Не, не се работи за име на некоја музичка група ... иако чинам дека имаше една група која се викаше “Млади батали“ ...
Се работи за Дедоми Столе, кој во одсуство на таткоми (починал кога сум имал неполни три години ...) ми пренесе дел од машкото воспитување - кое му е потребно на секое дете ... особено машко ...
Еден ден во време на жетва (за градските деца - тоа е период кога се жнее, се собира житото ...) пред некои 40 години дедоми утрото направи план да ја жнееме нивата наречена “Крагуевац“ ... Секоја нива си имаше свое име ... Таа година на таа нива беше посејан јачмен ... Јачменот за оние што незнаат е најдобрата сточна храна ... Домашните животни го обожуваат ... Бидејки нивата беше една од поголемите ниви на дедоми, се собравме цела фамилија и рано наутро појдовме на нивата да ја жнееме ... со српови ... Комбајните тогаш уште беа луксуз ... Лесно е сега да си земјоделец ...
Дојдовме до нивата и што ке видиме ... поради големата суша јачменот имаше едвај десетина сантиметри од земја ... Се наваливме да го жнееме ... Какво жнеење го скубевме и го тресевме коренот од српот ... коренот служеше за да се зголеми габариот на должината на јачменот - за да покасно може да се врзе во снопови ... Ожнеаното жито се ставаше во “руковети“ ...
Бидејки ова ми се виде премногу мачно му велам на дедоми ... абе дедо овај работа не се исплати (се пробудил економистот во мене ... :)). Синко, рече дедоми - знам дека не се исплати ама срамота е да не гу ожнеемо њиву ... ке ни се смеев људи ... Дедоми неизмерно многу си ја сакаше селската работа и обработувањето на нивите ... особено ги сакаше домашните животни - со кои си разговараше како со луѓе ...
Јас не го послушав дедоми ... се вратив до дома и земав една коса (тазе научив да осам таа година ...) ... се вратив на нивата и му велам на дедоми ... Дедо види вакој ... Еве ке пробам да коу и с‘с грабуљу ке га сабераме жито ... полсно е ... поисплатливо е ... и пробувам ... Гледа дедоми дека јас онака мал со косата имам поголема продуктивност од сите останати девет возрасни жетвари ... Застана и рече ... Ајде деза БАТАЛИТЕ овуј работу ... не се исплати ... Него Ратко (вујкоми) појди до дома и донеси још две косе - да окосимо овој ... да гу премлатимо њиву ... А ви остали правац на другу њиву и тамо жнејте ...
Одтогаш дедоми стално во слични прилики ке ми речеше онака низ смеење ... синко “батали - батали“ ...
Дедо - знам дека од некој дел на небото го слушаш (гледаш) ова и ми велиш “батали батали“ ...
Дедо ... ми фалиш !!! ... Твојата мудрост беше голема - не учеше со твоите дела не со зборување...