Старо Нагоричане е мое родно село. Значи роден сум во Старо Нагоричане во 1955 година ... од две години сум во Скопје ... Скопје е мојот град ... градот на мојот живот ... Кога се враќам од некој далечен пат само на две места ми игра срцето и ми се крева адреналинот ... кога првпат ке го видам Скопје и кога првпат ке ги виднам обронците на моето родно село ...
читај повеќе »
За Старо Нагоичане имам намера да направам повеќе фото сесиии кои ке ги предржуваат соодветни коментари под сликите ... досега имаше неколку поста:
- БАЊА СТРНОВАЦ - Старо Нагоричане ... BANJA STRNOVAC - Staro Nagoričane
- Како до БАЊА СТРНОВАЦ - Старо Нагоричане ... BANJA STRNOVAC - Staro Nagoričane
- Голема Богородица - Успение на Пресвета Богородица ... Забел - Старо Нагоричане ... Golema Bogorodica ... Zabel
- Се разбира дека ке има уште неколку поста за моето родно село ... особено за црквата Св.Ѓорѓи ...
Секојпат кога првпат ке ја видам оваа гледка, срцето забрзано ми лупа, адреналинот расте ... веројатно има некоја поврзаност на човекот и неговото родно место ... онака како што си ја сакаме фамилијата ... како што си го сакаме чедото - така веројатно го сакаме своето родно место ... на повеќето од вас сликава (и повеќето слики од постот ...) нема да Ви значи ништо ... не е ни убава - грдо е насликана од внатрешноста на автомобилот преку прљава шофершајбна ... но мене и на оние кои се родени тука ми значи многу ... многу спомени од детството ... од луѓето и случувањето во минатото ... сликата е правена во најлошиод перид на годината кога сонцето гори се ... на пролет истата гледка е сосема поинаква ...
1.
Десно покрај патот е еден од неколкуте археолошки локалитети ... Плошка/е ... местото е со белузлава земја и осем трева тука друго не расте ... средновековна некропола ... во реонот на малото Попчевци ... десно од патот за Старо Нагоричани ... се среќаваат фрагменти од керамички садови ... а била најдена и белезница од стаклена паста ... тука се одкриени повеќе гробови градени од камени плочи ...
Во позадината на сликата е козјачијата, опечена од сонце ... од другата страна на планината е вистинското зеленило Длабочица ... посебен пост за то дел ке има ... тука некаде се гледаат и обронците на Кокино ... секако и за него ке има посебен пост ...
2.
Значението на изворот средсело е од огромна важност за селото ... водоводи во минатите времиња се реткост и населените места секојпат се граделе околу некој добар и непресушен извор ...околу изворот и чешмата се одвивал социјалниот живот на луѓето ... денеска тоа се самопослугите и другите трговски дуќани ...
3.
Еве за што зборував погоре ... видете го зеленилото оклу изворот ... изворот е само дел од водата која оди подземја ... од подземните води се хранат дрвјата, дури и тревата ... приметувате колку е опечено полето но селото е зелено ... таму каде има зеленило има можност да се ископа и бунар ... вода барем за потребите на окуќницата, животните ... онаа најубавата секојпат се зема од главниот извор т.е. од чешмата средсело ... одејки на вода ке се сретнеш со пријателите ... со девојката ... Над селото се зеленее големо пространство на борова шума ... насадена пред дваесетина години ... ги разеленеа голетите каде ни тревка не растеше ... не случајно местот се вика Краста ... господ до сега ја сочува шумата ... пу,пу,пу ... Централно место во селото го има црквата Св.Ѓорѓи ... околу неа се неколкуте централни маали во селото ... така да ова село е едно од ретките во кои се сконцентрирани куќите ...
4.
Куќата во која пораснав ... куќата на дедоми Столе и бабами Драга ... не е престара, градена е во доцните педесетите години на минатиот век ...
Куќата има две прекрасни тераси долна на која обедувавме во летно време ... на која ме подсеќаат многуте специјалитети од баба, особено месеното и печено под вршник ... го скам тој вкус на печено под вршник ... особено на многуте пити од баба ... чиста жена -која правеше и прекрасни сирења ... особено она биеното и сушено на горната тераса ... Горната тераса ни служеше да се сушат пиперки во низа да речеме или некој друг производ кој пред дефинитивно да се скаладира треба да се исуши а сушењето да биде природно и постепено ... горната тераса имаше и прекрасен поглед ... каде во далечниот шир за неколку минути се одмараат очите а душата се исполнува со мир и спокој ...
5.
Сакав да ја сликам од повеќе агли но имаше нов катанец на портата ... а дворот беше добро обезбеден од кратци со старото сретство наречена “драка“ ... преку него ни крупни животни не газат ... колку пати само со дедоми одевме да береме драки во блиската Серава ... ке ме качеше на колата да ги газам драките ... користев специјални чизми за таа намена ... тие додека се свежи можат и да се газат но кога ке се исушат тешко тебе ако те закачат ... Сакав да ја сликам Плевната со местата каде се чуваа домашни животни ... кравите, коњот, магарето, свињчињата ... овците ... кокошките ... амбарот ... помошната куќа во која се печеше леб .. се димеше месо ... се печеше ракија ... таму каде на синџир се вареше полно котле со класја да речеме ... Крушката ... сливата ... дудинката во дворот ... но за тоа во некој друг пост кога ке можам да влезам во дворот ...
6.
Погледот од малиот прозор на баба ... таа тука имаше закачено и едно мало огледало ... ке се погледнеше во него, ке се зачешлаше ... ке ставеше марама на главата и ке искоментираше во стилот ... ене гу онај па се развреднела ... ајде деца трчите да донесете тазе воду од чешму ... тука блиску секојпат имаше и едно кесе со бомбони ... оние тврдите ...
7.
Мојот омилен поглед кој често го сонувам ... го сонувам како летам над просторот ... таму некаде на блиското ридче наречена “Црквица“ се наоѓа поголемиот дел од мојот посед наследн од дедоми по таткоми ... За Црквица ке посветам посебен пост ... тоа е веројатно некој археолошки локалитет бидејки на местото јасно се оцртуваат дебели зидови ... пред да узрее житото, на местата на зидовите житото порано узрева ... а луѓето на тие места додека ораат често вадат камења и малтер кој е појак од денешниот цемент ... наоѓани се и движни архео наоди ... грнчарија ...
Малку подолу према реката е познатиот архео локалитет “Бранченица“ ... населба од железно и римско време ... на два километри источно од селото ... покрај десниот брег на пчиња ... се среќаваат фрагменти на керамички садови, питоси и градежен материјал ...
...позади е реката Пчиња ... местото каде е најзелено ... Од тука до куќата на чичкоми Дичо, покоен бог да го прости има три минути детско трчање ... колку пати само сум се истрчал за да се играм во широкиот двор на татковината ми ... таму е и мојата родната куќа ... во дворот секогаш имаше буљук деца спремни за детска игра ... Џилит да речеме ... во поново време фудбал - лопта по кумановски ... колкосмо лопту ритале, чудо едно ...
8.
Тука десно води патчето до мојата родна куќа ... позади десното зеленило е селската амбуланта изградена на мој плац кој е национализиран ... во процесот на денационализацијата не поднесов барање за поврат или надоместок, бидејки сметав дека болница/амбуланта е нешто што навистина му треба на местото ...
9.
Во една донација на Америчката Амбасада изградени се тротоари ... а еве како што се гледа и ПП столб ... Кога првпат ги видов тротоарите се изнасмејав, но сега гледам дека тие го разубавуваат местото ...
10.
Дворот на Црквата во минатото служел за погребување ... но во педесетите или шеесетите години гробиштата се дислоцирани таму горе во блиската сега веќе борова шума ... местото е наречена “Гнила“ ... колку симболика ... Просторот сега е добар за летен одмор и читање под сенките на багремите ... многумина тука завршија факултети ... еден од нив и докторираше и сега предава на катедрата за МК јазик ...
11.
Уште еден поглед кон Црквица, овојпат од местото на црквата Св. Ѓорѓи ... има една легенда врзана со овој поглед и двете места ... но таа ке ја раскажам во постот за Црквата Св.Ѓорѓи ... тука некаде е и архео локалитетот “Под село“ ... Населба од доцноантичко време ... северно од селото во нивите и последните куќи се среќаваат фрагменти од керамички садови ... питоси и градежен материјал ...
12.
Поглед од Црквата према долниот пат кој води до бившиот задружен дом сега седиште на општината Старо Нагоричане ... Тука лево имаше еден огромен орев ... не го гледам сега ... блискиот извор прави овој простор да е најзелен ... Позади левите дрвја е омилената продавница, каде луѓето седнати на трупчиња бистрат политика ... фрлаат карти и играат домино ... се разбира со пиво во раката ... Како сето ова ке се одрази со забраната за пиење алкохол после 19.00 незнам ... мислам дека сите ке гласаат само заради тоа против владата ... Тука до продавницата е и дуќанот на коларот Мисле ... колку само часови сум седел гледајки го како од обични дрва прави тркало за селска кола ... како со помош на не толку сложени столарски алати ке изделка “пирајка“ за тркалото ... полумесеците ... осум на број ... па со сврдлињата дупки ... и так за неколку работни дена се прави едно тркало ... блискиот ковач ке направеше пружини за тркалото и осовини ... и ете нова кола ... мојата омилена забава беше гледањето како селските мајстори правеа, качиња, селски запрежни коли ... како се потковуваа домашнит животни ... како кројачот од платно ке стаса до пантолани ... многу занаети беа активни во селото ... како кожушарот од овча коша ке направи топло кожувче ...
13.
Лево е милиционерската станица со придружните гаражи и шупи ... Тука внатре после земјотресот првпат гледав телевизија ... седнати на клупи со саати чекавме да стартува програмот буљејки во округлиот скрин ... кој знаеше често да бега нагоре надоле ... Најлево е првата селска пекара ... Малку полево имаше стара зграда која сега ја нема, беше првата пошта во селото ... во нејзината визба имаше моало исворче ... Порано скоро во сите дворови на пролет имаше мали извори ... местото бликаше од вода ... сега фатија сушни години и локалните извори пресушија ... дури и бунарите се со помалку вода ... десно е најстарата школа ... едно време и општинска зграда ...
14.
Малиот плоштад пред Црквата, старата оптинска зграда и полициската станица, беше место каде за Ѓурѓовден селската слава се правеше журка или по тогашен речник “Собор“ ... Тука порано имаше споменик на првиот учител на селото и првиот Комита ... тој е срушен за време на БГ окупација во втората светска војна ... во самото рушење кое се одвивало со минирање, погинати се дваица БГ војници ... тука некаде блиску на патот е пресретнат и убиен БГ намесник на селото ... како освета другиот ден запалени се десетина кучи и стрелани машките глави од куќите кои се нашле во дворот ... меѓу нив се и дваица од мојата фамилија дедоми (стар солунски борец ... ранет и одликуван во првата ветска војна ...), ... заедно со чичкоми кој другиот ден пошол да ги молида го пуштат таткому а да го задржат него ... како последица на слични настани од овој крај по тие деновви сите мажи се интерниани во Бугарија на присилна работа ... барем не биле убиени ...
15.
Дворот на полицијската станица ... некојпат тука беше многу популарното игралиште за одбојка ... имаше и справи за дигање тегови и вратило за истегнување ...
16.
Оваа историска зграда е првата школа во селото ... долго време била и седиште на општината ... потоа беше дом на некои вработени во општината ... едно време тука ни праќаа сироомашни цигани/роми де од Куманово ... ама тие што ке прават во село, нема каде да питаат а и крадењето не е популарно во место каде сите се познаваат, за земјоделие не ги бива ... седеа и некои од учителите од шкколото ... долго време во приземјето седеше и попот ... Чинам дека е влезена во проектот за реконструкција на околината на црквата ... заедно со чесмата предвидени се и две куќи да се реставрираат ... донација од ЕУ фондови - 800.000 евра ... сега веројатно се тегави проектот околу тоа кој ке биде изведувачот ...
17.
Првата испосница на св. Отец Прохор Пчињски ... веднаш под изворот и близу до црквата на дваесетина метри ... испосницата, пештерата е веќе реконструирана ... доста е посетена ... и таа е дел од проектот за реконструкција финасиран од ЕУ ... На времето тоа беше обична мала пештера под една карпа ... многу поприродно изгледаше ... вака тоа е претворено во мала црква ... а ка,ењата и металната врата се само штит од вандалите ... такви сме ние луѓето ... повеќе за испосницата во постот за Црквата св.Ѓорѓи ...
18.
Еве ја чесмата средсело ... позадината ... тука обавесно младите се наоѓаа и ги договараа трајните врски ... ке се поседнеше на оградата оклу чесмата и ке се задеваа девојките ... а и некои од помладите машки ... Во времето на мајками чесмата имаше огромана важност за социјалното дружење на младите, но и старите ...
19.
Коритата на чесмата секојпат беа полни со тазе вода ... тука се поеше стоката и крупната и ситната ... еден добар вол празнеше едно корито додека да се напие ... правило е да не се дира стоката додека пие вода ... не дека ке те повредат туку едноставно да не се задева додека пие вода ...
20.
Мраморите за перење ... жените ке обереа веш за перење ке го каќеа на крошњи на главата и тука со многу вода ке го изгњавеа, ке го премлатеа со пирајките ... ке се изнаоговараа меѓу себе ... ке ги подучуваа младите моми како се пере кошула ... се разбира се со правен сапун ... од домашно производство ... имаше еден прашак кој се викаше “Плави радион“ ... Чинам дека е тоа името на сегашна “Биљана ...“... имаше и кушечки сапуни за перење ... но луѓето переа највеќе со оние самоправските ...
21.
Видете само колку се излижале камењата од перењето ... Лево десно околу чешмата имаше неколку дудинки ... правеа добра сенка ... редовно беа кастрени ... Имаше неколку луѓе кои доброволно ја одржуваа хигиената на чесмата ... особено на мраморите кои фаќаа зелени алги ... ке ја исцрпеа водата ... ке ги остругаа алгите .. ке го промиеа мраморот ... и на крај самите себе ке се пробањаа .... ова го правеа дури и во зима ... водата тука на чесма лете беше ладна а зиме топла ... всушност нејзината температура многу алку се менуваше ...
22.
Овдека беше сместена кројачката работилница - радња де на Коцета Вука ... до него просторијата едно време беше наменета за играње шах и домино ... Коце Вук долго време ги чистеше мраморите и чесмата ... Како дете се сеќавам на еден постар човек кој одеша само во кошула ... како арапите ... тој е најстариот човек кој го знам кој ја чистел чесмата ... ке ја очистел ке ја фрлел кошулата од сеге и онака угол гол што викав кумановци ке се пробањал ... Сите за него мислеа дека е малку не сас свите што би рекле кумановци ... но тој е најголемиот калемар во крајот ... ке дојде неповикан во твојот двор и ке ти ги калеми дрвјата ... често садеше дрвја покрај патот ... му го заборавив името ... ке го едитирам кога ке се сетам ...
23.
Ова е куќата на кум коцета ... Немаа многу земја , но садеа подоста тутун ... една година цело зимо калапев тутун на тремот на куќата ...
24.
По некоја кокошка слободно шета ...
25.
Куќа кафеана веднаш над чесмата ... моментално ја поседува вујкоми Жика Тошиќ ... братучед на мајками ... тоа е една од двете најстари кафеани во селото ... фамилијата на дедоми инаку познати фурнаѓии ... едниот брат е еден од оснивачите на Житомел Куманово ... кафеаната тука е од времето меѓу двете светски војни ... имало и постара кафеана која егзистирала уште во турско ... штета што не е сочуван делот на кафеаната ... имаше внатрешни клупи всушност подзидани зидови ... а имаше и место каде играла анумата ... Вујкото ја има преуредено оваа куќа во која сега ги живее пензионерските денови ... кафеаната едно време беше и продавница ... чинам дека и сега има дел и за продавница ... на горниот дел од куќата по зидовите се испозакачени многуте рачни работи од баба Милевка ... а тој и самиот собира такви предмети ... го има преуредено и делот позди куќата ... за мене беше посебен оној дел каде беше визбата на дедо Крсто ... фурната на баба Милевка ... од куќата до испосницата на св.Отец Прохор Пчински има само неколку метри ...
26.
Ова се треба да добие нов лик со преуредувањето на овој дел ....
27.
Десно каде што се ружите беше првата и единствена влачара за волна ... во истовреме и фарбара ...
28.
Ова е ковачкиот дуќан на мајстор Цанко ... како сега го гледам со темните наочари како го држи железото додека Моме другарот на вујкоми го мава со чекиќ од десетина килограми ... колку се восхитував на мајсторијата на мајстор Цанко и силата на Моме ... колку сати сум поминал гледајки ги мајсториите на ковачот ...
29.
Ова е позадината на сега општинската зграда на Старо Нагоричане ... фронталниот поглед води кон познатото “Читалиште“ ... во кое долго време имаше деташирана библиотека ... спомнав дека тука сите книги кои ги имаше а имаше бајаги беа прочитани од мојот помал брат ... читав и јас ... а во исто време беше место каде се собираа луѓето на конференции ... се гледаше телевизија ... тука ги читавме и сите дневни и неделни весници ... мававме шах ... карти ... едно кратко време беше и кафеана ... сега е клубска просторија на ФК Козјак ... На зидот десно се прикажувани и првите филмови ... кога ке појде коњица во галоп луѓето од првите редови бегаа да не ги згазат коњите ...
30.
Десно се влегува го големата сала на стариот задружен дом ... сега тука се прават поголеми прослави ... некогаш тука беше деташиран еден погон на ЧИК Куманово ...
31.
Блиската зграда е место каде порано се потковуваа коњите и говедата ... “Налбатин“ ... мајсторија е да легнеш животно од неколку стотини килограми да не го повредиш а да го потковеш ... пред да се поткове животното, малку со остар специфичен нож ке се зарамњаче копитото ... и со специјални клинци се коваа потковиците ...
32.
Долната чешма ... во селото осем големата чешма имаше уште две чешми ... една оваа на овој крај на селото ... и уште една која беше сместена во дворот на амбулантата ... оваа тука се снабдуваше со вода од големата чешма ... а таа кај амбулантата имаше свој извор - кој одкога пресуши не се обнови чешмата ... Позади чешмата е мајсторскиот столарски дуѓан ... инаку старосват на моите родители ... мајсторот заедно учел столарски занает со таткоми ... десно од чешмата е старата школа ... која некое време беше место каде живееа учителите ...
33.
Во дворот на новата школа е новото играиште за мали спортови - повторно донација од некоја странска држава ... осветлено е со рефлектори а има и мала трибина ... малку подолу е и фудбалското играчиште на ФК Козјак ...
Еве една убава слика од пролет ... житото се разеленеало ...
Оваа е сликана од дворот на црквата во правец на Пчиња ... пофторно убаво и зелено ...
една од куќоте ... оние постарите ...
3 коментари:
Zdravo zemljace i ja sam od Staro nagoicane, zivu u Sidnej.Nemozu da se setu na tebe mada sve sto raskazues mi e dobro poznato ako ne se varam nase familije su se vikale "pobratimi" cerka sam na Eftu albatina i mnogo ubavo pamtu kako su cico mi tatko mi kovale goveda.Pamtu ga i dedo Koceta mavase ne od cesmu da ne se mokrimo i da ne prljamo vodu da ima za stoku naprikvecer da pie.Secam se i na "svilene"bombone sto ni gi davase haha.ZA toga bugarina sto e utepan mislu deka ga e toj napravija moj pra deda zatoj sto se zagledaja u zenu na pobratima ne sam sigurna za koga se rabotalo ama znam deka dedo se prerusija u bugarskoga vojnika i ulegnaja u zgradu(milicija sto e sga).Dedo Rade kovac umre pred 4 god ja bese tamo u toj vreme.Pamtu gu mnogo ubavo biblioteku tamo nauci da igram shah....prvi razred sam ucila u staru skolu (Dobrila i Dobrivoje Stosic)pa Ivanka i Vlajko zivesva u staru skolu....fala mnogo za slike vratisva me nazad u detstvo kt se igrase u dvor na crkvu a kolko samo turisti dovadjasva od celu Evropu da gu posetiv.Nekad pomislu sto li se dogodi sas onija knjige za utisci(ogromne besva)i koj znae kolko put sam se i ja potpisuvala haha dali se cuvav negde.Dedo mi e kazuvaja deka crva imala zlatni krstovi i lusteri unutra i deka navodno su odneseni u nekoj muzej u London.Bravo produzi da slikas i pisujes za istoriju na nase selo ima sto da se kaze i raskaze i golem pozdrav od mene Suzana Djorgova
Suzana Djorgova
Што ти е Радица Ѓоргова, она ми е генерација. Ако не е тајна која си генерација т.е. читам дека си керка на Eftu albatina ... колко се сеќавам да наше фамилие по татками (од поденкови) су побратимеске фамилије. Чинам дека сте побратимци со фамилијата на чичкоми Дичо и нивни наследници ... Јас сум нели син на брат на Дичо - Воислав, кој е одавна починат ...
Поздрав и за тебе. Овие написи се уствари за сите нас кои потекнуваме од Старо Нагоричане. Особено ме радува кога ке видам дека се читани и од оние кои се далеку во странство ... а каде подалеку од Австралија :)
На овој меил volanskopje@gmail.com можеш да ми пратиш твои сеќавања и стри фотографии за тебе и твојата фамилија ... би ги објавил на блогот како твои сеќавања.
Поздрав, планирав да појдам кај старите Ѓоргови да им направам интервју и да го објавам тука заедно со стариот налбатски алат. Со едниот се видов на последниот мотокрос и се добоворив за интервју.
Види ги и другите написи од блогот. Тука е објавена генеологијата на Радета Свирача - Родослова (Генеологије) Рада Јовчиних из села Старог Нагоричана
http://staronagoricane.blogspot.com/2009/10/blog-post_5309.html
Овде има слики од многу мештани - Мото Крос Забел ... Moto Kros Zabel 2009 ... фото и видео
http://staronagoricane.blogspot.com/2009/09/moto-kros-zabel-2009.html
секако види го и овој напис - Старо Нагоричaне ... Staro Nagoričane - фото и видео
http://staronagoricane.blogspot.com/2009/09/staro-nagoricino.html
Уствари скоро сум сигурен дека самата ке ги пронајдешсите поитересни написи ако веќе не си ги прочитала ...
Иначе за крстови е интересен тој податок што го наведуваш дека имало златни ... јас имам еден натпис кој оди вака: МОЈ КЕ ГА ЦЕЛИВАТЕ !
http://staronagoricane.blogspot.com/2006/09/blog-post_115946300492012234.html
За крај ме израдува со овој коментар - извини што подобро пишувам македонски - кумановски га грешу ...
Здравия всем,
Надежная и проверенная [url=http://popplers.ru/]партнерская программа[/url] [b]Popplers.ru[/b] предлагает Вам сотрудничество на выгодных условиях. Мы покупаем ваш ру трафик по выгодным ценам. Владельцам сайтов, вебмагазинов и веб мастерам мы предоставляем выгодные условия, отзывчивую поддержку и проффесиональный подход в непростом бизнесе рунета.
отличная возможность быстро заработать, выгодная рефферальная программа, направьте ваш ру трафик в нужное русло, в русло прибыли которое принесет вам [url=http://popplers.ru/]Партнерка[/url] [b]Popplers.ru[/b] . Вывод средств в WebMoney или PayPal, возможность срочных выплат в любой день недели, персональный подход к каждому адверту.
Наши тарифы за 1000 уникальных переходов:
DoorWays - 6у.е.
Popunder - 5у.е.
CJ - 5 у.е.
Clickunder - 4 у.е.
Ждем Вас в наших рядах!
ICQ: 498994074
Објави коментар