Пребарај го блогов

четврток, јули 27, 2006

Рецитали и концерти за 2 Август во Крушево и во Пелинце


Меморијалниот центар АСНОМ во с. Пелинце



Министерството за култура во соработка со установите од областа на културата, во изготвените програми за одбележување на 2 август, еден од најзначајните датуми во македонската историја, во Крушево и Меморијалниот Центар АСНОМ организира изложби, рецитали, концерти.

Одбележувањето на 2-Август во Крушево и годинава ќе биде во рамките на Научно -културните средби „Десет дена Крушевска Република" кои ќе траат од 31 јули до 10 август.

На 31 јули во Домот на културата Наум Наумовски -Борче" ќе биде отворена изложбата

„25 години Мал битолски Монмартр", а на 1 август во 12 часот во Домот ќе биде реализиран и проектот „Крушевска одаја" - „Поглед во уметноста", на здружението на граѓани Ан -блок.

Свеченото отворање на манифестацијата е во 20.30 часот кога ќе биде изведен и поетско-музичкиот рецитал „Шепотот на коријата" - во изведба на Софија Гогова Врчаковска и Митко Апостолоски, Билјана Талеска, Миланка Новевска и Перо Парески.

Вечерта пред традиционалниот импровизиран напад на градот во 24 часот, концерт ќе одржат рок- бендовите „Памперс" од Битола и „Бен Хур" од Прилеп.

На 2 август на народниот собир на Мечкин камен по традиционалното полагање на венци и обраќањето на претседателот на државата Бранко Црвенковски на народниот собир, концерт ќе одржи групата Синтезис, а на платото пред храмот „Св Никола " ќе настапат музички групи кои ќе исполнат строградски песни.

Во меморијалниот Центар АСНОМ во с.Пелинце на 2 август во рамките на предвидената програма ќе настапат КУД „Кочо Рацин" од Скопје, групите Монистра и Фолтин како и дел од македонските естрадни уметници.

Министерството за култура најавува дека на 1 август ќе биде отворен и Воениот музеј во Скопје во склоп на Воената академија. (К.Б)

Архива на блогот

Site Meter