СТАРО НАГОРИЧАНЕ
Бранчевица, населба од железното и римското време. На 2 км источно од селото, во близината на десниот брег на Пчиња, во нивите на Ц. Крстиќ и Т. Корка се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. (Р.П.)
Манастир Св. Ѓорѓија, осамен наод од римското време. Покрај јужниот ѕид на манастирот, во 1966 година, при изведувањето на конзерваторските работи е откриен каменен блок ‡ меѓник, оштетен во горниот и долниот дел, со димензии од 96 џ 38 џ 16 цм. На блокот има латински натпис во кој се споменува „дарданската граница“. (Б.Ј.)
Плошка, средновековна некропола. Во реонот на маалото Попчевци, десно од патот за Старо Нагоричане се среќаваат фрагменти од керамички садови, а била најдена и белезица од стаклена паста. Според кажувањето на мештаните, тука биле откриени повеќе гробови градени од камени плочи. (Р.П.)
Под селото, населба од доцноантичкото време. Североисточно од селото, во селските ниви, помеѓу патот за селото и последните селски куќи се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. (Р.П.)
АРБАНАШКО
Врбица, средновековна некропола. На 500 м од маалото Врбица, во нивата на С. Пешовски се констатирани камени плочи од гробни конструкции. (Ж.В.)
БАЈЛОВЦЕ
Блатец, средновековна населба и некропола. На левиот брег на суводолицата Стеванце, околу 1,5 км југозападно од селото, во нивите на Њ. и Д. Подарови спорадично се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. Присуството на големи камени плочи упатува на постоење на некропола. (Ж.В.)
Високо, средновековно градиште. На западната страна, високо над селото, на едно зарамнето елипсовидно плато се гледаат остатоци од заштитен бедем речиси по целата негова должина. Во градиштето исто така се гледаат и остатоци од темели на објекти, а има фрагменти од керамички садови и множество расфрлен градежен материјал. (Ж.В.)
Далјан Бозовиќ, средновековна некропола. На 2 км североисточно од селото, во реонот на истоименото маало, од левата страна на патот за Дејловце има остатоци од гробови градени од камени плочи ‡ тип циста. (Ж.В.)
Рамњанска Драка, средновековна населба. На 200 м северно од Рудничко маало, веднаш крај патот за селото Бајловце, во нивата на Д. Димков се гледаат остатоци од градежен камен, покривни ќерамиди и фрагменти од керамички садови и питоси. (Ж.В.)
ВОЈНИК
Гробишта (Гробље), тумул од железното време и средновековна некропола. На околу 500 м јужно од селото се наоѓаат денешните гробишта, лоцирани на зарамнета тераса што се издига над коритото на реката Пчиња, од левата страна. Во 1964/65 година мештаните, правејќи простор за трпеза, потребна за погребните обичаи, уништиле тумул што бил подигнат на работ на терасата. Поточно, отстранет е насипот повеќе од половина и зарамнет е до нивото на теренот. Со овие работи, според исказите на учесниците, веднаш под површината биле уништени гробови со инхумирани покојници, директно закопани и без гробни конструкции, а во основата на централниот дел нашле керамичко сатче (урна) и украсни предмети од бронза (цевчиња од ѓердан и повеќе висулци во облик на двоен лабрис). Во 1966 година Музејот од Куманово извршил заштитно ископување на преостанатиот дел од тумулот што овозможило да се одредат неговите приближни димензии (пречник од околу 15 м и височина од 2 м), а истовремено и да се откријат десетина гроба со инхумирани покојници, директно закопани во насипот на тумулот, со ориентација запад-исток, без гробни прилози. Од неколкуте фрагменти од керамички садови најдени во насипот е констатирано дека се работи за гробови од времето на доцното средновековие. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Куманово.
Гарашанин М., Санев В., Симоска Д., Китаноски Б., 1971, 59. (В.С.)
Петриково, населба и некропола од римското време. Лежи на 500 м северно од селото, во реонот на Макрешки мост на реката Петрошница. Најдени се две надгробни стели од кои едната со латински (ИИ в.), а другата со грчки натпис.
Вули¢ Н., Сп. ЏЦВИИИ, 96 бр. 210; Соколовска В., 1966, 104-105; Микулчиќ И., ТИР, 133. (З.Н.)
ДРАГОМАНЦЕ
Гарвани Камен, средновековна некропола. На левиот брег на реката Пчиња, меѓу двете селски маала, во нивата на С. Антиќ се откопани камени плочи од гробни конструкции. (Ж.В.)
Гладница, некропола од доцноантичкото време. Во селото, на левиот брег на Пчиња се гледаат гробови издлабени во карпа. Селаните од соседното село Пузаљка, во 1970 година раскопале повеќе гробови, оштетени од порано. И во нивата на Киро Крстевски биле откриени гробни конструкции во кои се најдени скелетни погребувања и гробни прилози (прстени). Некрополата се врзува за локалитетот Гладница во нивите на манастирот Прохор Пчински каде се среќаваат фрагменти од керамички садови, архитектонска пластика и градежен материјал. (З.Н.)
Селиште, населба од римското време. На 500 м северно од селото, во нивите на Т. и П. Антиќ се откриени повеќе питоси, а има и други елементи што упатуваат на помала рурална населба со некропола. (З.Н.)
КАРАБИЧАНЕ
Кулица, градиште од римското време. На северниот раб на селото, на висок рид (538 м) со доминантна положба се гледаат остатоци од одбранбен бедем, а по површината има фрагменти од керамички садови, питоси, тегули, имбрекси и градежен материјал. Во подножјето на ридот тече потокот Лиска.
Соколовска В.,1966, 104; Микулчиќ И.,ТИР, 68. (Ж.В.)
Маслинке, средновековна црква. Во нивата на И. и С. Јовановиќ се гледаат грамади од градежен камен и фрагменти од покривни ќерамиди. По традиција местото се смета за сакрално. (Ж.В.)
Св. Троица, средновековна црква и некропола. На јужниот раб на селото, во нивата на Д. Томиќ се среќаваат фрагменти од покривни ќерамиди, множество градежен материјал и големи камени плочи, што упатува на сакрален објект со некропола. (Ж.В.)
МЛАДО НАГОРИЧАНЕ
Градиште, населба од железното време. На левиот брег на Пчиња, спроти локалитетот Бранчевица, јужно од селото Стрновац се издига височинка на која има многубројни фрагменти од керамички садови. (З.Н.)
Грамада, некропола од римското време. На околу 1 км источно од маалото Градиловци, во нивата на Бранко биле откриени гробови ‡ цисти, од големи камени плочи. Според кажувањето на селаните, на една плоча имало натпис. Некрополата влегува во комплексот на локалитетот Костоперска Карпа. (З.Н.)
Јумерово, вила рустика од римското време. Во блокот на ЗИК „Куманово“, што се наоѓа на 1 км југоисточно од маалото Чукинци, има голем број ќерамиди, тегули и друг градежен материјал. Можеби се работи за остатоци од поголем објект. (З.Н.)
Костоперска Карпа ‡ Жеглиговски Камен, повеќеслојна населба. Се наоѓа на 9 км североисточно од Куманово, од левата страна на патот Куманово ‑Крива Паланка. Во археолошката литература е познат уште како Св. Петка. Претставува висок рид од базалтна карпа со необичен облик што доминира над околниот терен. Во 1983 година со мали заштитни ископувања се откриени и истражени 6 гробни целости од првата половина на ИВ век пред
н.е. Врз основа на овие податоци, а со цел да се приберат покомплетни стратиграфски податоци, во 1987 година се вршени нови ископувања. Резултатите од севкупните работи покажале дека се работи за голема населба со широк хронолошки и културен континуитет. Најдолго населување е присутно на највисокиот дел на карпата ‡ акрополот, односно платото кое на извесен начин било природно заштитетно. Културните слоеви достигнуваат дебелина од преку 2 м. Најстарите остатоци потекнуваат од енеолитското време. Најмногубројни се фрагментите од керамички садови, квалитетно изработени, а има и алатки од камен и коска. На јужниот крај на терасата се откриени делови од садови со фактура и орнаментика карактеристични за железното време ИИ.
Сондирањата и деталната опсервација покажале дека на акрополот има керамички остатоци од ИВ-ИИИ век пред н.е., кои по орнаментиката и формите претставуваат копии на хеленистичката керамика. Најмногубројни се остатоците од доцноантичкото време (ИВ-ВИ век). Заедно со фрагментите од садови и градежна керамика во централниот простор се откриени и остатоци на темели од објект со апсида (можеби базилика), како и остатоци од бедем. Околу овој објект се истражени 7 средновековни гроба. Културната хронологија на Костоперска Карпа завршува со времето на турското владеење, претставено преку фрагменти од жолто и зелено глеѓосани керамички садови.
Керамички наоди од хеленистичкото, а особено од доцноантичкото време се констатирани и
на терасите во подножјето на Карпата, на простор од околу 9 хектара. Посебно археолошко откритие претставува подземниот објект издлабен во јужниот дел на Карпата. Се работи за објект со архитектонски ансамбл од една главна просторија со испусти што потсетуваат на клупи, неколку ходници и два резервоара, обезбеден со вертикални отвори за проветрување, кој според големиот број керамички наоди е датиран во В-ВИ век.
На 1 км западно од локалитетот е откриена некропола од која се истражени повеќе гробови и според наодите, датирана меѓу ИВ и ВИ век.
Вули¢ Н., Сп. ЏЦВИИИ, 98-99; Микулчиќ И., 1986, 211-212; Микулчиќ И., ТИР, К-34; Ѓеорѓиевски Б., 1989, 57-58. (Б.Ѓ.)
На Брег, населба од неолитското време. Се наоѓа на 16 км од Куманово, пред мостот на реката Пчиња. Теренот претставува широка тераса што се издига на левата страна од коритото на реката, која со современиот асфалтен пат е поделена на две половини. Во 1986 година Музејот на Македонија од Скопје извршил сондажно ископување при што се констатирани остатоци од двослојна населба од средниот неолит. Постариот слој го карактеризираат монохромна сјајна керамика со црвена боја, сликана керамика со кафеава боја на црвена основа (пехари, амфори), садови со топчести облици и чинии со импресо-орнаменти. Што се однесува до помладиот слој, керамиката ги задржува истите об-лици и начин на украсување, со таа разлика што доминираат садовите со сива боја и биконусна профи
лација. Нему му припаѓаат и неколку фрагментирани жртвеници од типот „масички“ со мал кружен или четвртест реципиент. Остатоците од архитектура во двата слоја, односно хоризонта на живеење, се сосема мали. Резултатите од ова истражување го потврдуваат мислењето за постоење на остатоци од поголема населба што хронолошки и културно се вклопува во анзабегово-вршничката културна група, и тоа во фазите ИИ-ИИИ. Наодите се чуваат во Музејот во Куманово.
Настева И., 1987, 44; Здравковски Д., 1988, 43-63. (И.Н.К.)
Поканци ‡ Селце, средновековна населба. Во непосредната близина на селото Поканци се гледаат грамади од градежен камен, фрагменти од керамички садови, тегули и покривни ќерамиди. (Ж.В.)
Среѓеница, средновековна населба и некропола. На 3 км јужно од селото, северно од патот Куманово ‑Крива Паланка, во реонот на Вујовска Карпа има остатоци од објекти. На површината се гледаат грамади од градежен материјал, како и големи камени плочи од гробни конструкции. Биле откопани повеќе питоси од кои еден се чува во Народниот музеј во Куманово. (Ж.В.)
Ќурчиска Карпа, населба од праисториското време до средниот век. На околу 500 м јужно од патот Куманово-Крива Паланка, сметано од селските гробишта, се издига импозантна базалтна карпа, со плато издолжено кон исток. На површината се среќаваат многубројни фрагменти од керамички садови со различна временска и културна провиниенција, од праисторијата до средниот век. Населбата влегува во комплексот на локалитетот Костоперска Карпа. (З.Н.)
Шантанов Камен, средновековна населба. Во нивата на С. Младеновиќ, која лежи на десниот брег на Пчиња, оддалечена околу 1 км североисточно од селото, се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. Најдени се питоси, рачна мелница и наводно сабја. (Ж.В.)
ПЕЛИНЦЕ
Борова Чука, средновековна некропола. На 4 км западно од селото мештаните откриле повеќе гробови градени од камени плочи ‡ тип циста. (Р.П.)
Градиште, населба од бронзеното, железното и раноантичкото време. Се наоѓа на 18 км североисточно од Куманово, на десната страна од патот што води за врањанската област, во близината на утоката на Бистрица во Пчиња. Претставува висок рид со големо зарамнето плато и е едно од последните расклоненија на планината Козјак. Платото има неправилна трапезоидна форма, со димензии од 170 џ 115 м. Природно е заштитено со стрмни, тешко пристапни страни со исклучок на источната која е седлесто вдлабена и поврзана со планинскиот масив. По рабовите на платото се наоѓаат остатоци од широк насип подигнат од камен и земја. Со извршените сондажни ископувања во 1989/90 година од страна на Народниот музеј од Куманово се констатирани траги од повеќеслојна населба. Најстариот слој, односно населба, според одликите на керамиката е од ранобронзеното време, а вториот, заедно со насипот е од железното време, и тоа од најраните фази сè до ВИ век пред н.е. Последниот слој, на кој му припаѓа скромен фонд керамички наоди, е од В-ИВ век пред н.е, кога практично и завршил животот на оваа населба. На локалитетот Градиште му припаѓа и секторот наречен Две Могили што се наоѓа северозападно на околу 400 м, на еден понизок гребен. Со истражувањата вршени во 1989, 1990 и 1994 година се најдени необични остатоци од ранобронзеното време. Според истражувачите, а врз основа на наодите и нивниот распоред, се смета дека е откриен објект без цврста архитектонска конструкција, со функција на светилиште, во кое по извршувањето на обредите биле оставани групи од керамички садови. Во средишниот дел на објектот има клада од камен и кал поставена врз карпестата подлога, прекриена со остатоци од горење, згура, ситни животински коски и фрагменти од садови
Меѓу зачуваните садови има повеќе облици (бокали, чашки, пехари, чинии и друго), со добра фактура, на кои се забележуваат врежани орнаменти, траги од бела инкрустација, кои ги содржат основните карактеристики на керамиката од раното бронзено време. Најдени се неколку керамички алатки, тегови, камена секира и една женска статуетка од белутрак. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Куманово.
Соколовска В., 1966, 104; Георгиев З., 1990/91, 91 ‑101; Ѓеорѓиевски Б., 1993, 51-68; Петрова Е., 1996. (Б.Ѓ., Л.Т.)
Ковачевец, населба од железното време. Во реонот на Ѓаково маало, во нивите на В. Антевски и Д. Симоновски се среќаваат фрагменти од керамички садови со груба фактура. (Р.П.)
Нишинци, населба од неолитското време (?). На околу 2 км западно од селото, во нивите на Душан и Владо Ѓеорѓиевски, што лежат на десниот брег на реката Пчиња, има фрагменти од праисториски керамички садови. (З.Н.)
Св. Арангел, средновековен сакрален објект. Западно од асфалтниот пат што води за манастирот Прохор Пчински се гледаат грамади од градежен материјал и остатоци од објект ‡ мала еднокорабна црква. (Р.П.)
Св. Никола, средновековен сакрален објект. На 500 м северно од селото, лево од асфалтниот пат за манастирот Прохор Пчински се гледаат грамади од градежен материјал. (Р.П.)
СТРНОВАЦ
Смрковец, средновековна населба. На 1 км североисточно од селото, во нивите на И. Петрушев и Т. Арсовски се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. (Р.П.)
Чуки, населба од доцноантичкото време. На 2 км источно од селото, од левата страна на долот, во нивата на Ц. Шабанов има остатоци од градежен материјал. (З.Н.)
ЧЕЛОПЕК
Добросељане, населба од римското време. Се наоѓа источно од селото, на десниот брег на реката Пчиња, во реонот на Драгомански мост. Во нивите на Д. Филиповски, Г. Стоевски и С. Цветановски, на површина од околу 50 декари се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. Откриени се и повеќе питоси, водоводни цевки и монети. Според кажувањето на мештаните, била најдена оловна плоча тешка 20 кг. Во 1976 година, пред изградбата на фабриката за чевли „ЧИК“, погон „Челопек“, се извршени заштитни археолошки истражувања. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.
Соколовска В., 1966, 104; Микулчиќ И., ТИР, 35. (Р.П.)
Кула, праисториска населба, кастел со некропола од доцноантичкото време. Се наоѓа на околу 1 км северно од селото и на околу 15 км североисточно од Куманово. Лежи речиси на средината од
Пузалка, некропола од римското време. На 1 км источно од селото, на десниот брег на Пчиња, во профилот се гледаат гробни конструкции од камени плочи. Прилози не се најдени.
Микулчиќ И., ТИР, 35. (Р.П.)
Св. Богородица, средновековна некропола. На 2,5 км западно од селото, на самиот пат се откриени скелетни гробови без конструкции и прилози, веројатно средновековни. (З.Н.)
ЧЕТИРЦЕ
Матичански Згради, населба од железното и римското време. На западната периферија на селото, во нивите на С. Деспотовиќ и С. Јакимовиќ се среќаваат фрагменти од керамички садови со груба фактура, питоси и градежен материјал. (Р.П.)
2 коментари:
[url=http://firgonbares.net/][img]http://firgonbares.net/img-add/euro2.jpg[/img][/url]
[b]shop sales software, [url=http://firgonbares.net/]create educational software[/url]
[url=http://firgonbares.net/][/url] buy pocket pc software buy bulk software
software shop inc [url=http://firgonbares.net/]professional software discount[/url] city software store
[url=http://firgonbares.net/]adobe pdf reader software[/url] college student discount software
[url=http://firgonbares.net/]and oem software[/url] cheapest microsoft office software
buy cheap software reviews [url=http://firgonbares.net/]discount software windows xp[/b]
Как говорилось на [url=http://www.soki.tv]Seexi.net[/url] мне понравился Виши с гиалуроновой кислотой ( может, так как не подделка была).Не понравился Чистая Линия.Хотела бы новый купить, но не знаю, на чем остановится-за границу 100 лет не ездила, а в Летуалях различных думаю из одной бадьи в соседнем микрорайоне разливают.Что скажите на счет LIERAK, PAYOT?От себя добавлю, что замечательное средство для ухода за кожей вокруг глаз-БЛЕФАРОГЕЛЬ, продается в аптеках (содержит гиалуронку, увлАжняет очень хорошо, быстро впитывается, не вызывает привыкания). Кто чем использует, расскажите!
П.С. мне 32, кожа нормальная.
Објави коментар