** Кокино е најстара култура на Балканот, Дневник - 02 октомври 2009
На планинските врвови во Кумановско-кратовскиот регион, покрај реките Пчиња и Крива Река откриена е мрежа од 10 светилишта, кои се материјални докази дека пред 40 века на тие простори имало организиран живот истовремено со Минојците и со Хитите
Кокино не е само опсерваторија, туку и светилиште и култура на луѓе што живееле во бронзениот период, од 18 до 20 век пред наша ера, истовремено со Минојците на Крит и со Хититите во Анадолија. Тоа го изјави Ѓоре Ценев, раководител на истражувањата на теренот во североисточна Македонија, на вчерашната прес-конференција во Скопје, јави МИА. Повеќе ».....
Интензивните теренски анализи во изминатите два месеца резултирале со откривање мрежа од 10 светилишта на планинските врвови во Кумановско-кратовскиот регион, покрај реките Пчиња и Крива Река, кои се материјални докази дека пред 40 века на тие простори имало организиран живот.
Според Ценев, откритието има големо значење за аргументирање на времето, просторот на живеење и на цивилизацијата што ги направила.
- Преку археоастрономската анализа на Кокино и карактеристиките на овие светилишта, кои ги споредуваме со искуствата на светската наука, може да кажеме дека цивилизацијата што го изградила Кокино постоела во 18, 19 и 20 век пред нашата ера. Луѓето кои го изградиле и кои го користеле Кокино и сите овие светилишта постоеле во тоа време и на оваа територија. Сега слободно може да зборуваме за Кокино култура, што го одликувала тој народ. Ние немаме други такви траги на Балканскиот Полуостров и први сме на овие простори- изјави Ценев.
Според него, откритието е значајно за воспоставување континуитет во аргументацијата за развој на цивилизацијата на територијата на Македонија и на Балканот.
- Има голема културна поврзаност и претставува единство со, во науката дефинираниот простор на, источниот Медитеран и Мала Азија, а нема големи влијанија од север - истакна Ценев.
Тој посочи дека во Кокино цивилизацијата има и карактеристики на кралство, зашто во светилиштата се негувал култот на богот на Сонцето и на бурата, но и на други божества. Постојат камени претстави на животни, особено на орелот кој се поврзува со бурата, и на желката, која е симбол на Земјата, како и издлабени кругови што го симболизираат Сонцето.
Самата опсерваторија на Кокино, која служела како календар за мерење на времето, е меѓу главните дострели на интелектуалните и духовните капацитети на таа култура. Во околината има и најмалку десет археолошки локалитети од бронзениот период со фигурини на луѓе и на животни.
Ценев се надева дека цивилизацијата имала и свое писмо и ако тоа биде откриено, тогаш Кокино ќе ги исполни сите критериуми за да се смета за древна цивилизација, најстара на Балканот.
Од годинава Кокино е на привремената листа на УНЕСКО како археоастрономски локалитет, а за да влезе во листата на ОН со светско културно наследство потребна е комплексна документација, што ќе вклучи научници од различни области.
Според Ѓоре Ценев откриеното досега е доказ за постоење автохтона култура
Катерина Богоева Од вчера под Кокино, освен познатата мегалитската опсерваторија и селото што се наоѓа најблиску до неа, треба да се подразбира и културата на жителите во поширокиот регион во североисточниот дел на земјава, создавана во периодот од 18 век до 20 век пр.н.е. Сознанијата за постоењето на Кокино културата беа презентирани во Младинскиот културен центар во Скопје од страна на Ѓоре Ценев, истражувач на опсерваторијата и раководител на најновите истражувања на теренот, врз основа на откриените девет регионални и две локални светилишта што гравитираат во поширокиот регион околу Кокино. Тој потсети на веќе утврдените сознанија дека Кокино освен опсерваторија е и светилиште каде некогашните жители ги вршеле своите обреди посветени на богот на Сонцето, а преку фотографиите на Љупчо Илиевски ги презентираше карактеристиките на останатите светилишта во североисточниот дел на Македонија, што ги исполнуваат потребните критериуми за така научно и да бидат третирани.
Враница, Вујевска карпа, Зебрњак и Ругинце како и Кокино, се наоѓаат во општината Старо Нагоричане, Јеленец е на територијата на Куманово, Џаница и Бигљан во општина Кратово, светилиштето наречено Спас, се наоѓа во општина Ранковце, додека Клепало во Крива Паланка. За локални светилишта се сметаат Брешко и Стрезовце во Старо Нагоричане, додека и Трескавец се води на составената листата како кандидат за регионално светилиште.
Ценев тврди дека откриените светилишта се поврзани со Кокино, а добиените сознанија ќе ги презентира наскоро и на стручен собир во Венеција. За него, нивното постоење каде некогашните жители од околината ги изведувале своите ритуали, како и евидентираните десеттина археолошки наоѓалишта од бронзеното време во околината, се потврда за високото цивилизациско ниво и за континуитетот во културниот развој на овие простори но и пошироко. По старост и значење, ја спореди Кокино културата со минојската култура на Крит, потенцирајќи дека карактеристиките на светилиштата укажуваат на источномедитеранските влијанија и на влијанијата од Мала Азија.
„Во оваа фаза на истражување за потврда на нашите сознанија не се потребни археолошки наоди. Ние сме на почетокот, а потоа ќе можат да се прават и археолошки, етнолошки, историски истражувања. Работа на археоастрономијата е да ја одреди просторната ориентација на светилиштата, но јас сум убеден дека потоа ќе следат и други археолошки докази, како што е тоа случајот со Кокино. Убеден сум дека во иднина биде откриено и некогашно писмо“.
Светилиштата се наоѓаат на просторот околу реките Крива Река и Пчиња, сместени се на различни височини, почнувајќи од највисокото Кокино на 1013 метри, па се до Вујевска карпа на 496 метри. Внимание привлекуваат карпите во различни форми (желка и орел), издлабените кружни форми карактеристични за светилиштата во светот, а беше потенцирана и нивна мошне важна карактеристика, да се пристапни барем од една страна. Според Ѓоре Ценев, ова е прв познат случај на евидентирани регионални светилишта на Балканот. Се смета дека Кокино, но и Ругинце го заземале централното место. На првото се одржувале обреди во чест на Сонцето, а на второто и во чест на богот на молњите за што говори и присуството на камениот симбол на орел.
** Кокино култура - најстара на Балканот, Вечер - 02.10.2009
Ова е култура која постоела во исто време со минојската цивилизација и е со исти карактеристики кои ги има кај Хититите во Анадолија и Месопотамијците кои живееле во 19 и 20 век пр.н.е, изјави вчера Ѓоре Ценев, раководител на истражувачкиот проект за археоастрономска анализа на неолитската опсерваторија Кокино
- Откривањето на нови десетина светилишта во североисточниот дел од Македонија, укажуваат дека Кокино не е само древна опсерваторија и светилиште, туку и култура за која може да кажеме дека е прва на Балканот, бидејќи други вакви траги на овој простор немаме. Ова е култура која постоела во исто време со минојската цивилизација и е со исти карактеристики кои ги има кај Хититите во Анадолија и Месопотамијците кои живееле во 19 и 20 век пр.н.е, изјави вчера Ѓоре Ценев, раководител на истражувачкиот проект за археоастрономска анализа на неолитска опсерваторија Кокино. Според Ценев несоборлив е фактот дека опсерваторијата потекнува од 2000 години пред нашата ера, но како што потенцираше, досега немаше докази за тоа кој бил тој народ кој што ја направил древната опсерваторија, кога постоел и на која територија, но и каква била неговата религија и материјална култура.
-Значајно во новите откритија на кои интензивно работевме изминатите два месеца е што сите овие новооткриени светилишта меѓу кои се Вујевска Карпа, Ругинце, Враница во Старо Нагоричане, Џаница, Бигљан...во општина Кратово, прават мрежа. За прв пат сме во можност да го дефинираме просторот каде живееле луѓето. Тие се лоцирани лево и десно од реките. Ако за секое светилиште има една до две населби веќе може да дефинираме територија. Доколку ги споредиме карактеристиките на светилиштата со светските искуства може да кажеме дека културата која го изградила Кокино постоела во 18, 19 и 20 век пр.н.е. Маркери како на Кокино нема после 18 век и пред 21 век. Ние немаме вакви други траги на Балканскиот простор, и затоа може да кажеме дека сме први, изјави вчера Ценев.
Новите светилишта, пак, ги имаат карактеристиките кои ги задоволуваат сите критериуми кои се бараат во светската наука за вакви светилишта. Сите се на врв на планина, меѓу 500 и илјада метри надморска височина, од три страни непристапни и се наоѓаат на најмногу три часа пешачење за луѓето кои живеле во подножјето најмногу за три часа да можат да пристигнат до светилиштето каде ги правеле ритуалите. Сите имаат олтарен простор и мегалит со пукнатина за дарови, а некои од нив и во облик на фигура на животно карактеристично за тогашната политеистичка религија...
-Дека Кокино е и древна опсерваторија и светилиште е докажано уште во 2002 година преку археоастрономските анализи на просторот. Во 2005 УНЕСКО го стави Кокино на четврто место на најстарите опсерватории на светот, а годинава со нивна официјална одлука на 26 јуни е ставен и на привремена листа на УНЕСКО за светско културно наследство со цел овој локалитет да се најде на трајната листа, за што ќе придонесат и овие најнови аргументи и откритија кои наскоро ќе бидат презентирани пред УНЕСКО, вели Ценев. Според него постои голема веројатност во наредниот период да се најде и некаков пишан документ од тоа време што би значело и потврда за постоење на "Кокино цивилизација".
(Д.Т)
1 коментар:
Доброго времени суток!
Спасибо за тему, очень выгодное предложение для Вас. Вообще супер сайт с хорошей статистикой =)
Размышляю о покупке места на этом ресурсе. такси в москве www.taxisat.ru (Москва) Наверху и можно сбоку в сообщениях. Ну или каких-либо других хороших рекламных тем.
Возможно по тематике вашего сайта подойдёт для рекламы сайт перепланировка квартир www.buro-pereplanirovok.ru для этого проекта могу заказать более дорогостоящие статьи и обзоры.
Где посмотреть, где заказать, какие цены тут?
Хочу всегда заказывать ссылки, ссылки и др. надеюсь эти сайты подойдут для вашей аудитории.
Я находила рекламу на разных ресурсах всего за 3400 руб. в неделю за рекламные места.
Я предлогаю 120$ в месяц за 1 банер вверху
Ещё рассмотрю предложения по [b]заказу[/b] и покупке статей на вашем сайте. Куплю дорого!
P.S. Очень надеюсь на обоюдное долгосрочное сотрудничество. Благодарствую, жду ваших электронных ответов желательно с требованиями и требованиями.
Објави коментар