Кокино е една од мистериите кои ги опиша вчера тимот на авантуристот Ричард Бенгс на веб-страницата www.adventures.yahoo.com
Покрај за светите мистерии на Македонија, сајтот овозможува и директни линкови за нашата земја, општи податоци за природните убавини и информации за сите дневни културни настани: дел од она што го има на Јаху за Кокино | |
ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА
Кое е најмоќното место во светот? Тоа е Македонија. Светскиот авантурист Ричард Бенгс на овој начин ја опишува нашата земја, која од пред два дена е на ударни место на веб-страницата www.adventures.yahoo.com. „Мистериите на камењата и ѕвездите“ е насловот на мултимедијалната репортажа која вчера посетителите на веб-страницата на „Јаху“ можеа да ја видат.
Денеска има нова авантура, а до петок милиони посетители во светот (дневно сајтот има над 492 милиони посети) ќе имаат исклучително ретка можност да се запознаат со вкупно пет различни приказни. Секоја од нив во себе крие нова мистерија. Мултимедијалниот проект за Македонија, зад кои стои тимот на Бенгс, дефинитивно е една од најдобрите промоции на нашата земја, покрај онаа на телевизиската станица Си-Ен-Ен, каде што се емитува рекламен спот за туристичките потенцијали што ги нудиме.
Во вчерашната приказна за „Мистериите на камењата и ѕвездите“ Бенгс многу сликовито ја опишува опсерваторијата Кокино, една од најстарите во светот, четврта по ранг.
Како што раскажува тој, Кокино е антички свет храм од каде што почнуваат науката и религијата. „Веднаш под врвот, засечените гранитни карпи и рачно изделканиот трон го сочинуваат она што се смета за македонски Стоун хенџ, една од најголемите праисториски опсерватории во светот - единствената досега откриена во Источна Европа која се споредува со Ангкор Ват во Камбоџа и Абу Симбл во Египет“.
Приказната за Кокино во мултимедијалната репортажа ја пренесуваат археологот Јовица Станковски и астрофизичарот Ѓоре Ценев. Двајцата, како што вели Бенгс, се како момчиња во потрага по богатство. Тие возбудено раскажуваат за пронајдокот, кој НАСА го вброи во најстарите опсерватории. Според нив, средбата на Сонцето и планината претставува брак на два бога и во тој момент почнувале серија жртвувања - на коњи, бикови, овни, кози, па можеби и луѓе. Пролеаната крв би ја оплодила земјата, ветувајќи изобилие во претстојната сезона, а единството меѓу небото и земјата, меѓу боговите и луѓето, би била очигледна. Овие ритуали се планирале според движењата на небесните тела, величајќи ги првите мерења на времето и овозможувајќи формирање организирано општество кое ќе знае кога да ја сее жетвата, кога да жнее, кога да ги одведе козите и овците на пасење.
Кокино е само една од мистериите. Ричард Бенгс вели дека Македонија изобилува со мистерии, решливи и поинакви. Некои остануваат неодгатнати. Како онаа за златниот саркофаг на Александар Велики, кој е од непроценливо богатство, а никогаш не е пронајден. Токму за тоа пишува Бенгс, кој ги пренесува претпоставките на некои археолози дека златното руно било засолнето во една пештера по должината на Маркова Река, крај Скопје. И „Адам од Македонија“ е дел од приказната наречена „Мистериите на камењата и ѕвездите“ на Ричард Бенгс. Тоа е најстарата изрезбарена глинена фигура на обезглавен контемплативен маж, статуа која датира од пред 7.500 години, а е пронајдена во непосредна близина на селото Говрлево.
Македонија е само една од дестинациите каде што тимот на авантуристот Ричард Бенгс направил мултимедијални репортажи. На сајтот на „Јаху“ посетителите ќе прочитаат за авантурите што ги нуди Австралија, за Јордан, Африка, за Панама. Покрај за светите мистерии на Македонија, сајтот овозможува и директни линкови за нашата земја, општи податоци за природните убавини, информации за сите дневни културни настани, меѓу кои за „Скопско лето“ и за „Охридско лето“, за претстојната „Галичка свадба“, за македонската кујна или вкупно за с` она што ќе го заинтересира еден странец за Македонија кога случајно или не ќе стигне до www.adventures.yahoo.com.
Коментарите за мултимедијалната репортажа само по два дена се многубројни. Од позитивни до негативни критики. Во основа, доминираат позитивните. Некои од посетителите пишуваат: „Просто неверојатно, ова е фантастичен прилог“, „Прекрасен текст, едноставно, ме натера да ја посетам Македонија“, „Јас живеам во Македонија цел живот и засега ова е најдобриот текст што сум го прочитал. Благодарност до Ричард Бенгс, кој на светот му раскажа за Македонија. Ова сите нас н` прави горди“.

2 коментари:
This is very interesting site...
» »
I have been looking for sites like this for a long time. Thank you! » »
Објави коментар