Пребарај го блогов

среда, септември 02, 2009

Старо Нагоричaне ... Staro Nagoričane - фото и видео

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-121Large.jpg?t=1251918198
сл.1 Општинска зграда - веројатно единствено активна зграда на некогашните македонски задружни домови градени во периодот на присилната колективизација (1949-1953) .... клик на сликата за поголема. Објектот по крајот на колективите беше наменет за Општинска зграда, во која беше сместена старата општина Старо Нагоричане. По перидот на распад на СРЗ (СелскиРаботниЗадруги) во зградата во еден мал дел имаше погон на фабриката за чевли Чик-Куманово, беше седиште на Месната заедница Старо Нагоричане со активно биро за матична служба ... имаше библиотека попозната како “Читалиште“ - во кое долго време се гледаше телевизија, младите се дружеја, беше и сала за помали состаноци ... големата сала стално е користена за приредби и собири ... Читалиштето едно време беше седиште на ФК Козјак, кратко беше и кафеана ... Задружниот дом повторно стана Општинска зграда со најновата територијална поделба. Неколкупати е реновирана - веројатно насткоро пак ке се реновира ... како беше онаа народната сиромавиот плаќа трипати.            Повеќе » ….. http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-21Small.jpg?t=1251919878
сл.2 Мал парк пред општината
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-311Small.jpg?t=1251919938
сл.3
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-61Small-1.jpg?t=1251920043
сл.4 Мала галерија на фото историја на општината, ја има и на долниот спрат - ке има посебен пост за оваа галерија на слики и спомени ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-51Small.jpg?t=1251920192
сл.5 Сегашниот градоначелник на Старо Нагорично - Миодраг Јовановиќ, е трет Градоначелник во новиота историја на општината Старо Нагоричане.
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-4111Small.jpg?t=1251921385
сл.6
http://www.opstinastaronagoricane.gov.mk/Uploadedimages/karta%20na%20opstina1.jpg
клик на сликата за поголема - понекогаш страната каде е подигната горната слика е падната
сл.7 Терторија на општина Старо Нагоричане. Општината е погранична и неразвиена општина со мал број на жители и многу малку стопанска активност, регионот е земјоделско сточарски, има мали површини со шуми. Најквалитетното земјиште е по течението на реката Пчиња и нејзините притоки. Општината брои 39 села со близу 5.000 жители, на површина од 451 километар квадратен - што ке рече десетина жители на километар квадратен. Населението претежно се бави со земјоделие и сточарство. Има само неколку покрупни стопански објети ... Иднината на општината е во екстензивното еко земјоделието (производство на здрава храна), користење на многуте сончеви денови - за тоа треба зафаќање на надземните води во форма на мали вештачки езера, но и користење на подземните води, изработка на минеролошка карта и користење на минералите во стопански цели. Општината има одлична иднина во туристички поглед, особено за развој на селскиот туризам комбиниран со специфичниот црквено-манастирски туризам кој се заговара во поновата туристичка стратегија на РМ - бидејки е општина со десетици првокласни објекти од средновековни цркви и манастири, секако најпозната е Св.Ѓорѓи, но и другите се многу значајни и убави, Кокино како мегалитска опсерваторија со светски глас и десетици попознати архео локалитети, тука е и малку подзаборавениот Зебарњак (спомен костурница на кумановската битка), секако и меморијалниот споменик на АСНОМ во Пелинце ... Во поново време се гледа перспективата и во развивање на бањски и спа-центри околу изворите на топлата и минерална вода Стрновац. Народот веќе ја препозна Бањата Стрновац, која има задоволителна посетеност. Најголем проблем со бањата е ситната поделеност на имотните површини.
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-110Large.jpg?t=1252006943
сл.8 Селото е веќе урбанизирано, во план е и изградба на канализација а наскоро ке се постават контејнери за собирање на смет ... клик на сликата за потолема
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-113Small.jpg?t=1252007641
сл.9 Матичната служба во селото - најдолго време во моето паметење таму работеше Жарко Спасиќ, човек со исклучително добар ракопис, некогаш главен предуслов да работиш во матично ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-115Small.jpg?t=1252007787
сл.10 Славното читалиште т.е. библиотека, некое време кафеана, па седиште на ФК Козјак а сега седиште на комуналниот инспекторат на општината Старо Нагоричане ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-101Large-1.jpg?t=1251922042
сл. 11 клик на сликата за поголема
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-111Small.jpg?t=1251923089
сл.12
Црквата т.е. Манастирот Св.Ѓорѓи е матицата околу која се оформило селото Старо Нагоричане. Црквата е едно од поголемите и поважните културно историски наследства во Македонија. Значајна е заради својата архитектура, изградена на темелите на базилика од 11 век од византискиот император Роман четвти Диоген ... Обновена од светиот Крал Милутин во 1313 година, како завет даден пред почетокот на една битка со турците - затоа го носи името на светиот воин Св.Ѓорѓи ... 1635 Црквата се спомнува како седиште на Митрополија на кир Михаил Митрополит српски и нагорички, се смета дека во еден од зидовите е сохранет бугарскиот цар Михаил III Шишман (1322-1330) кој е поразен и убиен во една битка со србите во непосредна близина ...Од 18 век наваму станува парохијска црква ...
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/18Large-4.jpg?t=1223233751
сл.13
Црквата св.Ѓорѓи е уште позначајна поради добро сочуваните ремек дела на МК иконописци - познатите зографи Михајло и Евтихије кои во 1316/18 го прават едно од најголемите нивни ремек дела на иконописот. Поради специфичниот стрип начин на редење на иконите со соодветни периоди на житието на Исус Христос се смета дека ова е еден од првите стрипови - во случајот стипирани се страдањата, чудата и воскрснувањето на Исус Христос ... Црквата некогаш била голем и значааен манастир а потоа и сахрално место. Во периодот меѓу световните војни дел од гробиштата се пренесени на нова локација, во сегашниот црковен двор остануваат постарите гробови и гробовите на дотогашните верослужители во црквата ... По втората световна војан црквата е претворена во културно историјски споменик, изградена е сегашната камена ограда, извршени се неколку конзервации и реставрации на објектот на црквата ... сега повторно е дозволена богослужба во самата црква - но и понатака буди огромен интерес на бројните посетители и туристи од целиот свет ... Оваа година ЕУ комисија одобри 800.000 евра пари со кои треба да се среди околината на црквата и претвори во туристички комплекс заедно со испосницата на Св.Оптец Прохор Пчињски, старата селска чешма, најстариот објект на школото и уште две други стари куќи со специфична стара архитектура.
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-83Small.jpg?t=1252004608
сл.14
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-84Small.jpg?t=1252004688
сл.15
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-98Small.jpg?t=1252005398
сл.16 Професорот кој ги знае легендите поврзани со Прохор и Црквата ... и во овој ден го сретнав како даваше интервју за МТВ ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-121Small.jpg?t=1251924675
сл.17
Над црквата е испосницата на светиот отец Прохор Пчински. Легендата вели дека поминувајки на патот за Цариград, Роман четвти Диоген во лов се сретнал со светиот отец Прохор Пчински кој му пророчил на Роман четврти Диоген дека ке стане Цар на Византија - воколку не ја убие срната која била на нишан на неговата стрела ... и би пророштвото ... По извесен период во сон на тогаш веќе Цар Роман четврти Диоген му се појавува светиот отец Прохор Пчински. Царот наредил да се пронајде светиот отец и соодветно награди. Во меѓувреме светиот отец ја напушта испосничката пештера во Старо Нагоричане и оди во нова на местото на сегашниот Манастир Свети Отец Прохор Пчински. Роман Диоген порачал да се изгради Базилика близу до испосницата во Старо Нагоричане и да се пренесат коските од светиот отец. По изградбата на базиликата кога се пренесувани коските тие трипати се враќале назад. Диоген на крај изградил мала базилика и во Прохор Пчински - последното место каде светиот отец живеел. Малку над испосницата на Светиот отец е изворот од вода која сеуште бујно тече во селската чешма - а во поново време во селскиот водовод. Делови од таа водна жичка се во подселските дворови, бунарите и ден-денеска се богати со убава и питка вода ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-91Small-2.jpg?t=1252004827
сл.18
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-52Small.jpg?t=1251925460
сл.19
Историјата на селската чешма, е историја на овој крај. Таа е поврзана со изворот од кој некјпат пиел вода Светиот Отец Прохор Пчински (испосницата т.е. пештерата во која битисувал светиот отец се гледа на фотката позади). Самиот извор е десетина метри погоре. Овој изглед на чешмата е многу стар - го паметам целиот мој живот. Сегашниот лик на чешмата е веројатно од периодот на колективите (1949-1953). Селските чешми се места на кои осем што се пиело вода и се поела стоката, биле главни места за дружење на младите, места на кои се склапале животните фамилијарни врски и бракови, места на кои со помош на фрулата, кавалот и гајдата се виеле силни ора, се славеле селските слави на големи собори, места каде жените переле и терале муабет ... Во позадината се гледаат големи стари дудинки кои ги садел познатиот Наско Буза. Човекот е легенда во крајот ... до крајот на неговиот живот влегувал по туѓи дворови и садел и калемел дрвја а чесмата редовно ја чистел и ги одржавал. По неговото поминување истата работа ја презема Коце Вук кој моментално е еден од најстарите жители во селото. За чесмата и за Коце Вук ке има посебен пост. Очекувам подетална приказна од фамилијата на Наско Буза. Навистина е штета што во најновата реконструкција на просторот околу чесмата некој ја искорнал едната дудинка и ги расфрлал камењата, мраморите на кои жените переа. Тие камења (камени корита) мирисат со патина и спомени и се неопходни да стојат на местото на кое одсекогаш стоеле. На местото на некогашната стара дудинка која сега е искорната се надевам ке бидат посадени чинари/платони, кои сигурен сум ке успеват тука, бидејки земјата е богата со плитка вода од изворот кој е педесетина метри погоре ... Под чешмата беа нанижани многу бавчи и градини ... Во селото постоеа четири чешми кои се хранеле со вода од овој стар извор. Оваа главната, уште две према старото школо и една во дворот на сарата амбуланта (оваа беше направена на помал извор кој некојпат извираше на брдото пред неа).
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-75Small.jpg?t=1251943026
сл.20
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-109Small.jpg?t=1252006861
сл.21 Постамент благодарница за некоја од поранешните верзии на главната чешма во селото ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-99Small.jpg?t=1252005523
сл.22 Кум Коце Вук - еден од најстарите сегашни жители во селото, човекот кој долго време се грижеше за хигиената на чешмата ... шнајдер по професија ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-100Small.jpg?t=1252005643
сл.23 Проект за реконструкција на просторот околу чешмата, проект на предходниот градоначелник - сега стопиран, се чека конечниот проект за реконструкција на просторот од донацијата на ЕУ ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-77Large.jpg?t=1251945934
сл.24 клик на сликата за поголема
Веднаш под изворот на водата во селото во сегашниот двор на полициската станица, некогаш постоел споменик на војводата Петко Муса, главниот организатор на востаничките чети кои го ослободија овој крај од турското робство ... споменикот е миниран од бугарскиот окупатор во текот на втората светска војна - сеуште не е обновен иако е еден од приоритетите на општината ... заедно со изградба на споменикот на првиот учител ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-107Small.jpg?t=1252006672
сл.25 Долната чешма
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-108Small.jpg?t=1252006798
сл.26 Малата чешма во старото школо ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-71Large.jpg?t=1251944457
сл.27 клик на сликата за поголема
Селото има долга историја на школи. Оваа горната е старата зграда на школото - мементално е запуштена. Старава зграда веројатно ке го најде своето место во новата општина како веројатен етно музеј, место каде би можела да се смести некоја агенција за развој на овој крај, можеби и некоја туристичка агенција ... има прекрасно голем двор со сенки од старите багреми, зидовите и кровот се сеуште во добра состојба. Дрвенаријата (прозорците и вратите и патосот) е тотално запуштена. Во старата школа има голема сала во која некојпат беа организирани големи приредби и игранки. Во школата живееа и многу учители - синот на еднен учител кој долго време живееше во оваа и во најстарата школа, докторираше на катедрата за македонски јазик и сега е професор на истиот факултет ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-82Small.jpg?t=1252004551
сл.28 - Најстарата школа ... има историја на почеток на школото во 1924/25 година. Првиот учител бил Коста Цветковиќ од Врање ... Зградата долго време била и месна канцеларија, во еден период и локален затвор, долниот спрат неколку соби држи надлежниот архиереј на Св.Ѓорѓи. Едно време тука живееа учителите. Зградата на првата школа во селото е залепена со црквата Св.Ѓорѓи - предвидена е за реконструкција со гранотот од 800.000 евра кој е веќе одобрен од ЕУ комисија, со кои пари ке се средува околината околу црквата, чешмата а ке се изврши реконструкција на три стари куќи ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-76Large.jpg?t=1252017752
сл.29 Кратка историја на почетокот на школскиот систем во Старо Нагоричане - клик на сликата за поголема ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-36Small.jpg?t=1251947737
сл.30 - Најновата зграда на основното школо Светозар Марковиќ. И самото е веќе старо, неколку пати реконструирано. Последната реконструкција беше замена на старите прозорци ... деновиве таму се поставуваат компјутерите од програмата на владата за компјутеризација на школството. Позади школото со донација е изградено современо игралиште за Мал фудбал, Ракомет и Кошарка, осветлено со рефлектори. Сега се гради и современ фудбалски стадион на ФК Козјак ... Во некоја наредна реконструкција би требало да се сменат канцерогените азбестни плочи од покривот - ова треба да е приоритет на Општината, можно е за истото да се пронајде и донатор ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-33Small.jpg?t=1252020027
сл.31 Старата и на долната слика новата амболанта изградени во дворот на мојата фамилија ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-34Small.jpg?t=1252020142
сл.32 Новата амбуланта, има и забар ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-8Small.jpg?t=1252022531
сл.33 Пошта ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-85Small.jpg?t=1252004737
сл.34 Старата пекара ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-13Small.jpg?t=1251952108
сл.35 Полициската станица - плаче за нова.Можеби е добро да се помести на нова локација бидејки тука има многу малку простор а овој простор да се врати на црквата за да се изградат некогашните конаци.  Лево од неа беше старата зграда на поштата која во подрмот имаше извор на питка вода ... Тука беше и првата селска фурна која продаваше леб во селото ... Во касните шеесети на долната врата од полициската станица влегувавме за да гледме телевизија. Тогаш тоа беше фестивал кој почнуваше со гледање на кругот на РТВ ... седевме на клупите и чекавме да почне некој пренос. Во дворот на станицата игравме одбојка или дигавме тегови. Долго време во дворот беше и остатокот од споменикот на Петко Муса - веројатно плочата сеуште е таму некаде ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-14Small.jpg?t=1251977648
сл.36 Кооперацијата која е најактивна во селото, се наоѓа веднаш над селската чешма. Во недостатот на кафеана ова се чини е единствено преостанато место каде може да се испие пиво, но наместо како некогаш на трупци сега се пие на неколку маси под тремот или под дебелите сенки на дудинките веднаш над чешмата. Кооперацијата е полна како око има се од пиле млеко би се рекло. Пред неа е одкупен пунк за млекото. Сеуште останало дека оној кој работи во селска кооперација е најинформираниот човек во селото. Некогаш во селото имаше три кооперации, сега осем оваа има уште една која не работи баш како оваа ... Сосема е нормално тука да е собиралиште на соселаните. Во турскиот период се до пред педесетина години тука била и познатата Гиина кафејана во која се конакувало а се знае дека во неа имало и жива музика и плесачици-забавувачки и пејачки ... Кооперацијата долго време била и ќурчиска работилница а еден дел и столарска работилница во која работел Денковски Милан ... работилница од која произлегле многу столари ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-119Small.jpg?t=1252008376
сл.37 Кооперацијата е снабдена со од пило млеко што би се рекло ...
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/1Large-4.jpg?t=1209215834
сл.38 Мајстор Милан Денковски ... клик на сликата за поголема ... клик тука за поширокиот трибјут за Милан Денковски: Калфинско и Мајсторско Писмо ... Денковски Милан ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-106Small.jpg?t=1252005775
сл.39 Втората кооперација која работи во селото - истите сопственици имаат и кафеана во Бањата Стрновац
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-101Small.jpg?t=1252005906
сл.40 Ова е една од кооперациите кои се затворени поради нерентабилност ... веројатно има удел забраната за точење пиво по 8 сат навечер ... Пред да биде кафеана објектот во моето детство беше поделен на столарска и коларска работилница ... сега во еден дел Силекс држи продавница за снабдување со земјоделско ѓубриво и слични продукти ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-103Small.jpg?t=1252006120
сл.41 Столарската работилница на Мусини ... сега работи одвреме навреме по нарачка - столарот остарел а младите фатиле друга работа ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-102Small.jpg?t=1252006226
сл.42 Пиланата на Мусини ... за пиланата и столарската работилница на Мусини ке има посебен пост ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-104Small.jpg?t=1252006306
сл.43 Таканаречените станбени згради. Во нив живееа некогашните милиционери - полицајци де ... сега се приватизирани и повторно се слуша детски плач во просторииите ... Во првата станбена на десниот ќош беше најстарата кооперација, продавач беше бате Коле, сега инвалид и еден од најстарите жители во селото. Во друга прилика ке го посетам. Дедоми Столе додека помалиот брат престојуваше во селото (сега инаку професор на универзитет во САД) го имаше овластено помалиот брат да може сам да купува по една “кочолада“ ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-112Small.jpg?t=1252007103
сл.44 Албатница ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-111Small-1.jpg?t=1252007170
сл.45 Албатницата одавна не работи, сега сите се служат со трактори ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9ZabelMotoKros-83Small.jpg?t=1251821736
сл.46 десно на сликата е еден до дваицата налбатничари од фамилијата Ѓоргови - сликан на мотокрос трката во Забел ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-114Small.jpg?t=1252007890
сл.47 пред некогашниот млин ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-117Small.jpg?t=1252007964
сл.48 најдесно сега е седиште/штаб на некоја од партиите, на времето тука беше продавница за бомбони и слатки, едно време беше и седиште на АМСМ ... малку полево е кафеаната на Татарци - сега запуштен објект ... најлево е некогашната ковачка работилница на мајстор Цанко, човекот кој знаеше од железо се` да направи ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-116Small.jpg?t=1252008165
сл.49 Ковачка работилница на мајсторо Раде ковач - брат на Цанко ... дваицата браќа се поминати, нивните фамилии се бават со друби бизниси - верувам дека во некоја друга прилика ке поминам по внатрешноста од овие работилници со фото сесија за мојата детска меморија ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-118Small.jpg?t=1252008310
сл.50 некогашната влачара ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-24Small.jpg?t=1251948559
сл.51 Св.Богородица ...Манастир Забел - изградена на веројатно постари темели во 1852 година. Околу црквата има огромни конаци кои се во лоша состојба ... ке има посебен пост за неа - тука само да спомнам дека иконите се изработени од Дичо Зограф. Најголемите четири се двапати крадени - за жал сеуште не се пронајдени оригиналите ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9ZabelMotoKros-002Small.jpg?t=1251816041
сл.52 Манастир Забел - црква св.Богородица ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9ZabelMotoKros-0Small.jpg?t=1251815647
сл.53 Мотокрос трки на стазата кај црквата Голема Богородица т.е. Манастирот Забел
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-91Small-1.jpg?t=1251949501
сл.54 - Стара куќа која ке се реконструира со грантот на ЕУ ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-66Small.jpg?t=1251949702
сл.55 Старата куќа и амбарот на фамилијата Гелиќ ... Селото врие со сеуште сочувана староселска архитектура - ке има посебен пост за старите селски куќи и дворови и етно елементите во нив ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-143Small.jpg?t=1252012187
сл.56 Куќата на Зекирци
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-142Small.jpg?t=1252012500
сл.57 СтароНагорички фраери со своите возила - точаци де ... во тоа време имање на точак било привилегија и потреба. Многумина со точак оделе на школо и работа дури до Скопје. Одел и таткоми. Вујкоми Жика Тошиќ (братучед на мајками) кој учел во Скопје и живеел во нашиот стан заедно со нас, на идење за Скопје во војнички дрвен куфер имал јадење за таа недела. Куферот на некоја дупка се истуткал од точакот, се растуриле гравот, оризот и останатите продукти. Прдуктите ги собрал но видел мака да го собере оризот. Сторијата ми ја раскажа пред некој ден ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-152Small.jpg?t=1252014133
сл.58 Старата куќа на фамилијата Ѓуриќи ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-32Small.jpg?t=1251949826
сл.59 Стариот бунар на фамилијата Ѓуриќ - сеуште има вода на три метри ...

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-31Small.jpg?t=1251950184
сл.60 Парче од СтароНагоричанската “Виа Игнација“ - камениот пат по кој до седумдесетите се доаѓаше во селото ... пат по кој доаѓаа иљадници странски и домашни туриисти да ја посетат црквата св.Ѓорѓи ... Ова парче пат случајно останало на месноста викана Плошке - инаку познат археолошки локалитет каде во минатото била истражувана средновековна некропола ... Попознат архео локалитет кој некојпат е истражуван е Бранченица - железно и римско време, како и локалитетот под село - доцноантичко време ... за архео локалитетите во Старо Нагоричино и општината пошироко пошироко видете тука ... ке пишувам и нови поопширни постови ... се разбира особено за Кокино и Градиште кај Пелинце ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-138Small.jpg?t=1252011561
сл.61 Старата куќа на Гребини
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-140Small.jpg?t=1252011737
сл.62 Малку поновата куќа на Гребини - во истиот двор имаат тие и нова куќа, но мојот интерес во постов се пред се` старите селски куќи кои уште одолеваат на забот на времето
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-139Small.jpg?t=1252011865
сл.63 Пријателката нао мојата мајка во својот двор ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-141Small.jpg?t=1252012039
сл.64 Љубе Греба, секогаш насмејан и работлив - брзаше во лозјето ... во времето на моето детство не ги разликував со Мајстор Мисле Колар од Томинце - личеа како јајце на јајце ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-145Small.jpg?t=1252012906
сл.65 Старата куќа на фамилијата Бурењаци ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-151Small.jpg?t=1252013904
сл.66 Куќата на Тепошци ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-92Small.jpg?t=1252004909
сл.67 Куќата во која сум роден (Фамилија ПопДенкови), сега припаѓа на братучедите - но и тие живеат во Куманово т.е Скопје и немаат некој голем интерес да ја реновираат ... куќата е запалена во текот на виорот на втората светска војана а оваа е потоа направена со доброволна донација на соселаните ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-130Small.jpg?t=1252009673
сл.68 Грлиќ на бунар кој е исклучително значаен за спомените на сестрами која како дете одејки по грлиќот се сопнала и од паѓање во бунарот ја спасила братучеткани Јаготка и братучетми Новак ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-128Small.jpg?t=1252009134
сл.69 Стариот изглед на куќата на дедоми Столе и бабами Драга ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-127Small.jpg?t=1252009506
сл.70 Моменталната реконструкција на куќата на дедоми Столе и бабами Драга ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-94Small.jpg?t=1252005093
сл.71 Куќа во која како дете одев на бербер или сум грешка, да не беше подолу една куќа, сомените веќе бледеат ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-148Small.jpg?t=1252013446
сл.72 Старата куќа на Бузини, сегашниот сопственик првиот Градоначелник на Сторо Нагоричане пранира да ја реконструира автентично и да ја претвори во место за селски и бањски туризам. Селскиот туризам во Старо Нагоричане воопшто не е развиен иако има големи можности ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-97Small.jpg?t=1252005158
сл.73 Селските гробишта “Гнила“ - поголем дел на историјата на секое населено место е во неговите гробишта ... овие гробишта беа во една ливада во ридот над селото, тука пред триесетина години е засадена борова шума и сега е прекрасно место.
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-96Small.jpg?t=1252005325
сл.74 Боровите засади над селото
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-147Small.jpg?t=1252013244
сл.75 Голем дел од селсите дворови се современо уредени, со прекрасни тревни површини и уредени цветни леи ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-149Small.jpg?t=1252013585
сл.76
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-150Small.jpg?t=1252013818
сл.77
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-159Small.jpg?t=1252017696
сл.78
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-67Small.jpg?t=1252017880
сл.79 Систем капка по капка ... двор на Раде Свирач ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-63Small.jpg?t=1252018564
сл.80
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-71Small.jpg?t=1252018227
сл.81 да незнам каде е - ке помислев дека е во Швајцарија ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-72Small.jpg?t=1252018294
сл.82 замерката е само што зошто лакот и стрелата не се од вистинско дрво ... како нашите некогашни ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-64Small.jpg?t=1252018617
сл.83 Дворот во кој поминував пиејки кафе додека траеше периодот на правење на бањи ... дел од фамилиите издава соби ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-65Small.jpg?t=1252018729
сл.84 Тремот на некогашните селски учители, сега Кумановци со привремен летен смештај во домашен амбиент, едниот син е во Канада - другиот ужива под тремот со своето друштво ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-81Small.jpg?t=1252022977
сл.85 Куќата на сопственикот на Ханза - увозникот на керамика и санитарија ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-58Small.jpg?t=1252019245
сл.86 Боите и мирисите на ридот Краста ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-62Small.jpg?t=1252019351
сл.87 Багремот на Краста цвета по вторпат есенава ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-21Large.jpg?t=1252020610
сл.88 Панорама од Краста - клик на сликата за поголема
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-22Large.jpg?t=1252020808
сл.89 клик на сликата за поголема
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-23Large.jpg?t=1252020889
сл.90 клик на сликата за поголема
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-15Large.jpg?t=1252021647
сл.91 клик на фотката за поголема
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-17Large.jpg?t=1252021800
сл.92 клик на фотката за поголема
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-18Small.jpg?t=1252021912
сл.93
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-19Small.jpg?t=1252022309
сл.94
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-20Small.jpg?t=1252022480
сл.95
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-78Large.jpg?t=1252022639
сл.96 Клик на фотката за поголема Од тука се гледаат сите пет вулкански карпи ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-53Small.jpg?t=1251951312
сл.97 Месност викана “Крсови“ ... се наоѓа на самиот пат кон бањата Стрновац ... во едно постаро време тука во блиските соседни куќи имаше една бабичка која баеше од уроци и правеше мајасиљи ... баба Кадивка чинам се викаше ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-30Small.jpg?t=1251951592
сл.98 Црквица ... и тука има сличен крст како на горната фотка. Постои легенда дека кога е изградена црквата св.Ѓорѓи - поминал ктиторот и го побарал главниот мајстор да се симне за да го награди бидејки многу му се бендисала градбата. Мајсторот знаејки дека ке му бидат одсечени рацете, за да не изгради така убава црква на друго место летнал од скелето и летал се до Црквица која е далеку на километар од Св.Ѓорѓи. На тоа место подоцна има изградено крст. Местото е веројатно и архелошки локалитет кој не е истражуван - во летни периоди кога рано зрее житото на ова место јасно се оцртуваат дебели зидини од некакво утврдување ... зидините често се закачувани при орање на нивите ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-124Small.jpg?t=1252008962
сл.99 Попчевци
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-125Small.jpg?t=1252009017
сл.100 Панорама на влезот од селото - гледано од брдото Плошке ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-126Small.jpg?t=1252009078
сл.101 Панорама према Црквица ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-1211Large.jpg
сл.102 Панорама према Томинци, Клисинци ... клик на сликата за поголема
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-1221Large.jpg?t=1252008792
сл.103 Панорама према реката Пчиња и Бањата Стрновац - сликано од местото викано “Крсови“ ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-105Small.jpg?t=1252025475
сл.104 Сега веќе никој не оди пешки ... ИМТ-539 е најпопуларниот трактор иако е застарен модел
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-131Small.jpg?t=1252009583
сл.105 Дворовите тежат со земјоделска механизација ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-73Small.jpg?t=1252018357
сл.106 Градежни машини и земјоделска механизација - полни дворови ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-74Small.jpg?t=1252018446
сл.107
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-55Small.jpg?t=1252018883
сл.108 Бања Стрновац - повеќе види на овој линк тука ... како да дојдеш до Бања Стрновац види на линкот тука ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-54Small.jpg?t=1252018497
сл.109 Кампери во Бања Стрновац
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-60Small.jpg?t=1252019426
сл.110 Пчиња е реката што носи живот и убавина во овие краишта ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-59Small.jpg?t=1252019548
сл.111
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-90Small.jpg?t=1252023532
сл.112 Моето омилено место за првомајските излети - сега повторно го посетив и ги одморив очите во зеленилото ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-89Small.jpg?t=1252023247
сл.113 Најново отворена Таверна во близината на Бањата Стрновац ...
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/BanjaStrnovac9Large.jpg
сл.114 Кафеаната на Врањка веднаш до Бањата
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/BanjaStrnovac17Large.jpg
сл.115 Првата кафеана во Бањата Стрновац, отворена од бог да го прости кумашинот  Манта ... Неколку години прекрасно поминавме во летна дружба - имав приколка веднаш до неговата кафеана ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-133Small.jpg?t=1252009838
сл.116 Модел на прастар “Кушљак“ - во превод работно одело на овчар т.е. зимска носија ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-134Small.jpg?t=1252009981
сл.117 Старо огниште ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-132Small.jpg?t=1252010052
сл.118 Етно елементи на оригинална локација ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-136Small.jpg?t=1252010145
сл.119 Макази за шишање овци, одавна неупотребени како и брдото за разбој под нив
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-137Small.jpg?t=1252010266
сл.120 Газиена ламба со веројатно 40 и повеќегодишен прав ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-146.jpg?t=1252013027
сл.121 Артефакти - чешел за крави, коњи и дел од остен, кој служел за чистење на ралникот кога ке заврши браздата (остен) ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-135Small.jpg?t=1252010335
сл.122 Ветерњача ... со неа некојпат по вршидбата со домашни животни (коњи, говеда и магариња) се чистело житото од плевелот ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-87Small.jpg?t=1252023127
сл.123 Историја на некогашниот превоз ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-120Small.jpg?t=1252008584
сл.124 Каначе, како вчера да е направено а има сигурно над 40 години од денот на производството ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-93Small.jpg
сл.125 Буквално во секој двор и особено по таваните се чува етно историјата на овој крај, ја има и по сандаците со стара етно руба во овој крај - во некоја друга прилика повеќе за ова ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-123Small.jpg?t=1252008884
сл.126 Рудник/ископ за глина ја снабдева цигланата во Куманово со репроматеријал ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-35Small.jpg?t=1252020209
сл.127 Едно време стовариште за продажба на бела техника, сега печатница ... малку подолу има индустриски ладилник во изградба ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-154Small.jpg?t=1252016917
сл.128 Некогашниот фабрички двор на Чик Куманово сега е погон за производство и амбалажирање на печурки, на сите познатиот Бонум ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-155Small.jpg?t=1252017093
сл.129 Бонум
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-37Small.jpg?t=1252020373
сл.130 Фотката говори сама за себе ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-157Small.jpg?t=1252017601
сл.131 Како се калеше зелката ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-68Small.jpg?t=1252018008
сл.132 Плодови на есента од мојот роден крај ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-69Small.jpg?t=1252018118
сл.133
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-70Small.jpg?t=1252018159
сл.134 Од бавча на маса + ракиичка ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-88Small.jpg?t=1252023196
сл.135 Кума Роска и нејзината бавча ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-56Small.jpg?t=1252019075
сл.136 Прпеќ-зељанче под вршњик
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-57Small.jpg?t=1252019167
сл.137 Убаво изгледа на маса, уште поубаво прија во стомак ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-41Small.jpg?t=1252019597
сл.138 На врвот на Кокино Ве дочекува човек кој Ви ги објаснува деталите за мегалитската опсерваторија - повеќе во посебен пост ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-39Small.jpg?t=1252020447
сл.139 Патоказите на Кокино ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-38Small.jpg?t=1252020514
сл.140
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-44Small.jpg?t=1252019733
сл.141 Светиот даб во подножјето на Кокино
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-40Small.jpg?t=1252020549
сл.142 Превоз до врвот на Кокино - препорачлив за нежни особи ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-45Small.jpg?t=1252019797
сл.143 Жегљане - се поминува покрај него кога се оди за Кокино ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-42Small.jpg?t=1252019673
сл.144 Карпино ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-46Small.jpg?t=1252019868
сл.145 Стрезовце
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-47Small.jpg?t=1252019917
сл.146 Двојна црква во Сув Ора ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-48Small.jpg?t=1252019964
сл.147 Спомен домот во Пелинце посветен на АСНОМ ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-25Small.jpg?t=1252020964
сл.148 Зебарњак, спомен костурница за Кумановската битка која се одвивала во овие простори, на кои дефинитивно турците се војнички победени. Бо Скопје и Куманово војската по оваа битка влегнала без борба ... Успеав да се искачам до горе, патот е ужасно лош и до горе може да се оди само со џипови или ако си упорен планинар ... Имам фантастичен фото материјал и во некој друга прилика ке оди широк пост ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-28Small.jpg?t=1252021236
сл.149 Костоперска карпа познат археолошки локалитет и место на неколку стари цркви ... вакви вулкански карпи во низа има пет иако од патот се гледаат само три ... тука е пронајдена и карпеста уметност, која обележје на предисторијата ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-26Small.jpg?t=1252021385
сл.150 Св.Петка - Младо Нагоричане ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-27Small.jpg?t=1252021445
св.151 Св.Ѓорѓи - Младо Нагоричане под соседната вулканска карпа ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/9-29Small.jpg?t=1252021512
сл.152 Успение на Богородица - Младо Нагоричане, црква во која гледа прочуениот Борче Стефановски ... за Голема богородица вечерта имаше преку три иљади луѓе ...

Општината Старо Нагоричане, говори и нејзиното име врие од културно историски споменци и археолошки ископувања. Се прашувам само зошто селото Четирце не е влезено во територијалната целост на општина Старо Нагоричане. Инаку кога Старо Нагоричане било населено место во Куманово уште немало ниедна куќа - но секако не сме постари од амебите :) ...

Ке пробам во многу фото приказни да ја раскажам пред се етно историјата на овој крај каде живеат луѓе со топла душа, секојпат спремни да те почестат но и да се нашалат на твоја и своја сметка. “Да га јебу“ е секој втор збор кој се слуша низ селата на општина Старо Нагоричане.

Ги молам сите кои се заинтересирани да соработуваат во објавувањето на етно историјата на општина Старо Нагоричане да се пријават на мојот меил volanskopje@gmail.com ... особено сакам да ги истражувам фамилијарните стебла од овие краишта, би објавувал и ваши записи и стари фотографии. Секако може и нови фото и видео стории, со кратки или подолги текстови ...

















 

2 коментари:

Анонимен рече...

В църквата „Свети Георги“ в Старо Нагоричане е погребан цар Михаил III Шишман, ранен в боя при Велбъжд на 28 юли 1330 г., и починал следствие от получените рани при падането си от коня.

Photo Volan рече...

Во еден постар пост пишав и за тој историски факт - еве линк
http://staronagoricane.blogspot.com/2006/05/blog-post_114869059116610993.html

Архива на блогот

Site Meter