Општината Старо Нагоричане ќе ја тужи Владата ако во најскоро време не ги повлече решенијата со кои на Куманово и ги дава на користење меморијалниот центар АСНОМ во селото Пелинце, мегалитската опсерваторија Кокино и караулата Длабочица. Локалните власти сметаат дека Владата на сила им ги одзела овие објекти највредни на нивната територија и ги дала на соседната без притоа да ја почитува законската регулатива.
"Со Законот за заштита на културното наследство предвидено е барањето на објекти од културата да се врши по пат на концесија за што е потребна согласност и од соодветната општина. Во овој случај, Владата нема побарано мислење ниту пак не известила дека овие објекти се предаваат. Ние за целиот случај дознавме од медиумите, а се потврди и во Службен весник. Со одлука на владата од 12.01.2006 година, караулата Длабочица е дадена на користење на неопределено време, а од 1 јуни 2006 година, рекреативниот центар без надомест на 30 години се дава на општината Куманово, а меморијалниот центар АСНОМ на Музејот во Куманово. Наскоро треба да се отстапи и опсерваторијата Кокино", вели Горан Доневски, правник во општината. Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, смета дека тие ги добиле објектите на користење затоа што министерствата процениле дека тие имаат капацитет да инвестираат во нивна доизградба, уредување и сервисирање, додека локалната администрација во Старо Нагоричане не може да се справи со нив поради малиот буџет.
"Изградбата на меморијалниот центар АСНОМ, уредувањето на опсерваторијата Кокино, се средства од државата, а објектите од караулата Длабочица се во функционална состојба, и не знам за какви дополнителни вложувања станува збор" се прашува градоначалникот Власто Димковиќ. Тој вели дека доколку владата сака да ги фаворизира само големите градови, а да ги маргинализира малите општини отворено нека каже, но тоа нема да допринесе за подеднаков развој во државата. За овие три објекта, како за останатото културно и археолошко богатство, до сега во Старо Нагоричане не добиле никаква финансиска помош, но во нив гледаат можност за свој туристички и стопански развој.
(С.Н.)
Пребарај го блогов
вторник, јули 18, 2006
Старо Нагоричане не ги дава Пелинце и Кокино
Старо Нагоричане не ги дава Пелинце и Кокино
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Архива на блогот
-
▼
2006
(151)
-
▼
јули
(37)
- Старо Нагоричане цела недела без струја
- Во Пелинце се гради и Меѓународен уметнички центар
- ОПШТИНА СТАРО НАГОРИЧИНО
- Локалитети - културни и историски
- За „Прохор“ прашаа колку да се праша
- цар Михаил III Шишман. Той е погребан в църквата "...
- Во Пелинце изгледа ќе зборува Којче
- Рецитали и концерти за 2 Август во Крушево и во Пе...
- Свети Прохор Пчињски духовен и историски светилник...
- Мостот на Пчиња кај Драгоманце два месеца чека сан...
- Пелинце се гради од Илинден на Илинден
- Свети Прохор Пчињски духовен и историски светилник...
- Карпеста уметност во Македонија
- Костоперска Карпа с. Младо Нагоричане
- С. Старо Нагоричане
- МЕГАЛИТСКАТА ОПСЕРВАТОРИЈА КОKИНО
- Mанастир Забел с. Старо Нагоричане
- Споменици на култура и археолошки локалитети - Кум...
- СВ. ЃОРЃИ-СТАРО НАГОРИЧАНЕ
- Проект за развој на општини
- Иконите и играњето со наследството
- Спасувачка драма крај Пчиња!
- Падна мост на реката Пчиња, повредени нема
- Мостот до Кокино ќе падне од хепенингот
- Извлечени 20 кампери од надојдената вода
- Капачите во бањата Стрновец едвај спасиле жива глава
- Доживотен затвор за домазет кој ги заклал жена си ...
- Старо Нагоричане не ги дава Пелинце и Кокино
- Мистериите на карпите и ѕвездите
- Заборавени од државата и од Господ
- Мојот среќен ден
- ПОГРАНИЧНА СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА, БУГАРИЈА И С...
- Кокино на „Јаху"
- КОКИНО - Richard Bangs
- Richard Bangs - Kokino
- Eight wonders of Macedonia - Yahoo! News
- Интернет и временската прогноза
-
▼
јули
(37)
1 коментар:
Your blog keeps getting better and better! Your older articles are not as good as newer ones you have a lot more creativity and originality now keep it up!
Објави коментар