Во кумановското излетничко место Пелинце, пред споменикот во меморијалниот центар АСНОМ, го славеа Илинден посетители од Куманово, Скопје, Штип, Крива Паланка, Кратово и од други места на земјава и наши иселеници.
Пред споменикот положи венец новоизбраниот претседател на Собранието Љубиша Георгиевски, од името на шефот на државата се поклони Стево Пендаровски, а Владата ја претставуваа Радмила Шеќеринска и Стевче Јакимовски.
Венци положија и претставници на Сојузот на борците на Македонија, на АРМ, на Куманово и на повеќе политички партии.
- Пред една недела беше избран петтиот собраниски состав на самостојна и демократска Република Македонија и имам посебна чест што во името на новиот парламент можам да потсетам на огромното историско значење на двата Илиндена. Со првото заседание на АСНОМ се остварени вековните идеали и стремежи на македонскиот народ. Го одбележуваме тој значаен настан во Пелинце, во близината на манастирот „Св. Прохор Пчињски“, каде што е одржано заседанието на АСНОМ. Но, споменот на Илинден е насекаде, на секое парче македонска земја. Вековниот сон за своја, слободна држава е остварен на заседанието на АСНОМ и остварен е заветот на илинденците - рече Георгиевски.
- Без Илинден 1903 немаше да го имаме Илинден 1944 година, а без овој немаше да дојдеме до третиот. На сегашните и на идните генерации останува да знаат да го ценат ова што денес го имаме, да го ценат и да се борат да ја сочуваат слободата и сувереноста на нашата држава, која само во периодот на НОБ ја плати со над 24.000 жртви - рече Георгиевски.
Тој не пропушти да забележи и на грешките што беа направени по НОВ.
- За жал, вредностите како сигурност на личноста, имотот и сопственоста и правото на приватна стопанска иницијатива, беа брутално суспендирани за да се обноват половина век подоцна, кога со прогласување на самостојноста станаа темелни вредности - рече Георгиевски изразувајќи надеж Собранието да придонесе за успешна реализација на манифестираните заложби за наш брз економски развој, евроатлантско интегрирање и стандардизирање и заедничко унапредување на меѓуетничкиот соживот со што ќе го надоградиме државниот континуитет почнат со двата Илиндена.
Г. Р.
Пребарај го блогов
четврток, август 03, 2006
ВО ПЕЛИНЦЕ ЗБОРУВАШЕ ЉУБИША ГЕОРГИЕВСКИ
Илинден е на секое парче македонска земја
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Архива на блогот
-
▼
2006
(151)
-
▼
август
(9)
- На Коњух, покрај тврдина, имало и град
- Пругата кон Бугарија го блокира развојот на Крива ...
- ВО ПЕЛИНЦЕ ЗБОРУВАШЕ ЉУБИША ГЕОРГИЕВСКИ
- ПРОХОР ПЧИЊСКИ ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА?
- КУМАНОВСКА БАЊА ЗАПУШТЕНА И НЕУРЕДЕНА
- ЉУБИША ГЕОРГИЕВСКИ ВО ПЕЛИНЦЕ
- Поплави во Скопско и во Кумановско
- Нема Илинден во манастирот „Прохор Пчињски“
- Кумановската историја изложена во старата вила
-
▼
август
(9)
Нема коментари:
Објави коментар