КРВАВА ДРАМА ВО СТАРО НАГОРИЧАНЕ
Домазет ги заклал трудната сопруга и нејзината мајка
Го прифатија како син, а тој им ја затвори куќата, коментираа селаните од Старо Нагоричане
Селанец, по куса расправија, со кујнски нож ја масакрирал својата трудна сопруга, а потоа ја заклал и својата тешта. По масакрот, убиецот си ги измил крвавите раце и наместо во локалната полиција, оддалечена 50 метри од местото на инцидентот, отишол во кумановската полициска станица. Крвавиот инцидент се случил во семејната куќа на семејството Трајковиќ, завчера вечерта, во кумановското село Старо Нагоричане. Официјално мотивот за убиството се уште се истражува.
Според полицијата, трагедијата се случила неколку минути по 18 часот во куќата на Јефта Трајковиќ, кога неговиот зет, Зоран Арсовски (43) со кујнски нож ги убил својата сопруга Надежда Арсовска-Трајковиќ (37), која била во седмиот месец од бременоста, и нејзината мајка Еленка Трајковиќ (62).
Куќата во која се случил крвавиот инцидент вчера беше полна со роднини и пријатели на семејството Трајковиќ. Оправдано тие не беа расположени за коментирање на случајот.
Соседите велат дека семејството Трајковиќ било едно од најимотните во селото и оти досега не забележале какви било проблеми кај нив.
Арсовски, кој бил домазет, со таткото на својата сопруга Јефта целиот ден работел на нивите. Кога завршиле со работата двајцата се упатиле кон семејната куќа. Јефта го зел автомобилот и со еден соселанец заминале за Куманово за да однесат грозје. Арсовски останал во куќата и ги вршел секојдневните обврски, а потоа отишол до блиската продавница.
- Зоран застана пред продавницата и ми побара цигара. Ја запали цигарата и ми кажа дека целиот ден со Јефта фрлале ѓубриво на нивите. Рече дека ги нахранил кравите и дека ќе си оди дома. Ништо не навестуваше дека по десетина минути ќе се случи таква крвава драма - раскажува возбудено еден од селаните.
Веднаш по разговорот Арсовски се упатил кон куќата. Зел нож од кујната и се упатил во собата каде што седела неговата бремена сопруга, за која селаните велат дека била во седмиот месец од бременоста. Надежда почнала да се брани и да бара помош, но нејзиниот сопруг бил безмилосен. Со неколку удари ја измасакрирал. Повиците за помош ги слушнала мајката на Надежда, која работела во дворот. Таа боса се стрчала кон куќата, меѓутоа на прагот од влезната врата ја пречекал нејзиниот зет. Арсовски со ножот ја измасакрирал и Еленка. Убиецот си ги измил рацете, ја соблекол крвавата тренерка зел 4.200 евра и со такси заминал за Куманово, каде што се пријавил во полициската станица. Куќата на семејството Трајковиќ е на само 50-ина метри од полициската станица во селото и не десетина метри од селскиот колонијал. Никој од селаните не видел ниту слушнал нешто сомнително. Тие разбрале за трагедијата кога дошла полицијата во селото и влегла во куќата.
Според селаните, Зоран Арсовски бил мирен човек. Не правел проблеми ниту пиел алкохол. Тој бил од селото Режановце, каде што живеел со сопругата Надежда околу две години во куќата на своите родители. По нивната смрт, во мај годинава Зоран и Надежда се доселиле во Старо Нагоричане. Семејството Трајковиќ имало голем имот. Јефта и Еленка имале три ќерки, сите биле мажени и не живееле во селото. Поради тоа, родителите на Надежда го прифатиле Зоран како сопствен син. За кусо време тие му купиле трактор и добиток на зетот за да работи и автомобил.
- Го прифатија како син, а тој им ја затвори куќата - коментираа селаните од Старо Нагоричане.
Според селаните, Зоран во последно време почнал да се однесува чудно. Откако го продале тракторот, Арсовски почнал да троши многу пари. Тие велат дека дури посетувал и бајачки во кривопаланечките села, па претпоставуваат дека може да му ја наполниле главата со будалштини. Селаните зборуваат дека Арсовски пред неколку дена го снемало, кога заминувал носел кесе најверојатно со алишта, но се вратил по три-четири дена со истото кесе во рацете.
По наредба на истражниот судија, телата на убиените се предадени на обдукција. Полицијата го утврдува мотивот за убиството.
извор Дневнник
извор Вест
извор Вечер
извор Идивиди, Линк 2
извор А1
извор Макфакс
извор Канал 5
Извор Утрински
Пребарај го блогов
вторник, февруари 14, 2006
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
1 коментар:
Вакво нешто, јас не паметам дека се случило во историјата на мојот роден крај. Со еден збор Трагедија.
Зарем треба да се случат вакви нешта новинарите да пишуваат нешто за мојот роден крај. Но читателите изгледа обожаваат крвави драми. Македонска работа е да му го гледаш сеирот на комшијата.
Иначе случката се има случено во куќа скоро на најмирната фамилија - која е позната по својата работливост, и мирољубивост и меѓу кои имам неколку пријатели од детството...
Мојот роден крај, како и повеќето краеви од Македонија е познат по други нешта - по гостољубивост на пример - по начин на изразување на шала во секое време, дури и на свој рачун ако треба....
Што се случува во умовите на болните луѓе кои се способни да сторат вакво нешто - незнам тоа е работа на психијатар. Жално е тоа што вакви луѓе ке шетаат слободно за некоја година.
Се сеќавате на случајот кога сопственикот на една позната скопска кафеана на ист начин си ја уби сопругата која беше трудна, (како и во овој случај впрочем) и по една година затвор, судот донел пресуда за непресметливост-неурачунливост и сега човекот шета слободно меѓу нас. Истиот човек нон стоп сеуште е во конфликт со законот...
Што е решение за вакви случаи - по мене јавно гињотинирање. Безмилосно...
Објави коментар