Пребарај го блогов

вторник, февруари 14, 2006

СТАРО НАГОРИЧАНИ, ОПШТИНА НА БЕЌАРИ

СТАРО НАГОРИЧАНИ, ОПШТИНА НА БЕЌАРИ
Шпанските серии не оставија без жени
Во оваа општина 10 насто од населението е неоженето.Има околу 500 беќари од 35 до 50 години кои воопшто не размислуваат да оформат семејства и се почесто утеха бараат во алкохолот. Проблемот е сериозен и локалната власт донела одлука секое семејство

- Шпанските серии, ни ги пишманија девојките да се мажат за нас. Идните невести сонуваат за раскошен живот и богатство без мака и не сакаат да бидат селанки за да работат по нивате, велат на шега ергените во поодминати години од селото Старо Нагоричане, кумановско. Повеќето од нив потврдуваат дека останале неженети поради тоа што младите дами барале услови за живот како во телевизиските сапуници, а дел од беќарите вината ја префрлуваат на судбината и сиромаштијата. На крај сите признаваат дека самите се криви што не успеале да освојат некое женско срце и да се изборат за љубовта.
-Незнам зошто, но досега немав среќа да се оженам. Имав плата и работев како поштар. Моето семејство не беше сиромашно но, не се решив за брак. Имав неколку врски кои пропаднаа. Годините си минаа без да ги сетам и останав сам . Сега живеам со мојот постар брат Гроздан, кој исто така не е женет. Тој работеше во Швајцарија, но откако се врати во селото и тој не се ожени. Девојките од секогаш повеќе ги привлекуваа момчињата од градот. Овде има многу работа и никој не ја сака селската мака, вели четириесет и две годишниот Славе Марковиќ. Тој и неговиот брат се занимаваат со сточарство и обработуваат 3 хектари земја, а сами ги завршуваат и сите домашни женски работи по куќата.
Општината Старо Нагоричане има околу 500 мажи кои не оформиле семејства и го држи рекордот во државата по бројот на стари ергени. На нив отпаѓа 10 насто од вкупниот број на население - 5.000 жители. Во 49 населени места колку што има во Општината во секое во просек има по десетина ергени во зрели години. Најбројни се во селото Младо Нагоричане околу педесетина, потоа во Старо Нагоричане четириесетина, а селата Никуљане, Драгоманце, Мгленце, Длабочица се по триесетина стари ергени. Најмногу од нив се на возраст од 35 до 50 години.
- Оваа популација не можеше да го реши својот брачен статус и се најде во многу незавидна положба. Во 80 и 90 години на минатиот век, кога беше нивното време за женидба, постоеше голема разлика во квалитетот на живеењето помеѓу градските и селските средини. Девојките не се одлучуваа да се мажат на село, бидејќи немаше елементарни услови за живот: струја, вода, телефон, пристапни патишта. а момчињата немаа можност да заминат во градот. Останаа да ја обработуваат земјата, но не создадоа семејства. Сега условите во селата се подобрени и помладите се снаоѓаат, но за постарите ергени нема перспектива, вели градоначалникот Власта Димковиќ.
Старите ергени веќе дигнале раце од нивната женидба. Велат дека допрва , тешко ќе се стават "во вера", бидејки се навикнале на самечкиот живот без обврски. Најголем дел од времето го минуваат по работа, а единствена забава им се вечерните дружења пред селската продавница. "Се собираат околу 6 часот попладне, а остануваат до 2 по полноќ. Пијат пиво, играат карти, гледаат телевизија , се расправаат за политика, се фалат кој побрзо ја собрал летнината и на кого повеќе му родиле нивите, ама жените во уста не ги ставаат, за нив ретко зборуваат. Па во селото и нема девојки за да ги загледуваат и оговараат, ни открива еден од мештаните. Разочарани од безизлезната состојба во која се наоѓаат , осамените ергени понекогаш наместо во женска прегратка , утеха бараат во алкохолот.
За да им помогнат и да ги стимулираат да создадат фамилии, градоначалникот и советот на Општината, донеле одлука со која секое семејство што ќе добие новороденче ќе се ослободи од плаќање на вода во наредните две години. Размислуваат и да се збратимат со некоја општина, каде што има стари моми. "Ние сме можеби единствената општина во државата и пошироко што има донесено ваква одлука, се со цел да го потикнеме склучувањето на браковите и да се зголеми наталитетот .Имавме и некои неофицијални разговори со претставници на едно гевгелиско место, каде имаат ист проблем со женската популација за взаемно да си помогнеме", вели градоначалникот.
Додека повеќето од старите ергени речиси и не размислуваат за женидба , 37-годишниот Милутин Бојковиќ најавува дека наскоро ќе има венчавка. Тој изградил и нова куќа во селото за своето семејство. "Моите родители постојано прашуваат зошто не се женам и што чекам. Откако реализирав некои мои планови сега сериозно размислувам да скокнам во тавче. Во нашето село ретко има свадби, но можеби јас ќе повлечам нога", се надева Милутин.
Во руралните средини во државата, се повеќе се прекинува лозата на многу семејства и се губат корените на македонската традиција и нација, се запустуваат цели предели. Старо Нагоричане, пак на шега велат мештаните, ќе се подмлади само ако девојките ги заменат шпанските серии со старите ергени.

Сузана Николиќ

Извор Вест

4 коментари:

Photo Volan рече...

Навистина тажна приказна.. Веројатно е подкрепена и со некои статистики, но јас мислам дека новинарката зела малку слобода и ја нашминка малку вистината.....

MT рече...

Ваков пример има за селото Саса во Македонска Каменица. За тоа постои и документарна емисија која своевремено ја даваа на некоја од нашите телевизии, мислам дека беше МТВ.

Анонимен рече...

Cool blog, interesting information... Keep it UP S3 video card drivers for win 2000 Www vicodin com vicodines online no prescription vitamines in corn iavi projectors Graphics card pci vs agp belle and howell movie projectors Long+term+effects+of+ambien Pro doc software 1960 ford truck bumper Cum soaked pussy Maternity clothes elpaso2ctx http://www.free-nexium-sample.info/rantidine_and_nexium.html Peugeot ralski la county sales tax Mustang cpu Free mail stationery downloads

Анонимен рече...

Where did you find it? Interesting read Dermalogica free shipping worldwide skin care car+service+polish Astro shield auto polish and glaze porsche part tahoe 19 foot toy hauler $30 mil swimsuit water heater tempature controller Wisconsin gatlinburg tn honeymoons polish moms car auction best auto polish De land southwest web site marketing sports and recreation victoria Video surveillance gsm Christmas gifts for running coaches For phentermine and adipex Tennis racket ultra waterbed body building supplement alloy wheels cambridgeshire audi Venlafaxine abuse Retirement plans jamaica

Архива на блогот

Site Meter