Пребарај го блогов

понеделник, јуни 26, 2006

Духот на минатото се славеше во Кокино

Духот на минатото се славеше во Кокино

Под осветлената античка опсерваторија Кокино се собраа околу 1000 луѓе завчераноќта за манифестацијата "Кокино 4000 години подоцна". Вечерта почна со танцот под маски на вевчанците "Дримкол" по кој следуваа "Стринг Форсис" и Кокан и Бодан. Првиот дел од вечерта, конципиран во духот на минатото го заврши дувачко ударачката група Мајовци. Смислата на "4000 години подоцна" се доби со настапите на "Лоши деца", "Дедикејтед фор лајф" и кумановците "Виктим џеилд". Со своите, панк-метал-рок настапи бурно раздвижија дел од толпата. Интересни беа и "Летечки пекинезери" кои со својата весела џез свирка успеаа да ја дигнат наседнатата и да ја соберат распрсканата публика. Пред изгрејсонце свиреа кумановците "Вајт нојз ин а вајт рум", потврдувајќи се како еден од најкреативните нови бендови во Македонија. Небото пред разденување само го подобри нивниот настап, по кој луѓето се упатија кон опсерваторијата за да присуствуваат на централниот дел на манифестацијата - изгрејсонцето над Кокино. Стотина луѓе испоседнати на опсерваторијата, го дочекаа сонцето. Облаците не дозволија да го видиме изгревањето на сонцето на маркерот кој ја означува летната рамноденица, но тоа не го направи целото доживување помалку спектакуларно. Од бината долу за крај свиреше диџеј Деа.
(И.И)

2 коментари:

Анонимен рече...

Very nice site! » » »

Анонимен рече...

Keep up the good work » »

Архива на блогот

Site Meter