Старо Нагоричане не сака депонија на своја територија
КУМАНОВО - Жителите на Старо Нагоричане не се согласуваат во нивната општина да се изгради депонија на шест града од североисточниот дел на Македонија, што било договорено уште во ноември минатата година. "На некаков нивен самит решиле во близина на Старо Нагоричане да си изградат единствена заедничка депонија за комунален смет, што ние, во најмала рака, тоа го сметаме за правење есап без крчмарри, реагираше вчера градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, Власто Димковиќ, со група советници и активисти на самото место на кое е одлучено да се гради депонија. †Сакаат да ни донесат депонија за ѓубре од шест општини во срцето на еколошки можеби најчистата средина во земјавааи, додаде градоначалникот Димковиќ и ја повикува јавноста, пред сў екологистите, да помогнат да се спречи оваа, според него, штетна и налудничава замисла.
Според договорот потпишан од страна на градоначалниците на Куманово, Крива Паланка, Кратово, Липково и Ранковце на 22 ноември минатата година, регионалната депонија за комунален смет треба да се формира во месноста Бела Земја два километра од селото Старо Нагоричане. "Во два наврата, на посебни седници, Советот на општината расправаше и донесе категорични ставови дека иницијативата е неприфатлива од многу аспекти. Козјачкиот крај, заедно со Дебрца и Мариово, се последните оази на незагадени шуми, ливади и води, со перспективи за развиен селски и планински туризам. Во Козјачијата се лоцирани многубројни културно-историски споменици, како што се средновековната црква "Св. Ѓорѓи° во Старо Нагоричане и Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце изграден во живописната долина на Пчиња. Општините од регионов треба да размислуваат за инвестиции во земјоделството, сточарството и туризмот, а не за создавање вака опасни жаришта за загадување на природата°, е ставот на Советот на Општина Старо Нагоричане. "Замислата е дотолку поапсурдна што депонијата е лоцирана само сто метри од основното училиште во Младо Нагоричане во кое учат околу 200 деца.
напис во Утрински весник
1 коментар:
Навистина е налудничаво што се може да замислат нрколку “умни глави“....
Порано кога читав каде е локацијата за депонијата одпрвин ми беше посочен локалитетот “Краста“.
Се згрозив дури и од помислата. Иако името е малку чудно за местото - тоа е всушност над селото, на една висинка и од него е главниот селски извор од кој сум ја пиел првата вода во животот, од кој всушност пиел и легендарниот Прохор Пчињски кога првпат се населил во пештерата која се наодја на десетина метра од изворот.
Сега пештерата е попозната како “испосница“ - поради испосничкиот живот што го имал св.Прохор Пчинјски, и е свето место дури и посвето од самата црква св.Ѓорѓи.
Муабетот уствари ми беше за депонијата - се слагам со се што е напишано во написот.
Чудна некоја практика да се градат депонии медјуопстински, демек и секојпат се бира најнеразвиената и по можност најмалку еколошки загадената општина !!??
Знам од други извори дека кога дошле багерите да ја припремаат депонијата, искочиле мештаните и со штитот на своите тела го бранеле местото и еколошки незагадената природа, која таква треба да остане.
Во овој крај нема педа од земјата која не е покриена со некој слој од богато културно историско значение и ако треба другпад и самиот ке го поставам моето тело пред некој багер....
Само на кратко сега, кога месноста Старо Нагоричане била историски позната далеку низ вековите, куманово не ни постоело на картата како населено место. ( За ова повеќе во друга прилика)
Објави коментар