Пребарај го блогов

недела, јули 09, 2006

Интернет и временската прогноза

Една од многуте добри работи со користењето на Интернстот е и брзо и квалитетно следење на временската прогноза низ целиот свет.

Се сеќавам на временските прогнози на дедоми - кој гледаше во сонцето на залезот и излезот. Во бојата на небото и облаците. Кој гледаше од каде доаѓаат облаците. На брзината на ветерот и некои други детали кои му беа доволни да даде прогноза за утрешниот ден. Дел од тоа и мене ме научи.

Пример за негова успешна прогноза беше - кога ке ми кажеше “..ајде синко да одимо дома - ке заврне..“

Јас му викам добро бе дедо само малку облаци има - Тој пошто знаеше некои работи кои јас после ги научив - ке ми речеше кратко “..његови кола су брзи..“ - ке се спакувавме и само што ке си дојдевме дома ке се случеше провала на облаци...

Некаде по земјотресот - го однесовме кај дедоми нашето радио - славната “Тесла“ - на која пред земјотресот го слушав Никола Автовски - со емисијата “Сто и една прикаскса“ - која се даваше за децата некаде пред спиење...

Заедно со радиото Тесла - кај дедоми отидоа и некои други ситни работи од нашето скопско дома. Зградата ни беше бележена со црвено. На пример сатот за курдисување - кој имаше почасно место на зидот до радиото на посебно постоље - малку помало од постољето за радиото ...

Радиото го спомнувам заради тоа што тоа беше сега новиот извор на информации за дедоми за временската прогноза... Се слушаше стално радиото и во комбинација со старите методи од дедоми се правеше сега малку подолгорочна прогноза...

Денешното време е време на Интернет - и интернет временските прогнози. Точноста и прецизноста е фрапантна. Со многу мали одстапувања.

Лично јас користам за Скопје неколку сајта за двевна, неделна ,десетдневна и месечна прогноза за Скопје. А користам и сателитска снимка и симулација на движењето на облачоста и ветриштата:
Right Now for Skopje, Macedonia
Hour-by-Hour Forecast for Skopje, Macedonia
Weekend Business Travel Forecast for Skopje, Macedonia
10-Day Business Travel Forecast for Skopje, Macedonia
Business Travel Weather Planner Month for Skopje, Macedonia
weather.com - Europe Satellite

Има и многу други сајтови... Такви препорачува и Утрински - во неговиот напис:
Интернетот ја популаризира и временската прогноза

2 коментари:

Анонимен рече...

Keep up the good work
» » »

Анонимен рече...

Wonderful and informative web site. I used information from that site its great. » »

Loading...

Архива на блогот

Site Meter