Пребарај го блогов

понеделник, август 10, 2009

Донација од 800.000 евра за црквата во Старо Нагоричане

Донација од 800.000 евра за црквата во Старо Нагоричане

Куманово - Советот на Европа преку Комисијата за развој деновиве и' додели 836.000 евра донаторски средства на локалната самоуправа во Старо Нагоричане за санација на објектите на познатата црква „Свети Ѓорѓи“. Средствата ќе се дистрибуираат преку Министерството за култура, а ќе бидат вложени во зафати за поправка на фасадата и покривот на храмот „Св. Ѓорѓи“, како и останатите објекти во црковниот комплекс.

Ова е прва поголема меѓународна донација за овој светски познат средновековен културно-историски споменик, за кој во минатото државата издвојуваше одредени средства, но никогаш доволно за целосно да се заштитат објектите од пропаѓање, велат во локалната самоуправа на Општина Старо Нагоричане.

Со завршување на проектот за конзерваторско-реставрирачки зафати на фрескозаписите и сакралните предмети, како и санацијата на црковното предворје, црквата ќе им го отвори сиот раскош на овој византиски споменик од 14 век на посетители од цел свет. (Ст.Б.)

1 коментар:

Анонимен рече...

[color=#66b5ff]
стати Хотела бы вам посоветовать. (Не вкоем случае не настаиваю.)
Отличный на мой взгляд сайт для женщин и мужчин. В моём профиле (заполняла при регистрации) Вам попудутся многие ответы на вопросы. Например как [url=http://www.pi7.ru]Беременность[/url] ну или любой другой вопрос, тема.
Что это? Как это? И с чем это, а главное почему это так важно для женщины в современном обществе. Если у вас есть какие то полезные советы, наблюдения или Вы хотели бы задать вопрос на интерисующую вас тему? Милости просим, задaвайте, предлогайте, советуйте. Ведь для кого то это может принести пользу, кто то воспользуется именно Вашим советом и тем самым не попадет в неловкую ситуацию или еще хуже , даже страшно представить...
[URL=http://www.pi7.ru][IMG]http://pi7.ru/kiss.gif[/IMG][/URL]
прошу прощения за опечатки....
Сидят два деда в куста, испражняются. Один другому:
- А помнишь, раньше, время было, яйца то до земли доставали.
- Да, осела земля, осела.

.[/color]

Архива на блогот

Site Meter