Пребарај го блогов

понеделник, јуни 26, 2006

Кокино - забава !!

Жалам што не можев да го посетам Кокино кога Кокино славеше. Но ме исплашија силните промени на времето во тие денови и не сакав да бидам “Искисната кокошка“. Башка што не знаев каква е ситуацијата со тазе паднатиот единствен мост преку Пчиња - кој води до Кокино. Имаше најава и за бесплатен превоз од Куманово до Скопје. Но ни во тоа не поверував.

Како и да е забавата во Кокино помина без мене. Како било таму на овој блог ке ги пренесам сите написи кои се однесуваат на прославата. И тоа во целост. Некои викаат дека е тоа спамирање - но јас тоа го правам со намера кога ке имам повеќе време да пишувам за мојот крај а страв ми е тогаш дали ке ги најдам вредните написи кои се нижат во Македонските весници.

Еве еден таков во денешен Дневник.

ВО МЕГАЛИТСКАТА ОПСЕРВАТОРИЈА КОКИНО-Музички спој на минатото и иднината

Забавата почна со карневалските маски од Вевчани, во знак на паганското минато, а заврши со сетот на диџеј Деа како симбол за модерното време

Забава, концерти пред многубројна публика и пречек на изгрејсонцето се случуваа во петокот вечерта, во мегалитската опсерваторија Кокино, во рамките на манифестацијата „Куманово град на културата“. Забавата „Кокино 4000 години подоцна“ ја отворија карневалските маски на КУД „Дримкол“ од Вевчани и симболично потсетија на паганското минато на локалитетот.

Следуваше настапот на групата „Стринг форсис“, која пред многуте посетители од Куманово го промовира материјалот од новиот албум. Настапот во Кокино беше одлична можност за загревање пред настапот на бендот на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад.

Еден час пред полноќ на сцената се качија инспираторите на забавата, Бодан Арсовски и Кокан Димушевски, кои се претставија со материјал од својот албум „Скици од минатото“.

Најинтересен за публиката беше настапот на групата „Мајовци“, кои со зурлите и тапаните направија одлична забава и ги раздвижија сите присутни. Публиката трипати ги врати на бис, а изненадените Мајовци враќаа со моќни звуци и ритми.

Времето по полноќ беше резервиварно за групите што свират пожестока гитарска музика. Први настапија скопските панкери „Лоши деца“, кои приредија одлична свирка за многуте панкери во публиката. Непосредно пред настапот на скопскиот метал-бенд „Дедикејтед фор лајф“, падна дел од озвучувањето. По речиси еден час звучниците беа вратени на место, а „Дедикејтед фор лајф“, откако отсвиреа една и пол песна, го прекинаа настапот поради нарушениот квалитет на звукот. Без разлика на проблемите, настапија кумановците „Виктим јелд“, со својот квалитетен метал-звук.

Звукот на дисторзираните гитари беше заменет со смирените тонови на младиот скопски џез-квартет „Летачки пекинезери“. Со настапот на кумановците White noise in a white room, завршија настапите на бендовите, а забавата со сетот на диџеј Деа продолжи се' до изгрејсонцето над древното Кокино.

(Д.П.)

Нема коментари:

Архива на блогот

Site Meter