Ботаничка градина во Старо Нагоричино
Локалната самоуправа од Старо Нагоричане и Факултетот за земјоделски науки при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, кои заеднички ќе го подобруваат развојот на земјоделството, планираат изградба на прва ботаничка градина во земјава.
Според градоначалникот Миодраг Јовановиќ, потпишаниот договор за соработка има за цел подобрување и интензивирање на истражувањето на земјоделството. За реализирање на овие проекти ќе бидат ангажирани професори-истражувачи, соработници и други стручни кадри, а првата ботаничка градина ќе биде во интерес на научни и образовни цели, но и како атракција за посетителите.
Општината Старо Нагоричино е прва и единствена од сите општини што потпишала договор за ваков вид соработка со Земјоделскиот факултет од Скопје.
(С.А.Ј.)
Нема коментари:
Објави коментар