Време, број 789, 25.07.2006 | | |
|
Пребарај го блогов
вторник, јули 25, 2006
Свети Прохор Пчињски духовен и историски светилник (1)
Историската документација, научните публикации, картографијата потврдуваат дека манастирот Свети Прохор Пчињски е изграден во 11 век, а е обновуван во 14 век. За статусот на манастирот и имотот со кој располагал ќе се навратиме на минатиот 20 век и сегашноста.
Врз основа на Букурешкиот мировен договор од 10 август 1913 година била санкционирана поделбата на Македонија помеѓу кралствата на Грција, Србија и на Бугарија. Вардарска Македонија нарекувана јужна Србија во периодот 1922-1927 година се уредува да биде под поголемо влијание на кралска Југославија, односно на кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Вардарска Македонија била поделена на три области: Скопска, Битолска и Бегалничка. Во Скопската област влегувале 11 околии, меѓу нив: Качаничката (Качаник), Кривопаланечката (Крива Паланка), Прешевската (Прешево) и Жеглиговската (Куманово). Во окупираниот дел на Вардарска Македонија, тогаш наречена јужна Србија кралските воени геодети ја делат македонската земја по катастерски операти, како и селото Пелинце-Кумановско и селото Старац, во чии атар по мерењето на воените геодети се наоѓа манастирот свети Отец Прохор Пчињски со дел од манастирскиот имот.
Селото Старац припаѓа на Прешевската околија. Манастирскиот имот се протега и во селата Спанчевац, Клиновец, Кленика и сите тие спаѓаат во прешевска околија, Тибужде се наоѓа во Врњска околија, селата Коинце и Пузаљка-Кумановско. Од недвижностите манастирот во имотот има една двокатна зграда во Бујановац. Во Кленика се наоѓаат два дуќана со по две одделенија, два дуќана со по едно одделение, една магаза со едно одделение, една станбена зграда со одделение и визба се наоѓаат во истото место.
Манастирот од недвижен имот имал една куќа во Куманово на улицата Х. Димчевски и четири приземни куќи во Скопје. Постои тапија за манастирскиот имот кој е заведен на 17.8.1923 година во тогашниот суд на Општината на Градот Скопје, на кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Во оваа тапија точно се утврдува местоположбата на четирите згради и останатиот придружен имот односно земја. Како што е познато на 2 август 1944 година во свечената сала на манастирот Свети отец Прохор Пчињски се одржа заседанието на АСНОМ со кое македонскиот народ ја возобнови својата Македонска држава.
Во мемоарскиот запис на претседателот на Президиумот Методија Андонов Ченто, покрај другото, ќе забележи:
„Во исто време, многу доселеници, колонисти и чиновници, кои беа дојдени во Македонија меѓу двете светски војни, а за време на војната се вратија во Србија почнаа да идат во Македонија. Тогаш помислив, ако не можат да дојдат оние што се родија овде, не треба да се вратат ни оние, кои ги насели бившиот Југословенски режим. Затоа на истата седница на Президиумот го постави прашањето дали во Македонија можат да се враќаат Србите доселеници и чиновници, кога не смеат да се вратат Македонците, кои емигрирале од теророт од кралството на Југославија. Президиумот го прифати предлогот да не им се дозволи слободно да влегуваат на македонска територија. Така се случи да тие повратници беа задржувани во Ристовац, на границата меѓу Македонија и Србија. Веста за тоа стигнала во Белград, каде што почнало да се манипулира дека во Македонија владее антисрпско расположение. За тоа и за други важни работи ми пиша Мане Чучков кој беше испратен во националниот комитет за ослободување на Југославија, како претставник од Македонија…“
Од цитираниот фрагмент на мемоарскиот запис, а кој се однесува за крајот од 1944 година несомнено се потврдуваат две работи. Првата работа е дека границата помеѓу Македонија и Србија била кај градот Ристовац. Втората работа е тоа дека настанал сериозен и непремостлив судир помеѓу Ченто и секретарот на Комунистичката партија Лазар Колишевски. Освен за ова за грев му се земало на Ченто што го поставил прашањето за обединување на Македонија. Ченто поради таквото однесување и барање ќе биде осуден на 11 години робија во монтиран судски процес во 1946 година. Сеќавањата на нашиот прв претседател Ченто се објавени во мемоарската книга „Мојот татко - Методија Андонов Ченто“, која излезе во печат 1999 година.
Во тие времиња Лазар Колишевски беше секретар на ЦК на КПМ во период од март 1943 до јули 1963 година. Покрај партиска едновремено Колишевски има неограничена државна моќ како претседател на македонската Влада од 16 април 1945 година до 19 декември 1953 година.
Во 1945 година Президиумот донесува Закон за територијална поделба на Македонија на окрузи, а Владата таа проблематика ја регулира со Уредба за определување на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околиите и месните народни одбори. Со донесување на овој подзаконски акт на тогашната влада се испуштени териториите односно околиите: Качаничката, Прешевската, Бујановачката, Трговишката односно дел од Козјачката околија.
Месец февруари 1946 година владата на Србија донесува одлука со која манастирот Свети Прохор Пчињски бил предмет за утврдување на објект за аграрна реформа со неговиот имот селото Старац-Прешевска околија.
Генералниот секретар Митар Бакиќ се обраќа со писмо К. бр. 1181 од 15 мај 1946 година до македонската влада во врска со територијалното разграничување на народните републики во врска со измена на заедничките административни граници. Помошникот на генералниот секретар Киро Глигоров испраќа уште едно ургентно писмо на 6 август до македонската влада во врска со проблемот за коригирање на административните граници помеѓу НР Македонија и НР Србија. По повод ваквата расписка меѓу федералната влада и македонската влада, претседателот на народниот одбор во Скопје Пешев се обраќа со писмо од 27 декември 1946 година до македонската влада, во кое покрај другото споменува:
„Во врска со Козјачката околија, таму не станува збор за припојување или за издвојување на некои села. Прашањето е само за манастирот Прохор Пчињски, кој како географска, така и од општопознатите историски причини би требало да потпадне под НР Македонија.
Манастирот Прохор Пчињски (само како манастир) да се одвои од НРС (Прешевска околија) и да се присоедини кон НРМ (Козјачка околија).
Манастирот Прохор Пчињски, односно поголемиот дел од неговиот имот (шума, ораници) се наоѓа на територијата на НРМ, додека манастирот со мал дел од имотот се наоѓа на територијата на НРС. Бидејќи во тие краеви не станува збор за префрлување на некои села, предлагаме манастирот поради општопознатите историски причини (од важност за НРМ) да се приклучи кон НРМ.“
(Продолжува) Ставре Џиков, публицист
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Архива на блогот
-
▼
2006
(151)
-
▼
јули
(37)
- Старо Нагоричане цела недела без струја
- Во Пелинце се гради и Меѓународен уметнички центар
- ОПШТИНА СТАРО НАГОРИЧИНО
- Локалитети - културни и историски
- За „Прохор“ прашаа колку да се праша
- цар Михаил III Шишман. Той е погребан в църквата "...
- Во Пелинце изгледа ќе зборува Којче
- Рецитали и концерти за 2 Август во Крушево и во Пе...
- Свети Прохор Пчињски духовен и историски светилник...
- Мостот на Пчиња кај Драгоманце два месеца чека сан...
- Пелинце се гради од Илинден на Илинден
- Свети Прохор Пчињски духовен и историски светилник...
- Карпеста уметност во Македонија
- Костоперска Карпа с. Младо Нагоричане
- С. Старо Нагоричане
- МЕГАЛИТСКАТА ОПСЕРВАТОРИЈА КОKИНО
- Mанастир Забел с. Старо Нагоричане
- Споменици на култура и археолошки локалитети - Кум...
- СВ. ЃОРЃИ-СТАРО НАГОРИЧАНЕ
- Проект за развој на општини
- Иконите и играњето со наследството
- Спасувачка драма крај Пчиња!
- Падна мост на реката Пчиња, повредени нема
- Мостот до Кокино ќе падне од хепенингот
- Извлечени 20 кампери од надојдената вода
- Капачите во бањата Стрновец едвај спасиле жива глава
- Доживотен затвор за домазет кој ги заклал жена си ...
- Старо Нагоричане не ги дава Пелинце и Кокино
- Мистериите на карпите и ѕвездите
- Заборавени од државата и од Господ
- Мојот среќен ден
- ПОГРАНИЧНА СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА, БУГАРИЈА И С...
- Кокино на „Јаху"
- КОКИНО - Richard Bangs
- Richard Bangs - Kokino
- Eight wonders of Macedonia - Yahoo! News
- Интернет и временската прогноза
-
▼
јули
(37)
2 коментари:
Wonderful and informative web site. I used information from that site its great. »
best regards, nice info Laptop computer airplane power adaptor Bdsm lingerie Home mortgage refinancing vincennes21 sauna national car rental Inactive ingredients zocor Removing faucet seat
Објави коментар