Свети Отец Прохор Пчињски - Пустиножител ... стара икона
Под Пустиножители се подразбират луѓе кои со верба во бога се подвизуваат и го следат вистинскиот пат и начин на живот по пример на бога, трудејки се да го достигнат христијанското совршенство. Тие тоа вообичаено го правеле со осамување и аскетски живот во некое диво и пусто место, живејки далеку од заедниците на другите луѓе, дури далеку и од монашките братства, кои вообичаени се нивни почетни станици. Во таквиот начин на живот тие вообичаено се сместувале во некоја природна пештера, каде во близината имало извор на вода а јаделе тоа што го давала природата во сирова форма, корења, лисја, трева ... Молитвата, вербата во бога и следењето на божјиот пат е главна духовна храна на секој Пустиножител.
Пустињак Онуфрије Египатски из 4. века
- Отшелник или пустињак је човек који је из духовних разлога отишао од света, да би живео на осамљеном, пустом месту. Пустињаци су се још називали и еремити (грч. ἔρημος - пустиња), анахорети (грч. ἀναχωρέω - повући се, узмицати) или монаси (грч. μόνος - сам, осамљен), премда су неки од ових назива временом добили одређенија значења.
- Отшелничество, анахоретство — аскетическо отречение поради различни убеждения от цивилния живот с максимално ограничение от външни връзки и усамотен живот в пустинни места.
Македонија има богата историја на Пустиножители кои во нашите краишта се јавуваат околу Осоговските планини. Се работи за четворица пустиножители кои живееле во X и XI век. Првиот е св. Иван Рилски:
- Свети Јован Рилски је најзначајнији бугарски светитељ. Сматра се као покровитељ Бугара, ктитор и оснивач главног манастира у Бугара - Рилског манастира.
Рођен је вероватно пред 876. у Скрини код краја Дупница а умро на 18.август 946. (по јулијанском календару). Живео је за време цара Бориса I и цара Симеона Великог а најактивнији је био за време цара Петра (927. - 968.) Бугарска православна црква га слави на 19. отобар а у српском календару пада на 18. август. - Свети Иван Рилски Чудотворец е български духовник, най-известният български светец и отшелник, покровител на българския народ, патрон и основател на най-големия ставропигиален манастир в България - Рилския, патронът на българските будители.
- Преподобен Свети Гаврил Лесновски бил македонски подвижник чиј празник се слави на 28 јануари. Роден бил во кривопаланечкото село Осиче. Бил активен во 10 век на Лесновската Гора кај Кратово, каде што изградил црква во чест на Св. Архангел Михаил. Бил чудотворец за време на животот и по смртта. Умрел на крајот на 10 век.
- Свети Гаврило Лесновски је био хришћански подвижник са Балкана из 10. века.
Гаврило Лесновски је био балкански Словен друг Прохора Пчињског и Јована Рилског. Подвизавао се у X веку код Кратова на гори Лесновској, где је саградио храм светом Архангелу Михаилу. Чудотворац и за живота и по смрти. Садашњи храм на том месту подигао је војвода цара Душана Јован Оливер. Свети Гаврил је преминуо крајем X века.
Српска православна црква слави га 15. јануара по црквеном, а 28. јануара по грегоријанском календару. - Гаврил Лесновски (среща се и като Гавраил и Гавриил) е български светец и отшелник, един от тримата следовници на Иван Рилски, заедно с Прохор Пчински и Яким Осоговски.
Според житието му, Гаврил е син на болярско семейство от село Осиче, Кривопаланско.
- Прохор је рођен у првој половини 11. века од побожних родитеља, Јована и Ане, у околини Овчег поља. По Житију, Прохор је рано изучио књижне мудрости и у свему био бољи од својих вршњака. У духовном усхићењу он одлази у пештеру Нагоричинску (источно од Куманова), близу данашњег манастира Старо Нагоричино, где среће ловца Диогена. Прохор му прорече да ће постати цар и рече му: сети се и мене кад постанеш цар. То се и обистинило - Диоген поста византијски владар Роман IV Диоген (1067-1071). Житије даље казује да се пустиножитељ Прохор подвизавао тридесет година у планини Козјак (јужно од Врања), у једној малој пећини. Ту се и престави после шездесет и две године испосничког живота.
- Прохор Пчински е роден в областта Овче поле в Северна Македония. Според житието му, след като възмъжава, напуска родителите си Йоан и Анна и се уединява в пещера край Старо Нагоричане, срещу църквата „Свети Георги“, където прекарва дълги години като отшелник. По-късно, поради заплахата от нападение на „диви хора“ (вероятно печенеги или кумани), Прохор се премества в планината Козяк над река Пчиня, близо до днешния град Враня.
- Свети Јоаким Осоговски е еден од македонските светители, кој се подвизувал во Македонија во XI век. Според преданието, бил соподвижник на светите Прохор Пчински, Гаврил Лесновски и Јован Рилски.
- Йоаким Осоговски, наричан понякога и Яким Осоговски или Сарандапорски, e български светец и отшелник. Заедно с Гаврил Лесновски и Прохор Пчински, той е сред най-известните последователи на свети Иван Рилски.
Над црквата Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане е испосницата -пештерата во која првично престојувал Светиот Отец Прохор Пчински. Легендата вели дека ловејки во близина тогаш само ловец, Роман четвти Диоген во се сретнал со Светиот Отец Прохор Пчински кој му пророчил на Роман четврти Диоген дека ке стане Цар на Византија - воколку не ја убие срната која била на нишан на неговата стрела ...
Во продолжение ке се задржам со поголем осврт на Светиот Отец Прохор Пчињски. Во сите житија во кои е пишувано за Светиот Отец Прохор Пчињски не се спомнувани годините на раѓање и на смрта на Светиот Отец. Но спомнато е дека е роден во Овче Поле, во добростоечко семејство на неговите родители Јован и Ана. Тие долго време немале деца, но со верба во бога го добиле единствениот син кого го школувале. Не по воља на неговите родители Светиот Отец Прохор Пчињски под влијание на примерите од останатите троица Пустиножители и особено по углед на Св. Иван Рилски, и тој решил да се посвети на длабоката верба во бога и се одлучил на изолација каде ги правел своите подвизи.
За свое прво место далеку одбира една пештера која и ден денеска стои во близината на Црквата Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане. Во таа пештера тој престојувал цели триесетина години - го живеел животот кој го одбрал, следејки го божјиот пат и подвизувајки се.
Легендата вели дека тука се сретнува со тогашен ловец, кој подоцна ке постане византиски владар Роман IV Диоген (1067-1071). Роман IV Диоген се спремал да убие една срна, која бегајки од ловецот дошла кај Светиот Отец Прохор Пчињски, кој по долгиот пустиножителски живоѕт веќе едвај да личел на човечко битие. Роман IV Диоген се исплашил од старецот и почнал да бега. Светиот Отец Прохор Пчињски му довикнал да не се плаши бидејки и тој е човек - истовремено замолувајки го да не ја убива срната која била негова дружба. Му предскажал дека брзо ке ја фрли ловечката облека и ке ја замени со царска. Така и се случило, Роман IV Диоген женејки се со удовицата царицата Евдокије, супругата на Константина X (1059 - 1067) станува византиски цар и император.
На Светиот Отец Прохор Пчињски Роман IV Диоген се сетил кога овој му дошол на сон и го подсетил за неговото пророчанство, дека неговата ловечка облека ке ја замени со царска. Во истиот сон барал да му се одолжи со тоа што ке изгради црква во местото каде што се сретнале. Роман IV Диоген кога се разбудил потресен од сонот и неисполнетото ветување наредил веднашка да се појде и на местото каде се сретнале со Светиот Отец Прохор Пчињски и изградил базилика. Сакајки да му каже на Светиот Отец дека го исполнил ветувањето насекаде го барал. Светиот Отец во меѓувреме се преселува четириесетина километри североисточно од пештерата во која првично престојувал во Старо Нагоричане. Повторно му доаѓа во сон на Роман IV Диоген и му го кажува новото место каде нашол нова пештера и во која живеел нови триесетина години. Кога пошле таму, виделе дека во пештерата има само мошти од Светиот Отец. Легендата вели дека Роман IV Диоген трипати дење ги пренесувал коските - но тие ноќе се враќале во новата пештера, гаде Светиот Отец се упокоил. Тогаш ги товарил за да ги носи во Цариград. Но коските не се мрдале. Роман IV Диоген сватил дека желбата на Светиот Отец е моштите да останат тука . Роман IV Диоген прави уште една базилика на тоа место, со што го исполнува ветувањето.
Се чини дека највеќе напори да ги проучи сите житија на Светиот Отец Прохор Пчињски прави Вера Стојчевска - Антиќ, АНХОРИТЕТОТ СВЕТИ ПРОХОР ПЧИЊСКИ.
- Старо Нагоричaне ... Staro Nagoričane - фото и видео
- св. Ѓорѓи - Старо Нагоричане ... sv. Đorđi Staro Nagoričane ... св. Ђорђи Старо Нагоричане ... sv. Djordji Staro Nagoricane ...
- Tvorestvoto na Mihail i Evtihij
- Свети Прохор Пчињски
- Прохор Пчињски
- АНХОРИТЕТОТ СВЕТИ ПРОХОР ПЧИЊСКИ - Вера Стојчевска - Антиќ
- Преподобен Прохор Пчињски, Мироточив Чудотворец
- Свети Прохор Пчињски му прорекол на ловецот Диоген дека ќе стане цар на Византија и така и се случило!
- Свети Прохор Пчински духовен и историски светилник
- Manastir Prohor Pčinjski
- Sveti Prohor Pčinjski
- Житије Преподобног оца нашег ПРОХОРА Пчињског, мироточивог Чудотворца
Нема коментари:
Објави коментар