СТАРО НАГОРИЧИНО
Прогласена елементарна непогода
По една недела од невремето во Козјачкиот регион, каде што излеаната Пчиња и помалите потоци нанесоа големи штети во дваесетина села, Советот на Општината Старо Нагоричино прогласи елементарна непогода.
Комисиите за проценка утврдиле дека штетите се огромни и дека обесштетувањето на земјоделските производители и санирањето на патиштата и мостовите се можни само со помош и парична поддршка од Владата.
Според извештајот на комисијата за проценка на земјоделските култури, утврдено е дека полјоделските, градинарските и лозаро-овоштарските култури се оштетени од 30 до 100 отсто и тоа на површина од 1.000 хектари. Поради тоа, Советот прогласил елементарна непогода во повеќе села.
Комисијата за проценка на штетите на инфраструктурата утврдила дека делови на локалните и на пристапните патишта се целосно уништени со што е оневозможена комуникацијата на населението. (С.А.Ј.)
Пребарај го блогов
среда, април 19, 2006
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Архива на блогот
-
▼
2006
(151)
-
▼
април
(8)
- Мала меморија за мојот Свекор
- Моја некогашна Свекрва, а можам да кажам и мојата ...
- Младиот Ѓокица се гордее со стадото
- Пренесен напис од Дневник 18 Март 2006
- Пренесен напис од Дневник од 18,Март 2006
- Пренесен напис од Дневник од 18,Март 2006
- Google - Слика на центар на селото Старо Нагоричан...
- Google - Слика на центар на селото Старо Нагоричан...
-
▼
април
(8)
Нема коментари:
Објави коментар