Време, број 790, 26.07.2006 | | |
|
Во интервју од 7 септември 2005 година во дневниот весник „Дневник“ поранешниот претседател Киро Глигоров посведочува. Тој ќе го каже следното:
„Историски гледано тој е наш манастир и околу тоа не би требало да има некој спор. Затоа и првото заседание на АСНОМ беше одржано таму. Кога се постави прашањето каде да се одржи заседанието, Михајло Апостолски предложи да биде таму бидејќи тоа е наш манастир кој може многу лесно да се брани. Во повоените документи и карти нема дилеми дека манастирот беше на наша територија. Сега се поставува прашањето како се случило да биде отстапен, како наеднаш се случи да се најде во друга република. За тоа треба да се приберат податоци и да се искаже науката.
Кога бев повереник за финансии во Президиумот на Македонија повеќе пати сум одел во Бујановац за наплата на даноци. Ми се случило претседателот на градот да одбие да се уплатуваат даноци во Македонија. Ми кажа: „Ние чекаме да дојди нашата држава, вие не сте нашата држава“. Кога бев претседател наредив да се пребараат архивите на претседателството околу тој случај, но не се најде ништо. Се бараше и во архивите на Собранието на РМ, во Владата, бидејќи за такво отстапување мораше да има некаква одлука. Но, немаше ништо. Се поставува прашањето кој можеше да го направи тоа? Не тврдам, но мислам дека тоа можеле да го направат само тогашните неприкосновени партиски раководители на Србија и на Македонија Благоја Нешковиќ и Лазар Колишевски во нивен договор. Претпоставувам дека таков договор направиле во име на тогашното братство и единство.“
Поконкретно решавање на статусот на манастирот ќе биде особен интерес во времето на премиерот Љубчо Георгиевски на владата, претседателот на државата Борис Трајковски и претседателот на парламентот Стојан Андов во 2001 година, кога повторно се постави прашањето за протегање и опис на државната граница помеѓу Република Македонија и СР Југославија, односно државата Србија и Црна Гора.
Договорот за протегање на границите помеѓу двете држави потпишан од претседателот Борис Трајковски и претседателот Војислав Коштуница на 23 февруари 2001 година во Скопје. Тој се засновува на повеќе меѓународни принципи, стандарди и Повелбата на ОН.
Иако одредбите на договорот имаат иста правна важност, во оваа пригода ќе се цитираат следниве членови:
„Договорните страни спогодбено ќе ги регулираат односите во врска со одржувањето, обновувањето и обележувањето на граничната линија и граничните белези, спречувањето и решавањето на граничните инциденти и регулирањето на малограничниот сообраќај на лица, како и за непречено користење на недвижниот имот што останува од другата страна на граничната линија, од страна на носителите на стварни права врз него - (6).
Договорните страни во врска со културно - историските споменици и спомен обележја на територијата на двете држави - манастирот Св. Прохор Пчињски, српските војнички гробишта и др., ќе склучат посебен меѓудржавен договор во кој ќе бидат утврдени модалитетите на нивното обновување, одржување и непречен пристап на граѓаните на двете земји-(7).
Кон Договорот придружен текстуален опис на протегање на државната граница. Во тој дел од границата следи наведениот опис:
„Од к. 522, граничната линија продолжува во општ правец кон исток спротиводно по безимениот поток , до место во потокот, на околу 470 м југозападно од к.705, каде го менува општиот правец кон југоисток. Го сече колскиот пат на гребенот Габреница , на околу 530 м југозападно од к 705 , до место на колскиот пат Пелинце- Горњи Старац, на околу 100 м југозападно од ТТ к.693, во должина од околу 1.500 м.
Од место на колскиот пат Пелинце - Горњи Старац , на околу 100 м југозападно од ТТ к.693, граничната линија се протега во општ правец кон југоисток, по колскиот пат во должина од околу 160 м , каде продолжува по водосливницата, по безимениот поток, преку утоката на безимениот поток во потокот Длибоки дол, на околу 620 м источно од к. 592, продолжува по текот на потокот Длибоки дол од утоката на потокот Длибоки дол во реката Пчиња, во должина од околу 2000 м.
Од утоката на потокот Длибоки Дол во реката Пчиња, граничната линија продолжува во општ правец кон североисток, по текот на реката Пчиња од утоката на безимениот поток во реката Пчиња, на околу 320 м југоисточно од ТТ к. 516, каде го менува општиот правец кон југоисток по безимениот поток, преку утоките на безимениот потоци, на околу 300 м североисточно од к. 586 до утоката на безимените потоци на околу 530 м југозападно од ТТ к. 637, продолжува по јужниот безимен поток и по водосливницата, до седло, на околу 410 м североисточно од ТТ к. 887(Големи уши), каде што го менува општиот правец кон североисток по гребенот на Градиште, преку к. 984, ТТ к. 1211 (Китка), к. 1196 (Средњи камен), до ТТ к. 1285(Вирови) по должината на околу 7200 м.
Во македонскиот парламент со Закон се ратификува овој билатерален Договор на седницата одржана на 1 март 2001 година.“
Манастирот Прохор Пчињски треба да биде духовен, историски и културен центар и темелник на заедничкиот живот на двата православни народи, македонскиот и српскиот, и на двете самостојни православни цркви, Македонската и Српската црква.Тука не треба да постои гранична меѓа на раздвојување на двете држави на Република Македонија и на Србија и Црна Гора, туку напротив, слободен премин на добрососедски пријателски народи и нормална државна и црковна комуникација.
(Крај) Ставре Џиков, публицист
4 коментари:
Best regards from NY!
»
Very cool design! Useful information. Go on! Keyword celexa online pharmacy models wanted florida
Keep up the good work Venlafaxine ephedrine Seroquel side effacts inventory software kenwood car cd player kdc-ps905 2006 lexus ls 430+door switches Oxycontin capsulesimages Downloading software
Wonderful and informative web site. I used information from that site its great. discount headsets Bird house 2 painting endermologie cellulite Public domain jazz
Објави коментар