Пребарај го блогов

среда, март 22, 2006

УСАИД: Бежичен Интернет за 50 општини

“..Донацијата опфаќа 50 комуникациски комплети за безжичен интернет, а Интернет конекцијата ќе ја обезбеди “Он Нет“. Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) ќе одреди на кои општини ќе им припадне донацијата. Приоритет ќе имаат руралните општини кои немаат можност за интернет пристап преку АДСЛ...“

Целта на донациата на Американската агенција за меѓународна помош е да се зголеми пристапот до интернет како и ефикасноста во општините. Тоа ќе им овозможи на канцелариите на локалните самоуправи полесно да одговорат на барањата на граѓаните и на стопанствениците.

1 коментар:

Photo Volan рече...

Па господин Градолначелнику растрчај се малку и реши го проблемот со Интернет конекцијата - срамота е да си една од ретките општини што нема бродбанд интернет.

Site Meter