Заборавени од државата и од Господ
Владимир Николоски Единствен контакт на Богица со надворешниот свет е малиот транзистор. Меѓутоа, вчера не беше вклучен. Од почит кон нејзина тетка што неодамна починала.
Убавото време е единствениот пријател на семејството Пешевски од селото Алгуње, Кумановско. Заборавени од државата, педесет и двегодишната Богица и нејзиниот помлад брат Живко, 40 години живеат во колипка од керпич, два на два метри. Живеалиштето и постелата ја делат со една коза и со две јариња. Сосед им е седумдесетгодишниот татко Борко, кој ги дели мизерните услови во слична земјана колиба. Мајката Илинка починала пред тринаесет години.
Живеалиштето на ова несреќно семејството го најдовме на влезот од селото. Не пречекаа парче од стара јамболија наместо врата, черги и најлони имаат функција на покрив и на прозорец вметнат во земјените ѕидови. Од соседите дознавме дека Богица е речиси неподвижна.
Таа не сакаше или не можеше да излезе надвор од живеалиштето, па го замоливме брат и Живко да ја праша дали можеме да влеземе во колипката. Таа се согласи и еве што не пресретна. Моравме да ги наведнеме главите за да влеземе. Во колипката човек не може да стои исправен. Потклекнати, моравме да внимаваме на јарињата, кои се вознемирија од блицот на фотоапаратот. И тие јадат, пијат и спијат на земјениот под. Иако во средовечни години, Богица е видно остарена.
- Излегувам само по неодложна потреба. Тешко се движам. Нозете не ме служат од дете, а сега и рацете ме издадоа. Тешко е, ама добро е што и досега издржав - вели Богица.
Таа се разболела кога имала пет години, тогаш ја изгубила моториката на нозете. Се почнало од едно измрзнување. Нејзините дланки се вкочанети, едвај ги употребува. Вели дека најголем непријател им е студеното време и дождот.
- Зимите во последниве неколку години се постудени од порано. Зимава едвај издржав. Ме спасија дрвцата и шпоретчето. Неколку пати бев на границата од животот. Кога врне, прокиснува. Мачињата ги кинат најлоните - вели таа.
Тричленото семејство се храни со отстоен леб и со млеко што го добиваат од козата. Понекогаш јадат и зеленчук. Живеат без струја, без вода, без тоалет. Во ноќите, но само кога мораат, користат газија за осветлување. Единствена парична помош им се неколку стотини денари што ги добиваат од Заводот за социјални работи. Им стигнуваат за леб.
Богица е лута на државата. Вели дека би и било подобро ако ја уапси полицијата или ако ја испратат во некој дом.
- Се што сакам од државата е да ми изѕида едно сопче и да имам цврст покрив над главата. За да биде топло и да не прокапува - вели Богица.
Кога си заминувавме од нивниот импровизиран дом, загрме. Дали Господ се налуте што му го спомнавме името?
На хоризонтот се исцртаа прашти дожд.
1 коментар:
Looking for information and found it at this great site... Ontario law against radar detectors Zocor manufactureer http://www.teen-anal-7.info/Peeing-story-diaries.html Valid diagnosis to order viagra Link http generic viagra levitra cialis netfirms com best for impotence Seroquel and snoring Kearney lasik surgeon Side effects antidepressant lesabre Toyota supra turbo wallpaper impotence medicine mazda mpv accessories
Објави коментар