Куманово Град на културата за 2006 година
Со одлука на Министерството за култура по објавениот Конкурс за "Манифестацијата - Град на културата за 2006 година", Куманово беше прогласено за "Град на културата за 2006 година". Ова претставува значајно признание кое доаѓа како резултат на повеќедецениската успешна работа на институциите, здруженијата на граѓани и невладините орга-низации од областа на културата, но воедно и признание за самата Општина Куманово која сите овие сегменти успеа да ги интегрира во една целина и да понуди реализација на културна програма, која во текот на 2006 година ќе биде значајно духовно збогатување на животот на граѓаните на Општина Куманово и Република Македонија.
За градот Куманово
Првите запишани податоци за Куманово, како урбан простор, датираат од почетокот на 16 век (1519 год.) за од 18 век истиот да прерасне во административен, стопански и културен центар на регионот кон кој ќе гравитираат околу 110 населени места. Присутен во сите периоди на значајни историски настани за Македонија и пошироко, Куманово како Град даде многу зна-чајни личности од областа на политичкиот, стопанскиот и културниот живот. Денеска Куманово, како најголема општина во Република Македонија е град на заедништво во кој живеат Македонци, Албанци, Срби, Роми, Власи и др. Со специфична архитектура составена од лостари објекти кои се и обележје на градот и изградба на нови објекти и градски површини кои треба да го дооформат центарот на градот во една оригинална урбана целина, Куманово концепциски се доближува кон европските градови со средна големина. Околината на Куманово изобилува со прекрасни простори кои можат да бидат успешно третмрани од стопанско-туристички аспект, посебно ако се знае фактот дека во градот постои човечки потенцијал кој го сочинуваат стручни и образовани луѓе чија главна карактеристика е комуникативност и гостопримливост.
Многубројните археолошки локалитети покажуваат дека кумановскиот регион има богата историја и култура која датира од предисторискиот период за што говори и новооткриената мегалитска опсерваторија во Кокино. Огромното фолклорно богатство на народите кои живееле и живеат во Куманово како и, традицијата која опстанала со векови, вкрстени со многугодишниот континуитет на културно живеење и институ-ции кои се во потполност оспособени за организирање на културни манифестации од најсложен вид, за Општината Куманово може да се каже дека располага со одлични предиспозиции и перфоманси за реализирање на "Манифестацијата -Град на културата за 2006 година". Кадровскиот потенцијал во културата и просторите на кои ќе се реализира програмата (Центарот за култура со зградата на Театарот, Градската галерија, Библиотеката, Киното "Козјак", Центарот за детско творештво, Коледарскиот клуб, Карпинскиот манастир, Мемо-ријалниот центар во Пелинце, Опсерваторијата во Кокино, Црквата Св.Никола, мобилната летна сцена и др.) даваат можност за оптимална организација на сите видови културни манифестацим.
Програма за реализирање на манифестацијата КУМАНОВО ГРАД НА КУЛТУРАТА 2006
Концептот на оваа комплексна културна програма којашто ќе функционира во континуитет во текот на целата 2006 година, произлегува од настојувањата за остварување на културните потреби на сите граѓани на Општина Куманово. За таа цел под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општината на Општина Куманово беа мобилизирани сите постоечки потенцијали кои можеа да дадат програмски идеи за реализирање на "Манифестацијата - Град на културата за 2006 година". Меѓу другите тоа се: Националните установи -Центарот за култура "Трајко Прокопиев" во чии рамки е Театарот и Музејот со Уметничката галерија, установите кои делуваат во локални рамки: Библиотеката "Тане Георгиевски", Киното "Козјак" и Центарот за детско творештво, Културно-уметничките друштва и ансамбли меѓу кои се: "Панче Пешев", "Тоска", "Бајрам Шабани", "Рушит Шакир", "Јета е Ре" и "Калчо Брова", Дувачкиот оркестар "Илинден" како и, повеќе здруженија на граѓани и невладини организации: Здружение на граѓани "Џез фестивал", Друштво за наука и култура "Парадигма", Здружение на пензионери, Мултимедијален центар "Карпино", Организација на жени "Нада Михајлова", Здружение на граѓани "Коледари", НВО "Флоренс Најтинген", Здружение на граѓани "Кумановски тамбураши", Асоцијација за култура и уметност "Мулти арт", Здружение на граѓани "Лук", "Етно Беба Шоп", Здружение на жени "Куманово", Фото кино клуб "Козјак" и други. Во глобала, сите тие дадоа мноштво идеи кои потоа се вообличија во една компактна програма на прецизно позиционирани активности. Без да се прави поделба од типот на големи и мали, значајни и помалку значајни манифестации, сепак се издвојуваат некои покарактеристични програмски содржини - Фестивали: IX Меѓународен тетарски фестивал "Денови на комедија", VIII Меѓународен "Кумановски џез фестивал", VI Ромски фестивал "Јекипе-Единство", XIII Фестивал за модерен балет "МАК-ДЕНС", II Меѓународен тамбурашки фестивал, III Мултиетнички фолклорен фестивал во организација на КУД "Рушит Шакир", II Фестивал за тинејџери "Тин - фест шоу"; Концерти: Новогодишен концерт на НУ - Македонска филхармонија, Вечер посветена на Трајко Прокопиев со гости Оркестарот и Хорот на Македонската опера и балет, Концерт на КУД "Панче Пешев" по повод 80 годишниот јубилеј, Концерт на КУД "Рушит Шакир" со Есма Реџепова - Теодосиевска како и, музички концерти од програмата на Охридско и Скопско лето; Театар: премиери на Театарот кој работи во состав на Центарот за култура: "Глоговиот џбун", "Оркестар Титаник", "Жорж Данден", "Американскиот сон", "Домот на Бернарда Алба" како и, гостувања на театрите од Скопје, Битола, Прилеп и Белград; Литература: промоции на наградени автори и нивните дела со наградите: "Ванчо Николески", "Стале Попов", "Ацо Шопов", "Димитар Митрев", "Браќа Миладиновци", "Глигор Прличев" сите на ДПМ, "Роман на годината" на Утрински весник, Карадачки поетски средби на албански поети и Саем на книга на македонски и на албански издавачи како и, промоција на "Кумановски витражи" и "Корени"; Изложбена дејност: изложби на Милош Коџоман, Димитар Малиданов, Свето Манев, Данчо Ордев, "Кумановски ликовни уметници", Биенална изложба на скулптура "Скулптури на новото време 2006", Душко Мишевски вајар - керамичар, "Кумановски графичари", Керамичка колонија "Ресен", Државна изложба на уметничка фотографија "Куманово" и др. Ликовни колонии: "Куманово" и "Карпино"; Етнологија: "Свадбени килими", "Етно Беба Шоп", "Накит од монистра"; Издаваштво: Водич низ културно историски споменици во Куманово и Кумановско; Археологија: Посета на Мегалитска опсерваторија "Кокино" и изложба "Човек во минатото"; Музичко-сценска дејност: гостување на балетите: "Есмералда" и "Јас Исидора", оперите: "Рита" и "Травијата" и еден гала оперски концерт; Традиција: "III Пивтијада", голем Маскенбал на градскиот плоштад, "Чваркијада"; Филм: Циклус на современ македонски филм како и, циклуси на полски и германски филмови. Врвна културна манифестација би требало да биде гостувањето на реномирани светски имиња кои би концертирале во чест на отворањето на новиот градски плоштад, проект кој треба да биде промовиран од страна на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.
Инвестициони активности:
-Реконструкција и санација на Уметничката галерија и старата музејска зграда во која ќе биде поставена постојаната музејска поставка.
-Завршување на Меморијален центар АСНОМ во с. Пелинце со целосна инфраструктура и содржини и негово ставање во функцијаза културни и рекреативни активности.
-Ставање на локалитетот Кокино во фунција на културниот туризам преку проширување на пристапните патишта, просторно уредување и изготвување на пропаганден материјал.
-Мегалитската обсерваторија Кокино е рангирана на 4 место во светот од страна на НАСА (Американска вселенска агенција).
-Археолошките истражувања укажуваат дека локалитетот се користел од првата половина на вториот милениум па се до VII век пр.н.е. или во континуитет барем 1000 години.
-Со внимателно набљудување можат да се препознаат камените маркери кои во минатото ги означувале местата на изгревање на Сонцето во денот на долгоденицата (1), Месечината во денот на максимално (2) и минимално (3) отстапување во зимскиот период, Сонцето во денот на есенска и пролетна рамноденица (4), Сонцето во денот на кусоденица (5), Месечината во денот на максимално (6) и минимално (7) отстапување во летниот период. Сите маркери се гледаат од централната позиција на опсерваторијата (8).
На планот на соработката со другите градови можно е :
- соработка на стручни лица кустоси-куратори, историчари на уметноста
- размена на џез-групи (гостување и учество на фестивали)
- театарска соработка со драмски претстави (трагедии,комедии, антички драми)
На полето на Спортот во Куманово делуваат многубројни : |
- Четириесет Фудбалски клубови
- Кошаркарски клубови
- Ракометарски клубови
- Боксерски клубови
- Шахот во Куманово датира уште од 1930(женски и машки)
- Атлетика-зазема учество на сите натпревари во Републиката
- Велосипедски клубови
- Стрелаштво-клубови (пр: Клуб " Куманово" " основан 1961)
- Во градот Куманово постои голема активност во карате клубовите , аеро-клубовите, мал фудбал и други спортски активности.
1 коментар:
[url=http://www.pi7.ru/zdorove/2019-gde-pritailis-mikroby.html ]Недостаток сна… сводит с ума [/url]
Мы развелись более полугода назад .Уже я в отношениях, есть Мч. В прошлом браке прожили всего год, расходились ужасно - сломала психику. Бывший благоверный поставил себе штамп о разводе ещё в начале года, а я всё боюсь идти в ЗАГС за разводом, и у меня в паспорте стоит штамп о браке.
Где-то подсознательно это аёт мне иллюзию про то, что где-то меня все ещё ждёт мой благоверный. Смотрю в паспорт - и я замужем...
Хотела попросить МЧ пойти со мной за разводом. но потом подумала, что не стоит вмешивать его в это дело.
Как себя заставить? и отчего я не могу? Боюсь ещё что разревусь там
Објави коментар