Пребарај го блогов

среда, јуни 06, 2007

Археолошки локалитети во Старо Нагоричане и околината ...

СТАРО НАГОРИЧАНЕ

Бранчевица, населба од железното и римското вре­ме. На 2 км источно од селото, во близината на десниот брег на Пчиња, во нивите на Ц. Крс­тиќ и Т. Корка се среќаваат фрагменти од ке­ра­мички са­до­ви, питоси и градежен материјал. (Р.П.)

Манастир Св. Ѓорѓија, осамен наод од римското вре­ме. Покрај јужниот ѕид на манастирот, во 1966 годи­на, при изведувањето на конзерваторските ра­бо­ти е откриен каменен блок ‡ меѓник, оштетен во горни­от и долниот дел, со димензии од 96 џ 38 џ 16 цм. На блокот има латински натпис во кој се спо­ме­­нува „дарданската граница“. (Б.Ј.)

Плошка, средновековна некропола. Во реонот на маалото Попчевци, десно од патот за Старо Наго­ричане се среќаваат фрагменти од керамички садо­ви, а била најдена и белезица од стаклена паста. Спо­­ред кажувањето на мештаните, тука биле от­криени повеќе гробови градени од камени плочи. (Р.П.)

Под селото, населба од доцноантичкото време. Се­ве­ро­­­источно од селото, во селските ниви, помеѓу патот за селото и последните селски куќи се сре­ќа­ва­ат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. (Р.П.)

АРБАНАШКО

Врбица, средновековна некропола. На 500 м од маа­лото Врбица, во нивата на С. Пешовски се кон­ста­тирани камени плочи од гробни конструкции. (Ж.В.)

БАЈЛОВЦЕ

Блатец, средновековна населба и некропола. На ле­виот брег на суводолицата Стеванце, околу 1,5 км југозападно од селото, во нивите на Њ. и Д. По­да­ро­ви спорадично се среќаваат фрагменти од кера­мич­ки садови и градежен материјал. Присус­твото на големи камени плочи упатува на постоење на не­к­ропола. (Ж.В.)

Високо, средновековно градиште. На западната ст­ра­­­на, високо над селото, на едно зарамнето елип­со­вид­но плато се гледаат остатоци од заштитен бе­дем речиси по целата негова должина. Во гра­диш­­тето ис­­то така се гледаат и остатоци од те­ме­ли на об­јекти, а има фрагменти од керамички садо­ви и мно­жес­тво расфрлен градежен материјал. (Ж.В.)

Далјан Бозовиќ, средновековна некропола. На 2 км североисточно од селото, во реонот на истоиме­ното маало, од левата страна на патот за Дејловце има остатоци од гробови градени од камени плочи ‡ тип циста. (Ж.В.)

Рамњанска Драка, средновековна населба. На 200 м северно од Рудничко маало, веднаш крај патот за селото Бајловце, во нивата на Д. Димков се гледа­ат остатоци од градежен камен, покривни ќера­миди и фрагменти од керамички садови и питоси. (Ж.В.)

ВОЈНИК

Гробишта (Гробље), тумул од железното време и среднове­ковна некропола. На околу 500 м јужно од селото се наоѓаат денешните гробишта, лоцирани на зарамнета тераса што се издига над коритото на реката Пчиња, од левата страна. Во 1964/65 година мештаните, правејќи простор за трпеза, потребна за погребните обичаи, уништиле тумул што бил по­диг­нат на работ на терасата. Поточно, отстранет е насипот повеќе од половина и зарамнет е до нивото на теренот. Со овие работи, според иска­зите на учес­­­ниците, веднаш под површината биле униш­те­ни гробови со инхумирани покојници, ди­ректно за­ко­пани и без гробни конструкции, а во основата на централниот дел нашле керамичко сат­­че (урна) и украсни предмети од бронза (цев­чи­ња од ѓердан и повеќе висулци во облик на двоен лабрис). Во 1966 година Музејот од Куманово извр­шил заштитно ис­ко­пување на преостанатиот дел од тумулот што овоз­можило да се одредат не­го­вите приближни ди­мен­­зии (пречник од околу 15 м и висо­чина од 2 м), а ис­товремено и да се откријат десе­тина гроба со инхумирани покојници, директ­но закопани во на­си­пот на тумулот, со ориентација запад-исток, без гроб­­­ни прилози. Од неколкуте фрагменти од ке­ра­мички садови најдени во насипот е констатирано де­­ка се работи за гробови од времето на доцното сре­дновековие. Нао­дите се чуваат во Народниот му­­зеј во Куманово.

Гарашанин М., Санев В., Симоска Д., Китаноски Б., 1971, 59. (В.С.)

Петриково, населба и некропола од римското вре­ме. Лежи на 500 м северно од селото, во реонот на Макрешки мост на реката Петрошница. Најдени се две надгробни стели од кои едната со латински (ИИ в.), а другата со грчки натпис.

Вули¢ Н., Сп. ЏЦВИИИ, 96 бр. 210; Соколовска В., 1966, 104-105; Микулчиќ И., ТИР, 133. (З.Н.)

ДРАГОМАНЦЕ

Гарвани Камен, средновековна некропола. На ле­виот брег на реката Пчиња, меѓу двете селски ма­ал­а, во нивата на С. Антиќ се откопани камени пло­чи од гробни конструкции. (Ж.В.)

Гладница, некропола од доцноантичкото време. Во селото, на левиот брег на Пчиња се гледаат гро­бо­ви издлабени во карпа. Селаните од сосед­но­то село Пузаљка, во 1970 година раскопале повеќе гробови, оштетени од порано. И во нивата на Киро Крс­тев­ски биле откриени гробни конструкции во кои се нај­дени скелетни погребувања и гробни прилози (прстени). Некрополата се врзува за лока­литетот Гладница во нивите на манастирот Прохор Пчин­ски каде се среќаваат фрагменти од кера­мич­ки са­до­­ви, архитектонска пластика и градежен мате­ри­јал. (З.Н.)

Селиште, населба од римското време. На 500 м се­вер­но од селото, во нивите на Т. и П. Антиќ се от­криени повеќе питоси, а има и други елементи што упатуваат на помала рурална населба со некропола. (З.Н.)

КАРАБИЧАНЕ

Кулица, градиште од римското време. На северни­от раб на селото, на висок рид (538 м) со доми­нан­т­на положба се гледаат остатоци од одбранбен бе­дем, а по површината има фрагменти од кера­мич­ки садо­ви, питоси, тегули, имбрекси и градежен ма­те­ријал. Во подножјето на ридот тече потокот Лиска.

Соколовска В.,1966, 104; Микулчиќ И.,ТИР, 68. (Ж.В.)

Маслинке, средновековна црква. Во нивата на И. и С. Јовановиќ се гледаат грамади од градежен камен и фрагменти од покривни ќерамиди. По традиција местото се смета за сакрално. (Ж.В.)

Св. Троица, средновековна црква и некропола. На јужниот раб на селото, во нивата на Д. Томиќ се сре­ќаваат фрагменти од покривни ќерамиди, мно­жес­тво градежен материјал и големи камени плочи, што упатува на сакрален објект со некро­пола. (Ж.В.)

МЛАДО НАГОРИЧАНЕ

Градиште, населба од железното време. На левиот брег на Пчиња, спроти локалитетот Бранчевица, јужно од селото Стрновац се издига височинка на која има многубројни фрагменти од керамички садови. (З.Н.)

Грамада, некропола од римското време. На околу 1 км источно од маалото Градиловци, во нивата на Бранко биле откриени гробови ‡ цисти, од големи камени плочи. Според кажувањето на селаните, на една плоча имало натпис. Некрополата влегува во ком­плексот на локалитетот Костоперска Карпа. (З.Н.)

Јумерово, вила рустика од римското време. Во бло­кот на ЗИК „Куманово“, што се наоѓа на 1 км југо­ис­точно од маалото Чукинци, има голем број ќе­ра­ми­ди, тегули и друг градежен материјал. Мо­жеби се работи за остатоци од поголем објект. (З.Н.)

Костоперска Карпа ‡ Жеглиговски Камен, повеќе­­слој­на населба. Се наоѓа на 9 км североисточно од Куманово, од левата страна на патот Куманово ‑Кри­­ва Паланка. Во археолошката литература е поз­­­нат уште како Св. Петка. Прет­ста­вува висок рид од базалтна карпа со необичен облик што до­ми­­нира над околниот терен. Во 1983 година со ма­ли заштитни ископувања се откриени и истраже­ни 6 гробни целости од првата половина на ИВ век пред

н.е. Врз основа на овие податоци, а со цел да се при­­­­берат покомплетни стратиграфски пода­­то­­ци, во 1987 година се вршени нови ископувања. Резул­та­тите од севкупните работи покажале дека се ра­бо­ти за голема населба со широк хронолошки и кул­ту­рен континуитет. Најдолго населување е при­сутно на највисокиот дел на карпата ‡ акропо­­лот, од­носно платото кое на извесен начин било при­род­но заштитетно. Културните слоеви дос­­­­тиг­­­­­нуваат де­­­белина од преку 2 м. Најстарите оста­то­­­­ци по­тек­нуваат од енеолитското време. Нај­мно­губројни се фраг­ментите од керамички садови, квалитетно из­ра­ботени, а има и алатки од камен и коска. На јуж­ни­от крај на терасата се откриени делови од садови со фактура и орнаментика карактеристични за же­лез­ното време ИИ.

Сондирањата и деталната опсервација пока­жале дека на акрополот има керамички оста­тоци од ИВ-ИИИ век пред н.е., кои по орнаментиката и фор­мите претставуваат копии на хеленистичката кера­мика. Најмногубројни се остатоците од доцноан­­тич­­кото време (ИВ-ВИ век). Заедно со фрагментите од садо­ви и градежна керамика во централниот простор се откриени и остатоци на темели од об­јект со апсида (можеби базилика), како и остатоци од бедем. Околу овој објект се истра­жени 7 сред­но­вековни гроба. Кул­­тур­­­ната хроно­логија на Косто­перска Карпа завр­­шу­­­ва со времето на тур­ското вла­­­деење, претста­­вено преку фрагмен­ти од жолто и зелено глеѓосани керамички садови.

Керамички наоди од хеленистичкото, а осо­бе­но од доцноантичкото време се констатирани и

на терасите во подножјето на Карпата, на простор од околу 9 хектара. Посебно археолошко откритие претставува подземниот објект издлабен во јуж­ни­от дел на Карпата. Се работи за објект со архитек­тонски ансамбл од една главна просторија со ис­пусти што потсетуваат на клупи, неколку ходни­ци и два резервоара, обезбеден со вертикални отвори за про­­­­­ветрување, кој според големиот број керамички наоди е датиран во В-ВИ век.

На 1 км западно од локалитетот е от­крие­на некропола од која се истражени повеќе гробови и според наодите, датирана меѓу ИВ и ВИ век.

Вули¢ Н., Сп. ЏЦВИИИ, 98-99; Микулчиќ И., 1986, 211-212; Микулчиќ И., ТИР, К-34; Ѓеорѓиевски Б., 1989, 57-58. (Б.Ѓ.)

На Брег, населба од неолитското време. Се наоѓа на 16 км од Куманово, пред мостот на реката Пчиња. Теренот претставува широка тераса што се издига на левата страна од коритото на реката, ко­ја со современиот асфалтен пат е поделена на две половини. Во 1986 година Музејот на Македо­нија од Скопје извршил сондажно ископу­вање при што се констатирани остатоци од двослојна населба од средниот неолит. Постариот слој го каракте­ризи­ра­ат монохромна сјајна керамика со црвена боја, сли­ка­на керамика со кафеава боја на црвена основа (пехари, амфори), садови со топчести обли­ци и чи­нии со импресо-орнаменти. Што се однесува до по­мла­диот слој, керамиката ги задржу­ва истите об­-ли­­ци и начин на украсување, со таа разлика што до­ми­нираат садовите со сива боја и биконусна про­фи

лација. Нему му припаѓаат и неколку фраг­мен­ти­ра­ни жртвеници од типот „масички“ со мал кружен или четвртест реципиент. Остатоците од архи­тек­ту­ра во двата слоја, односно хоризонта на живеење, се сосема мали. Резулта­тите од ова ис­тра­­жување го потврдуваат мислење­то за постое­ње на остатоци од поголема населба што хроно­лошки и културно се вклопува во анзабегово-вршнич­ката културна гру­па, и тоа во фазите ИИ-ИИИ. Наодите се чуваат во Му­зе­јот во Куманово.

Настева И., 1987, 44; Здравковски Д., 1988, 43-63. (И.Н.К.)

Поканци ‡ Селце, средновековна населба. Во не­пос­редната близина на селото Поканци се гледаат грамади од градежен камен, фрагменти од кера­мички садови, тегули и покривни ќерамиди. (Ж.В.)

Среѓеница, средновековна населба и некропола. На 3 км јужно од селото, северно од патот Кума­но­во ‑Крива Паланка, во реонот на Вујовска Карпа има остатоци од објекти. На површината се гледаат гра­мади од градежен материјал, како и големи ка­мени плочи од гробни конструкции. Биле откопани пове­ќе питоси од кои еден се чува во Народниот музеј во Куманово. (Ж.В.)

Ќурчиска Карпа, населба од праисториското време до средниот век. На околу 500 м јужно од патот Кума­ново-Крива Паланка, сметано од селските гро­биш­та, се издига импозантна базалтна карпа, со плато издолжено кон исток. На површината се сре­ќа­ваат многубројни фрагменти од керамички садо­ви со различна временска и културна провини­ен­ција, од праис­то­ријата до средниот век. Населбата влегува во комп­лексот на локалитетот Косто­пер­ска Карпа. (З.Н.)

Шантанов Камен, средновековна населба. Во нива­та на С. Младеновиќ, која лежи на десниот брег на Пчиња, оддалечена околу 1 км североисточно од селото, се среќаваат фрагменти од керамички садо­ви и градежен материјал. Најдени се питоси, рачна мелница и наводно сабја. (Ж.В.)

ПЕЛИНЦЕ

Борова Чука, средновековна некропола. На 4 км западно од селото мештаните откриле повеќе гро­бови градени од камени плочи ‡ тип циста. (Р.П.)

Градиште, населба од бронзеното, железното и ра­ноантичкото време. Се наоѓа на 18 км северо­ис­точ­но од Куманово, на десната страна од патот што во­ди за врањанската област, во близината на уто­ката на Бистрица во Пчиња. Претставува висок рид со го­лемо зарамнето плато и е едно од пос­ледните рас­­клоненија на планината Козјак. Пла­то­то има не­пра­­вилна трапезоидна форма, со ди­мен­зии од 170 џ 115 м. Природно е заштитено со стрмни, тешко при­с­тапни страни со исклучок на источната која е седлесто вдлабена и поврзана со планинс­киот ма­сив. По рабовите на платото се наоѓа­ат остатоци од широк насип подигнат од камен и земја. Со извр­ше­ните сондажни ископувања во 1989/90 година од стра­на на Народ­ниот музеј од Кума­ново се конс­та­ти­рани траги од повеќеслојна на­селба. Најста­риот слој, односно населба, според одликите на ке­ра­ми­ката е од ранобронзеното вре­ме, а вториот, заед­но со насипот е од желез­ното време, и тоа од нај­­­ра­ни­те фази сè до ВИ век пред н.е. Пос­ледниот слој, на кој му припаѓа скромен фонд керамички на­оди, е од В-ИВ век пред н.е, кога прак­тично и завр­шил живо­тот на оваа населба. На локалитетот Гра­диште му припаѓа и секторот наре­чен Две Могили што се нао­ѓа се­верозападно на околу 400 м, на еден по­ни­зок гре­бен. Со истражу­вањата вршени во 1989, 1990 и 1994 година се нај­дени необични остатоци од ра­но­­бронзеното време. Според истражувачите, а врз основа на наодите и нивниот распоред, се смета де­ка е откриен објект без цврста архитектонска кон­струкција, со функ­ција на светилиште, во кое по извршувањето на обредите биле оставани групи од ке­рамички садови. Во средишниот дел на објектот има клада од камен и кал поставена врз карпестата подлога, прекриена со остатоци од горење, згура, ситни животински коски и фрагменти од садови

Меѓу зачуваните садови има повеќе облици (бока­ли, чашки, пехари, чинии и друго), со добра факту­ра, на кои се забележуваат врежани орнаменти, тра­ги од бела инкрустација, кои ги содржат основ­ни­те ка­рак­те­ристики на керамиката од раното брон­зено вре­ме. Најдени се неколку керамички алат­ки, тего­ви, ка­ме­на секира и една женска ста­ту­етка од бе­лут­­рак. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Ку­маново.

Соколовска В., 1966, 104; Георгиев З., 1990/91, 91 ‑101; Ѓеорѓиевски Б., 1993, 51-68; Петрова Е., 1996. (Б.Ѓ., Л.Т.)

Ковачевец, населба од железното време. Во ре­онот на Ѓаково маало, во нивите на В. Антевски и Д. Си­мо­новски се среќаваат фрагменти од кера­мич­ки садови со груба фактура. (Р.П.)

Нишинци, населба од неолитското време (?). На око­лу 2 км западно од селото, во нивите на Душан и Вла­до Ѓеорѓиевски, што лежат на десниот брег на ре­ка­та Пчиња, има фрагменти од праисториски ке­ра­мич­ки садови. (З.Н.)

Св. Арангел, средновековен сакрален објект. За­пад­­­­­­но од асфалтниот пат што води за манастирот Прохор Пчински се гледаат грамади од градежен материјал и остатоци од објект ‡ мала еднокорабна црква. (Р.П.)

Св. Никола, средновековен сакрален објект. На 500 м северно од селото, лево од асфалтниот пат за манастирот Прохор Пчински се гледаат грамади од градежен материјал. (Р.П.)

СТРНОВАЦ

Смрковец, средновековна населба. На 1 км северо­ис­точно од селото, во нивите на И. Петрушев и Т. Арсовски се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. (Р.П.)

Чуки, населба од доцноантичкото време. На 2 км источно од селото, од левата страна на долот, во нивата на Ц. Шабанов има остатоци од градежен материјал. (З.Н.)

ЧЕЛОПЕК

Добросељане, населба од римското време. Се наоѓа источно од селото, на десниот брег на реката Пчи­ња, во реонот на Драгомански мост. Во нивите на Д. Филиповски, Г. Стоевски и С. Цветановски, на по­вршина од околу 50 декари се среќаваат фраг­мен­ти од керамички садови и градежен материјал. Откриени се и повеќе питоси, водоводни цев­ки и монети. Според кажувањето на мештаните, била најдена оловна плоча тешка 20 кг. Во 1976 година, пред изград­бата на фаб­риката за чевли „ЧИК“, по­гон „Че­лопек“, се из­вр­шени заштитни археолошки ис­тра­жувања. Нао­дите се чуваат во Музејот на Ма­ке­донија во Скопје.

Соколовска В., 1966, 104; Микулчиќ И., ТИР, 35. (Р.П.)

Кула, праисториска населба, кастел со некропола од доцноантичкото време. Се наоѓа на околу 1 км северно од селото и на околу 15 км североисточно од Куманово. Лежи речиси на средината од еден долг гребен што почнува од врвот Чука и завршува во долината на реката Пчиња. Покрај источниот крај поминува патот што ги поврзува Куманов­ската и Врањанската област. Кула претставува дол­га тераса, со мошне стрмни и речиси непристапни страни, со исклучок на источната која косо паѓа до реката. На површината се распознаваат остатоци од теме­ли на бедем, а има и повеќе гробни кон­струк­­ции разоткриени од ерозијата. Неколку гро­бо­ви се преко­­па­ни од диви копачи. Според кон­струк­циите и позицијата на гробовите, сосема е си­гур­но дека некрополата е од доцноантичкото време (ИВ-ВИ век) и му припаѓала на населението од кас­те­лот. Приближно на средината од северниот раб на пла­тото се најдени и фрагменти од атипич­на пра­ис­ториска керамика. (Б.Ѓ., Л.Т.)

Пузалка, некропола од римското време. На 1 км ис­точ­­но од селото, на десниот брег на Пчиња, во про­филот се гледаат гробни конструкции од каме­ни плочи. Прилози не се најдени.

Микулчиќ И., ТИР, 35. (Р.П.)

Св. Богородица, средновековна некропола. На 2,5 км западно од селото, на самиот пат се откриени ске­летни гробови без конструкции и прилози, ве­ро­јатно средновековни. (З.Н.)

ЧЕТИРЦЕ

Матичански Згради, населба од железното и рим­ското време. На западната периферија на селото, во ниви­те на С. Деспотовиќ и С. Јакимовиќ се сре­ќа­­ваат фрагменти од керамички садови со груба фактура, питоси и градежен материјал. (Р.П.)

Селиште ‡ Четирски Рид, населба од римското вре­ме. Југозападно, во реонот на селските гро­биш­та има остатоци од градежен мате­ријал, осо­бено во ни­вите на В. Додиќ и П. Алексиќ. (З.Н.)

2 коментари:

Анонимен рече...

[url=http://firgonbares.net/][img]http://firgonbares.net/img-add/euro2.jpg[/img][/url]
[b]shop sales software, [url=http://firgonbares.net/]create educational software[/url]
[url=http://firgonbares.net/][/url] buy pocket pc software buy bulk software
software shop inc [url=http://firgonbares.net/]professional software discount[/url] city software store
[url=http://firgonbares.net/]adobe pdf reader software[/url] college student discount software
[url=http://firgonbares.net/]and oem software[/url] cheapest microsoft office software
buy cheap software reviews [url=http://firgonbares.net/]discount software windows xp[/b]

Анонимен рече...

Как говорилось на [url=http://www.soki.tv]Seexi.net[/url] мне понравился Виши с гиалуроновой кислотой ( может, так как не подделка была).Не понравился Чистая Линия.Хотела бы новый купить, но не знаю, на чем остановится-за границу 100 лет не ездила, а в Летуалях различных думаю из одной бадьи в соседнем микрорайоне разливают.Что скажите на счет LIERAK, PAYOT?От себя добавлю, что замечательное средство для ухода за кожей вокруг глаз-БЛЕФАРОГЕЛЬ, продается в аптеках (содержит гиалуронку, увлАжняет очень хорошо, быстро впитывается, не вызывает привыкания). Кто чем использует, расскажите!
П.С. мне 32, кожа нормальная.

Loading...
Site Meter