Пребарај го блогов

вторник, јули 18, 2006

Доживотен затвор за домазет кој ги заклал жена си и мајка и

ИЗРЕЧЕНА НАЈСТРОГАТА КАЗНА ЗА СВИРЕПО ДВОЈНОТО УБИСТВО ВО СТАРО НАГОРИЧАНЕ, КУМАНОВСКО
Доживотен затвор за домазет кој ги заклал жена си и мајка и

Зоран Арсовски (43) од село Старо Нагоричане е осуден на доживотен затвор за свирепо убиство на сопругата Надежда (37) и нејзината мајка Еленка Трајковиќ (62). Петчлениот судски совет го прогласи Арсовски за виновен затоа што со умисла ги убил двете жени. Тој пред судот се бранеше со молчење. Изрекувањето на пресудата ја прими мирно, а во моментот кога до него дојдоа неговите роднини, очите му се насолзија.
Оштетените и нивниот адвокат кажаа дека се задоволни од изречената казна. Според обвинението Арсовски на 18 октомври лани во селото Старо Нагоричане во семејната куќа на родителите на неговата сопруга, каде што тој бил домазет, со повеќе убоди од нож ги убил жената и баба си.
Крвавиот пир на Арсовски се случил во 18.30 часот, откако сите се вратиле дома од работа во поле. Тогаш Арсовски зел кујнски нож со сечиво долго 20-тина сантиметри и во дворот на Еленка и нанел осум убоди и посекотини по целото тело. Два биле во пределот на градите и срцето, од што таа починала. Потоа тој влегол во дневната соба и со 9 убоди ја избодел Надежда, која исто така починала на самото место. Откако ги извршил свирепите убиства, Арсовски заминал од дома и истата вечер со адвокат се пријавил во полиција. Потоа, биле пронајдени безживотните тела на двете жени.
Очевидци на настанот немало, а според тогашните кажувања на сопругот и татокото на убиените, Ефто, не се знаеше причината за убиството.
Зоран и Надежда биле во брак три години но немале деца. По кажувањето на роднините, тој бил лабилна личност, но добро се сложувал со домашните и немало посебни проблеми. "Го гледавме како да ни е син, а тој ни ја запусти куќата", кажуваше Ефто.
Вештачењето за психијатриската состојба на Арсовски покажало дека тој бил пресметлив за време на убиството.
С. Н.

2 коментари:

Анонимен рече...

That's a great story. Waiting for more. »

Анонимен рече...

What a great site phone tools

Архива на блогот

Site Meter