Пребарај го блогов

четврток, јули 13, 2006

ПОГРАНИЧНА СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА, БУГАРИЈА И СРБИЈА

ПОГРАНИЧНА СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА, БУГАРИЈА И СРБИЈА

Акција за привлекување туристи во селата

Носители на проектите се невладини организации од трите држави кои ќе формираат регионален центар за развој на руралниот туризам и афирмација на регионот

Дванаесет општини од пограничниот регион помеѓу Македонија, Бугарија и Србија работат на реализација на повеќе проекти за развој на селскиот туризам и поттикнување на регионална соработка. Основна цел е да се искористат потенцијалите на селата за привлекување туристи, преку организирана и атрактивна понуда на алтернативни туристички аранжмани. Носители на проектите се невладини организации од трите држави кои ќе формираат регионален центар за развој на руралниот туризам, кој ќе ги координира активностите за афирмација на регионот.

- Почнавме од обука за економско искористување на можностите на руралниот туризам, за што веќе се одржаа осум работилници во овие три држави. Искуствата и начините на промоција на овој вид туризам, лично ни беа презентирани од најбараниот германски експерт Стефан Крел и од повеќе други странски и домашни експерти. Проектот е финансиран од Германското друштво за техничка соработка (ГТЗ), а во него учествуваа претставници од Крива Паланка, Куманово, Старо Нагоричане и Ранковце, потоа од Босилеград, Трговиште, Црна Трава и Димитровград од Србија и од бугарските општини Ќустендил, Драгоман, Трклано и Трн. Секоја од организациите, вклучени во проектот, доби опрема во вредност од по 4.000 евра, како основа за остварување на понатамошните проекти, а првата задача е формирање регионален центар за рурален туризам. Ќе изготви и туристичка мапа за атрактивните локалитети и формите на туристичката понуда во овој пограничен регион- вели Кире Дејановски, од НВО „Осогово“ од Крива Паланка, одговорен за проектите во Македонија.

„Осогово“ ќе реализира и проект за промоција на некогашниот млековод во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“, како посебна туристичка атракција, со кој млекото било транспортирано од Осоговските Планини. Во Бугарија НВО „Стамен Григоров“ ќе изгради музеј на докторот чие име го носи, а кој е пронаоѓач на бактеријата за правење јогурт, додека НВО „Натура Балканика“ од Србија подготвува проект за поврзување на традиционалното производство на млеко со органското производство.

- Во септември, ќе биде организирана и донаторска конференција во Димитровград, каде што секоја од општините од овој пограничен регион ќе се претстави со своето културно наследство и потенцијалите на руралниот туризам. Целта е да се обезбедат средства за реализација на нови проекти кои ќе ја зајакнат регионалната соработка - вели Дејановски.

Жаклина Цветковска

3 коментари:

Анонимен рече...

best regards, nice info »

Анонимен рече...

This is very interesting site... Company+dallas+engine+optimization+search seo software suggest url Pregnant woman having sex video clips Name of pain relief

Анонимен рече...

Where did you find it? Interesting read » »

Архива на блогот

Site Meter