Поројни дождови ги поплавија селата во Кумановско
Спасувачка драма крај Пчиња!
Четириесетина хектари земјоделски површини и дванаесет села во општината Старо Нагоричане и уште четириесетина хектари земја во селата Клечовце и Стрезовце, ги поплавија надојдените води на реката Пчиња, ноќта меѓу петокот и саботата. Најдраматично ноќта ја поминале дваесетина луѓе кои биле во своите викендички долж течението на Пчиња, но и кампери во местото бања Стрновец. Олгица Денковска неколку години се занимава со угостителство во Стрновец, но поплавата и ја уништила кафеаната, инвентарот и се што имало внатре.
"Беше многу страшно. Околу 21.00 часот почна да доаѓа водата. Некаде околу 22.30 достигна еден и пол метар. Видовме дека нема спас и побегнавме. Отидовме во една викендичка која беше погоре и оттаму видовме страшен призор-водата надоаѓаше од сите страни и носеше се пред себе", вели Олгица.
Во викендичката се собрале дваесетина луѓе. Тие побарале помош од полициската станица од селото Старо Нагоричане, но полицајците немале возило со кое можат да стигнат до поплавените, па ги упатиле да се извлекуваат преку нивите, но и тие биле под вода. Помошта дошла дваесетина минути подоцна, кога спасувачка екипа од СВР Куманово, со јажиња и градежни машини се пробила до луѓето и ги извлекла на сигурно. Во акцијата биле евакуирани 18 лица, од кои седум деца и едно инвалидизирано лице. Веднаш по нивното згрижување, спасувачите дознале дека ги нема уште две жени кои кампувале покрај реката. Веднаш започнала потрага, а двете старици биле пронајдени дури во 05.30 часот. Се засолнале во бифето на Денковски откако водата им го урнала шаторот. Селаните од овој крај речиси не паметат вакво невреме.
"Имаше силен дожд, но големата вода дојде од поројните дождови во погорните села, Пелинце, Алгуња. Речното корито не можеше цела таа вода да ја собере, па за 20 минути се беше поплавено", објаснуваат тие.
Пребарај го блогов
вторник, јули 18, 2006
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Архива на блогот
-
▼
2006
(151)
-
▼
јули
(37)
- Старо Нагоричане цела недела без струја
- Во Пелинце се гради и Меѓународен уметнички центар
- ОПШТИНА СТАРО НАГОРИЧИНО
- Локалитети - културни и историски
- За „Прохор“ прашаа колку да се праша
- цар Михаил III Шишман. Той е погребан в църквата "...
- Во Пелинце изгледа ќе зборува Којче
- Рецитали и концерти за 2 Август во Крушево и во Пе...
- Свети Прохор Пчињски духовен и историски светилник...
- Мостот на Пчиња кај Драгоманце два месеца чека сан...
- Пелинце се гради од Илинден на Илинден
- Свети Прохор Пчињски духовен и историски светилник...
- Карпеста уметност во Македонија
- Костоперска Карпа с. Младо Нагоричане
- С. Старо Нагоричане
- МЕГАЛИТСКАТА ОПСЕРВАТОРИЈА КОKИНО
- Mанастир Забел с. Старо Нагоричане
- Споменици на култура и археолошки локалитети - Кум...
- СВ. ЃОРЃИ-СТАРО НАГОРИЧАНЕ
- Проект за развој на општини
- Иконите и играњето со наследството
- Спасувачка драма крај Пчиња!
- Падна мост на реката Пчиња, повредени нема
- Мостот до Кокино ќе падне од хепенингот
- Извлечени 20 кампери од надојдената вода
- Капачите во бањата Стрновец едвај спасиле жива глава
- Доживотен затвор за домазет кој ги заклал жена си ...
- Старо Нагоричане не ги дава Пелинце и Кокино
- Мистериите на карпите и ѕвездите
- Заборавени од државата и од Господ
- Мојот среќен ден
- ПОГРАНИЧНА СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА, БУГАРИЈА И С...
- Кокино на „Јаху"
- КОКИНО - Richard Bangs
- Richard Bangs - Kokino
- Eight wonders of Macedonia - Yahoo! News
- Интернет и временската прогноза
-
▼
јули
(37)
Нема коментари:
Објави коментар