Пребарај го блогов

вторник, јули 18, 2006

Извлечени 20 кампери од надојдената вода

ПЧИЊА ЈА ПОПЛАВИ ОПШТИНА ГОРНО НАГОРИЧАНЕ
Извлечени 20 кампери од надојдената вода
Две старици кои исто така кампувале во кампот кај бањата во Стрновец се качиле на маса в кафеана за да се спсат од надојдената вода каде дури утрото ги пронашла спасувачката екипа

Силно невреме проследено со дожд и град завчера вечер ја зафати општината Старо Нагоричане по течението на реката Пчиња. Од излевањето на надојдените води уништени се околу 40 хектери обработено земјиште, а целосно е поплавена викенд населбата кај бањата во селото Стрновац.
Околу полноќ кога надошла водата во кампот се наоѓале околу 20 лица од кои 7 деца и сите биле спасени благодарение на брзата интервенција на полицијата, локалната самоуправа од старо Нагоричане и противпожарната екипа од Куманово. Спасувачите со тешка механизација успеале да се доближат 200 метри до надојдените бранови и со јажиња да ги извлечат поплавените луѓе.
Кога се случила поплавата во бањата кампувале и две седумдесет годишни баби кои ноќта ја поминале врз маса во една кафеана покрај реката. Двете старици водата ги затекла во нивниот шатор додека спиеле. Успеале да се извлечат од шаторот и заминале во кафеаната каде се качиле на маса и при тоа се држеле за столбовите на објектот за да не ги однесе водата. Полицијата цела ноќ ги барала, бидејќи шаторот им го однела водата мислејќи дека се удавиле. Ги пронашле дури утината во 5,30 часот.
С.Н.

Архива на блогот

Site Meter