Пребарај го блогов

вторник, септември 29, 2009

Коце и Роска Вуци - Старо Нагоричане


сл.1  Кум Коце Вук и кума Роска денес се едни од најстарите жители во селото. Никојпат не сум прескочил да дојдам во селото а да не  ги видам. Живеаат веднаш до селската чешма која им го одбележа нивниот живот ... Мене ме врзуваат иљадници спомени врзани за нив. Кума Роска секојпат насмејана и доброќудна - кум Коце со својата звезда, некогаш добај шнајдер ...      Повеќе ».....


сл.2   Нивното омилено место во куќата - чардакот од кој имаат поглед што се случува на главната селска чешма, сега малку подзаборавена но во минатото главната артерија околу која се вртел животот во селото ... Тука се среќавале младите, тука се поела стоката, тука имало дружба, жените переле ... блиску имаше многу мали бавчи ... водата по воздухот нели е најважен елемент во човечкиот живот ... Неможе да ти помине ден од твојот некогашен селски живот а барем двапати дневно да не појдеш на чешма ...

сл.3  Ги сакам овие случајни но искрајни фотки ... од нив прекрасно се гледа природата на човекот ...

сл.4

сл.5  Амбар ... Ниедно селско домаќинство во минатото не може да се замисли без амбар - место каде се складираат и чуваат житните продукти ... секогаш е поставено на одредена висина над земјата за да нема влага а воздухот да се движи слободно и така природна да го суши житото и одржува цела година во здрава состојба ...  Сега амбарите се запуштени објекти во селските домаќинства - житариците се чуваат во големи индустриски силоси. И луѓето од село купуваат брашно или леб од продавница ...

сл.6  Осем низите црвени пиперки - лукот и кромидот се другите најчести продукти што се сушат под тремовите ... Луѓето одавна ги препознале “чудата“ на лукот и кромидот врз здравјето на човекот (природни антибиотици, регулатори на крвниот притисок ...)...

сл.7  Селски двор без пилиња, мама кока и тато петел не личи ...

Сл.8  Шнајдерскиот дуќан на кум Коце. Никако не можам да прежалам што заради правење на мал селски плопштад е исечена едан прастара дудинка, а камените корита во кои жените некојпат переа пред чешмата се расфрлани. Камените корита за перење (према сеќавање од мајками) се донесени пред селската чешма од бугарските власти за време на окупацијата во втората световна војна ...

сл.9  Бавчата на кума Роска ... ја замолив да ми набере малку пиперки (немаше во селската продавница), ја прашав колку треба за пиперките - ми се насмеја и ми рече Цанче ти мене ме зафркаваш или ... Ветив дека ке поминам на подолг престој во нивната куќа, на муабет за старите времиња, гледање по сликите од семејните албуми ... ветувањето остана за другпат, се надевам дека ке ги дочекам во добро здравје и расположение како и тогаш. Колку пати во младоста пиев кафе/чај на чардакот, неколку пати нижев и калапев тутун ...

сл.10  Водата е лете ладна во зима топла ... всушност со иста температура ... од нејзиниот кладенец вода пиел св.Прохор Пчински ... Испосницата на Св.Прохор е на само 20-сетина метри од чешмата, веднаш до изворот ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-121Small.jpg?t=1251924675
сл.11  Легендата вели дека поминувајки на патот за Цариград, Роман четвти Диоген во лов се сретнал со светиот отец Прохор Пчински кој му пророчил на Роман четврти Диоген дека ке стане Цар на Византија - воколку не ја убие срната која била на нишан на неговата стрела ... и би пророштвото ... По извесен период во сон на тогаш веќе Цар Роман четврти Диоген му се појавува светиот отец Прохор Пчински. Царот наредил да се пронајде светиот отец и соодветно награди. Во меѓувреме светиот отец ја напушта испосничката пештера во Старо Нагоричане и оди во нова на местото на сегашниот Манастир Свети Отец Прохор Пчински. Роман Диоген порачал да се изгради Базилика близу до испосницата во Старо Нагоричане и да се пренесат коските од светиот отец. По изградбата на базиликата кога се пренесувани коските тие трипати се враќале назад. Диоген на крај изградил мала базилика и во Прохор Пчински - последното место каде светиот отец живеел. Малку над испосницата на Светиот отец е изворот од вода која сеуште бујно тече во селската чешма - а во поново време во селскиот водовод. Делови од таа водна жичка се во подселските дворови, бунарите и ден-денеска се богати со убава и питка вода ...

Нема коментари:

Архива на блогот

Site Meter