Год. збор. - Филол. фак. „Блаже Конески“, Унив. „Св. Кирил и Методиј“ Скопје,
кн. 27 (2001), Скопје, 2002 211
Год. збор. - Филол. фак. „Блаже Конески“, Унив. „Св. Кирил и Методиј“ Скопје,
кн. 27 (2001), Скопје, 2002
УДК 235.3:929 (497.7)
АНАХОРЕТОТ СВЕТИ ПРОХОР ПЧИWСКИ
Вера СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ
Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје
Општохристијанските хагиографии продирале во словенскиот свет и пред создавањето на писменоста, меѓутоа со појавата на словенските просветители Кирил и Методиј, со нивното епохално дело вградено во културата на Словените, се создадоа и услови за книжевни преводи на истите.1
Разбирливо е дека влијанието на византиската хагиографија било првостепено за развојот на овој жанр во Македонија. Не случајно во оваа територија настанаа и првите преводи од грчки на словенски јазик.
Распространетоста на општохристијанските хагиографии влијаела првостепено врз формирањето и негувањето на локалните хагиографии, како што е случај и со македонските локални житија. 2
Интересно е дека во Македонија многу рано се развил монашкиот, и тоа киновиски начин на живот, кон крајот на 9. и почетокот на 10. век, што значи порано и од светогорскиот живот. Наклонетоста кон монаштвото била забележлива кај младите Константин и Методија. Познато е дека тие биле привлечени од малоазискиот монашки живот. Во 9. век вакви наклоности биле негувани посебно во Цариград. Браќата Кирил и Методиј се замонашиле пред изведувањето на Моравската мисија. Оваа традиција ја зачувале Светите Климент и Наум Охридски, нивните највредни ученици. И тоа ја однегувале во Македонија.
Историјата на Македонија изобилува со примери на признавања на разновидни завладувачи, кои ситуации го спречуваа нормалниот општествен и државен живот. Така на пример, по успешното формирање на Самоиловото македонско царство, по широко распосланите граници на Балканот, веќе во 1018 година Македонија се наоѓа во темнината на византиското завладување, по грозоморното онеспособување на Самоиловите војници да водат нормален живот. Затишјето на животните струи во Македонија, во наредните речиси два века егзистирање, во самиот по четок на 11. век ќе придонесе монашкиот развиен живот, со монасите поставени во служба на народот, да се трансформира во еремитски, пустинож ителски. Развиените комуникации на Македонците од втората половина на 10. век, замреа во 11. Токму тогаш се јавуваат македонските пустиножители , кои сакаат да побегнат толку далеку, да се искачат толку високо, да побегнат толку длабоко во планинските пештери, што да не може човек да допре до нив. Доколку некој намерник стигнел до испосникот, тој бегал подалеку, погоре и подлабоко во пештерите.
Во почетокот на 11. век во североисточна Македонија се јавуваат четворица пустиножители, кои месните легенди ќе ги трансформираат во браќа, иако тие се родиле подалеку еден од друг, но заедничките подвижнички дела народот ги притопил и прикажал како братовски договор за одделен анахоретски живот. Така, легендата ќе ги спои како браќа Свети Иван Рилски, Свети Прохор Пчињски, Свети Јоаким Осоговски и Свети Гаврил Лесновски.3
Меѓу четворицата светители посебно место предизвикува Свети Прохор Пчињски, бидејќи неговата животна врвица е попривлечна од другите, зашто наличува на приказна, но чија основа историјата ја поткрепила со факти. Изворите од кои ја формираме патната линија на овој наш пустиножител се разновидни. Пред се, значајни се зачуваните житија, служби, и второстепени материјали, кои мозаично помагаат да се заокруж и неговиот лик и дело.
Во однос на житијата познати се во литературата четири, но за жал сите тие не се постари од 19. век. Дталниот истражувач на овој светител, Ј. Х. Васиљевиќ заклучил дека оваа состојба посочува кон фактот дека за овој испосник немало составено постаро житие. Затоа, смета тој, подоцнежните проучувачи ги довеле во непосредна врска животите начетворицата испосници.4
Меѓутоа, авторот отец Пајсиј оставил податок дека тој познавалдруго житие, кое не е зачувано. Со оглед на тоа што Пајсиј ова го запишал во 1762 година, отпаѓа мислењето на Васиљевиќ дека не постоело постаро житие за Свети Прохор Пчињски од 19. век.5
Покрај известувањето на Паисиј за постоењето на постаро житие на Свети Прохор, самиот игумен од истоимениот манастир, Дионисиј, во 1851 година запишал дека ја препишал Службата на Свети Прохор "отрукопис на зецки кожени книга".6
Ова информација сочи кон мислењето дека апсолутно постоел постар текст и на житието и на службата за светитетлот. Од познатите преписи на житието на Свети Прохор Пчињски, како најстар се споменува пронајдениот текст во самиот манастир во 1898 година, објавен од Ј. Х. Васиљевиќ.7
За жал, и овој ракопис е нецелосен, започнува со доаѓањето на Диоген кај светиот. Васиљевиќ го објави и житието на Свети Прохор Пчињски од Мартириј Хилендарец.8
Во библиотеката на Никола Ристиќ, ученик на Мартириј, бил пронајден наполно истовиден ракопис како тој на Мартириј Хилендарец. Во манастирот Свети Прохор Пчињски бил пронајден и третиот ракопис на житието, од Дионисиј Хилендарец.9
Дионисиј пристигнал од Хилендар во Пчињскиот манастир во 1857 година. Во Белград во 1979 година се појави житието на Свети Прохор Пчињски, многу слично со споменатите понапред житија. Според истражувањата на Стојан Новаковиќ изданието било подготвено според текстот на житието од Дионисиј Хилендарец.10
Јордан Иванов соопштува дека во некогашната Скопска митрополија се чувало житието и службата на светителот. Во пописот на ракописите од Скопската митрополија денес овие текстови не постојат. Според неговите известувања преписот бил направен во Кратово, во 1847 година. Ваков сличен податок оставил и Д. Цухлев, само што се разликува годината на преписот - 1848. Прохорово житие во истоимениот манастир споменува и Методиј Ж. Миловановиќ, од 1815 година.
Во Белградската народна библиотека се наоѓа Житието на Свети Прохор од 1827-1828 година.11
Во Пчињскиот манастир се познати три поменици, како и служби за Свети Прохор Пчињски. Скопскиот митрополит Методиј и архимандритот Дионисиј пронашле во Пчињскиот манастир ракопис од 1894 година. Дионисиј овој ракопис го пренесол во
Овој Зборник всушност го претставува ракописот од 1894 година, што го пронашле Методиј и Дионисиј во Пчињскиот манастир.Сите овие извори придонесуваат да се трасира животната врвица на пустиножителот Прохор. За нас останува важен животниот и култен пат на Свети Прохор Пчињски, како редок пример на личност која во Македонија бил однегуван како ортодоксен христијанин, како анахорет пустиножител, во едно пресудно немило време за татковината, во која израснал и се оформил како значајна локална хагиографска личност.
Нема сомнение во известувањата на изворите дека Прохор Пчињски се родил во срцето на Овчеполието. За жал, историските материјали не говорат за точното место на раѓањето. Не случајно, преданијата не ги премолчуваат фактите, или во одреден патоказ ги откриваат. Танас Вражиновски објави овчеполско предание дека родното место му било селото Ерџелија, денес рамничарско и богато село, со одредена своја историја.13
Неговите родители, таткото Прохор -Јован и неговата мајка - Ана, "биле благочестиви и воспитани луѓе од селата на Овче Поле. И немаа чеда и потојано му се молеа на Бога да им даде Господ едно чедо, машко или женско. Неговите родители беа благородни и се плашеа од Бога, правеа добри дела и имотот им го раздаваа на сиромашните. И ги слуш на Господ нивните желби и им дарува господ машко чедо. И тие се израдуваа многу и го крстија и го нарекоа со името дарувано од Бога - Прохор." Вака го одредува почетното воспитување на Прохора неговото житие, во случајов според изданието на Ј.Иванов.14
Во истото житие се восхавалува христијанскиот воспитаник:"Навистина овој Прохор беше светилник на светот, навистина посник, навистина пророк со пророчка дарба, навистина маченик кој лежел на камен. Кој јазик ќе го исповеда неговиот труд, на земен човек, на небесен ангел? Во планината поднесуваше зимски измачувања и трпење, а во лето- истоштување и сончево засвитување. И ги обдари родителите со ова свето дете. Сасветли со добродетелта како свезда која свети од исток кон запад и навистина стана втор Самуил овој свет отец Прохор Пчињски беше пустиножител со благодет."15
Воведниот дел на Прохоровото житие ги открива најбитните карактеристики на типичните добро градени хагиографии-житија. Светителот Прохор потекнува од благочестиво христијанско смејство, задоен од родителите со богоносната христијанска мисла за добро во светот. Хиперболизацијата достигнува размерно задоволително ниво, присутна во воведот на секое житие. Составувачот не се задоволил со шаблоните што се применуваат задолжително во житејните текстови, туку преминува во сферите на поетиката, симболизирајќи го делото на светителот со свезда водителка, истовремено со значење на средновековна светлина, белина, виделина, откривање, пат. Слично на најзначајните и најубавите општохристијански хагиографии, и овде, следи епизодата кога родителите бараат од својот наследник брак и рожба:"Сине мој, да бараме девојка за тебе, да бидеш наследник на нашиот имот." Прохор, кој одамна го засака светиот пат и божјата промисла , побара излез:"Тогаш светиот се збуни и не знаеше што да прави. Тогаш отиде во божјата црква и му се молеше Светиот на Бога да му овозможи да ги продолжи патот кон спасувањето.
И дојде време да се чита Евангелието, кога Христос зборува:"Кој го сака својот татко или својата мајка повеќе од мене, не ми е достоен, кој ја сака жената или децата повеќе од мене, не ми е достоен, кој сака да го земе својот крст и по мене да појде - стопати ќе биде примен и вечниот живот ќе го наследи."
По молењето и плачот во црквата Свети Прохор побегнал во пустината, се всели во една пештера во планината. Таму останал 32 години, и зиме и лете, без да се допре до човек, хранејќи се со плодови и лисје.
Понатаму следи епизодата со ловецот Диоген, кој гонејќи ја срната, стигнал до пештерата на старецот. Прохор го именува Диогена со неговото име, што предизвиука чудење кај ловецот, а потоа му прорече:"Диогене, речено е да одиш во Цариград и да бидеш цар, но кога ќе дојдеш на престолот спомни ме мене старецот, поради пророштвото што го изреков." Пророштвото на Прохора се исполнило, и ловецот Диоген се востоличил за цар. Интересно е да се апострофира дека во приближното време кога се одвивал животниот пат на Прохора историјата го потврдува востоличувањето на византискиот император Роман ИВ Диоген(1067-1071). Ова индиректно го открива времето кога живеел старецот Прохор, а тоа е 11. век. Со вакво становиште се согласуваат истражуважите: Ј. Иванов, Е. Каранов.16
Д. Цухлев известува во прилог на ваквиот став, бидејќи Диоген го затекнал старецот во мошне напреднати години, а тој зацарувал во 1067 година, според што наведува дека е логич но да се смета дека Прохор живеел за времето на цар Петар.17
За 11.век се определиле и: К. Иречек, како и Сл. Димевски.18
Инаку, византискиот император Диоген бил роден во куманосвкиот жеглиговски крај, и во младите години заминал во Цариград во воена служба. Во 1067 година ја стекнал царската круна, а починал маченички во 1071 година. Последните години ги минал како монах, а откако ослепел го пренесле на островот Прот.
Житието открива дека царот Диоген подигнал една црква на местото каде што се наоѓале моштите на Прохора, на планината Козјак. Црквата била наречена "Свети Лука", пред пештерата каде што биле најдени моштите на старецот, десно од реката Пчиња. Подалеку од пештерата, под Јабланица, била подигната поголема црква, посветена на Свети Прохор, каде што биле ставени и моштите.19
Во врска со животот и аскетувањето на старецот Прохор, како и со култот на манастирските цркви и пештери, каде што пустиничел Свети Прохор Пчињски, народот ги пренесувал легендите и преданијата, кои се животворни и денес, со центар манастирот Свети Прохор Пчињски, планината Козјак и реката Пчиња. Повеќе преданија и легенди собрале истражувачите: Ј. Х. Васиљевиќ, А. С. Јовановиќ, П. Сланкаменац, Вера С. Антиќ, Маја Јакимовска-Тошиќ, и многу други. Сите тие говорат за силниот зачуван култ на Свети Прохор Пчињски во Македонија и во нејзиното заокружување. Роден и однегуван во Овчеполието, од добродетелни родители христијани, се јавува во нашата книжевна и културна историја, како неодминлива македонска култна светителска личност, вкоренета во нашата подалечна и сегашна историја.
1 Вера Стојчевска-Антиќ, Историја на средновековната македонска книжевност,
"Детска радост", Скопје 1997...
2 Вера Антиќ, Локални хагиографии во Македонија, "Просветно дело", Скопје
1977,3-17.
Вера Стојчевска-Антиќ: Анахоретот Свети Прохор Пчињски
Год. збор. - Филол. фак. „Блаже Конески“, Унив. „Св. Кирил и Методиј“ Скопје,
кн. 27 (2001), Скопје, 2002 212
3 Првош Сланкаменац, Легенде о јужнословенским анахоретама, Гласник
Скопског научног друштва, Скопље 1925 књ. 1, 313-233.
4 Јован Хаџи-Васиљевиќ, Свети Прохор Пчињски и његов манастир, Годишњица
Николе Чупиќа, Београд 1900, књ. ХХ, 57-117.
Вера Стојчевска-Антиќ: Анахоретот Свети Прохор Пчињски
Год. збор. - Филол. фак. „Блаже Конески“, Унив. „Св. Кирил и Методиј“ Скопје,
кн. 27 (2001), Скопје, 2002 213
5 Истори/ славеноболгарска/ собрана и нареждена Паисием иеремонахом в лето
1762, Ј. Иванов, Софи/ 1914, 79.
6 Петар В. Гагулиќ, Манастир Свети Прохор Пчињски, Ниш 1965.
7 Ј. Х. Васиљевиќ,...69-70.
8 П. Гагулиќ...74-75, Ј.Х. Васиљевиќ...66-69.
9 Ј. Х. Васиљевиќ,...63-64.
10 Стојан Новаковиќ, Пшински поменик, Споменик СКА, Београд 1895, књ. 29, 6.
11 Њубица Штављанин- Ѓорѓевиќ, Стари ќирилски рукописи, Библиотекар 1968,
бр. 5, Рс 104.
Вера Стојчевска-Антиќ: Анахоретот Свети Прохор Пчињски
Год. збор. - Филол. фак. „Блаже Конески“, Унив. „Св. Кирил и Методиј“ Скопје,
кн. 27 (2001), Скопје, 2002 214
12 Илија Велев, Кирилометодиевска традиција и континуитет, "Култура", Скопје
1997, 238-243.
13 Танас Вражиновски, Светите Иван Рилски, Јоаким Осоговски, Гаврил
Лесновски и Прохор Пчински во македонската народна традиција, Спектар,
Скопје 1996, бр. 28, 173-179.
14 Јордан Иванов, Бџлгарски старини из Македони/, Софи/, 1970, 400-404.
Вера Стојчевска-Антиќ: Анахоретот Свети Прохор Пчињски
Год. збор. - Филол. фак. „Блаже Конески“, Унив. „Св. Кирил и Методиј“ Скопје,
кн. 27 (2001), Скопје, 2002 215
15 Вера Антиќ, Локални хагиографии...36.
16 Ј. Иванов, Северна македони/. 107. Е.Каранов, Матери/ли по етнографи/та
на некои местности в Северна македони/, СбНУ, 4, 312.
Вера Стојчевска-Антиќ: Анахоретот Свети Прохор Пчињски
Год. збор. - Филол. фак. „Блаже Конески“, Унив. „Св. Кирил и Методиј“ Скопје,
кн. 27 (2001), Скопје, 2002 216
17 Д. Цухлев, Истори/, 563, 564, ф. 5.
18 К. Јиречек, Историја Срба, књ. 1, Београд 1922, 162. Сл. Димевски, Црковна
историја на македонскиот народ, Скопје 1965, 37.