Има повеќе индиции за заживување на Општина Старо Нагоричане, која е една од најчистите еколошки средини во државава, а тој тренд локалната власт настојува да го продолжи и наскоро очекува отворање на околу 1.000 работни места. Младото население се' помалку ги напушта селата, на што укажува и зголемувањето на бројот на децата во училиштата. Но, од градот се' уште се враќаат само пензионерите.
- Добро е да се живее во овој крај. Природата е прекрасна, а пензионерите што имаат понекој хектар земја, како јас, на пример, што имам пет хектари и пензија, може да го туркаат животот. Оние што имаат повеќе земја и одгледуваат добиток, може да живеат подобро - вели пензионерот Никола Илиќ.
Него го сретнавме како коси трева за кравата, покрај асфалтниот селски пат. Нему и на другите жители им пречи бавната децентрализација.
- За се' нешто треба да одиме до Куманово. Таму со саати, па дури и со денови, чекаме од врата на врата за еден документ. Па, испаѓа дека локалната самоуправа не ни значи ништо - вели Илиќ.
Неговата 66-годишна сосетка Сунчица Насковиќ вели дека таа и нејзиниот сопруг, пак, тешко живеат оти имаат само еден хектар земја, а заедно со сопругот-стечаец живеат од пензијата на свекорот.
- Само за лекарствата не можеме да собереме пари. Ни селскиот живот веќе не е она што беше. Веќе не се пазари на „цртка“ - вели таа.
Модерната продавница во селото има секаква стока, а за купеното се издава фискална сметка.
- Ние не живееме во селото. Неколку години патуваме до работното место од Куманово - велат продавачките од зад високите и полни рафтови.
Локалната самоуправа, која освен што мора да се справува со санирање на последиците од излевањето на Пчиња и нанесените огромни штети на посевите и на угостителските објекти покрај реката, не се откажува од порано изготвените проекти што наскоро ќе почнат да се реализираат.
- При крај се активностите за почеток на реконструкција и реставрација на православниот храм „Св. Ѓорѓи“, кој е и културно-историски монумент од 14 век. Црквата е заштитена од УНЕСКО. Комисијата се увери во богатството и убавините на фрескоживописот во црквата, проектот е прифатен од Министерството за култура - вели градоначалникот Миодраг Јовановиќ.
Тој додава дека со донацијата од ЕУ, од 420.000 евра, ќе почне уредување на црковниот комплекс и на неговата околина.
- Есенва ќе се решава градежниот дел, хортикултурното уредување и етнолошкиот музеј. Ова ќе заврши кон крајот на идната година. Процесот оди бавно, но таква е процедурата - вели Јовановиќ.
Тој додава дека бањата Стрновац, пак, е еден од основните објекти за развој на туризмот. Се очекува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да овозможи пренамена на 9 хектари земјиште во градежно и тоа Владата да го продава на меѓународен тендер.
- Очекуваме странски компании да изградат спортско-рекреативен и спа-центар - вели Јовановиќ.
Локалната власт планира изградба и на индустриска зона и отворање на околу 1.000 нови работни места.
- На 12 хектари земјиште што е пренаменето во градежно, а се наоѓа во непосредна близина на магистралниот пат кон Крива Паланка, во атарот на селото Старо Нагоричане ќе почне изградба на мали погони со технологија која не ја загадува животната средина - вели Јовановиќ.
И покрај оптимистичките најави за експанзивен развој на оваа пасивна општина, мештаните неретко му забележуваат на градоначалникот дека малку вработува жители од селата, а многу повеќе од Куманово. Јовановиќ на оваа забелешка одговара:
- Јас ги почитувам моите сожители, но Општината вработува само стручни кадри. Ако сакаме да ја развиваме, мора да вработуваме стручни луѓе што ќе работат на развојот и на промовирањето на општината - вели тој.
Јовановиќ додава дека овие проекти се планирани за Пчињскиот реон, а во Козјачието пак се планирани ветерници.
Тој е оптимист дека нивната изградба ќе почне наскоро.
Светлана Антиќ-Јовчевска
Расте бројот на ученици
Стотина ученици годинава завршуваат во централното ОУ „Светозар Марковиќ“, кон кое припаѓаат и подрачните училишта од селата Никуљане и Алгуња. Тие во Старо Нагоричане доаѓаат и од соседните села.
- Министерството за образование неколку години обезбедува превоз и тоа е олеснителна околност за децата, родителите и за наставниците. Превоз им е обезбеден и на децата од пограничното маало Татариновац, кои порано настава посетуваа во соседна Србија. Бројот на учениците се зголемува, што укажува на тоа дека младите брачни двојки не се иселуваат, а чуваат и трето дете - вели Жаклина Милинковиќ, директорка на училиштето.
Наспроти стотината основци што завршуваат годинава, во учебната 2003/2004 година имало 74 ученици. Сегашната училишна зграда е од 1968 година, а минатата година беше извршена реконструкција на покривот, а беа сменети и прозорците и вратите.
1 коментар:
[url=http://www.pi7.ru/main/1651-shokoladkina-vika-otkazalas-ot-publikacii-v-muzhskom-glyance.html ]я не возбуждаюсь во время секса [/url]
Девочки, кто знает, что означают родимые пятна? Читала много статей на это тему в интернете, но так и не нашла достойное трактование... Вот, к примеру, у меня (только не смейтесь!:)) есть родимое пятно в области носогубной складки с левой стороны лица, довольно большое (как бы 2 рядом), красное, но плоское. Такое же, только маленькое, над правой бровью, на запястье и мизинце левой руки. Мама говорит, что они у меня с рождения. Да я и сама, сколько себя помню, все время их стеснялась... Читала, что их наделяют разными значениями-вплоть до влияния на судьбу человека. Один пишут, что это "метки дьявола", другие- "Божьи знаки" и т.д. и т.п. Так что же это такое действительно и надо ли их убирать? У кого еще они есть? Заранее благодарю!
Објави коментар