да се влечат по земја, да пузат, поради што местото започнале да го викаат Пузаљка. Некои велат дека името го добило и по тоа што во селото поради влажната почва во пролет имало многу полжави кои на кумановски се викаат пужаљке.
Сузана Николиќ


вторник, јуни 20, 2006

Појдете на журка во Кокино

Еве и кај нас ке ни се случи поход кон Кокино, како што се случи сличен таков поход кон Стоунхеџ во Англија во времето на Хипи покретот.

Морам најпрвин да кажам дека апсолутно се слагам со популаризацијата на Кокино како македонски Бренд на Културното наследство. Такви Културни брендови, ни се неопходни за подигнување на туристичката понуда во Македонија и развивање на специфичен туризам, за што зборував во неколку поста порано. Линкови 1, 2,


“..Контакт со минатото и голема журка под отворено небо ќе се случи на мегалитската опсерваторија Кокино в петок, со почеток во 21 часот. Публиката, на оваа "Света планина", која НАСА ја рангираше на четвртото место во светот по важност, ќе има несекојдневна можност да ужива во изгрејсонцето над оваа опсерваторија и под ѕвездено небо да ужива во музиката на Стринг форсис, Бодан и Кокан, Диџеј Деа, Дедикејтед фор лајф, Летечки пекинезери... Оваа журка е бесплатна, а од Куманово до Кокино има организирано бесплатен превоз. Се тргнува од пред Центарот за култура во Куманово, а автобуски линии ќе има од 19 до 22 часот..“

Ова погоре е дел од написот во Вечер. Линк тука.
Повик за овој настан упати и блогот Археолошки дневник. Линк тука.

За Кокино е многу напишано. Еве неколку линка. 1,2,3,4,5,6,7,8,9,10,11,12,13,14,15,16, како и многу други.

среда, јуни 14, 2006

Општина Старо Нагоричане

Број на жители: 5200
Број на населени места:
Градови: /
Села: 32
Број на месни заедници:22

Структура на населението
Македонци
Срби
Роми

68,00%
30,00%
2,00%

Општина
Старо Нагоричане

улица / бр. : /
п. фах /
село Старо Нагоричане
п. број
1303

тел.
031/459-333
факс:
031/459-333

е-маил: /
интернет-страница: /

СТРУКТУРА НА ОПШТИНАТА

Градоначалник: Власта Димковиќ
Странски јазик: /
Политичка партија:
ДПСМ
Службен тел.
031/495-333
Мандат по ред:
1, од: 2000 до: 2004

Претседавач на Советот:
Душан Спирковски
Странски јазик:
француски
Политичка партија:
независен
Службен тел.: /
Мандат по ред:
1, од: 2000 до: 2004

Советници:
Саша Митровиќ
Жарко Спасиќ
Љубомир Тасиќ
Миле Стојменовиќ
Александар Серафимовиќ
Зоран Станковски
Борко Антевски
Ивица Ристовски
Стојан Арсовски
Милорад Лазаревски
Зоран Петровски
Боре Димовски

Секретар:
Драгомир Трајковски
Странски јазик: /
Политичка партија: /
Службен тел.
031/495-333
Мандат по ред:
1, од: 2000 до: 2004

Вкупно вработени во ЕЛС: 5

Структура (по образование):
2 високо, више, 1

Структура (по сектори): /

Совети на урбани/месни заедници по општини:
МЗ Старо Нагоричане
МЗ Никуљане
МЗ Челопек
МЗ Пелинце
МЗ Враготурце
МЗ Стрковац
МЗ Младо Нагоричане
МЗ Коинце
МЗ Пузаљка
МЗ Драгоманце
МЗ Жегљане
МЗ Степанце
МЗ Малотино
МЗ М'гленце
МЗ Арбанашко
МЗ Кокино
МЗ Бајловце
МЗ Жељувино
МЗ Канарево
МЗ Добрача
МЗ Макреш

Подрачни единици на министерствата на Р. Македонија коишто постојат на ова подрачје:
ПЕ на Министерството за локална самоуправа
ПЕ на Министерството за образование
ПЕ на Министерството за здравство
ПЕ на Министерството за правда
ПЕ на Министерството за внатрешни работи
ПЕ на Министерството за одбрана

Ако нема, каде можат да се остварат правата: /

ЈАВНО КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ
Неактивно

ПРОЕКТИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

Позначајни релаизирани проекти

Проект: Реновирање на основното училиште во с. Драгоманце
Донатор:
Влада на Република Македонија

Проект:
Основно училиште во Младо Нагоричане
Донатор:
Светска Банка

Проект:
Водовод во с. Алтуња
Донатор:
Влада на Република Македонија

Проект:
Водовод во с. Пелинце
Донатор:
Влада на Република Македонија

Проект:
Водовод во с. Коинце
Донатор:
Влада на Република Македонија

Проект:
Водовод во с. Стрновац
Донатор:
Влада на Република Македонија


Тековни проекти и нивни донатор

Проект:
Улици во должина од 2 км
Донатор:
Самофинансирање

Проект:
Амбуланта во Старо Нагоричане
Донатор:
Влада на Република Македонија

Проект:
Мини спортски центар во Младо Нагоричане
Донатор:
УСАИД

Проект:
Регионален водовод Старо Нагоричане-Никуљане
Донатор:
Влада на Република Македонија


Планирани проекти во иднина

Проект:
Изградба на патишта

Проект:
Изградба на водовод во Драгоманце, Жегљане и Младо Нагоричане

Проект:
Изградба на локален пат Алгуња

Проект:
Довршување на регионалниот водовод во Старо Нагоричане

четврток, јуни 08, 2006

АНТИКАТА ВО КУМАНОВСКИОТ КРАЈ

АРХЕОЛОГИЈА

Истражувања на м-р Звонимир Николовски во северна Македонија

АНТИКАТА ВО КУМАНОВСКИОТ КРАЈ

Пишува: Милева ЛАЗОВА

  • Особен ексклузивитет се сондажните истражувања на м-р Николовски на локалитетот "Кисела Вода" кај селото Липково изведени 1998 година.
  • Од досега истражените локалитети презентираниот материјал е сосем мал дел, а оние што остануваат и кои се евидентирани во археолошката карта на Република Македонија допрва треба да се истражуваат.

Археолошкото богатство на кумановскиот регион го сочинуваат околу 250 локалитети од праисторијата до средниот век. Ангажманот на м-р Звонимир Николовски во Народниот музеј во Куманово е врзан за истражување на материјалната и духовната култура, како и истражување на етничката структура на населението во регионот од римскиот период до доаѓањето на Словените.Иако археолошкото одделение постои речиси 20 години, истражени се повеќе локалитети со периодизација од неолитот до доцната антика. Покрај редовните рекогносцирања на терен, негова преокупација се локалитетите покрај главните патни комуникации во регионот, особено царинските станици во империјата.

КРСТОСНИЦА

Познато е дека кумановскиот регион низ историјата отсекогаш бил крстосница на магистрални и локални патишта во централниот Балкан.

Досега најобемни истражувања, со вкупно шест систематски кампањи, се извршени на локалитетот "Дрезга" во околината на селото Лопате во периодите 1978 - 1980 година и 1998 - 2000 година.

Војничка појасна гарнитура пронајдена на локалитетот Костоперска Карпа, с. Младо Нагоричане

Ископувано е на просторот на некрополата која според досега откриените гробни конструкции хронолошки е детерминирана од крајот на I до крајот на IV век наша ера, вели магистар Николовски. Откриени се 74 гробови со начин на погребување кремации како постари и инхумации како погребувања од III и IV век. Во гробовите е откриен богат археолошки материјал како што е накит од злато, сребро, килибар, стаклена паста и бронза, како и керамички садови (стомни, паници, мали садови итн.). Освен ова, особен куриозитет се надгробните стели од кои се формирани гробните конструкции извонредно значаен епиграфски извор, бидејќи во нивното натписно поле дознаваме за идентитетот на покојникот што воедно се изворни податоци за структурата на населението во овој дел од регионот. Инаку, овој локалитет е во директна комуникациска врска со Скупи и се наоѓа покрај патната комуникација од каде се одделувале два патни правца, еден продолжувал кон моравската магистрала на север, а другиот скршнувал на исток и се движел речиси идентично со денешниот магистрален пат за Бугарија.

Овој локалитет е еден од главните сегменти обработен во магистерска работа на Звонимир Николовски. Работите на "Дрезга" биле прекинати поради познатите воени дејствија на тој дел од регионот. Втор локалитет кој веќе втора година систематски го работи м-р Николовски е "Рамниште" во околината на селото Клечовце околу 18 км. источно од Куманово.

Амфоричка вметната во стаклена стомна уникат во Македонија, а во Европа пронајдени се само 5-6 примероци

Минатогодишните обемни истражувања на овој простор потврдија постоење на поголема населба и некропола од доцноримскиот период, вели м-р Николовски. Појдовна точка за истражувањето ми беше еден епиграфски споменик пронајден во околината на селото кон крајот на XIX век на кој стои името на населбата и царинска станица Визианус која има свој монограм врежан од страна на арата и монограм на административниот царски службеник Аполонидес. Според пронајдениот археолошки материјал, особено на просторот на населбата, хипотетично може да се афирмира фактот дека станува збор за оваа населба. Но, се надевам дека натамошните истражувања ќе го потврдат овој аргумент.

Пронајдениот археолошки материјал (керамика, голем број на римски монети од монетоковниците на северниот дел од царството, многу фрагменти од стаклени садови, една вотивна оловна плочка посветена на култот на Дунавските коњаници, накит и керамички садови во гробовите и мноштво други наоди) го потврдува фактот дека станува збор за населба на голема патна комуникација која се наоѓа во близина на античкото гранично тромеѓе помеѓу провинциите Дарданија, Тракија и Македонија.

ИСТРАЖУВАЊА

Уште една воено-цивилна населба по категорија опидум на која минатата година извршив првични сондажни ископувања е локалитетот "Градишки Врв" над селото Градиште околу 20-тина километри југоисточно од Куманово, истакнува м-р Николовски. Истражувањата потврдија голем населен комплекс ограден со широки бедеми од кои има остатоци и културни хоризонти од енеолитот до раниот среден век. Многуте градби од последниот хоризонт видлив на површината, бројните наоди на керамика, монети и делови од накит пронајдени со сондажите го потврдуваат фактот дека станува збор за голема и богата населба со долг континуитет на живот. Доминантната акропола, големата надморска височина (800 м.) и извонредната видливост на околината го дава својството на многу значаен стратешки пункт кој не само што ја контролирал патната комуникација, туку и веќе спомнатата гранична тромеѓа.

За жал, поради немање средства истражувањата не продолжија и оваа година.

Во неколку наврати извршените рекогносцирања и мерења на локалитетот "Голема Кулица" над селото Карабичане потврдија по карактер и по обем, како и временски иста таква населба која, тоа со сигурност можам да го тврдам, вршела контрола на северната патна комуникација кон Наисус и Сингидунум, додава м-р Николовски. Површински се гледаат извонредно силни бедеми, доминантна акропола со кула и темели од простории, мноштво површинска керамика, монети од III, IV, VI и XII век, кои се доволен индикатор дека населбата имала долг временски континуитет. Уште еден локалитет кој е природна и културна реткост е "Костоперска Карпа" во околината на селото Младо Нагоричане која е од ист карактер како претходните и на која се извршени неколку систематски истражувања кои дадоа извонреден материјал за културниот профил на населбата која имала егзистенција од енеолитот до средниот век, а околу неа и денес се живее. Таа се наоѓа помеѓу стариот и новиот магистрален пат за Бугарија, 10 км. источно од Куманово. Има извонредна стратешка положба и видливост со сите околни градишта со кои имала визуелна комуникација. Вршела контрола на магистралниот и на локалниот пат кој одел паралено со сегашниот пат северно кон Прохор Пчински, односно кон границата со Србија. Пронајдениот археолошки материјал од населбата и некрополата, загадочниот т.н. подземен објект и базиликата од VI век на платото на карпата го потврдуваат значењето на овој населен комплекс на кој му се фатени контурите и кој допрва треба систематски да се истражува.

Богат накит од "Дрезга"

Особен ексклузивитет се сондажните истражувања на м-р Николовски на локалитетот "Кисела Вода" кај селото Липково изведени 1998 година. Причина за овие истражувања биле пронајдените т.н. Липковски мумии (од кои едната се наоѓа на медицинскиот факултет во Скопје) во далечната 1963 година.

Тие се посебен феномен, природни услови од земјиштето во кое се погребани (почва низ која поминува жица на минерална вода), вели м-р Николовски. Меѓутоа, просторот кој едвај успеав да го добијам за ископување не ми ги даде очекуваните резултати. Но, затоа пак пронајдената бројна керамика и друг археолошки материјал ми ја потврдија констатацијата на проф. Микулчиќ дека на овој простор имаме силен доцнохеленистички културен хоризонт во кој веројатно се вклопуваат и т.н. мумии.

За овој локалитет потребни се обемни мултидисциплинарни истражувања кои прецизно хронолошки и културно ќе го дефинираат локалитетот.

Инаку, кумановскиот регион заслужува поголемо инвестирање во археологијата, бидејќи станува збор за многу важен стратешки, комуникативен и културен простор во минатото, денес и во иднината.

среда, јуни 07, 2006

Пешачки патеки и осветлување во Старо Нагоричани

Проект за пешачка патека и улично осветлување од Четврток, 25 Мај 2006 свечено е завршен во општина Старо Нагоричани со помош на Американската агенција за меѓународен развој УСАИД.

Остварувањето на проектот ќе биде извршено на свеченост на која ќе присуствува и американскиот амбасадор во Македонија Џилиен Миловановиќ.

Проектот е со цел за зголемување на безбедноста на сообраќајот во општината, посебно за подобрување на безбедноста на децата.

Во Македонија од 1993 до денес 200 деца загинале како последица на пребрзо возење, неосветлени улици и неодбележани гранични премини.

Пешачката патека во Старо Нагоричани особено ќе им помогне на децата што учат во локалното основно училиште „Светозар Марковиќ“.

УСАИД во Македонија делува од 1993 и досега инвестираше над 450 милиони долари.

Во моментов УСАИД финансира или кофинансира 20 проекти со над 30 милиони долари.

Loading...

Архива на блогот

Site Meter