Пребарај го блогов

понеделник, мај 17, 2010

Пчиња повторно се излеа

http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/9E14C8A67499B0499D2EDC0A08BEA91D.jpg http://www.kanal5.com.mk/pictures/upload/vesti/WESTIII/pcinja_katlanovo_230_180.jpg http://sitel.com.mk/sites/default/files/imagecache/statija_img/novosti/2010/05/16/pcinjaizlevanje_16104.jpg http://media.a1.com.mk/media/vesti200/polavi-spasuvanje.jpg http://www.kanal5.com.mk/pictures/upload/kumanovo_poplava_230_180.jpg
Пчиња повторно се излеа - поплавена бањата Стрновац, околните кафеани, музејскиот комплекс АСНОМ, срушени неколку моста, поплавени ниви и ораници. Со хелихоптер спасени четворица од бањата Срновац. Општината бара од владата на РМ регулација на речното корито и помош за претрпената штета.        Повеќе ».....

  • Хеликоптери за спас од поплавите во Кумановско  ... Четворица евакуирани со хеликоптер од надојдената Пчиња - ноќта ја поминале незаштитени на покривот од кафеаната до бањата Стрновац, покрај брегот на Пчиња. Од надојдената вода реката наеднаш се излеала, по што двајца капачи во бањата веднаш избегале. Тие раскажуваат дека четворицата мештани не сакале да го напуштат местото, така што ноќта ја поминале на покривот..., уништени посеви, поплавени куќи ... Поплавен е Меморијалниот центар АСНОМ. Гостите во тамошниот ресторан завчера сами се спасувале од надојдената вода. Малите мостови на Пчиња се однесени, а загрозени се мостовите кај селата Коинци и Драгоманце, како и рибниот ресторан „Визијана“ ... Ова е една од најголемите поплави во последните децении. Инаку, четврта по ред за оваа година ... 
  • „Надоаѓа Пчиња како Дунав“ ... Куманово – „Бегајте луѓе, доаѓа Пчиња како Дунав!“ Со овие зборови во паника ги алармираше своите гости Олгица Денковска, сопственичка на кафеаната во бањата кај селото Стрновац, ноќта во саботата спроти неделата. „Десетина минути пред тоа, проверувавме дали Пчиња ќе се излее од корито. Набргу, водата силно почна да навлегува во бањата и да ги поплавува објектите. За брзо време бевме под вода длабока околу еден и пол - два метра“, велат луѓето што настрадаа во поплавата.Се' се случувало околу 3 часот. Помошта за извлекување пристигнала помеѓу 7и 8 часот. Со хеликоптерот беа извлечени четири лица вработени во друга кафеана од бањскиот комплекс.
  • Со хеликоптер ги ваделе од Пчиња ...  Тројца кумановци, вчера изутрина качени на покриви од камп-приколките, чекаа хеликоптер на МВР да ги спаси од надојдената Пчиња, која по силните врнежи се излеала кај бањите во кумановското селото Стрновац. Поради надојдената Пчиња уште петмина кумановци биле заглавени во своите домови, но успеале сами да се спасат. Водата влезе и во меморијалниот центар „Пелинце“... Сопственичката на приколката Олгица Д. и двајца нејзини гости на 21-годишна и 22-годишна возраст, немајќи друг излез панично се качиле на покривот од каде што ја чекале помошта од полицијата, која што ја побарала Олгица. Заробените кумановци најмногу се исплашиле од брзината на реката, која на моменти достигнала и длабочина од околу 18 метри. Набргу по повикот на терен пристигнала екипа на Дирекцијата за заштита и за спасување, која се обидела да им помогне на кумановците, но поради непристапноста на местото побарале помош од Министерството за внатрешни работи. Тогаш со хеликоптер на МВР заглавените граѓани биле спасени. ...  Во четири часот по полноќ единиците за брз одговор за спасување од поплави, на Дирекцијата за заштита и за спасување од Скопје и од Куманово, се обидоа со чамец да ги извлечат лицата, но поради непристапноста од паднати дрвја не беа во можност да се приближат доволно до загрозените објекти. Поради ова е ангажиран хеликоптер на Министерството за внатрешни работи кој успеа да ги извлече заглавените граѓани - соопшти Дирекцијата. По извлекувањето на заробените кумановци веднаш биле пренесени во Медицинскиот центар во Куманово, каде што им биле дадени средства за смирување, поради големиот страв кој го преживеале.
  • Пчиња беснее. Во Србија двајца се удавиле. Хеликоптер на МВР евакуираше тројца од Кумановско ...
  • Децата од општина Старо Нагоричане не отидоа на училиште
  • Спасени четири кампери од водите на Пчиња ... 
  • Големи поплави во Кумановско ... 
  • Пчиња поплави 4.000 хектари обработливо земјиште во североисточниот регион ... 
  • Втор ден Пчиња поплавува во кумановско ... Пчиња продолжува да беснее. Водата што поплави илјадници хектари земја во општините Старо Нагоричане и Ранковци не се повлекува. Две села од општина Старо Нагоричане втор ден се отсечени откако поројните дождови ги урнаа мостовите на Пчиња во тој реон. Селаните ќе останат заробени додека не се санираат штетите. Од поројните дождови поплавен е меморијалниот центар АСНОМ,однесени се неколку мостови поради што отсечени се селата Пелинце и Враготурце од општината Старо Нагоричане. Децата не одат на училиште.
  • Намален водостојот на Пчиња ... Водостојот на реката Пчиња кај Куманово е стабилизиран и не претставува опасност за излевање. Од вчерашните 150 метри кубни вода денеска е намален на 60 метри ... Реката Пчиња вчера ги поплави селата долж течението воопштината Старо Нагоричане.Со излевањето на реката од коритото беа зафатени 4.000 хетари обработливо земјиште. ...
  1. Извлечени 20 кампери од надојдената вода
  2. Бања Стрновац – Старо НагоричанеМештаните велат дека во термалните води кај Стрновац, чија температура достига до 50 степени, од 5 часот утрото до 17 часот старите ја затегнувале отпуштената кожа и ги лекувале болките од реума …
  3. БАЊА СТРНОВАЦ – Старо Нагоричане … BANJA STRNOVAC – Staro Nagoričanehttp://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/BanjaStrnovac0Large.jpg?t=1219581779
  4. Како до БАЊА СТРНОВАЦ – Старо Нагоричане … BANJA STRNOVAC – Staro Nagoričane
  5. Голема Богородица – Успение на Пресвета Богородица … Забел – Старо Нагоричане … Golema Bogorodica … Zabel
  6. Таму каде првпат го продишав воздухот, таму каде ми е врзан папокот
  7. Старо Нагоричaне … Staro Nagoričane – фото и видеоhttp://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-101Large-1.jpg?t=1251922042
  8. Старо Нагоричино со потенцијал за развој на туризмот
  9. КОКИНО – фото записhttp://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-43Small.jpg?t=1260386958
  10. Tуристички каталог – Старо Нагоричане
  11. Голема Богородица – Успение на Пресвета Богородица … Забел – Старо Нагоричане … Golema Bogorodica … Zabel
  12. Козјак – неискористен туристички потенцијал
  13. Јавено обраќање до градоначалникот на општина Старо Нагоричане
  14. Археолошки локалитети во Старо Нагоричане и околината …
  15. СТАРО НАГОРИЧАНЕ – моето родно село …
  16. Мото Крос Забел … Moto Kros Zabel 2009 … фото и видеоhttp://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9ZabelMotoKros-0Small.jpg?t=1251815647
  17. Зебрњак – Zebrnjak … фото запис
  18. Донација од 800.000 евра за црквата во Старо Нагоричане
Не ми беше тешко да направам пресек на случувањата околу последната поплава на Пчиња, каде беше направена голема штета во атарите на општина Старо Нагоричане, особено во реонот околу бањата Стрновац.
Старо Нагоричане е погранична и неразвиена селска општина со неразвиено стопанство и минимално земјоделско организирано производство … Пчиња е шанса на регионот, но е со нерегулирано речно корито кое перманентно во дождливи години го разградува оноа што вредните раце на луѓето го градат а со тоа им пропаѓаат личните инвестиции …
Ако подетално го читате долгиот пресек на написи ке забележите дека Пчиња само оваа година се излеа четирипати. Се излева секојпат кога ке има поголеми количини на дождови во горните теченија на Пчиња.
Слично невреме имаше и во 2006-та и во ред други години. Штетата секојпат ја трпат малите луѓе кои вредно работат по своите ниви. Општината и државата се тие кои треба да прават крупни регулации на речните корита. Во вакви проекти треба да се инвестира кога стои стопанството, кога се кризни години за да заживуваат регионите. Наместо тоа имаме сликање на авторитетите во време на криза со големи ветувања кои ке бидат заборавени за неколку месеци. Ветувањата и во овој случај брзо ке издишат под налетот на други нови ветувања.


    Нема коментари:

    Site Meter