Лопате, некропола од римското време. Во самото село се најдени повеќе гробови од типот циста со разни прилози и надгорбни стели со латински натписи. Една стела, што се наоѓа во куќата на В. Малиновски, има латински натпис посветен на либрариус што служел во ИВ Флавиева легија. Се работи за некропола што му припаѓала на населението од малата рурална населба од месноста Прибовце, а можеби и од полизмата на локалитетот Дрезга.
Вули¢ Н., Сп. ЛЏЏИ, 86, бр. 200; Сп. ЛЏЏВ, 47 бр. 155; Сп. ЛЏЏВИИ, 44 бр. 28-30 и Сп. ЏЦВИИИ, бр. 214-218. (З.Н.)
Прибовце, населба од бронзеното и доцноантичкото време. Се наоѓа помеѓу селата Лопате и Бедиње, на простор од околу 800 м должина. На северната страна е опкружен со коритото на Липковска Река, на јужната со питомите ридски височинки и железничката пруга Скопје-Белград, а на останатите страни со последните селски куќи. По средината врви патот што ги поврзува селата од падините на Скопска Црна Гора со Куманово. Во 1978 година, во текот на градежните работи од страна на фабриката за рабни цевки „11 Октомври“, се вршени заштитни ископувања во организација на Археолошкиот музеј од Скопје. Со оглед на големината на просторот и на условите за ископување, биле истражени четири работни сектора, дислоцирани на места со поголема концентрација на археолошкиот материјал. Во сите сектори се откриени остатоци од големи објекти, со 10 до 15 простории различни по големината и организацијата, скудно зачувани во темелите, ѕидани со речен камен и кал и многу малку со варов малтер. Без оглед на тоа што габаритите не им се утврдени, според начинот на ѕидањето, распоредот и големината на просториите и најдените археолошки предмети (фрагменти од керамички садови, железни орудија, накит и монети), се работи за помала стопанска населба од ИВ век. Во Секторот ИИ, близу до коритото на реката, под доцноантичките темели се најдени многубројни керамички и други предмети од населба од средното и доцното бронзено време. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.
Санев В., 1980, 34. (В.С.)
Градиште, населба од енеолитското, железното и раноантичкото време.
Георгиев З., 1990-91, 91-101. (Д.Г.)
Петрково, некропола од римското време. Во непосредната близина на Макрешки мост на реката Петрошница се откриени надгробен споменик со латински натпис и дел од голем надгробен споменик од бел мермер со грчки натпис. Првиот се чува во Народниот музеј во Куманово, а вториот во лапидариумот на Музејот на Македонија во Скопје.
Вули¢ Н., Сп. ЏЦВИИИ, бр. 210; Соколовска В., 1966, 99. (Б.Ј.)
Св. Јован, средновековна некропола. На североисточниот раб на селото, помеѓу патот и реката се откриени камени плочи од гробни конструкции ‡ тип циста. Камени плочи биле откриени и во 1942 година при изградбата на селскиот пат. (Ж.В.)
Црквиште, средновековна црква. На 500 м јужно од селото, на левиот брег на реката и јужно од патот Куманово-Крива Паланка се гледаат грамади од градежен материјал. Во прилог на постоењето на црква оди локалното народно предание, како и самиот топоним на местото. (Ж.В.)
Василево Градиште, средновековно градиште. Над селото, до патот за манастирот Матејче се гледаат грамади од градежен материјал од помала утврдена населба. (Ж.В.)
Селиште, средновековна населба. Помеѓу селото и манастирот Матејче, по површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови и множество градежен материјал. (Ж.В.)
Градиште, населба од железното време. На левиот брег на Пчиња, спроти локалитетот Бранчевица, јужно од селото Стрновац се издига височинка на која има многубројни фрагменти од керамички садови. (З.Н.)
Грамада, некропола од римското време. На околу 1 км источно од маалото Градиловци, во нивата на Бранко биле откриени гробови ‡ цисти, од големи камени плочи. Според кажувањето на селаните, на една плоча имало натпис. Некрополата влегува во комплексот на локалитетот Костоперска Карпа. (З.Н.)
Јумерово, вила рустика од римското време. Во блокот на ЗИК „Куманово“, што се наоѓа на 1 км југоисточно од маалото Чукинци, има голем број ќерамиди, тегули и друг градежен материјал. Можеби се работи за остатоци од поголем објект. (З.Н.)
Костоперска Карпа ‡ Жеглиговски Камен, повеќеслојна населба. Се наоѓа на 9 км североисточно од Куманово, од левата страна на патот Куманово ‑Крива Паланка. Во археолошката литература е познат уште како Св. Петка. Претставува висок рид од базалтна карпа со необичен облик што доминира над околниот терен. Во 1983 година со мали заштитни ископувања се откриени и истражени 6 гробни целости од првата половина на ИВ век пред н.е. Врз основа на овие податоци, а со цел да се приберат покомплетни стратиграфски податоци, во 1987 година се вршени нови ископувања. Резултатите од севкупните работи покажале дека се работи за голема населба со широк хронолошки и културен континуитет. Најдолго населување е присутно на највисокиот дел на карпата ‡ акрополот, односно платото кое на извесен начин било природно заштитетно. Културните слоеви достигнуваат дебелина од преку 2 м. Најстарите остатоци потекнуваат од енеолитското време. Најмногубројни се фрагментите од керамички садови, квалитетно изработени, а има и алатки од камен и коска. На јужниот крај на терасата се откриени делови од садови со фактура и орнаментика карактеристични за железното време ИИ.
Сондирањата и деталната опсервација покажале дека на акрополот има керамички остатоци од ИВ-ИИИ век пред н.е., кои по орнаментиката и формите претставуваат копии на хеленистичката керамика. Најмногубројни се остатоците од доцноантичкото време (ИВ-ВИ век). Заедно со фрагментите од садови и градежна керамика во централниот простор се откриени и остатоци на темели од објект со апсида (можеби базилика), како и остатоци од бедем. Околу овој објект се истражени 7 средновековни гроба. Културната хронологија на Костоперска Карпа завршува со времето на турското владеење, претставено преку фрагменти од жолто и зелено глеѓосани керамички садови.
Керамички наоди од хеленистичкото, а особено од доцноантичкото време се констатирани и на терасите во подножјето на Карпата, на простор од околу 9 хектара. Посебно археолошко откритие претставува подземниот објект издлабен во јужниот дел на Карпата. Се работи за објект со архитектонски ансамбл од една главна просторија со испусти што потсетуваат на клупи, неколку ходници и два резервоара, обезбеден со вертикални отвори за проветрување, кој според големиот број керамички наоди е датиран во В-ВИ век.
На 1 км западно од локалитетот е откриена некропола од која се истражени повеќе гробови и според наодите, датирана меѓу ИВ и ВИ век.
Вули¢ Н., Сп. ЏЦВИИИ, 98-99; Микулчиќ И., 1986, 211-212; Микулчиќ И., ТИР, К-34; Ѓеорѓиевски Б., 1989, 57-58. (Б.Ѓ.)
На Брег, населба од неолитското време. Се наоѓа на 16 км од Куманово, пред мостот на реката Пчиња. Теренот претставува широка тераса што се издига на левата страна од коритото на реката, која со современиот асфалтен пат е поделена на две половини. Во 1986 година Музејот на Македонија од Скопје извршил сондажно ископување при што се констатирани остатоци од двослојна населба од средниот неолит. Постариот слој го карактеризираат монохромна сјајна керамика со црвена боја, сликана керамика со кафеава боја на црвена основа (пехари, амфори), садови со топчести облици и чинии со импресо-орнаменти. Што се однесува до помладиот слој, керамиката ги задржува истите об-лици и начин на украсување, со таа разлика што доминираат садовите со сива боја и биконусна профи-
Костоперска Карпа, с. Младо Нагоричане. ‡ Населба од енеолитското време до средниот век (РЗЗСК)
Костоперска Карпа , с. Младо Нагоричане. ‡ Поглед на населбата (РЗЗСК)
лација. Нему му припаѓаат и неколку фрагментирани жртвеници од типот „масички“ со мал кружен или четвртест реципиент. Остатоците од архитектура во двата слоја, односно хоризонта на живеење, се сосема мали. Резултатите од ова истражување го потврдуваат мислењето за постоење на остатоци од поголема населба што хронолошки и културно се вклопува во анзабегово-вршничката културна група, и тоа во фазите ИИ-ИИИ. Наодите се чуваат во Музејот во Куманово.
Настева И., 1987, 44; Здравковски Д., 1988, 43-63. (И.Н.К.)
Поканци ‡ Селце, средновековна населба. Во непосредната близина на селото Поканци се гледаат грамади од градежен камен, фрагменти од керамички садови, тегули и покривни ќерамиди. (Ж.В.)
Среѓеница, средновековна населба и некропола. На 3 км јужно од селото, северно од патот Куманово ‑Крива Паланка, во реонот на Вујовска Карпа има остатоци од објекти. На површината се гледаат грамади од градежен материјал, како и големи камени плочи од гробни конструкции. Биле откопани повеќе питоси од кои еден се чува во Народниот музеј во Куманово. (Ж.В.)
Ќурчиска Карпа, населба од праисториското време до средниот век. На околу 500 м јужно од патот Куманово-Крива Паланка, сметано од селските гробишта, се издига импозантна базалтна карпа, со плато издолжено кон исток. На површината се среќаваат многубројни фрагменти од керамички садови со различна временска и културна провиниенција, од праисторијата до средниот век. Населбата влегува во комплексот на локалитетот Костоперска Карпа. (З.Н.)
Шантанов Камен, средновековна населба. Во нивата на С. Младеновиќ, која лежи на десниот брег на Пчиња, оддалечена околу 1 км североисточно од селото, се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. Најдени се питоси, рачна мелница и наводно сабја. (Ж.В.)
Витанова Башта, средновековна црква и некропола. Во долот, непосредно до селската црква се откриени темели и градежен материјал од помала црква и околу неа големи камени плочи од гробни конструкции. (Ж.В.)
Грамади ‡ Мургашки Лозја, населба од римското време. Се наоѓа на 1 км југоисточно од селото Косматец и 1 км од селото Мургаш, на двете страни на долот. На површината има фрагменти од керамички садови, питоси, тегули, имбрекси, а биле најдени и монети. (Р.П.)
Кула, градиште од римското време. На 1 км од селото, на висок доминантен рид со зарамнето плато се гледаат остатоци од фортификација. На површината има фрагменти од керамички садови и множество градежен материјал.
Микулчиќ И., ТИР, 89. (Р.П.)
Глава ‡ Извор, средновековна населба. Во дворот на Д. Цветанов, како и во околните бавчи, кои се во непосредната близина на чешмата, се среќаваат фрагменти од керамички садови. Според кажувањето на мештаните, биле наоѓани чанковидни монети (ЏИИ-ЏИВ). (Р.П.)
Гумништа, средновековна населба. На околу 500 м северно од селото Веселинци, во нивата на М. Трајковиќ е откопан питос, а по површината се забележуваат фрагменти од керамички садови и питоси. (Р.П.)
Муртин Дол, средновековна некропола. На 700 м западно од селото, крај патот биле откриени повеќе гробови од камени плочи ‡ тип циста, во кои немало прилози.
Микулчиќ И.,ТИР, 89. (Р.П.)
Баре, средновековна населба. На 1 км северозападно од селото, преку ридот Липец, на неговите северозападни падини се гледаат остатоци од населба. (Р.П.)
Гувишта, населба од доцноантичкото време. На 500 м северозападно од селото, во нивите на Н. Садику и Н. Азис се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и градежен материјал. (Р.П.)
Кодра Зулфи, населба од неолитското време. На 1 км источно од селото, на левиот брег на долот, во нивата на И. Хирџа се среќаваат фрагменти од керамички садови, камени и кремени орудија. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.
(Р.П.)
Путарница, населба од римското време. Во непосредната близина на селото, помеѓу реките Путарница и Воденичарска, на една стрмна височинка се констатирани многубројни фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.
Грби¢ М., 1954, 118; Микулчиќ И., ТИР, 91. (Р.П.)
Црква, средновековна некропола. На 1,5 км северозападно од селото, во нивата на И. Емир се откриени гробови градени од камени плочи. (Р.П.)
Чибук Чешма ‡ Аништа, населба од неолитското време. На 1 км југозападно од селото, во нивата на С. Муслим се среќаваат фрагменти од керамички садови, камени и кремени орудија. (Р.П.)
Жути Камен ‡ Чилак, населба од римското време. На 1,5 км северно од селото, во нивите на Т. Серафимовски и Ж. Лазаревски, од двете страни на патот се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. (Р.П.)
Цервак ‡ Црница, населба од доцноантичкото време. На 2 км јужно од селото, во нивите на ЗИК „Клечовци“ се констатирани темели од објекти, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. (Р.П.)
Живуша, населба од средниот век. Во нивите што се наоѓаат на границата со селото Стрезовце, оддалечени 3 км јужно од селото, има градежен камен, тули и ќерамиди карактеристични за средниот век. (З.Н.)
Селишта ‡ Самари, населба од доцноантичкото време. На 3 км јужно од селото, на селската утрина се констатирани фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и имбрекси. (Р.П.)
Црепњарке, населба од доцноантичкото време. Во нивите на Ј. и Б. Крстевски, од десната страна на селскиот дом се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и имбрекси. (Р.П.)
Мало Опае, некропола од доцноантичкото време. Во училишниот двор и околу него се откриени повеќе гробови со конструкција од тегули, тип „на две води“. (Р.П.)
Папушина, населба од римското време. Во непосредната близина на гробиштата, на околу 700 м северозападно од селото, според кажувањето на мештаните, уште пред војната биле откривани многубројни археолошки наоди, и тоа поден мозаик, хипокауст, како и керамички садови.
Соколовска В., 1966, 101. (Р.П.)
Аниште, средновековна населба. На 250 м северозападно од Кучиште, во Долно маало, во бавчата на П. Стефановски се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. (Р.П.)
Градиште, градиште од римското време. Западно од маалото Сулевац се издига висок рид со зарамнето плато што има доминантна местоположба. На платото со површина од 300 џ 200 м се среќаваат остатоци од фортификација, фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. Во средишниот дел се констатирани ѕидови, веројатно од цистерна за вода. (Р.П.)
Грамади, населба од доцноантичкото време. На 1,5 км јужно од локалитетот Градиште, на површина од 500 џ 400 м се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал. Според кажувањето на мештаните, биле најдени и бронзени монети. (Р.П.)
Дрезга, населба од неолитското време. Во реонот на Долно маало, десно од патот Куманово-Крива Паланка, на блага падина, во нивите на Т. Томовски и др. се среќаваат фрагменти од керамички садови, камени и кремени орудија. (Р.П.)
Рајници, населба од доцноантичкото време. На 250 м јужно од локалитетот Грамади се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. (Р.П.)
Стубол, населба од раноантичкото и хеленистичкото време. На 200 м југозападно од локалитетот Дрезга, на падините на една голема височинка се среќаваат фрагменти од керамички садови со груба и фина фактура, со сива боја. Остатоците од фортификацијата се слабо видливи. (Р.П.)
Буљабашица, населба од римското време. На 3 км североисточно од селото, во подножјето на брдото Калиште има грамади од градежен камен, имбрекси и тегули.
Микулчиќ И., ТИР, 94. (Р.П.)
Вучева Варница, некропола од доцноантичкото време. Во бавчата на В. Митричевски, крај патот за селото Орашац се откриени гробови со камена конструкција, а по површината на нивите има фрагменти од керамички садови. (Р.П.)
Гробишта, некропола од римското време. На 1 км југозападно од селото, на зарамнетото плато над црквените ниви се наоѓаат тегули и имбрекси. Според кажувањето на селаните, овде биле откриени гробови. (Р.П.)
Јеѓупка, населба од доцноантичкото време. Од левата страна на патот за селото Скачковце се откриени обработени блокови од камен, столб, тегули и многу фрагменти од керамички садови. (Р.П.)
Калиште, градиште од римското време. На 1,5 км источно од селото, високо во карпите, на мало зарамнето плато се констатирани остатоци од фортификација, а по површината се среќаваат грамади од кршен камен и тегули.
Микулчиќ И., 1971а, 470; Микулчиќ И., ТИР, 94. (Р.П.)
Коњарник, населба од железното време. На 2,5 км западно од селото и 500 м источно од левиот брег на Пчиња, во нивата на Б. Дедеристов се среќаваат фрагменти од керамички садови со груба фактура.
(Р.П.)
Селиште, населба од римското време. На јужната периферија на селото, во нивата на Ј. Макрешански се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. (Р.П.)
Црквиште, средновековен сакрален објект. На левиот брег на Пчиња, до патот за селото Орашац се наоѓа црква од поново време. На ова место се констатирани остатоци од постар сакрален објект. По површината има грамади од кршен камен и покривни ќерамиди. (Р.П.)
Чајково ‡ Дрезга, населба од римското време. На 2 км јужно од селото, по површините на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. (Р.П.)
Беловина, некропола од римското време. Во реонот на селото, според кажувањето на С. Алити, се откриени гробови со камена конструкција ‡ тип циста. (Р.П.)
Отљански Врби, осамен наод од римското време. На 5 км источно од селото, при изградбата на каналот за наводнување е откриен споменик со претстава на коњаник и со латински натпис. Локалитетот е во близина на локалитетот Дрезга што лежи во атарот на селото Лопате.(Р.П.)
Вукосија, населба од бронзеното, раножелезното, хеленистичкото и доцноантичкото време. Се наоѓа на 1 км јужно од селото, на периферијата на Кумановско Поле, близу до седлото што го дели од Овче Поле, а на околу 2 км југозападно од современиот пат Куманово-Св. Николе. Претставува импозантен конусен рид, со коси страни и зарамнет врв од кој се простира извонреден поглед кон околниот терен. Северозападно од него има помал рид (понизок за 45-50 м) со кој е поврзан преку издолжено седло. На платото на Вукосија, кое не се обработува, се забележуваат остатоци на темели од повеќе правоаголни простории, ѕидани од необработен камен, и фрагменти од градежна керамика. Најголем број површински наоди ‡ фрагменти од праисториски керамички садови се забележуваат во подножјето на ридот и најверојатно биле свлечени со ерозијата. Според фактурата и орнаментиката, едни се од бронзеното, а други од раножелезното време. Интересно е тоа што се среќаваат и фрагменти од сива керамика работена на колце која е од типот на локалната керамика од ранохеленистичкото време (В-ИВ век).
Ѓеорѓиевски Б., 1993, 51-68. (Б.Ѓ., Л.Т.)
Борова Чука, средновековна некропола. На 4 км западно од селото мештаните откриле повеќе гробови градени од камени плочи ‡ тип циста. (Р.П.)
Градиште, населба од бронзеното, железното и раноантичкото време. Се наоѓа на 18 км североисточно од Куманово, на десната страна од патот што води за врањанската област, во близината на утоката на Бистрица во Пчиња. Претставува висок рид со големо зарамнето плато и е едно од последните расклоненија на планината Козјак. Платото има неправилна трапезоидна форма, со димензии од 170 џ 115 м. Природно е заштитено со стрмни, тешко пристапни страни со исклучок на источната која е седлесто вдлабена и поврзана со планинскиот масив. По рабовите на платото се наоѓаат остатоци од широк насип подигнат од камен и земја. Со извршените сондажни ископувања во 1989/90 година од страна на Народниот музеј од Куманово се констатирани траги од повеќеслојна населба. Најстариот слој, односно населба, според одликите на керамиката е од ранобронзеното време, а вториот, заедно со насипот е од железното време, и тоа од најраните фази сè до ВИ век пред н.е. Последниот слој, на кој му припаѓа скромен фонд керамички наоди, е од В-ИВ век пред н.е, кога практично и завршил животот на оваа населба. На локалитетот Градиште му припаѓа и секторот наречен Две Могили што се наоѓа северозападно на околу 400 м, на еден понизок гребен. Со истражувањата вршени во 1989, 1990 и 1994 година се најдени необични остатоци од ранобронзеното време. Според истражувачите, а врз основа на наодите и нивниот распоред, се смета дека е откриен објект без цврста архитектонска конструкција, со функција на светилиште, во кое по извршувањето на обредите биле оставани групи од керамички садови. Во средишниот дел на објектот има клада од камен и кал поставена врз карпестата подлога, прекриена со остатоци од горење, згура, ситни животински коски и фрагменти од садови. Меѓу зачуваните садови има повеќе облици (бокали, чашки, пехари, чинии и друго), со добра фактура, на кои се забележуваат врежани орнаменти, траги од бела инкрустација, кои ги содржат основните карактеристики на керамиката од раното бронзено време. Најдени се неколку керамички алатки, тегови, камена секира и една женска статуетка од белутрак. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Куманово.
Соколовска В., 1966, 104; Георгиев З., 1990/91, 91 ‑101; Ѓеорѓиевски Б., 1993, 51-68; Петрова Е., 1996. (Б.Ѓ., Л.Т.)
Градиште, с. Пелинце. ‡ Керамички садови од бронзеното време
Ковачевец, населба од железното време. Во реонот на Ѓаково маало, во нивите на В. Антевски и Д. Симоновски се среќаваат фрагменти од керамички садови со груба фактура. (Р.П.)
Нишинци, населба од неолитското време (?). На околу 2 км западно од селото, во нивите на Душан и Владо Ѓеорѓиевски, што лежат на десниот брег на реката Пчиња, има фрагменти од праисториски керамички садови. (З.Н.)
Св. Арангел, средновековен сакрален објект. Западно од асфалтниот пат што води за манастирот Прохор Пчински се гледаат грамади од градежен материјал и остатоци од објект ‡ мала еднокорабна црква. (Р.П.)
Св. Никола, средновековен сакрален објект. На 500 м северно од селото, лево од асфалтниот пат за манастирот Прохор Пчински се гледаат грамади од градежен материјал. (Р.П.)
Бања, средновековна населба. Во непосредната близина на бањата, под селските гробишта се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. (Р.П.)
Сред село, средновековна населба и некропола. Во средишниот дел на селото, на мала височинка се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал, како и големи камени плочи од гробни конструкции. (Р.П.)
Бели Брег, населба од доцноантичкото време. На 500 м северно од селото, во нивата на Н. Младенски се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. (Р.П.)
Лашац, населба од римското време. На 500 м западно од селото, во нивите на Т. Антовски, К. и П. Мишевски се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. (Р.П.)
Стари Крст, средновековен сакрален објект. На 600 м западно од селото се гледаат грамади од градежен камен и голем крст од камен. (Р.П.)
Белуш, населба од римското време. На 1 км југозападно од селото, од левата страна на патот Долга-Нова Корија се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули, како и градежен материјал. Откриена е и една монета од Хадријан. (Р.П.)
Градиште, градиште од доцноантичкото време. На 2,5 км северно од селото, на висок рид со зарамнето плато, кое зафаќа површина од 250 џ 100 м, се гледаат остатоци од фортификација. На југоисточниот дел на тврдината е зачуван ѕид од бедемот кој има дебелина од 1,70 м, граден од кршен камен и варов малтер. Во внатрешноста на тврдината се гледаат ѕидови од повеќе објекти, а се среќаваат и фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал.
Грби¢ М., 1954, 124; Микулчиќ И., 1971а, 471; Микулчиќ И., ТИР, 98. (Р.П.)
Манастир, средновековна утврдена населба и некропола. На 3 км североисточно од селото, на висок рид со зарамнето плато се констатирани остатоци од помала утврдена населба со некропола. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и множество градежен материјал.
Микулчиќ И., 1971а, 470; Микулчиќ И., ТИР, 98. (Р.П.)
Мијашки Рид, некропола од железното време. На околу 500 м северозападно од селото, лево од патот Куманово-Пчиња се издига блага височинка на која во нивата на Ратко Трендевски е откриен гроб ‡ циста, граден од делумно обработени камени плочи, поставен во правец североисток-југозапад, и во него се најдени нож и две копја од железо. Во 1988
Градиште, с. Пчиња. ‡ Населба од доцноантичкото време (З.Г)
година од страна на Народниот музеј во Куманово е извршено пробно ископување. Со сондата поставена близу до гробот бил откриен дел од темел на сувоѕидица, граден од појадри камења, широк 0,85 м, чија функција не е дефинирана. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Куманово. (Б.Ѓ., Л.Т.)
Св. Архангел, некропола од римското време. На југоисточната периферија на селото, при изградбата на училиштето се откриени гробови градени од тегули ‡ тип „на две води“. Дел од некрополата е уништен.
Микулчиќ И., 1971а, 470; Микулчиќ И., ТИР, 98. (Р.П.)
Селце, средновековно градиште. На 2 км североисточно од селото, на висок рид што има доминантна местоположба, постојат остатоци од средновековна тврдина. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и множество градежен материјал. (Р.П.)
Славиште ‡ Гропче, средновековна населба и некропола. На 3,5 км североисточно од селото, на десниот брег на Пчиња се откриени повеќе гробови градени од камени плочи, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и множество градежен материјал, што упатува на постоење на помала населба. (Р.П.)
Стари Јаз, некропола од доцноантичкото време. На 1 км источно од селото, на десниот брег на Пчиња се откриени гробови градени од тегули ‡ тип „на две води“. (Р.П.)
Црквиште, населба од железното и римското време. На 500 м западно од селото, во нивите на П. Величков се констатирани фрагменти од керамички садови и куќен лепеж.
Микулчиќ И., 1971а, 470. (Р.П.)
Градина, утврдена населба од железното време. На 200 м од локалитетот Св. Јован, покрај патот за Куманово, во нивата Висока Градина се среќаваат фрагменти од керамички садови со груба фактура. Доминантната положба на локалитетот индицира постоење на утврдена населба. (Р.П.)
Сред село, населба од железното време. Во дворот на црквата, како и во центарот на селото, се среќаваат фрагменти од керамички садови со груба фактура. (Р.П.)
Веља Страна, населба од железното време.
Георгиев З., 1992, 105-118. (Д.Г.)
Градиште, мала утврдена населба од доцноантичкото време.
Микулчиќ И., 1971а, 470. (Д.Г.)
Големо Рамниште, средновековна населба. На границата на атарите меѓу селата Орах и Руѓинце, северно од патот Куманово-Крива Паланка се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. (Р.П.)
Медведица, средновековна населба. На 1,5 км североисточно од селото, на левата страна од патот Куманово-Крива Паланка, во селската утрина се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. По еден питос во своите дворови чуваат Ж. Димитровски и Г. Тасковски. (Р.П.)
Бела Вода, средновековна населба и некропола. Во реонот на манастирчето Св. Јован, што се наоѓа на 2,5 км северозападно од селото и 500 м јужно од патот Куманово-Св. Николе, има грамади од градежен материјал. Според кажувањето на селаните, биле откриени повеќе гробови градени со камени плочи. (З.Н.)
Брекче, населба од железното време. На 1,5 км источно од селото и на 500 м јужно од патот Куманово-Св. Николе, на благо издигнато плато, во нивата на Н. Петрански се среќаваат фрагменти од керамички садови со груба фактура. (Р.П.)
Варница, населба од римското време. На 1 км северозападно од селото, во нивата на Г. Деспотов се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. Според кажувањето на мештаните, била најдена и мермерна плоча со натпис, која е загубена. (Р.П.)
Ѕидини, населба од римското време. На 1,5 км северозападно од селото, крај патот за Св. Николе, во нивата на С. Стојков се откриени темели од објекти, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули, имбрекси и друг градежен материјал. (Р.П.)
Ливада, населба од средниот век. На околу 2 км северозападно од селото, спроти локалитетот Ѕидини, на левиот брег на долот, во нивата на Б. Стојков се гледа културен слој со остатоци карактеристични за доцниот среден век.
(З.Н.)
Селиште, населба од железното време. На 500 м северно од селото, во нивата на Славко Бургански се среќаваат фрагменти од керамички садови со груба фактура. (Р.П.)
Ќерамидница, населба од римското време. На 500 м јужно од селото, во нивата на Н. Петрински се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. (Р.П.)
Кале, градиште од доцноантичкото време. На 1,5 км североисточно од селото, на висок рид со зарамнето плато се гледаат остатоци од фортификација, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал.
Микулчиќ И., 1971а, 470; Микулчиќ И., ТИР, 117. (Р.П.)
Плачковица, населба од римското време. На 3 км источно од селото, на површина од околу 1 хектар се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. При обработувањето на нивите биле откриени темели од повеќе објекти.
(Р.П.)
Голем Кладенец ‡ Јуручки Гробишта, средновековен сакрален објект и некропола. На 100 м источно од Горно маало се гледаат грамади од градежен материјал и камени плочи од конструкции на гробови. (Р.П.)
Заптиски Кладенец, населба од доцноантичкото време. На 500 м источно од селото Табановце, во атарот на селото Сопот, во нивата на М. Стефановска се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и друг градежен материјал. Откриен е и мермерен столб. (Р.П.)
Бранчевица, населба од железното и римското време. На 2 км источно од селото, во близината на десниот брег на Пчиња, во нивите на Ц. Крстиќ и Т. Корка се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. (Р.П.)
Манастир Св. Ѓорѓија, осамен наод од римското време. Покрај јужниот ѕид на манастирот, во 1966 година, при изведувањето на конзерваторските работи е откриен каменен блок ‡ меѓник, оштетен во горниот и долниот дел, со димензии од 96 џ 38 џ 16 цм. На блокот има латински натпис во кој се споменува „дарданската граница“. (Б.Ј.)
Плошка, средновековна некропола. Во реонот на маалото Попчевци, десно од патот за Старо Нагоричане се среќаваат фрагменти од керамички садови, а била најдена и белезица од стаклена паста. Според кажувањето на мештаните, тука биле откриени повеќе гробови градени од камени плочи. (Р.П.)
Под селото, населба од доцноантичкото време. Североисточно од селото, во селските ниви, помеѓу патот за селото и последните селски куќи се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. (Р.П.)
Калиште, градиште од доцноантичкото време. На 2 км југозападно од селото, кај утоката на Крива Река во Пчиња, на висок рид со зарамнето плато се среќаваат остатоци од фортификација. По површината на градиштето има фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и градежен материјал.
Микулчиќ И., 1971а, 470; Микулчиќ И., ТИР, 121. (Р.П.)
Смрковец, средновековна населба. На 1 км североисточно од селото, во нивите на И. Петрушев и Т. Арсовски се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. (Р.П.)
Чуки, населба од доцноантичкото време. На 2 км источно од селото, од левата страна на долот, во нивата на Ц. Шабанов има остатоци од градежен материјал. (З.Н.)
Османов Дол, населба од доцноантичкото време. На 1,5 км северно од селото, во нивата на С. Ристов, на површина од 100 џ 100 м се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. (Р.П.)
Св. Богородица, осамен наод од римското време. Во малиот параклис на црквата е вградена надгробна стела со димензии од 205 џ 74 џ 22 цм, оштетена во горниот и долниот дел. Потеклото и времето кога е вградена не се познати. (З.Н.)
Бежине, населба од римското време. На десниот брег на Табановачка Река, западно од Арсина Воденица, на голема површина се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и многу градежен материјал. (Р.П.)
Падалиште, населба од римското време. На 500 м од десната страна на патот Табановци-Куманово, во нивата на С. Христиќ се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.
Грби¢ М., 1954, 118. (Р.П.)
Црквиште ‡ Костурац, средновековна населба. На 1 км јужно од селото, лево од патот Табановци-Куманово и на 800 м од автопатот, во нивата на Д. Петрушевски, на површина од 1 хектар се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. (Р.П.)
Џабинка ‡ Аништа, средновековен објект. На 1 км северно од селото, во нивите источно од автопатот, на местото на урнатините на џамијата има и средновековен градежен материјал. (З.Н.)
Голо Брдо, средновековна населба. На околу 2 км западно од селото, во нивите на Ј. Пантиќ и Њ. Јамчиќ се гледаат грамади од градежен камен и фрагменти од средновековна керамика. (З.Н.)
Гробишта, населба и некропола од средниот век. На падината што се наоѓа на 500 м југоисточно од селото, според кажувањето на мештаните, биле откриени темели и гробови. (З.Н.)
Црно Поле, праисториска населба. Во нивата на С. Мишиќ при обработувањето на земјата биле најдени питос и фрагменти од керамички садови со праисториска фактура. (З.Н.)
Ујаново Брдо, средновековна населба. На 1 км јужно од селото, во блокот на ЗЗ „Слога“, на релативно голем простор се гледа расфрлен градежен материјал. (З.Н.)
Добросељане, населба од римското време. Се наоѓа источно од селото, на десниот брег на реката Пчиња, во реонот на Драгомански мост. Во нивите на Д. Филиповски, Г. Стоевски и С. Цветановски, на површина од околу 50 декари се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. Откриени се и повеќе питоси, водоводни цевки и монети. Според кажувањето на мештаните, била најдена оловна плоча тешка 20 кг. Во 1976 година, пред изградбата на фабриката за чевли „ЧИК“, погон „Челопек“, се извршени заштитни археолошки истражувања. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.
Соколовска В., 1966, 104; Микулчиќ И., ТИР, 35. (Р.П.)
Кула, праисториска населба, кастел со некропола од доцноантичкото време. Се наоѓа на околу 1 км северно од селото и на околу 15 км североисточно од Куманово. Лежи речиси на средината од еден долг гребен што почнува од врвот Чука и завршува во долината на реката Пчиња. Покрај источниот крај поминува патот што ги поврзува Кумановската и Врањанската област. Кула претставува долга тераса, со мошне стрмни и речиси непристапни страни, со исклучок на источната која косо паѓа до реката. На површината се распознаваат остатоци од темели на бедем, а има и повеќе гробни конструкции разоткриени од ерозијата. Неколку гробови се прекопани од диви копачи. Според конструкциите и позицијата на гробовите, сосема е сигурно дека некрополата е од доцноантичкото време (ИВ-ВИ век) и му припаѓала на населението од кастелот. Приближно на средината од северниот раб на платото се најдени и фрагменти од атипична праисториска керамика. (Б.Ѓ., Л.Т.)
Пузалка, некропола од римското време. На 1 км источно од селото, на десниот брег на Пчиња, во профилот се гледаат гробни конструкции од камени плочи. Прилози не се најдени.
Микулчиќ И., ТИР, 35. (Р.П.)
Св. Богородица, средновековна некропола. На 2,5 км западно од селото, на самиот пат се откриени скелетни гробови без конструкции и прилози, веројатно средновековни. (З.Н.)
Гробишта, средновековна населба. На периферијата на селото кон Куманово, во реонот на стариот пат Куманово-Скопје, при изградбата на зградата на Сојузот на возачите биле откриени темели од објекти и питос. (З.Н.)
Матичански Згради, населба од железното и римското време. На западната периферија на селото, во нивите на С. Деспотовиќ и С. Јакимовиќ се среќаваат фрагменти од керамички садови со груба фактура, питоси и градежен материјал. (Р.П.)
Селиште ‡ Четирски Рид, населба од римското време. Југозападно, во реонот на селските гробишта има остатоци од градежен материјал, особено во нивите на В. Додиќ и П. Алексиќ. (З.Н.)
Горно маало, населба од римското време. Во северниот крај на селото, во т.н. Горно маало се откриени градежен материјал и фрагменти од керамички садови. (З.Н.)
Црвен Рид, осамен објект од римското време. На 500 м северно од селото, во нивите на ЗИК „Куманово“ се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули, имбрекси и друг градежен материјал, можеби од вила рустика. (Р.П.)
Џебеџиска Страна, населба од доцноантичкото време. На 1 км јужно од селото, во блокот на ЗИК „Куманово“ се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. (Р.П.)