Пребарај го блогов

вторник, февруари 14, 2006

За дедоми Столе

Денеска се навршуваат 14 години како почина дедоми Столе. Роден 1914 година а живееже 82 години.


Што да кажам за дедоми Столе, можам роман да пишам и тоа ке биде малку. Сега ке кажам само некои работи кои ги имам во глава и сеуште ми се во сеќавање.

Роден е во релативно сиромашна фамилија во селото Старо Нагоричане, како што гледате погоре 1914 год. Тогаш богатството се мерело кој колку земја има - со што ги ора нивите - ако е со пар волови е богата фамилија - ако е со пар биволи е средна класа ....
Како го поминувал детството дедоми Столе, јас самиот не паметам да ми раскажувал некојпат - но затоа ке ја прашам мајками која ке ми раскаже детаљи - а богами и постарата сестра доста знае - па ке ја прашам и неа.

Се на се сите ја делеле сиромаштијата и кога во Њујорк и Лондон се возеле со првите транваи, дедоми сеуште орал со дрвено рало....Со едно слично такво дрвено рало дедоми ораше се до почетокот на седумдесетите кога ралото отиде во заборав - и го снема од дворот на дедоми.

Дедоми среќно се оженил со бабами која беше можок на фамилијата - имаше меморија страшно голема. Штета што немала шанса да се образува...(но за бабами во друга прилика).
Фамилијата на дедоми се состоеше од три женски деца и едно машко дете, и добитокот кој тој го сметаше како да е дел од фамилијата.
Од добидок имаше:
- една кобила - која беше задолжена да го вози чезето, до Куманово на пазарните денови, да ора со ралото кога требаше да се ора нешто меѓу редови, да го врши житото - во соработка со другите домашни животни, да не пренесува поединешно од место на место со седло или без него (на свадби-на нива и сл.) Последната кобила што ја имаше дедоми ја продаде кога требаше да купи виолина за најмалата тетка... Искрајно долго тагував по неа - името и беше Ласта.

-едно магаре кое вообичаено беше женско, кое имаше задолжение на помошно транспортно средство до нивите – да пренесе алат – ручек – да донесе млеко заедно со млекарот (имено овците на дедоми летно време беа сместени во бачила кои беа оддалечени неколку километри од селото 4 км мислам). Со магарето кое исто имаше име (во моментот не се сеќавам на името) имам неколку интересни случки за кои ке ви раскажам во друга прилика....

-еден пар крави – за орање на нивите – па превоз и теглење на воловската кола – за млеко кое се продаваше и од кое бабами правеше страшно добро бело и жолто сирење. И кравите имаа име едната беше обавезно Павка а другата (пак не се сеќавам на имињата)

Инаку сите домашни животни на дедоми имаа име и дедоми разговараше со нив како да му се фамилија и ги караше кога ке му згрешеа а ги мазеше во зимскиот период а и секојдневно.

-дузина овци и јагниња – кои служеа за волна и млеко – а богами и месо

-една до две крмачи – свињи – кои слижеа за месо – сувомеснати производи – сланина - сапун – маст и сл

-дузина кокошки – за јајца и секојпат свежо пилешко

-пар кучиња – едно поголемо вообичаено со име Мурџо и едо помало но кое знае да галами – кучињата беа чувари на дворот и куќата..

-неколку мачки – кои не бранеа од глувчињата и се играа со нас додека бевме деца.

Сите овие домашни животни бараа ангажман од дедоми и бабами а и од нас децата. Повеќето од времето со домашните животни се занимаваше дедоми кој всушност како да уживаше во одгледувањето на домашните животни.

Секое домашно животно имаше свој дом, кој дедоми го чистеше секојдневно а тука во работата помагаше вујкоми кој е неколку години постар од мене и јас самиот поретко.

Бидејки немавме питка вода во дворот, мораше секојдневно барем двапати дневно целата стока да ја носиме на поење во оближната селска чешма. Водата која течеше од чешмата во зима беше топла а во лете ладна – се собираше во камени корита – наречени мрамори и стоката пиеше вода со уживање од нив. Правило беше додека пие стоката вода никој да не ја вознемирува. Се почитувасе стоката. Стоката беше работна сила и имаше свои права....

Навистина за сето ова може да се пишува роман.

Дедоми не зборуваше многу – туку со личен пример даваше на знаење како треба и што треба. Вообичаено навечер на вечера се даваше распоред за утрешните задачи на сите членови на фамилијата – кои можеа да се изменат ако се сменеа нагло временските прилики..

Јас како најмал во фамилијата ги добивав најлесните задачи но ако не ми се дадеше никаква задача се бунев. Сакав и јас да учествувам со нешто...

Наутро кога одевме на нива, обично со воловска кола, јас најчесто се доспивав а и таму ако ми се спиеше најпрво ке се доспиев. Се доручкуваше на нива одкога ке се завршесе еден дел од работата – дедоми секојпат велеше “доручекот и јадењето мора да се заслужи со работа“. На нивата секој работеше по нешто. Додека бев помал да речеме во времето на жетва дедомике ми дадеше задача да собирам сламки !!!???. Никојпат неможев да го разберам тоа зошто се прави и како докажан економиста од мали нозе му викав на дедоми дека “таа работа не се исплати“ и го молев да ми даде друга работа. Тогаш тој ке се смилуваше и ке ми дадеше пар каначиња (стомни за вода) и ке ме пратеше до најблискиот извор да донесам ладн и свежа вода. И ке ми речеше значајно “Јас да те мислу да си натам а ти да си навам“ JJ.

Највеќе од се сакав кога ке одевме да работиме нешто близу до реката Пчиња. Погодувате зошто. Па се бањавме и фаќавме со раце мали рипчиња. Трските беа луксуз. Кога потпораснавме малку некои се извештачија и од завеси превеа мрежи за ловење риба...

На река никојпат гладен неможе да останеш. Наоколу бавчи колку сакаш. Краставици – пиперки – патлиџани и сл.

Дедоми имаше обицај да каже. “подобро џабе да работиш него џабе да седиш“. Така тој си наоѓаше за себе а и за нас секојпат некои чудни работи. Пример еден ден ке ги преместува камењата од еден зид до друг зид – а за неколку дена ке ги враќаше назад. Зошто го правеше тоа и ден денска не ми е јасно.

Осем животните ја сакаше многу земјата – добрата чашка ракија и вино. Иако често пиеше никојпат во живот не сум го видел пијан.

Живи пари во селско домаќинство доаѓаа ретко а и ако ги имаше се чуваа за зејтин , газија, порез и сл работи но одвреме навреме дедоми, ке ми дадеше некој ситниш да му купам цигари а за кусурот бомбони или шекерлами...

Тука ке прекинам со сторијата за дедоми ...

Велат постарите луѓе – човекот умира двапати – еднаш кога физички ке замине од овој свет – и вторпат кога веќе никој нема да го споменува....

5 коментари:

Анонимен рече...

топиов ти е супер, ме врати и мене во младоста

Анонимен рече...

Mnogu ubavo, mora da bilo ubavo na selo, vo priroda, so baba i dedo i site nivni zivotni. Pozdrav volan! Ubav den!

Анонимен рече...

What a great site anti virus scan ferrari monitor car in dash from japan Jeep lightbar new computer games Ofertas de pdas andorra lick shaved pussies Grosses plotters cochon Free 3gp adult porn videos http://www.vicodin-online.info/Fiatmultipla.html Pandiyan travels egmore Animal business cards Ashley furniture sienna Advantage disadvantages of internet marketing online Craps near sacramento vardenafil Girl models trailers

Анонимен рече...

Wonderful and informative web site. I used information from that site its great. Sanyo rl4920 cell phone Courses in financial planning Subaru oil pan gasket repair Internal component of single lever faucet Spyware remover comparisons when is zoloft going generic pictures model home interior decoration Kid bingo game

Анонимен рече...

Cool blog, interesting information... Keep it UP Moving companies ny laser hair removal Adipex diet pills prescription strongest diet didrex adipex Adderall vs stratera business health indiana insurance small camping cambrils Discount computer harddrives M91 pronto powered wheel chair Care freeman product skin

Архива на блогот

Site Meter