Пребарај го блогов

вторник, март 14, 2006

Мала сторија за мојот татко

Оваа сторија за својот татко а мојот дедо Столе е пишувана деновиве од мојата мајка. (Мајками сега има 72 години)

Мојот Татко Стојан Тошиќ, роден е 1914 година во село Стао Нагоричино – Кумановско, како трето дете во фамилија. За негова несреќа многу рано останал сирак, без мајка, како мало бебе од неколку месеци.

Во тоа време немало храна ни прибор за бебиња, па негова стрина која немала деца а била вредна и хумана жена, го прифатила да го чува, го доела на овца, додека да го научи да го храни со печено брашно со лажичка.

После неколку години дедо ми се преженил и во втор брак му се родило уште едно машко дете. За несреќа втората мајка на татко ми била многу лоша, па ги малтретирала најдените деца. Дедо ми од проблеми и жал за негови сираци се разболел и умрел за кратко време.

Нивната мајка маќеа се премажила и трите машки деца останале сосема сами, без двата родитела.

Таа маќеа мајка на татко ми многу го тепала и не му давала леб да јаде и не му давала да спие во постелина. Па таткоми бил принуден да спие во јасле кај стока. Та на тој начин татко ми многу бил приврзан за стока. Татко ми така цел живот многу ја сакаше стока. Тој просто ја препознаваше нејзина потреба и особини и со добиток се однесувал како со човек. Многу убаво го чуваше добиток. Така се разликуваше негова стока од комшиска. Ги тимареше секое сабајле и им чистеше. Кога ке влезеше во шталата тој и се обраќаше со добро јутро, а на стоката по навика како да и беќе драго па се окренуваа да го видат и ќе замавнат со глава или со опашка како одговор на негово добро јутро.

Во тоа време било обичај да се чува по еден добар коњ за јавање. Имало некој обичај да се тркаат сватови на свадба. Некој од коњаници требало да однесе муштулук на свекрвина куќа и добивал подарок, чорапи или крпа (пешкир). Таткоми скоро секогаш успевал да стигне прв па на тој начин си обезбедувал чорапи инаку почесто одел бос.

Многу рано стекнал работна навика и бил многу послушен и омилем меѓу луѓето па така сите се однесувале хумано и добро према него.

Таткоми беше убав и многу воспитан. Имаше многу убави зелени очи со убав оквир и убави црни веѓи и црна коса. Не беше многу висок ама беше во голема кондиција и воља за работа. Беше много тактичар и принципиелен. Много рано се оженил па по негова среќа зел најубава мома, од убава и богата фамилија. Многу ја сакаше мајками и имаа многу сложен брак.

Таткоми имаше способност за добар организатор, за водење домаќинство. Покасно се покажувал како добар војсковоѓа, беше првоборац и ранет на Сремски фронт и имаше одликовање од Тито, орден за храброст.

Многу често беше истакнат како општествен работник, поготово за време селски заедници кои беа организирани 1947 год. Тој беше прв председател на задруга.

Како родител беше много хуман и близок со нас деца. Ни ги испунуваше наши желби, ама под еден услов прво да заслужимо, па често не наградуваше а и не казнуваше ако погрешимо или не извршимо задатак. Секоја вечер добивавме распоред за утрешниот ден, што треба да сработиме а друг ден после вечера дававме извештај за успешна или неуспешна задача. Тој тачно можеше да не процени дали го лажемо или вистина се оправдувамо за неуспех во задача.

Таткоми беше исто голем љубител на земјоделие. Со голем ентузијазам и мерак ги извршуваше пољопривредни работи. Точно знаеше кога и на која нива треба да се сее некоја садовина. Така си добиваше и голем приход. Имаше и вонреден приход од услуга на луѓе кои бева од далечни села од Куманово. Тој ги прифаќаше како на Ан, на спиење, а им наплатуваше и за храна па и нешто ако се напијат по некоја ракија. Така си го обезбедуваше семејство за еден солиден живот.

Много имаше способност да не препознае нас деца, кога ке имавме некој проблем и убаво можеше да ни се доближи и да не поучи како можемо најлесно да си го решимо проблем. Ние деца многу го почитувавме и го сакавме а тоа мислам дека беше мамина заслуга. Таа никогаш не ни рекла ништо лошо за таткоми. Ние никогаш немаме слушнато некои поголеми кавги во нивни заеднички живот.

Таткоми имаше обичај рано да станува на сабајле. Него секогаш сонце го огревало на нива а и сакаше навреме да ги добива сите три оброка, доручак во 9 ч., ручак во 12 ч., а вечера во 18 ч. А на крај ке речеше (после секој оброк) “..газда да полегне, храна да се слегне..“. Много брзо можеше да заспие. А лесно и да се пробуди ако треба.

1 коментар:

Анонимен рече...

Looking for information and found it at this great site... » »

Site Meter