Пребарај го блогов

среда, јуни 06, 2007

Археолопки локалитети во Куманово и кумановско

1. АГИНО СЕЛО

Мало Саранлија, неселба од неолитското и рим­ско­то време (викус). Помеѓу Агино Село и Рома­­­новце, на десната страна од Брзачка Река, во нивите на С. и Д. Михајловски и Ѓ. и А. Арсови има фрагменти од неолитски керамички садови работе­ни рачно, ос­та­тоци од куќен лепеж, како и фраг­менти од рим­ска керамика. (Р.П., Ж.В.)

Романовско поле, населба од железното и рим­ско­то време. На левата страна на Брезачка Река, во ни­вите на С. Тасевски, веднаш до патот што во­ди од селото кон југоисток се среќаваат фрагменти од груба рачно работена керамика, како и ке­ра­ми­ка работена на колце. (Ж.В.)

2. АЛГУWА

Манастирче, средновековен сакрален објект. На 500 м северно од селото има грамади од градежен камен и аморфни тегули, веројатно од сакрален об­јект, на што оди во прилог и самиот топоним. (Ж.В.)

Селиште, населба (викус) од римското време. На 500 м северно од селото има остатоци од тули, те­гу­ли и имбрекси. (З.Н.)

3. АЊИНЦЕ

Коселица, населба од римското време. На околу 1 км северно од селото, на левиот брег на реката Пет­ро­шница се наоѓаат фрагменти од тегули, им­брек­си, тули и градежен камен. (З.Н.)

4. АРБАНАШКО

Врбица, средновековна некропола. На 500 м од маа­лото Врбица, во нивата на С. Пешовски се кон­ста­тирани камени плочи од гробни конструкции. (Ж.В.)

5. БАЈЛОВЦЕ

Блатец, средновековна населба и некропола. На ле­виот брег на суводолицата Стеванце, околу 1,5 км југозападно од селото, во нивите на Њ. и Д. По­да­ро­ви спорадично се среќаваат фрагменти од кера­мич­ки садови и градежен материјал. Присус­твото на големи камени плочи упатува на постоење на не­к­ропола. (Ж.В.)

Високо, средновековно градиште. На западната ст­ра­­­на, високо над селото, на едно зарамнето елип­со­вид­но плато се гледаат остатоци од заштитен бе­дем речиси по целата негова должина. Во гра­диш­­тето ис­­то така се гледаат и остатоци од те­ме­ли на об­јекти, а има фрагменти од керамички садо­ви и мно­жес­тво расфрлен градежен материјал. (Ж.В.)

Далјан Бозовиќ, средновековна некропола. На 2 км североисточно од селото, во реонот на истоиме­ното маало, од левата страна на патот за Дејловце има остатоци од гробови градени од камени плочи ‡ тип циста. (Ж.В.)

Рамњанска Драка, средновековна населба. На 200 м северно од Рудничко маало, веднаш крај патот за селото Бајловце, во нивата на Д. Димков се гледа­ат остатоци од градежен камен, покривни ќера­миди и фрагменти од керамички садови и питоси. (Ж.В.)

6. БЕДИWЕ

Градиште, населба од железното време.

Грби¢ М., 1954, 111. (Д.Г.)

7. БЕЛАНОВЦЕ

Белановце, гроб од доцноантичкото време. Во рео­нот на селото се откриени гроб и стела со латински натпис од времето на Северите и Антонините.

Вули¢ Н., Сп. ЏЦВИИИ, 96, бр. 211; Микулчиќ И., ТИР, 23. (З.Н.)

8. БЕЊАКОВЦЕ

Еленец, населба од римското време. Помеѓу селата Бељаковце и Довезенце, јужно од железничката станица е констатирано множество градежен камен и фрагменти од тегули и имбрекси. (З.Н.)

Мало Градиште, утврдена населба од римското вре­ме. На врвот на ридот што се издига до маалото Ста­менковци има зарамнето плато со димензии од 100 џ 50 м на кое зе забележуваат фрагменти од те­гу­ли, имбрекси и питоси. (З.Н.)

Мидел, средновековна црква со некропола. Во не­пос­редната близина на маалото Калиманци се гле­да­ат грамади од градежен камен и плочи. (Ж.В.)

Св. Петка, средновековен сакрален објект. Во не­пос­редната близина на железничката станица се гледаат грамади од градежен камен од мал објект ‡ црквичка. (Ж.В.)

9. БИЊАНОВЦЕ

В’рла Страна, средновековен сакрален објект. Се наоѓа на 500 м северно од селото и лево од патот за Доброшане. Се гледаат грамади од кршен камен и друг градежен материјал, можеби од сакрален об­јект. (Ж.В.)

Дервен ‡ Стамболиски Пат, викус од римското време. На 500 м југоисточно од селото, од двете стра­ни на патот за селото Пчиња, во нивата на С. Ко­цевски и во соседните ниви се забележуваат фраг­менти од имбрекси, тегули, питоси и друга насел­бин­ска керамика. Има градежен камен и тра­ги од те­мели, а на одделни места остатоци од суп­струк­ција на стар (римски) пат, можеби од патот од Ску­пи за Пауталија. Констатирани се чо­вечки кос­ки што иницира постоење на некропола. Најде­ни се не­колку монети од ИИИ век, а кај селската чеш­ма ос­та­тоци од хидроинсталации.

Коки¢ М., 1933, 1, 2; Микулчиќ И., 1971а, 470. (З.Н.)

Кале ‡ Врбица, средновековно градиште. На 5 км источно од селото, на границата со атарите на се­ла­та Виштица и Сушица се наоѓа висок рид чија до­ми­нантна положба овозможува да се надгледува ко­муникацијата по долината на реката Пчиња. Вид­ли­ви се остатоци од бедем, а на површината се сре­ќа­ваат фрагменти од керамички садови, питоси, по­крив­ни ќерамиди и кршен камен. (Ж.В.)

Краста, сакрален објект ‡ митреум од римското вре­ме. На околу 500 м југоисточно од селото, на па­­тот за селото Доброшане во 1932 година се от­крие­ни остатоци од митреум вкопан во стрмна па­ди­на и со димензии од 10 џ 5,5 м. Во моментот на ископувањето ѕидовите биле зачувани во височина до 1,20 м, а денес се наполно уништени. Во об­јек­тот се најдени релјефни икони од камен со прет­ста­ва на Митра, кои имаат таква обработка што прет­ста­­вуваат врвно уметничко остворување меѓу си­те досега откриени митраистички споменици.

Коки¢ М., 1933, 1, 2; Микулчиќ И., 1971а, 470; Микул­чиќ И., ТИР, 27. (З.Н.)

Леска, средновековна населба. На 1 км североис­точно од селото има грамади од градежен камен и покривни ќерамиди, а спорадично се среќаваат и фрагменти од керамички садови. (Ж.В.)

10. ВАКАВ

Боцеви Бресја, населба од римското време. Се нао­ѓа на околу 600 м западно од селото. При копањето на канал за наводнување биле откриени многу­број­ни керамички наоди од населба. (З.Н.)

11. ВАКСИНЦЕ

Горубинце Црква, населба од римското време. Во реонот на селото се среќаваат остатоци од граде­жен материјал од населба. (З.Н.)

12. ВИНЦЕ

Дренче, населба од доцноантичкото време. Во бло­кот на ЗИК „Куманово“, на 100 м од левиот брег на Пчиња има големо количество на тегули, фраг­мен­ти од имбрекси и питоси, распослани на површина од половина хектар. (З.Н.)

Јазбина, населба од доцноантичкото време. Во ни­ва­та на С. Трајковски има градежен материјал, фраг­менти од градежна керамика, а биле ископани и пи­тоси. Пред влезот во селото се констатирани теме­ли од објекти. (З.Н.)

Кале ‡ Врбица, средновековна тврдина. На околу 5 км југоисточно од селото, на границата со селото Сушица (Скопско) се гледаат остатоци од ѕидови на твр­ди­на. (З.Н.)

Леска, средновековна населба. На околу 1 км севе­роисточно од селото, во реонот на многубројни из­во­ри е констатирана мала средновековна населба потврдена со керамика, хидроинсталации и печки за вар. (З.Н.)

Црквиште, викус од доцноантичкото време и сред­но­вековна црква. Се наоѓа западно од селото, на око­лу 1 км југоисточно од левиот брег на Пчиња и лево од патот за Студена Бара. Конста­тирани се ос­татоци од темели на црква и керамички материјал распослан на простор од околу 3 хектара. Можеби се работи за средновековна населба со црква по­диг­на­та врз доцноантички викус. (З.Н.)

13. ВИШТИЦА

Резина, средновековна населба. На западната пери­ферија од селото, во нивата на Јакуб Шабани и во другите ниви, што сите заедно зафаќаат површина

од 150 џ 100 м, се забеле­жуваат фрагменти од кера­мички садови, питоси и градежен материјал. (Ж.В.)

Црква, средновековна црква. На 1 км северно од селото има остатоци од помала црквичка од која се зачувани долните партии од ѕидовите, на кои се гле­да­ат траги од фрескоживопис. Делови од архи­тек­тонска декоративна пластика од црквата се вгра­де­ни во горната чешма. (Ж.В.)

14. ВОЈНИК

Гробишта (Гробље), тумул од железното време и среднове­ковна некропола. На околу 500 м јужно од селото се наоѓаат денешните гробишта, лоцирани на зарамнета тераса што се издига над коритото на реката Пчиња, од левата страна. Во 1964/65 година мештаните, правејќи простор за трпеза, потребна за погребните обичаи, уништиле тумул што бил по­диг­нат на работ на терасата. Поточно, отстранет е насипот повеќе од половина и зарамнет е до нивото на теренот. Со овие работи, според иска­зите на учес­­­ниците, веднаш под површината биле униш­те­ни гробови со инхумирани покојници, ди­ректно за­ко­пани и без гробни конструкции, а во основата на централниот дел нашле керамичко сат­­че (урна) и украсни предмети од бронза (цев­чи­ња од ѓердан и повеќе висулци во облик на двоен лабрис). Во 1966 година Музејот од Куманово извр­шил заштитно ис­ко­пување на преостанатиот дел од тумулот што овоз­можило да се одредат не­го­вите приближни ди­мен­­зии (пречник од околу 15 м и висо­чина од 2 м), а ис­товремено и да се откријат десе­тина гроба со инхумирани покојници, директ­но закопани во на­си­пот на тумулот, со ориентација запад-исток, без гроб­­­ни прилози. Од неколкуте фрагменти од ке­ра­мички садови најдени во насипот е констатирано де­­ка се работи за гробови од времето на доцното сре­дновековие. Нао­дите се чуваат во Народниот му­­зеј во Куманово.

Гарашанин М., Санев В., Симоска Д., Китаноски Б., 1971, 59. (В.С.)

Петриково, населба и некропола од римското вре­ме. Лежи на 500 м северно од селото, во реонот на Макрешки мост на реката Петрошница. Најдени се две надгробни стели од кои едната со латински (ИИ в.), а другата со грчки натпис.

Вули¢ Н., Сп. ЏЦВИИИ, 96 бр. 210; Соколовска В., 1966, 104-105; Микулчиќ И., ТИР, 133. (З.Н.)

15. ГАБРЕШ

Тумба, населба од римското време. На левата стра­на од патот што води од Скачковце за Габреш, на 1 км северно од селото се среќаваат остатоци од гра­дежен материјал. (З.Н.)

16. ГОРНО КОЈНАРЕ

Градиште, утврдена населба од железното и рано­ан­тичкото време.

Георгиев З., Скопје 1990/91, 97-99. (Д.Г.)

Куп, населба од римското време. На околу 500 м источно од селото се забележува големо количес­тво градежен материјал и фрагменти од кера­мички предмети. (З.Н.)

Мала Корија ‡ Копитњак, населба од предрим­ското и римското време. Во близината на патот за Ку­маново и северно од патот за селото Четирце има поголем комплекс на кој се гледаат градежен материјал и многубројни фрагменти од керамички садови со различна временска и културна припад­ност. (З.Н.)

Речица, населба и некропола од римското време. Во дворот на ЗИК „Куманово“ и на запад од него, во просторот што се протега сè до патот Куманово ‑Табановце се констатирани гробови и многуброен градежен материјал. (З.Н.)

17. ГОШИНЦЕ

Луксаре, сакрален објект од средниот век. Во рео­нот на селото се констатирани остатоци од сакра­лен објект. Според преданието кај мештаните, овде имало манастир. (З.Н.)

18. ГРАДИШТЕ

Градишки В’р, енеолитска населба и утврдено гра­диште од доцноантичкото време. Се наоѓа на 1,5 км јужно од селото, десно од патот Куманово-Св. Ни­коле, на висок рид со елипсовидно зарамнето пла­то, кој во извесна смисла претставува меѓа по­ме­ѓу Жегливо и Овче Поле. Во археолошката ли­те­ратура е познат под името Градиште, а кај меш­та­ните уште и како Трница. По рабовите на пла­то­то се гледаат остатоци од одбранбен бедем широк од 1,80 до 2,50 м, наместа зачуван во висина повеќе од 0,50 м. Највисоката позиција на платото (акро­по­лот) е издвоена со темели од два ѕида. По пов­р­ши­­ната, која зафаќа простор од околу 6 хектара, се среќаваат фрагменти од керамички садови, пито­си и расфрлен градежен материјал. Во 1988 година од страна на војската се копани ровови при што биле оштетени темели од повеќе објекти, а истовремено бил исфрлен многуброен археолошки матери­­јал. Од по­дла­боките слоеви потекнува енео­литска ке­рамика со типолошки сличности со кера­миката од култур­ната група Бубањ-Салкуца-Кри­водол. Ке­ра­­ми­ката од погорните слоеви има белези типични за ИИИ-ИВ век. Со оглед на стратегиската позиција на ло­ка­ли­тетот и на неговата големина, Б. Ѓеорѓиев­

иев­ски претпоставува дека можеби се работи за град­ска­та населба Анаусаро, оддалечена ЏИИ милји од Акве од­носно ЏЏЏВ милји од Стоби, што се нао­ѓа­ла на патот Скупи-Стоби, според Табула Појтинге­ри­јана. Градиш­тето зафаќа простор од око­лу 6 хек­тара.

Микулчиќ И., 1971а, 470; Б. Ѓеорѓиевски, 1991, 211-219. (Б.Ѓ., Л.Т.)

Лиска, населба од римското време. На 2 км северно од селото, до патот Куманово-Св.Николе се среќа­ваат фрагменти од керамика и водоводни цевки. (З.Н.)

Св. Ѓорѓи, старохристијанска црква. На 1 км јужно од селото, во непосредната близина на среднове­ков­ниот манастир се среќава поголем број дело­ви од обработени блокови, столпчиња од олтарна преграда, бази од столбови, постаменти и друго, кои му припаѓаат на постар сакрален објект ‡ ба­зи­лика. (В.Л.)

Трнци, населба од римското време. На околу 1,5 км јужно од селото, на зарамнетото плато до манас­тирот Св. Ѓорѓи се наоѓаат фрагменти од имбрекси, тегули и населбинска керамика. (З.Н.)

Ќерамидница, средновековна населба. На левата страна од патот Куманово-Св. Николе, на околу 3 км северозападно од селото, по нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови и грамади од гра­де­жен материјал. (Ж.В.)

Чукаре, некропола од римското време. На источ­­ната периферија на селото се откриени гробови од типот циста од помала некропола. (З.Н.)

19. ДЕЈЛОВЦЕ

Лозја, осамен наод од доцноантичкото време. На јужниот раб на селото, лево од патот за Бајловце, во нивата на Ј. Спасовски бил откопан питос. (Ж.В.)

20. ДЛАБОЧИЦА

Длабочица, средновековна населба. На 3 км источ­но од селото, од двете страни на долот Свињарник, по површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови и грамади од градежен мате­ријал. (Ж.В.)

21. Д’ЛГА

Огражди, населба од неолитското време. На источ­ната периферија на селото, десно од патот за се­ло­то Колицко се констатирани фрагменти од насел­бин­ска керамика. (З.Н.)

22. ДОБРАЧА

Горно Селиште, средновековна населба. На 2 км источно од селото, во нивата на Н. Денковски и во соседните ниви се среќаваат фрагменти од кера­мич­ки садови и градежен материјал. (Ж.В.)

23. ДОБРОШАНЕ

Аниште, населба (викус) од доцноантичкото време. Во нивата на Ц. Славко, што лежи на околу 1 км североисточно од селото, се откриени фрагменти од градежна керамика и питоси. (З.Н.)

Дервен, населба од римското време. Се наоѓа на 500 м северозападно од селото, лево од патот за Би­љановце. Во нивата на Б. Додевски, како и во со­седните ниви се констатирани темели од објекти и фрагментиран керамички материјал. (З.Н.)

Краста, сакрален објект (митреум) од доцноантич­кото време.

Коки¢ М., 1932, 2. (Д.Г.)

Момина Бавча, утврдена населба од доцноан­тич­кото време. Се наоѓа на 3 км јужно од селото и на 8 км југоисточно од Куманово, десно од патот за Св. Николе. Лежи на тесен и зарамнет срт со правец на протегање северозапад-југоисток. Источната стра­на речиси вертикално му паѓа во коритото на ре­ка­та Пчиња. На јужната и на западната страна те­ре­нот се спушта и се надоврзува на длабока поројна бразда. Пристапот до локалитетот е можен единс­тве­но од север, преку високиот рид Орловец, одде­лен со природно седло. Врвот на сртот е плато со фор­ма на неправилен триаголник, со нерамна кон­фи­гурација. Според остатоците од архитекту­рата и површинските наоди може да се разграничи на ак­ро­пол, населбински дел и предградие. Акро­полот ги зафаќа највисоките позиции на ридот и неговата југоисточна падина и е ограден со маси­вен бедем. Од населбата е одделен со исто таков бедем на кој е фланкирана полукружна кула. На­сел­бата се прос­ти­ра на сртот во должина од 210 м и приближна ши­­рина од околу 70 м. На челната страна има ши­рок одбранбен ѕид кој под агол од 90о се крши и про­­дол­жу­ва како западен ѕид следејќи ја изохип­сата на те­ре­нот. Западниот и источниот ѕид се на стрм­на карпа, од која со ерозивните влијанија ве­ро­јат­но се лиз­на­ле надолу. Кај бочните ѕидови се за­бе­­ле­жуваат ос­та­тоци од контрафори. Пред челниот ѕид на на­сел­бата, на понизок терен има мало под­градие, на­мес­та широко до 40 м, зашти­тено со ѕид кој со краиш­та­та е врзан за бедемот од населбата. Поради пози­ци­јата на теренот, пред сè поради не­го­вата вовле­ченост во клисурата на Пчиња, се добива впечаток дека утврдувањето имало функција на рефу­ги­ум. Меѓутоа, ако се има предвид неговата го­лемина од околу 4 хектара, грижливо градената

архитек­тура, како и организа­цијата на просторот, не се исклу­чува можноста да се работи за некоја по­мала не­поз­ната градска населба од доцно­ан­тич­ко­то време. (Б.Ѓ., Л.Т.)

Орловац, фортификација од доцноантичкото вре­ме. На 3 км југоисточно од селото, високо над дес­ни­от брег на реката Пчиња се забележуваат оста­то­ци од утврдување. На истиот простор села­ните на­оѓале питоси. (З.Н.)

24. ДОВЕЗЕНЦЕ

Стара Црква, праисториска населба, доцноантичко утврдување и црква со некропола од средниот век. Се наоѓа на 17 км источно од Куманово, на висока тераса над левиот брег на Крива Река, издолжена во правец запад-исток. Пристапна е од јужната страна преку седлото што ја поврзува со нејзиниот матичен рид Јеленац. Приближно на средината, на најви­соките позиции на теренот има урнатини од еднокорабна црква со мали димензии, позната под името Св. Ѓорѓи. Околу неа наместа се рас­поз­на­ва­ат масивни плочи и вертикално поставени камени блокови, што упатува на присуство на не­кро­­пола. Северно од црквата, по работ на пла­тото се гледаат остатоци од одбранбен ѕид ѕидан од камен и варов малтер, во доцноримска техника. На површината има сосема мал број археолошки остатоци, и тоа главно фраг­менти од градежна кера­мика. Од лока­литетот потекнуваат 3 латински нат­писи од кои еден пос­ветен на тракиското божество Збелтиурд, а најдени се и фрагмен­­­­ти од праисториски кера­мич­ки садови.

Станојеви¢ А., 1898, 130; Јосифовска Драгојевиќ Б., 1982, 168. (Б.Ѓ., Л.Т.)

25. ДОЛНО КОЈНАРЕ

Бело Брдо, населба од римското време. Во непос­редната близина на селото се констатирани темели од објекти и фрагменти од керамички садови од по­ма­ла населба. (З.Н.)

Долно Којнаре, депо на византиски монети. Среде селото, со земјоделските работи е откри­е­но депо со 2.185 бронзени монети од ЏИИ век. Монетите се чу­ва­ат во Музејот на Македонија во Скопје. (Б.А.)

Јуручки Гробишта, населба од римското време. Во дворот на Земјоделското училиште и во нивите на Исмет и Нургит Јаја на источната периферија од се­лото се констатирани остатаци од темели на об­јекти, фрагменти од тегули, питоси и еден фраг­мент од стебло на столб. Според кажувањето на сопс­твениците на нивите, била најдена златна мо­не­та. (З.Н.)

Мајоров Бунар, вила рустика од римското време. Се наоѓа на околу 4 км јужно од селото и 200 м јуж­­но од патот Куманово-Крива Паланка. Во нива­та на Б. Стефановски се констатирани остато­ци од темели и градежен материјал од поголем објект. (З.Н.)

26. ДРАГОМАНЦЕ

Гарвани Камен, средновековна некропола. На ле­виот брег на реката Пчиња, меѓу двете селски ма­ал­а, во нивата на С. Антиќ се откопани камени пло­чи од гробни конструкции. (Ж.В.)

Гладница, некропола од доцноантичкото време. Во селото, на левиот брег на Пчиња се гледаат гро­бо­ви издлабени во карпа. Селаните од сосед­но­то село Пузаљка, во 1970 година раскопале повеќе гробови, оштетени од порано. И во нивата на Киро Крс­тев­ски биле откриени гробни конструкции во кои се нај­дени скелетни погребувања и гробни прилози (прстени). Некрополата се врзува за лока­литетот Гладница во нивите на манастирот Прохор Пчин­ски каде се среќаваат фрагменти од кера­мич­ки са­до­­ви, архитектонска пластика и градежен мате­ри­јал. (З.Н.)

Селиште, населба од римското време. На 500 м се­вер­но од селото, во нивите на Т. и П. Антиќ се от­криени повеќе питоси, а има и други елементи што упатуваат на помала рурална населба со некропола. (З.Н.)

27. ДУМАНОВЦЕ

Градски Дол, населба од римското време. На 6 км ис­точно од селото, во нивата на семејството Буди­ловци има површински наоди од римското време. (З.Н.)

Манастир Св. Богородица, осамени наоди од рим­ско­то време. Во урнатините на црквата, оддалечена околу 1,2 км јужно од селото, е најдена надгробна стела со латински натпис од ИИ век посветен на М. Улпиус Тиментис.

Вули¢ Н., ЛЏЏВИИ, 44 бр. 31; Микулчиќ И., ТИР, 49. (З.Н.)

Селиште, викус од римското време. На 1 км источ­­но од селото се констатирани фрагменти од граде­жен керамички материјал што иницира постоење на населба. (З.Н.)

28. ЖИВИWЕ

Островица, осамени наоди од бронзеното вре­ме. Во блокот на задругата „Орашец“, оддале­чен 5 км се

се­ве­роисточно од селото, се најдени некол­­ку пи­то­си со праисториски карактеристики. (З.Н.)

Св. Петка, средновековна црква. На 500 м западно од селото се гледаат грамади од камен, покривни ќе­рамиди и друг градежен материјал. (Ж.В.)

29. ЗУБОВЦЕ

Гуштерица, населба од римското време. Се наоѓа на околу 1 км северозападно од селото, на левиот брег на реката Пчиња. Во нивата на Геро Јов­чев­ски се наоѓаат фрагменти од керамички садови, пи­то­си и темели од објекти. (З.Н.)

Смркови, објект од доцноантичкото време. На око­лу 1 км јужно од селото, во нивата на Божин Митев и во соседните ниви се забележуваат траги од те­ме­ли од објект и расфрлен градежен мате­ријал. (З.Н.)

30. ЈАЧИНЦЕ

Селиште, средновековна населба. На западниот раб на селото се среќаваат фрагменти од керамички са­до­ви, питоси и грамади од градежен материјал. (Ж.В.)

31. КАНАРЕВО

Голо Брдо, населба од железното и доцноантич­ко­то време. На околу 0,5 км северозападно од маа­ло­то Мацанци и на околу 1 км западно од ма­ало­то По­тевци, на десната страна на реката Петрош­ница се издига висок рид. Со исклучок на југоисточната страна, која е пристапна, другите три страни се мно­гу стрмни и опкружени со коритото на реката. На највисокиот дел на ридот има зарамнето плато во облик на неправилен триаголник, кое паѓа кон северозапад. По југоисточниот раб на пла­то­то се наоѓа висок насип, подигнат од земја и лока­лен ка­мен, широк во основата 20 м, а пред него пара­лел­но се протега длабоко ископан ров. По повр­шината на платото се среќаваат фрагменти од кер­амички са­дови од железното време ИИ, украсу­ва­ни со вре­жа­ни шрафирани триаголници, орнамент изведен со радла и сл. Има и фрагменти од кера­мич­ки садови работени на колце од доцноан­тичко­то време. Заед­но со нив за одбеле­жување се траги­те од многу­број­­ни објекти чии основи се распоз­наваат по тоа што носачите на дрвената конс­трукција биле поста­ву­вани во лежишта издлабени во карпата.

Ѓеорѓиевски Б, 1993, 51-68. (Б.Ѓ., Л.Т.)

Орљак, кастел од доцноантичкото време. На кар­пес­тиот рид висок 670 м, оддалечен од селото око­лу 1,5 км се гледаат остатоци од ѕидови на круж­­на фортификација, темели од објекти, издла­бе­­ни дуп­ки

дуп­ки во карпата (лежишта на потпирачи на покривна конструкција), како и голем број фраг­мен­ти од ке­ра­мички садови. (З.Н.)

32. КАРАБИЧАНЕ

Кулица, градиште од римското време. На северни­от раб на селото, на висок рид (538 м) со доми­нан­т­на положба се гледаат остатоци од одбранбен бе­дем, а по површината има фрагменти од кера­мич­ки садо­ви, питоси, тегули, имбрекси и градежен ма­те­ријал. Во подножјето на ридот тече потокот Лиска.

Соколовска В.,1966, 104; Микулчиќ И.,ТИР, 68. (Ж.В.)

Маслинке, средновековна црква. Во нивата на И. и С. Јовановиќ се гледаат грамади од градежен камен и фрагменти од покривни ќерамиди. По традиција местото се смета за сакрално. (Ж.В.)

Св. Троица, средновековна црква и некропола. На јужниот раб на селото, во нивата на Д. Томиќ се сре­ќаваат фрагменти од покривни ќерамиди, мно­жес­тво градежен материјал и големи камени плочи, што упатува на сакрален објект со некро­пола. (Ж.В.)

33. КЛЕЧОВЦЕ

Јачински пат, населба од римското време. На 200 м од селото, лево од патот за селото Јачинце, во ни­ви­те на Насе Петровски, Цане Радевски, како и во со­седните ниви, се забележува градежен матери­јал. Откриени се и питоси. (З.Н.)

Калиште, населба од железното време. На околу 2 км североисточно од селото, а на 12,5 км источно од Куманово се издига висок рид што доминира над полето Рамниште (на источната страна), како и над утоката на Крива Река во Пчиња. Има плато во об­лик на неправилен триаголник кое стрмно паѓа кон се­верозапад, со висинска разлика од 35 м, на источ­ната и југозападната страна заштитено со на­сип од

Калиште, с. Клечовце. ‡ Населба од железното време

земја. Археолошки наоди на платото на Калиште не­ма, меѓутоа во поројните бразди што до­пираат до подножјето на ридот се среќаваат фрагменти од ке­рамички садови, едни со орна­мен­ти изведени со радла, сите од железното време ИИ на Македонија.

Ѓеорѓиевски Б., 1993, 51-68. (Б.Ѓ., Л.Т.)

Клечовце, осамен наод од римското време. На кра­јот од ЏИЏ век во реонот на селото била от­криена мер­мерна ара (77 џ 38 џ 33 цм ), во горниот дел ош­те­тена и со латински натписи на предната и на двете бочни страни. Арата ја подигнал некогаш­ниот царски роб Аполонидес откако преминал на служба во пограничната станица Ламуд, со што го испол­нил дадениот завет од времето кога бил кон­тра­­скрип­тор во местото Визијанус, што веројат­но се наоѓало во атарот на ова село.

Вули¢ Н., Сп. ЏЏЏИЏ, 86; Јосифовска Драгојевиќ Б., 1986. (З.Н.)

Орловац ‡ Рамниште, тврдина од доцноантичкото време. Се наоѓа на 1,5 км западно од селото и на 10 км источно од Куманово, на северозападните пади­ни од ридот Орловац, кој се извишува околу 60 м над левиот брег на Пчиња. Локалитетот претста­вува „тумбар­ка“ на која се зачувани остатоци од од­бран­бен бедем граден од ситен камен. Бедемот зат­во­ра четвртеста основа. На секое ќоше има по една мала триаголна кула, а од надворешната стра­на на западниот ѕид остатоци од поголема четвр­теста кула ‡ набљудувачница. (Б.Ѓ., Л.Т.)

34. КОИНЦЕ

Селиште, средновековна населба. На западниот раб на селото, во непосредната близина на училиштето, во нивите на П. Стојчевски и Саре Илиевски се сре­ќа­ваат фрагменти од керамички садови, граде­жен ма­теријал и покривни ќерамиди. (Ж.В.)

Студено Кладенче, некропола од римското време. На 2 км северно од селото, во нивата на Стојче Крс­­тевски и во соседните ниви се наоѓани големи те­гули што упатуваат на можни остатоци од нек­ропола. (З.Н.)

35. КОЛИЦКО

Трпеза ‡ Ѕидини, населба со некропола од римско­то време. На западната периферија на селото, во ни­ва­та на Михаил Спасовски, како и во соседните ниви, на површина од околу 2 хектара се среќаваат фраг­мен­ти од керамички садови, тегули, плочи и темели од објекти. Во нивата на Војо Арсов е нај­дена пло­ча со римски натпис. Што се однесува до кон­фи­гу­рацијата на теренот, тоа е зарамнето пла­то кое на едната страна преминува во блага па­дина. (З.Н.)

36. КУМАНОВО

Бел Брег, некропола од железното време. На околу 7 км југоисточно од градот, од десната страна на па­тот за Кумановска Бања, во 1972 година, при ко­па­ње земја за градење гаража е откриен гроб во кој имало повеќе бронзени предмети и два фраг­мен­ти­ра­ни керамички сада. Наодите се чуваат во Музејот во Куманово. На ова место уште пред Втората свет­ска војна, при изградбата на патот биле најдени 30 разновидни предмети од бронза, веројатно од гро­бови.

Вули¢ Н., Сп. ЏЦВИИИ, 96-100 и 210-219; Гарашанин М., 1956, 29-41; Георгиев З., 1978, 70. (З.Н.)

Куманово, осамен наод од римското време. Пред Втората светска војна во зградата на општината Н. Вулиќ забележал фрагмент од вотивен релјеф од мермер на кој е претставен Тракиски коњаник.

Вули¢ Н., Сп. ЏЦВИИИ, 98, бр. 215. (З.Н.)

Куманово, осамен наод од римското време. Во ла­пи­дариумот на Музејот на Македонија во Скопје се чува ара со посвета на Јупитер Долихен, која могу по­рано ја забележал Еванс пред црквата Св. Ни­ко­ла во Куманово и сметал дека потекнува од селото Лопате. Ј. Хаџи-Васиљевиќ е на мислење дека била најдена во селото Опае.

Хаџи-Васиљеви¢ Ј., 1909; Вули¢ Н., Сп. ЏЦВИИИ, бр. 215; Јосифовска Драгојевиќ Б., 1982, 161. (З.Н.)

37. КУЧКАРЕВО

Гробишта, средновековна некропола. На јужниот раб на селото, крај селските гробишта се гледаат големи камени плочи од гробни конструкции. (Ж.В.)

38. К’ШАWЕ

Илинден, некропола од доцноантичкото време. На околу 2 км северно од селото се забележуваат ос­та­­тоци што упатуваат на претпоставка за посто­ење на некропола. (З.Н.)

39. ЛИПКОВО

Брана И, населба од доцноантичкото време. На из­ле­зот од селото кон Липковско Езеро, на едно ши­ро­ко плато е констатиран керамички материјал. (З.Н.)

Глаучица, населба од железното и раноантичкото време. Лежи на 1,5 км северозападно од селото, на јужниот крај на еден планински гребен што се издига над левиот брег на Липковска Река, денес акумулационо езеро „Липково“. На врвот има пла­то со неправилна триаголна основа, кое се спушта кон југозапад. Платото е одделено од другиот дел на гребенот со длабок напречен ров. Од внатреш­ната страна на ровот се издига импозантна могила висока 10 м и со пречник во основата од 20 м. Јуж­но и западно од могилата, по рабовите на платото има траги од насип подигнат од камен, кои се губат во пониските делови на теренот. Поради падот на пла­тото површинските слоеви се свлечени со еро­зи­­­­­јата, а со тоа и археолошките остатоци. Та­ка во ју­го­­­­западното подножје се најдени многу­број­ни фраг­менти од керамички садови со фак­тура, боја и ор­на­­менти типични за железното време. Има и фраг­мен­ти од сива керамика работена на колце, од ра­но­античкото време.

Ѓеорѓиевски Б., 1993, 51-68. (Б.Ѓ., Л.Т.)

Глаучица, с. Липково. ‡ Населба од железното време (Б.Ѓ.)

Кисела Вода, населба од хеленистичкото и римско­то време и средновековна некропола. На 2 км југо­за­­­­падно од селото, во непосредната близина на чеш­­мата, при реконструкцијата на патот се откри­ени неколку гроба во кои покојниците биле многу добро зачувани (мумифицирани), положени во из­длабени дрва. Еден покојник се чува во Музејот на Судска медицина во Скопје. На повр­ши­ната се за­бележуваат и фрагменти од керамички садови од постара античка населба чија фортифи­кација се наоѓа на врвот на ридот што се издига во непос­ред­ната близина. Од Кисела Вода потекну­ваат ара и една база со латински натпис посветен на Митра од страна на свештеникот Епикадус.

Микулчиќ И., 1963, 54; Керамидчиев А., 1972. (Ж.В., З.Н.)

40. ЛОЈАНЕ

Гури Крис, рудник од римското време (?). Во пре­де­­лот на Сува Гора, што се наоѓа на 2 км југоза­падно од селото, во близината на денешниот рудник има остатоци од стари рударски окна, можеби од рим­ското време. (З.Н.)

Лојане (среде село), некропола од доцноантичкото време. Во 1957 година во нивата на Бајрам Незири е откопан гроб во чија конструкција биле вградени два над­гробни споменика со латински натписи од семеен карактер.

Соколовска В., 1966, 102; Микулчиќ И., ТИР, 80. (В.Со.)

41. ЛОПАТЕ

Амам, населба од неолитското време. Во самото село, на просторот од стариот турски амам, кон десниот брег на Липковска Река се простираат тра­ги од нео­литска керамика. Со пробното сондажно иско­пу­­ва­ње во 1978 година од страна на Музејот на Македони­ја е констатирана еднослојна населба со културен слој од 1,5 м. Според типо­лошките карак­теристики на керамиката, која е претежно со моно­хромна темносива боја, како и според облици­те на култната пластика, се работи за населба од доцниот неолит, блиска на населбите од културната група Ангелци-Зелениково ИИ, односно винчанска­та кул­турна група во јужното Помора­вје, фазите Винча- Тордош И-ИИ. Наодите се чуваат во Музејот на Ма­ке­донија во Скопје.

Санев В., 1980, 27. (В.С.)

Амам, с. Лопате. ‡ Култна масичка од доцниот неолит

Дрезга, с. Лопате. ‡ Надгробна стела од ИИИ-ИВ век

Дрезга, населба и некропола од римското време. Се наоѓа на 1 км северозападно од селото, на голем простор од десната страна на патот за селото Ма­тејче. Лока­литетот е познат во археолошката ли­те­ра­тура од многу одамна. Имено, Н. Вулиќ обја­вил по­веќе камени споменици (капител, делови од нат­писи и ара посветена на Митра), М. Кокиќ об­ја­вил вотивен споменик посветен на Митра, со нат­пис во кој се споменува Станицата Ламуд, а и по­доц­на, со археолошките рекогносцирања за архео­лош­ката кар­­та, овде и во селото Лопате се реги­с­три­рани но­ви археолошки наоди и градежен мате­ри­јал. Со ис­тра­­­жувачката интервенција на Му­зејот на Маке­донија, во 1979 година се откриени 6 гроба со инху­ми­­рани покојници, од типот циста, во чии конс­трук­ции биле вградени надгробни стели од ИИ-ИВ век со латински натписи од приватен карак­тер. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје и во Народниот музеј во Куманово.

Коки¢ М., 1932, 1-9; Вули¢ Н., Сп. ЏЦВИИИ, 217, 218; Соколовска В., 1966, 100; Микулчиќ И., 1971а, 470; Ми­кул­чиќ И., ТИР, 80; Драго­јевиќ Јосифовска Б., 1982, бр. 221-226, 228; Пет­рова Е., 1987, 97-108; Петрова Е., 1990, 135-149. (Е.П.)

Лопате, некропола од римското време. Во самото село се најдени повеќе гробови од типот циста со раз­ни прилози и надгорбни стели со латински нат­пи­си. Една стела, што се наоѓа во куќата на В. Ма­­ли­новски, има латински натпис посветен на ли­бра­­риус што служел во ИВ Флавиева легија. Се ра­боти за некропола што му припаѓала на насе­ле­ние­то од ма­лата рурална населба од месноста При­бов­це, а мо­жеби и од полизмата на локали­тетот Дрез­га.

Вули¢ Н., Сп. ЛЏЏИ, 86, бр. 200; Сп. ЛЏЏВ, 47 бр. 155; Сп. ЛЏЏВИИ, 44 бр. 28-30 и Сп. ЏЦВИИИ, бр. 214-218. (З.Н.)

Прибовце, населба од бронзеното и доцноантич­ко­то време. Се наоѓа помеѓу селата Лопате и Бедиње, на простор од околу 800 м должина. На северната стра­­на е опкружен со коритото на Липковска Ре­ка, на јужната со питомите ридски височинки и же­лез­­­ничката пруга Скопје-Белград, а на остана­ти­те страни со последните селски куќи. По средината вр­ви патот што ги поврзува селата од падините на Скопска Црна Гора со Куманово. Во 1978 година, во текот на градежните работи од страна на фабри­ка­та за рабни цевки „11 Октомври“, се врше­ни заш­тит­ни ископувања во организација на Архео­лош­ки­от музеј од Скопје. Со оглед на големината на прос­то­рот и на условите за ископување, биле ис­тражени четири работни сектора, дислоцирани на места со поголема концентрација на археолош­киот мате­ри­јал. Во сите сектори се откриени остатоци од голе­ми објекти, со 10 до 15 простории различни по голе­ми­ната и организацијата, скудно зачувани во теме­лите, ѕидани со речен камен и кал и многу малку со варов малтер. Без оглед на тоа што габари­ти­те не им се утврдени, според начинот на ѕидањето, распо­ре­дот и големината на просториите и најде­ните ар­хео­­лошки предмети (фрагменти од кера­мички са­дови, железни орудија, накит и моне­ти), се ра­бо­ти за помала стопанска населба од ИВ век. Во Сек­то­рот ИИ, близу до коритото на реката, под доцно­ан­тичките темели се најдени многубројни кера­мички и други предмети од населба од сред­но­то и доцното бронзено време. Наодите се чуваат во Музе­јот на Македонија во Скопје.

Санев В., 1980, 34. (В.С.)

42. МАКРЕШ

Градиште, населба од енеолитското, железното и раноантичкото време.

Георгиев З., 1990-91, 91-101. (Д.Г.)

Петрково, некропола од римското време. Во непос­редната близина на Макрешки мост на реката Пе­т­рош­ница се откриени надгробен споменик со ла­тин­ски натпис и дел од голем надгробен споме­ник од бел мермер со грчки натпис. Првиот се чува во На­род­ниот музеј во Куманово, а вториот во ла­пи­да­ри­умот на Музејот на Македонија во Скопје.

Вули¢ Н., Сп. ЏЦВИИИ, бр. 210; Соколовска В., 1966, 99. (Б.Ј.)

Св. Јован, средновековна некропола. На североис­точ­ниот раб на селото, помеѓу патот и реката се откри­ени камени плочи од гробни конструкции ‡ тип циста. Камени плочи биле откриени и во 1942 година при изградбата на селскиот пат. (Ж.В.)

Црквиште, средновековна црква. На 500 м јужно од селото, на левиот брег на реката и јужно од патот Куманово-Крива Паланка се гледаат грамади од гра­дежен материјал. Во прилог на постоењето на црк­ва оди локалното народно предание, како и са­ми­от топоним на местото. (Ж.В.)

43. МАТЕЈЧЕ

Василево Градиште, средновековно градиште. Над селото, до патот за манастирот Матејче се гледаат грамади од градежен материјал од помала утврде­на населба. (Ж.В.)

Селиште, средновековна населба. Помеѓу селото и манастирот Матејче, по површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови и мно­жество градежен материјал. (Ж.В.)

44. МЛАДО НАГОРИЧАНЕ

Градиште, населба од железното време. На левиот брег на Пчиња, спроти локалитетот Бранчевица, јужно од селото Стрновац се издига височинка на која има многубројни фрагменти од керамички садови. (З.Н.)

Грамада, некропола од римското време. На околу 1 км источно од маалото Градиловци, во нивата на Бранко биле откриени гробови ‡ цисти, од големи камени плочи. Според кажувањето на селаните, на една плоча имало натпис. Некрополата влегува во ком­плексот на локалитетот Костоперска Карпа. (З.Н.)

Јумерово, вила рустика од римското време. Во бло­кот на ЗИК „Куманово“, што се наоѓа на 1 км југо­ис­точно од маалото Чукинци, има голем број ќе­ра­ми­ди, тегули и друг градежен материјал. Мо­жеби се работи за остатоци од поголем објект. (З.Н.)

Костоперска Карпа ‡ Жеглиговски Камен, повеќе­­слој­на населба. Се наоѓа на 9 км североисточно од Куманово, од левата страна на патот Куманово ‑Кри­­ва Паланка. Во археолошката литература е поз­­­нат уште како Св. Петка. Прет­ста­вува висок рид од базалтна карпа со необичен облик што до­ми­­нира над околниот терен. Во 1983 година со ма­ли заштитни ископувања се откриени и истраже­ни 6 гробни целости од првата половина на ИВ век пред н.е. Врз основа на овие податоци, а со цел да се при­­­­берат покомплетни стратиграфски пода­­то­­ци, во 1987 година се вршени нови ископувања. Резул­та­тите од севкупните работи покажале дека се ра­бо­ти за голема населба со широк хронолошки и кул­ту­рен континуитет. Најдолго населување е при­сутно на највисокиот дел на карпата ‡ акропо­­лот, од­носно платото кое на извесен начин било при­род­но заштитетно. Културните слоеви дос­­­­тиг­­­­­нуваат де­­­белина од преку 2 м. Најстарите оста­то­­­­ци по­тек­нуваат од енеолитското време. Нај­мно­губројни се фраг­ментите од керамички садови, квалитетно из­ра­ботени, а има и алатки од камен и коска. На јуж­ни­от крај на терасата се откриени делови од садови со фактура и орнаментика карактеристични за же­лез­ното време ИИ.

Сондирањата и деталната опсервација пока­жале дека на акрополот има керамички оста­тоци од ИВ-ИИИ век пред н.е., кои по орнаментиката и фор­мите претставуваат копии на хеленистичката кера­мика. Најмногубројни се остатоците од доцноан­­тич­­кото време (ИВ-ВИ век). Заедно со фрагментите од садо­ви и градежна керамика во централниот простор се откриени и остатоци на темели од об­јект со апсида (можеби базилика), како и остатоци од бедем. Околу овој објект се истра­жени 7 сред­но­вековни гроба. Кул­­тур­­­ната хроно­логија на Косто­перска Карпа завр­­шу­­­ва со времето на тур­ското вла­­­деење, претста­­вено преку фрагмен­ти од жолто и зелено глеѓосани керамички садови.

Керамички наоди од хеленистичкото, а осо­бе­но од доцноантичкото време се констатирани и на терасите во подножјето на Карпата, на простор од околу 9 хектара. Посебно археолошко откритие претставува подземниот објект издлабен во јуж­ни­от дел на Карпата. Се работи за објект со архитек­тонски ансамбл од една главна просторија со ис­пусти што потсетуваат на клупи, неколку ходни­ци и два резервоара, обезбеден со вертикални отвори за про­­­­­ветрување, кој според големиот број керамички наоди е датиран во В-ВИ век.

На 1 км западно од локалитетот е от­крие­на некропола од која се истражени повеќе гробови и според наодите, датирана меѓу ИВ и ВИ век.

Вули¢ Н., Сп. ЏЦВИИИ, 98-99; Микулчиќ И., 1986, 211-212; Микулчиќ И., ТИР, К-34; Ѓеорѓиевски Б., 1989, 57-58. (Б.Ѓ.)

На Брег, населба од неолитското време. Се наоѓа на 16 км од Куманово, пред мостот на реката Пчиња. Теренот претставува широка тераса што се издига на левата страна од коритото на реката, ко­ја со современиот асфалтен пат е поделена на две половини. Во 1986 година Музејот на Македо­нија од Скопје извршил сондажно ископу­вање при што се констатирани остатоци од двослојна населба од средниот неолит. Постариот слој го каракте­ризи­ра­ат монохромна сјајна керамика со црвена боја, сли­ка­на керамика со кафеава боја на црвена основа (пехари, амфори), садови со топчести обли­ци и чи­нии со импресо-орнаменти. Што се однесува до по­мла­диот слој, керамиката ги задржу­ва истите об­-ли­­ци и начин на украсување, со таа разлика што до­ми­нираат садовите со сива боја и биконусна про­фи-

Костоперска Карпа, с. Младо Нагоричане. ‡ Населба од енеолитското време до средниот век (РЗЗСК)

Костоперска Карпа , с. Младо Нагоричане. ‡ Поглед на населбата (РЗЗСК)

лација. Нему му припаѓаат и неколку фраг­мен­ти­ра­ни жртвеници од типот „масички“ со мал кружен или четвртест реципиент. Остатоците од архи­тек­ту­ра во двата слоја, односно хоризонта на живеење, се сосема мали. Резулта­тите од ова ис­тра­­жување го потврдуваат мислење­то за постое­ње на остатоци од поголема населба што хроно­лошки и културно се вклопува во анзабегово-вршнич­ката културна гру­па, и тоа во фазите ИИ-ИИИ. Наодите се чуваат во Му­зе­јот во Куманово.

Настева И., 1987, 44; Здравковски Д., 1988, 43-63. (И.Н.К.)

Поканци ‡ Селце, средновековна населба. Во не­пос­редната близина на селото Поканци се гледаат грамади од градежен камен, фрагменти од кера­мички садови, тегули и покривни ќерамиди. (Ж.В.)

Среѓеница, средновековна населба и некропола. На 3 км јужно од селото, северно од патот Кума­но­во ‑Крива Паланка, во реонот на Вујовска Карпа има остатоци од објекти. На површината се гледаат гра­мади од градежен материјал, како и големи ка­мени плочи од гробни конструкции. Биле откопани пове­ќе питоси од кои еден се чува во Народниот музеј во Куманово. (Ж.В.)

Ќурчиска Карпа, населба од праисториското време до средниот век. На околу 500 м јужно од патот Кума­ново-Крива Паланка, сметано од селските гро­биш­та, се издига импозантна базалтна карпа, со плато издолжено кон исток. На површината се сре­ќа­ваат многубројни фрагменти од керамички садо­ви со различна временска и културна провини­ен­ција, од праис­то­ријата до средниот век. Населбата влегува во комп­лексот на локалитетот Косто­пер­ска Карпа. (З.Н.)

Шантанов Камен, средновековна населба. Во нива­та на С. Младеновиќ, која лежи на десниот брег на Пчиња, оддалечена околу 1 км североисточно од селото, се среќаваат фрагменти од керамички садо­ви и градежен материјал. Најдени се питоси, рачна мелница и наводно сабја. (Ж.В.)

45. МУРГАШ

Витанова Башта, средновековна црква и некро­пола. Во долот, непосредно до селската црква се откриени темели и градежен материјал од помала црква и околу неа големи камени плочи од гробни конструкции. (Ж.В.)

Грамади ‡ Мургашки Лозја, населба од римското време. Се наоѓа на 1 км југоисточно од селото Кос­ма­­­тец и 1 км од селото Мургаш, на двете стра­ни на долот. На површината има фрагменти од кера­­­­мич­­­­­ки садови, питоси, тегули, имбрекси, а биле најдени и монети. (Р.П.)

Кула, градиште од римското време. На 1 км од се­ло­то, на висок доминантен рид со зарамнето плато се гледаат остатоци од фортификација. На повр­ши­на­та има фрагменти од керамички садови и мно­жест­во градежен материјал.

Микулчиќ И., ТИР, 89. (Р.П.)

46. НИКУЊАНЕ

Глава ‡ Извор, средновековна населба. Во дворот на Д. Цветанов, како и во околните бавчи, кои се во непосредната близина на чешмата, се среќаваат фрагменти од керамички садови. Според кажува­ње­­то на мештаните, биле наоѓани чанковидни мо­нети (ЏИИ-ЏИВ). (Р.П.)

Гумништа, средновековна населба. На околу 500 м северно од селото Веселинци, во нивата на М. Трај­ковиќ е откопан питос, а по површината се забе­л­е­жуваат фрагменти од керамички садови и питоси.­ (Р.П.)

Муртин Дол, средновековна некропола. На 700 м западно од селото, крај патот биле откриени пове­ќе гробови од камени плочи ‡ тип циста, во кои нема­ло прилози.

Микулчиќ И.,ТИР, 89. (Р.П.)

47. НИКУШТАК

Баре, средновековна населба. На 1 км северо­за­­пад­но од селото, преку ридот Липец, на неговите се­­ве­ро­западни падини се гледаат остатоци од на­­селба. (Р.П.)

Гувишта, населба од доцноантичкото време. На 500 м северозападно од селото, во нивите на Н. Садику и Н. Азис се среќаваат фрагменти од керамички са­до­ви, питоси, тегули и градежен материјал. (Р.П.)

Кодра Зулфи, населба од неолитското време. На 1 км источно од селото, на левиот брег на долот, во нивата на И. Хирџа се среќаваат фрагменти од ке­ра­мички садови, камени и кремени орудија. Нао­дите се чуваат во Музејот на Македонија во Скоп­је.

(Р.П.)

Путарница, населба од римското време. Во непос­редната близина на селото, помеѓу реките Путар­ница и Воденичарска, на една стрмна височинка се конста­тирани многубројни фрагменти од керамич­ки садо­ви, питоси и градежен материјал.

Грби¢ М., 1954, 118; Микулчиќ И., ТИР, 91. (Р.П.)

Црква, средновековна некропола. На 1,5 км северо­западно од селото, во нивата на И. Емир се откри­е­ни гробови градени од камени плочи. (Р.П.)

Чибук Чешма ‡ Аништа, населба од неолитското време. На 1 км југозападно од селото, во нивата на С. Муслим се среќаваат фрагменти од керамички са­дови, камени и кремени орудија. (Р.П.)

48. НОВОСЕЊАНЕ

Жути Камен ‡ Чилак, населба од римското време. На 1,5 км северно од селото, во нивите на Т. Се­ра­фи­мовски и Ж. Лазаревски, од двете страни на па­тот се среќаваат фрагменти од керамички садо­ви, питоси и градежен материјал. (Р.П.)

Цервак ‡ Црница, населба од доцноантичкото вре­ме. На 2 км јужно од селото, во нивите на ЗИК „Кле­човци“ се констатирани темели од објекти, а по површината се среќаваат фрагменти од кера­мички садови и градежен материјал. (Р.П.)

49. ОБЛАВЦЕ

Живуша, населба од средниот век. Во нивите што се наоѓаат на границата со селото Стрезовце, одда­лечени 3 км јужно од селото, има градежен камен, тули и ќерамиди карактеристични за средниот век. (З.Н.)

Селишта ‡ Самари, населба од доцноантичкото вре­­ме. На 3 км јужно од селото, на селската утрина се констатирани фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и имбрекси. (Р.П.)

Црепњарке, населба од доцноантичкото време. Во нивите на Ј. и Б. Крстевски, од десната страна на сел­скиот дом се среќаваат фрагменти од керамич­ки садови, питоси, тегули и имбрекси. (Р.П.)

50. ОПАЕ

Мало Опае, некропола од доцноантичкото време. Во училишниот двор и околу него се откриени по­веќе гробови со конструкција од тегули, тип „на две води“. (Р.П.)

Папушина, населба од римското време. Во непос­ред­ната близина на гробиштата, на околу 700 м се­ве­ро­за­падно од селото, според кажувањето на меш­тани­те, уште пред војната биле откривани мно­гу­бројни археолошки наоди, и тоа поден моза­ик, хи­по­кауст, како и керамички садови.

Соколовска В., 1966, 101. (Р.П.)

51. ОРАХ

Аниште, средновековна населба. На 250 м северо­западно од Кучиште, во Долно маало, во бавчата на П. Стефановски се среќаваат фрагменти од ке­ра­мич­ки садови и градежен материјал. (Р.П.)

Градиште, градиште од римското време. Западно од маалото Сулевац се издига висок рид со зарам­нето плато што има доминантна местоположба. На платото со површина од 300 џ 200 м се среќаваат ос­татоци од фортификација, фрагменти од кера­мич­ки садови, питоси и градежен материјал. Во сре­дишниот дел се констатирани ѕидови, веројатно од цистерна за вода. (Р.П.)

Грамади, населба од доцноантичкото време. На 1,5 км јужно од локалитетот Градиште, на површина од 500 џ 400 м се среќаваат фрагменти од керамич­ки садови, питоси и множество градежен материјал. Според кажувањето на мештаните, биле најдени и бронзени монети. (Р.П.)

Дрезга, населба од неолитското време. Во реонот на Долно маало, десно од патот Куманово-Крива Паланка, на блага падина, во нивите на Т. Томов­ски и др. се среќаваат фрагменти од керамички са­до­ви, камени и кремени орудија. (Р.П.)

Рајници, населба од доцноантичкото време. На 250 м јужно од локалитетот Грамади се среќаваат фраг­­менти од керамички садови, питоси и граде­жен ма­теријал. (Р.П.)

Стубол, населба од раноантичкото и хеленистичко­то време. На 200 м југозападно од локалитетот Дрез­­га, на падините на една голема височинка се среќа­ваат фрагменти од керамички садови со груба и фина фактура, со сива боја. Остатоците од фор­ти­­фи­ка­цијата се слабо видливи. (Р.П.)

52. ОРАШАЦ

Буљабашица, населба од римското време. На 3 км североисточно од селото, во подножјето на брдото Калиште има грамади од градежен камен, имбрек­си и тегули.

Микулчиќ И., ТИР, 94. (Р.П.)

Вучева Варница, некропола од доцноантичкото вре­ме. Во бавчата на В. Митричевски, крај патот за селото Орашац се откриени гробови со камена кон­с­трукција, а по површината на нивите има фраг­­­­­­­­­­менти од керамички садови. (Р.П.)

Гробишта, некропола од римското време. На 1 км југозападно од селото, на зарамнетото плато над црквените ниви се наоѓаат тегули и имбрекси. Спо­ред кажувањето на селаните, овде биле откриени гробови. (Р.П.)

Јеѓупка, населба од доцноантичкото време. Од ле­вата страна на патот за селото Скачковце се от­кри­ени обработени блокови од камен, столб, тегу­ли и многу фрагменти од керамички садови. (Р.П.)

Калиште, градиште од римското време. На 1,5 км источно од селото, високо во карпите, на мало зарамнето плато се констатирани остатоци од фор­ти­фикација, а по површината се среќаваат грамади од кршен камен и тегули.

Микулчиќ И., 1971а, 470; Микулчиќ И., ТИР, 94. (Р.П.)

Коњарник, населба од железното време. На 2,5 км западно од селото и 500 м источно од левиот брег на Пчиња, во нивата на Б. Дедеристов се среќаваат фрагменти од керамички садови со груба фактура.

(Р.П.)

Селиште, населба од римското време. На јужната периферија на селото, во нивата на Ј. Макрешан­ски се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. (Р.П.)

Црквиште, средновековен сакрален објект. На ле­ви­от брег на Пчиња, до патот за селото Орашац се наоѓа црква од поново време. На ова место се кон­ста­тирани остатоци од постар сакрален објект. По површината има грамади од кршен камен и по­крив­ни ќерамиди. (Р.П.)

Чајково ‡ Дрезга, населба од римското време. На 2 км јужно од селото, по површините на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. (Р.П.)

53. ОРИЗАРЕ

Беловина, некропола од римското време. Во реонот на селото, според кажувањето на С. Алити, се от­крие­ни гробови со камена конструкција ‡ тип цис­та. (Р.П.)

54. ОТЊА

Отљански Врби, осамен наод од римското време. На 5 км источно од селото, при изградбата на ка­налот за наводнување е откриен споменик со прет­става на коњаник и со латински натпис. Локали­тетот е во близина на локалитетот Дрезга што лежи во атарот на селото Лопате.(Р.П.)

55. ПЕЗОВО

Вукосија, населба од бронзеното, раножелезното, хеленистичкото и доцноантичкото време. Се наоѓа на 1 км јужно од селото, на периферијата на Кумановско Поле, близу до седлото што го дели од Овче Поле, а на околу 2 км југозападно од со­вре­ме­ниот пат Куманово-Св. Николе. Претста­ву­ва им­по­зантен конусен рид, со коси страни и зарам­нет врв од кој се простира извонреден поглед кон окол­ниот терен. Северозападно од него има помал рид (понизок за 45-50 м) со кој е поврзан преку из­дол­же­но седло. На платото на Вукосија, кое не се об­ра­ботува, се забележуваат остатоци на темели од по­веќе правоаголни простории, ѕидани од необ­ра­ботен камен, и фрагменти од градежна керамика. Најголем број површински наоди ‡ фрагменти од праисториски керамички садови се забележуваат во подножјето на ридот и најве­ројатно биле свлече­ни со ерозијата. Според фактура­та и орнамен­тика­та, едни се од бронзеното, а други од раножелез­но­то време. Интересно е тоа што се среќаваат и фра­г­­­­мен­ти од сива керамика работена на колце која е од типот на локалната керамика од ранохеле­нис­тич­кото време (В-ИВ век).

Ѓеорѓиевски Б., 1993, 51-68. (Б.Ѓ., Л.Т.)

56. ПЕЛИНЦЕ

Борова Чука, средновековна некропола. На 4 км западно од селото мештаните откриле повеќе гро­бови градени од камени плочи ‡ тип циста. (Р.П.)

Градиште, населба од бронзеното, железното и ра­ноантичкото време. Се наоѓа на 18 км северо­ис­точ­но од Куманово, на десната страна од патот што во­ди за врањанската област, во близината на уто­ката на Бистрица во Пчиња. Претставува висок рид со го­лемо зарамнето плато и е едно од пос­ледните рас­­клоненија на планината Козјак. Пла­то­то има не­пра­­вилна трапезоидна форма, со ди­мен­зии од 170 џ 115 м. Природно е заштитено со стрмни, тешко при­с­тапни страни со исклучок на источната која е седлесто вдлабена и поврзана со планинс­киот ма­сив. По рабовите на платото се наоѓа­ат остатоци од широк насип подигнат од камен и земја. Со извр­ше­ните сондажни ископувања во 1989/90 година од стра­на на Народ­ниот музеј од Кума­ново се конс­та­ти­рани траги од повеќеслојна на­селба. Најста­риот слој, односно населба, според одликите на ке­ра­ми­ката е од ранобронзеното вре­ме, а вториот, заед­но со насипот е од желез­ното време, и тоа од нај­­­ра­ни­те фази сè до ВИ век пред н.е. Пос­ледниот слој, на кој му припаѓа скромен фонд керамички на­оди, е од В-ИВ век пред н.е, кога прак­тично и завр­шил живо­тот на оваа населба. На локалитетот Гра­диште му припаѓа и секторот наре­чен Две Могили што се нао­ѓа се­верозападно на околу 400 м, на еден по­ни­зок гре­бен. Со истражу­вањата вршени во 1989, 1990 и 1994 година се нај­дени необични остатоци од ра­но­­бронзеното време. Според истражувачите, а врз основа на наодите и нивниот распоред, се смета де­ка е откриен објект без цврста архитектонска кон­струкција, со функ­ција на светилиште, во кое по извршувањето на обредите биле оставани групи од ке­рамички садови. Во средишниот дел на објектот има клада од камен и кал поставена врз карпестата подлога, прекриена со остатоци од горење, згура, ситни животински коски и фрагменти од садови. Меѓу зачуваните садови има повеќе облици (бока­ли, чашки, пехари, чинии и друго), со добра факту­ра, на кои се забележуваат врежани орнаменти, тра­ги од бела инкрустација, кои ги содржат основ­ни­те ка­рак­те­ристики на керамиката од раното брон­зено вре­ме. Најдени се неколку керамички алат­ки, тего­ви, ка­ме­на секира и една женска ста­ту­етка од бе­лут­­рак. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Ку­маново.

Соколовска В., 1966, 104; Георгиев З., 1990/91, 91 ‑101; Ѓеорѓиевски Б., 1993, 51-68; Петрова Е., 1996. (Б.Ѓ., Л.Т.)

Градиште, с. Пелинце. ‡ Керамички садови од бронзеното време

Ковачевец, населба од железното време. Во ре­онот на Ѓаково маало, во нивите на В. Антевски и Д. Си­мо­новски се среќаваат фрагменти од кера­мич­ки садови со груба фактура. (Р.П.)

Нишинци, населба од неолитското време (?). На око­лу 2 км западно од селото, во нивите на Душан и Вла­до Ѓеорѓиевски, што лежат на десниот брег на ре­ка­та Пчиња, има фрагменти од праисториски ке­ра­мич­ки садови. (З.Н.)

Св. Арангел, средновековен сакрален објект. За­пад­­­­­­но од асфалтниот пат што води за манастирот Прохор Пчински се гледаат грамади од градежен материјал и остатоци од објект ‡ мала еднокорабна црква. (Р.П.)

Св. Никола, средновековен сакрален објект. На 500 м северно од селото, лево од асфалтниот пат за манастирот Прохор Пчински се гледаат грамади од градежен материјал. (Р.П.)

57. ПРОЕВЦЕ

Бања, средновековна населба. Во непосредната бли­­­зина на бањата, под селските гробишта се сре­ќа­ва­ат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. (Р.П.)

Сред село, средновековна населба и некропола. Во средишниот дел на селото, на мала височинка се среќаваат фрагменти од керамички садови и граде­жен материјал, како и големи камени плочи од гробни конструкции. (Р.П.)

58. ПУЗАЊКА

Бели Брег, населба од доцноантичкото време. На 500 м северно од селото, во нивата на Н. Мла­ден­ски се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. (Р.П.)

Лашац, населба од римското време. На 500 м за­падно од селото, во нивите на Т. Антовски, К. и П. Ми­­­шевски се среќаваат фрагменти од керамички са­дови, питоси и градежен материјал. (Р.П.)

Стари Крст, средновековен сакрален објект. На 600 м западно од селото се гледаат грамади од граде­жен камен и голем крст од камен. (Р.П.)

59. ПЧИWА

Белуш, населба од римското време. На 1 км југоза­падно од селото, од левата страна на патот Долга-Нова Корија се среќаваат фрагменти од кера­мички садови, тегули, како и градежен материјал. Откри­ена е и една монета од Хадријан. (Р.П.)

Градиште, градиште од доцноантичкото време. На 2,5 км северно од селото, на висок рид со зарамнето плато, кое зафаќа површина од 250 џ 100 м, се гле­да­ат остатоци од фортификација. На југоисточ­ниот дел на тврдината е зачуван ѕид од бедемот кој има дебелина од 1,70 м, граден од кршен камен и варов малтер. Во внатрешноста на тврдината се гледаат ѕи­дови од повеќе објекти, а се среќаваат и фраг­мен­­ти од керамички садови, питоси и мно­жество гра­­дежен материјал.

Грби¢ М., 1954, 124; Микулчиќ И., 1971а, 471; Микул­чиќ И., ТИР, 98. (Р.П.)

Манастир, средновековна утврдена населба и нек­ропола. На 3 км североисточно од селото, на висок рид со зарамнето плато се констатирани остатоци од помала утврдена населба со некропола. По повр­шината се среќаваат фрагменти од керамички садо­ви и множество градежен материјал.

Микулчиќ И., 1971а, 470; Микулчиќ И., ТИР, 98. (Р.П.)

Мијашки Рид, некропола од железното време. На околу 500 м северозападно од селото, лево од патот Куманово-Пчиња се издига блага височинка на која во нивата на Ратко Трендевски е откриен гроб ‡ циста, граден од делумно обработени камени пло­чи, ­поставен во правец североисток-југозапад, и во него се најдени нож и две копја од железо. Во 1988

Градиште, с. Пчиња. ‡ Населба од доцноантичкото време (З.Г)


година од страна на Народниот музеј во Куманово е извршено пробно ископување. Со сондата поста­вена близу до гробот бил откриен дел од темел на суво­ѕидица, граден од појадри камења, широк 0,85 м, чија функција не е дефинирана. Наодите се чу­ва­ат во Народниот музеј во Куманово. (Б.Ѓ., Л.Т.)

Св. Архангел, некропола од римското време. На ју­го­­источната периферија на селото, при изград­бата на училиштето се откриени гробови градени од те­гу­ли ‡ тип „на две води“. Дел од некрополата е униш­тен.

Микулчиќ И., 1971а, 470; Микулчиќ И., ТИР, 98. (Р.П.)

Селце, средновековно градиште. На 2 км се­ве­ро­источно од селото, на висок рид што има доми­нан­тна местоположба, постојат остатоци од средно­ве­ков­на тврдина. По површината се среќаваат фраг­мен­ти од керамички садови и множество градежен материјал. (Р.П.)

Славиште ‡ Гропче, средновековна населба и нек­ропола. На 3,5 км североисточно од селото, на десниот брег на Пчиња се откриени повеќе гробо­ви градени од камени плочи, а по површината се сре­ќаваат фрагменти од керамички садови и мно­жес­тво градежен материјал, што упатува на постоење на помала населба. (Р.П.)

Стари Јаз, некропола од доцноантичкото време. На 1 км источно од селото, на десниот брег на Пчиња се откриени гробови градени од тегули ‡ тип „на две води“. (Р.П.)

Црквиште, населба од железното и римското вре­ме. На 500 м западно од селото, во нивите на П. Величков се констатирани фрагменти од керамич­ки садови и куќен лепеж.

Микулчиќ И., 1971а, 470. (Р.П.)

60. РЕЖАНОВЦЕ

Градина, утврдена населба од железното време. На 200 м од локалитетот Св. Јован, покрај патот за Ку­ма­ново, во нивата Висока Градина се среќаваат фраг­менти од керамички садови со груба фактура. Доминантната положба на локалитетот индицира постоење на утврдена населба. (Р.П.)

Сред село, населба од железното време. Во дворот на црквата, како и во центарот на селото, се сре­ќаваат фрагменти од керамички садови со груба фактура. (Р.П.)

61. РУЃИНЦЕ

Веља Страна, населба од железното време.

Георгиев З., 1992, 105-118. (Д.Г.)

Градиште, мала утврдена населба од доцноантич­кото време.

Микулчиќ И., 1971а, 470. (Д.Г.)

Големо Рамниште, средновековна населба. На гра­ни­цата на атарите меѓу селата Орах и Руѓинце, се­верно од патот Куманово-Крива Паланка се сре­ќа­ваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. (Р.П.)

Медведица, средновековна населба. На 1,5 км севе­ро­источно од селото, на левата страна од патот Ку­маново-Крива Паланка, во селската утрина се сре­ќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. По еден питос во своите дво­рови чуваат Ж. Димитровски и Г. Тасковски. (Р.П.)

62. СКАЧКОВЦЕ

Бела Вода, средновековна населба и некропола. Во реонот на манастирчето Св. Јован, што се наоѓа на 2,5 км северозападно од селото и 500 м јужно од патот Куманово-Св. Николе, има грамади од граде­­­жен материјал. Според кажувањето на селаните, биле от­кри­­ени повеќе гробови градени со камени плочи. (З.Н.)

Брекче, населба од железното време. На 1,5 км ис­точ­но од селото и на 500 м јужно од патот Кумано­во-Св. Николе, на благо издигнато плато, во нивата на Н. Петрански се среќаваат фрагменти од ке­ра­мич­ки садови со груба фактура. (Р.П.)

Варница, населба од римското време. На 1 км севе­розападно од селото, во нивата на Г. Деспотов се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. Според кажувањето на меш­та­ните, била најдена и мермерна плоча со нат­пис, која е загубена. (Р.П.)

Ѕидини, населба од римското време. На 1,5 км се­ве­ро­западно од селото, крај патот за Св. Николе, во нивата на С. Стојков се откриени темели од об­јек­ти, а по површината се среќаваат фрагменти од ке­ра­мички садови, питоси, тегули, имбрекси и друг градежен материјал. (Р.П.)

Ливада, населба од средниот век. На околу 2 км се­верозападно од селото, спроти локалитетот Ѕидини, на левиот брег на долот, во нивата на Б. Стојков се гледа културен слој со остатоци карактеристични за доцниот среден век.

(З.Н.)

Селиште, населба од железното време. На 500 м се­верно од селото, во нивата на Славко Бургански се среќаваат фрагменти од керамички садови со груба фактура. (Р.П.)

Ќерамидница, населба од римското време. На 500 м јужно од селото, во нивата на Н. Петрински се сре­ќа­ваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. (Р.П.)

63. СЛУПЧАНЕ

Кале, градиште од доцноантичкото време. На 1,5 км североисточно од селото, на висок рид со зарам­нето плато се гледаат остатоци од фортифика­ци­ја, а по површината се среќаваат фрагменти од ке­ра­мички садови, питоси и множество градежен ма­те­ријал.

Микулчиќ И., 1971а, 470; Микулчиќ И., ТИР, 117. (Р.П.)

Плачковица, населба од римското време. На 3 км источно од селото, на површина од околу 1 хектар се среќаваат фрагменти од керамички садови, пито­си и градежен материјал. При обработувањето на нивите биле откриени темели од повеќе објекти.

(Р.П.)

64. СОПОТ

Голем Кладенец ‡ Јуручки Гробишта, средновеко­вен сакрален објект и некропола. На 100 м источно од Горно маало се гледаат грамади од градежен материјал и камени плочи од конструкции на гро­бови. (Р.П.)

Заптиски Кладенец, населба од доцноантичкото време. На 500 м источно од селото Табановце, во ата­­­­­­рот на селото Сопот, во нивата на М. Стефанов­ска се среќаваат фрагменти од керамички садови, пито­си, тегули и друг градежен материјал. Откриен е и мермерен столб. (Р.П.)

65. СТАРО НАГОРИЧАНЕ

Бранчевица, населба од железното и римското вре­ме. На 2 км источно од селото, во близината на десниот брег на Пчиња, во нивите на Ц. Крс­тиќ и Т. Корка се среќаваат фрагменти од ке­ра­мички са­до­ви, питоси и градежен материјал. (Р.П.)

Манастир Св. Ѓорѓија, осамен наод од римското вре­ме. Покрај јужниот ѕид на манастирот, во 1966 годи­на, при изведувањето на конзерваторските ра­бо­ти е откриен каменен блок ‡ меѓник, оштетен во горни­от и долниот дел, со димензии од 96 џ 38 џ 16 цм. На блокот има латински натпис во кој се спо­ме­­нува „дарданската граница“. (Б.Ј.)

Плошка, средновековна некропола. Во реонот на маалото Попчевци, десно од патот за Старо Наго­ричане се среќаваат фрагменти од керамички садо­ви, а била најдена и белезица од стаклена паста. Спо­­ред кажувањето на мештаните, тука биле от­криени повеќе гробови градени од камени плочи. (Р.П.)

Под селото, населба од доцноантичкото време. Се­ве­ро­­­источно од селото, во селските ниви, помеѓу патот за селото и последните селски куќи се сре­ќа­ва­ат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. (Р.П.)

66. СТРЕЗОВЦЕ

Калиште, градиште од доцноантичкото време. На 2 км југозападно од селото, кај утоката на Крива Река во Пчиња, на висок рид со зарамнето плато се среќаваат остатоци од фортификација. По повр­ши­ната на градиштето има фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и градежен материјал.

Микулчиќ И., 1971а, 470; Микулчиќ И., ТИР, 121. (Р.П.)

67. СТРНОВАЦ

Смрковец, средновековна населба. На 1 км северо­ис­точно од селото, во нивите на И. Петрушев и Т. Арсовски се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. (Р.П.)

Чуки, населба од доцноантичкото време. На 2 км источно од селото, од левата страна на долот, во нивата на Ц. Шабанов има остатоци од градежен материјал. (З.Н.)

68. СТУДЕНА БАРА

Османов Дол, населба од доцноантичкото време. На 1,5 км северно од селото, во нивата на С. Ристов, на површина од 100 џ 100 м се среќаваат фраг­менти од керамички садови, питоси и граде­жен материјал. (Р.П.)

Св. Богородица, осамен наод од римското време. Во малиот параклис на црквата е вградена над­гроб­на стела со димензии од 205 џ 74 џ 22 цм, оштетена во горниот и долниот дел. Потеклото и времето кога е вградена не се познати. (З.Н.)

69. ТАБАНОВЦИ

Бежине, населба од римското време. На десниот брег на Табановачка Река, западно од Арсина Во­де­ница, на голема површина се среќаваат фраг­мен­ти од керамички садови, питоси и многу градежен материјал. (Р.П.)

Падалиште, населба од римското време. На 500 м од десната страна на патот Табановци-Куманово, во нивата на С. Христиќ се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.

Грби¢ М., 1954, 118. (Р.П.)

Црквиште Костурац, средновековна населба. На 1 км јужно од селото, лево од патот Табановци-Куманово и на 800 м од автопатот, во нивата на Д. Петрушевски, на површина од 1 хектар се среќа­ваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. (Р.П.)

Џабинка ‡ Аништа, средновековен објект. На 1 км северно од селото, во нивите источно од автопатот, на местото на урнатините на џамијата има и сред­но­вековен градежен материјал. (З.Н.)

70. ТРОМЕЃА

Голо Брдо, средновековна населба. На околу 2 км западно од селото, во нивите на Ј. Пантиќ и Њ. Јамчиќ се гледаат грамади од градежен камен и фрагменти од средновековна керамика. (З.Н.)

Гробишта, населба и некропола од средниот век. На падината што се наоѓа на 500 м југоисточно од селото, според кажувањето на мештаните, биле откриени темели и гробови. (З.Н.)

Црно Поле, праисториска населба. Во нивата на С. Мишиќ при обработувањето на земјата биле најде­ни питос и фрагменти од керамички садови со пра­ис­ториска фактура. (З.Н.)

71. УМИН ДОЛ

Ујаново Брдо, средновековна населба. На 1 км јужно од селото, во блокот на ЗЗ „Слога“, на рела­тивно голем простор се гледа расфрлен градежен материјал. (З.Н.)

72. ЧЕЛОПЕК

Добросељане, населба од римското време. Се наоѓа источно од селото, на десниот брег на реката Пчи­ња, во реонот на Драгомански мост. Во нивите на Д. Филиповски, Г. Стоевски и С. Цветановски, на по­вршина од околу 50 декари се среќаваат фраг­мен­ти од керамички садови и градежен материјал. Откриени се и повеќе питоси, водоводни цев­ки и монети. Според кажувањето на мештаните, била најдена оловна плоча тешка 20 кг. Во 1976 година, пред изград­бата на фаб­риката за чевли „ЧИК“, по­гон „Че­лопек“, се из­вр­шени заштитни археолошки ис­тра­жувања. Нао­дите се чуваат во Музејот на Ма­ке­донија во Скопје.

Соколовска В., 1966, 104; Микулчиќ И., ТИР, 35. (Р.П.)

Кула, праисториска населба, кастел со некропола од доцноантичкото време. Се наоѓа на околу 1 км северно од селото и на околу 15 км североисточно од Куманово. Лежи речиси на средината од еден долг гребен што почнува од врвот Чука и завршува во долината на реката Пчиња. Покрај источниот крај поминува патот што ги поврзува Куманов­ската и Врањанската област. Кула претставува дол­га тераса, со мошне стрмни и речиси непристапни страни, со исклучок на источната која косо паѓа до реката. На површината се распознаваат остатоци од теме­ли на бедем, а има и повеќе гробни кон­струк­­ции разоткриени од ерозијата. Неколку гро­бо­ви се преко­­па­ни од диви копачи. Според кон­струк­циите и позицијата на гробовите, сосема е си­гур­но дека некрополата е од доцноантичкото време (ИВ-ВИ век) и му припаѓала на населението од кас­те­лот. Приближно на средината од северниот раб на пла­тото се најдени и фрагменти од атипич­на пра­ис­ториска керамика. (Б.Ѓ., Л.Т.)

Пузалка, некропола од римското време. На 1 км ис­точ­­но од селото, на десниот брег на Пчиња, во про­филот се гледаат гробни конструкции од каме­ни плочи. Прилози не се најдени.

Микулчиќ И., ТИР, 35. (Р.П.)

Св. Богородица, средновековна некропола. На 2,5 км западно од селото, на самиот пат се откриени ске­летни гробови без конструкции и прилози, ве­ро­јатно средновековни. (З.Н.)

73. ЧЕРКЕЗЕ

Гробишта, средновековна населба. На периферија­та­ на селото кон Куманово, во реонот на стариот пат Куманово-Скопје, при изградбата на зградата на Сојузот на возачите биле откриени темели од објекти и питос. (З.Н.)

74. ЧЕТИРЦЕ

Матичански Згради, населба од железното и рим­ското време. На западната периферија на селото, во ниви­те на С. Деспотовиќ и С. Јакимовиќ се сре­ќа­­ваат фрагменти од керамички садови со груба фактура, питоси и градежен материјал. (Р.П.)

Селиште ‡ Четирски Рид, населба од римското вре­ме. Југозападно, во реонот на селските гро­биш­та има остатоци од градежен мате­ријал, осо­бено во ни­вите на В. Додиќ и П. Алексиќ. (З.Н.)

75. ШУПЛИ КАМЕН

Горно маало, населба од римското време. Во се­вер­­ниот крај на селото, во т.н. Горно маало се от­крие­ни градежен материјал и фрагменти од кера­мички садови. (З.Н.)

Црвен Рид, осамен објект од римското време. На 500 м северно од селото, во нивите на ЗИК „Ку­ма­но­во“ се среќаваат фрагменти од керамички са­до­ви, тегу­ли, имбрекси и друг градежен матери­јал, мо­­жеби од вила рустика. (Р.П.)

Џебеџиска Страна, населба од доцноантичкото вре­ме. На 1 км јужно од селото, во блокот на ЗИК „Куманово“ се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. (Р.П.)

Нема коментари:

Site Meter