Проекти за заживување на Старо Нагоричино
10.08.2009
Општината Старо Нагоричино во кумановскиот регион каде што се наоѓа мегалитската опсерваторија Кокино и меморијалниот центар АСНОМ започна со спроведување на повеќе научни и туристички проекти за заживување на крајот.
Општината Старо Нагоричино сместена во Козјачко-пчињскиот регион со само околу 5 илјади жители и уште толку викендаши, една е од најмалите општини по населеноста во државава. Богата со културно-историски средновековни монументи, археолошки локалитети и природни убавини по повеќедецениски период застој во развојот претендира да стане регион погоден за научни испитувања,но и како туристичка атракција,се чини повеќе интересна за странците отколку за домашните посетители. Во оваа Општина е и мегалитската опсерваторија Кокино, меморијалниот центар АСНОМ и термалниот извор Стрновац. Иако интересна поради големиот туристичкиОд ЕУ е добиен грант од 836 илјади евра за реставрација на црквата Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричино
„Од ЕУ е добиен грант од 836 илјади евра за реставрација на црквата Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричино.“
Вели градоначалникот Миодраг Јовановиќ и додава дека овој средновековен културно историски и духовен храм ќе си го поврати стариот сјај. Меѓутоа:
„Со Факултетот за земјоделски науки и производство на храната први во Македонија потпишавме договор за испитување на почвата и педолошка карта на општината. Ќе се гради и ботаничка градина најголема од таков вид во овој дел на Балканот, што ќе биде на научна основа и како туристичка атракција.Со шпанска фирма потпишан е договор за изградба на ветерници за производство на електрична енергија.“
Објаснува Јовановиќ и додава дека во тек е разгледување и реализација на нови проекти значајни за заживување на овој регион.За
Ќе се гради и ботаничка градина најголема од таков вид во овој дел на Балканот, што ќе биде на научна основа и како туристичка атракција
„Обезбедени се 36 времени вработувања, а воведен е и Олимписки час преку Олимпискиот комитет на Македонија.“
Вели Јовановиќ.
Жителите во оваа Општина сеуште не можат да ги почувствуваат позитивните промени во нивната средина. Тие велат дека е рано да се коментира. Нивните забелешки се дека времето ќе покаже дали оваа многу одамна заборавена општина која миграционите и емиграционите периоди ја испразнија, ќе прерасне во пријатно место за живеење и пристојна егзистенција од земјоделството и сточарството.
Нема коментари:
Објави коментар