14 Април, 2006 - 23:32
Праисториската опсерваторија во Кокино
Намерно го напишав текстот за Кокино после веста за Цоцев Камен, зошто овдека археолозите и pokraj obilstvoto на археолошки материјал, се уште сосема скромо ги донесуваат и ги презентираат своите заклучоци. Отпчаток на духот во камен Првото нешто што древниот човек го земал од природата и го преобликувал, бил каменот. Така каменот станал првиот доказ на кој тој како белег го направил отисокот од својот дух. Кога ли започнал дијалогот на човекот со каменот? Веројатно уште многу, многу одамна кога во прадамнешните и мистични времиња почнал да го употребува за правење на своите први алатки. Не се рекло напразно дека ,,каменот е надобриот молчелив човеков пријател”. Да можеле до сега камењата да зборуваат, веројатно би ни откриле голем број на мистерии. Помеѓу тие мистерии се вбројуваат и праисториските соларни лабаратории кои се појавиле кон крајот на 4 милениум п.н.е. на територијата на Балканот и кои како резултат на еден замрзнат ритуал и конзервативност останале да се експлоатираат се до доаѓањето на Римјаните. Преку каменот до вечноста Локалититот Татиќев Камен е поставен на надморска висина од 1013 м, врз природната карпа од вулканско потекло наоѓајќи се во близина на селото Кокино, Кумановско. Дека се живеело во негова близина, ни сведочат и поголемиот број на праисториски населби кои се наоѓаат во дијаметар од неколку километри по воздушна линија, со временски дијапазон од неолитот до железно време. Кога космосот се чита поинаку Веќе подолго време во и околу научната јавност кружи мислењето дека се работи за можна т.н. праисториска опсерваторија. Направена претпоставка е докажана врз база на проучувањата кои тука ги спроведоа бугарските астрономи од опсерваторијата во Стара Загора докажувајќи дека овој споменик исклесан во карпите можеби се поклопува со соларната култна архитектура како дел од културата на енеолитските цивилизации. Истражувањата барале од астрономите посебен тип на анализи и интерпретација на морфометриските модификации, со која тие ќе ги докажат своите претпоставки дека се работи за праисториска сончева опсерваторија. Со помош на математички анализи, успеале да го реконструираат небото кое било набљудувано од се уште нам непознатата древна култура, преку постоење на нишани и ориентации намерно направени во карпите кои ги покажуваат точките на изгревот и залезот на сонцето, пролетна и есенска рамнодневица и летната долгодневица. Истражувањата велат дека овие точки се совпаѓаат со временскиот период од околу 1500-та год. п.н.е. Боговите се виновни за се Се поставува прашањето какви биле астрономските интереси на една праисториска заедница, која на овака сложен начин си ги исполила врските со својата околина. Познато ни е дека пролетта и летото се важни за вегетацијата, земјоделските култури и размножувањето на домашните животни. Тоа дава можност за создавање на календар со кој на некој начин тие би можеле да ги контролираат сите овие процеси. Од друга страна локацијата на врвот од планината можеби укажува на постоењето на т.н. ,,космичка планина”, каде врвот бил дом на небесните богови. Древните цивилизации на различни територии создавале нејзин пандан во форма на пирамиди, зигурати или било какви други архитектонски зданија, ориентирани по насоките на светот. Цитирана литература: Станковски Ј., 2003, Три мегалитни споменици во кумановскиот регион, Пијајхме 2, Народен Музеј - Куманово, Куманово 2003, 229-262. Ѓорѓевиќ Н., 2003, геолошко рекогносцирање терена на археолошком локалитетима у околини Куманова током 2002 године, Пијајхме 2, Народен Музеј - Куманово, Куманово 2003, 263-280. Стоев А. Стоева П., 2003, Археоастрономи;еска интерпретација на скално-изсе;енија паметник ,,Татичев камен”, крај село кокино, обштина Старо нагоричане, Македонија, Пијајхме 2, Народен Музеј - Куманово, Куманово 2003, 329-339. Останата литература: имагинацијата на газдарицата на овој блог и чичко гугл. p.s. според НАСА праисториската опсерваторија во Кокино е прогласена за 4-та во светот (а за ова пак трк на гугл) Линкови до овој блог записНеобични откритија на два локалитета на Андите |
мој избор | додај нов коментар | за печатење | прати по e-mail | 175 пати прочитано | трекбек url #
може да пробам да направам пост, а не е лошо за тоа што те интересира прво да ги посетиш сајтовите на имроко. Ги имам овдека од десно.
Инаку јас не шпекулирам со информациите, само имам уфрлено малу популарна археологија со тоа што сметам дека од Кокино треба да се направи бренд. Локалитетот едноставно го заслужува тоа, а и сите ние.
Викаат дека „пред аргументите и боговите молчат“. Себеси ни оддалеку не се сметам ни приближно за рамен на боговите, напротив!!!, ама пред аргументацијата која ја наведуваш морам да молчам. Дефинитивно тезата за Кокино стои на издржани аргументи.
http://www.istoricar.blogspot.com/
сум имала прилика лично да го посетам Кокино и да го видам археолошкиот материјал. Добро водените ископувања (додуше со многу малку пари - каков резил)од страна на археологот Јовица Станковски само го потврдуваат горенаведеното.
Намерно го напишав текстото за Кокино после веста за Цоцев Камен, зошто овдека археолозите и на 1 тон на археолошки материјал, се уште сосема скромо ги донесуваат и ги презентираат своите заклучоци.Тоа е наука, а не лакрдија. Не дека мегалитски споменици или како бугарите ги викаат скални паметници немало. И те како ги има на овој дел од Блаканот. Но за еден локалитет ти го прогчасиш за опсерваторија, не смее да постои основа за ниту еден сомнеж.
3 коментари:
That's a great story. Waiting for more. »
Enjoyed a lot! Pitcures of accidents on the job Footwear online shopping ass fucking How to remove a ford focus stereo get rid of cellulite in a healthy manner Find internet marketing resources web development affiliate Liposuction and flabby skin
[url=http://www.pi7.ru/zdorove/2020-o-vkusnom-i-zdorovom-...-sekse.html ]Испанцу запретили играть за сборную Англии [/url]
Привет, девочки! Я познакомилась с МЧ возле месяца назад, он живет в соседнем доме, ему 25 лет. Мы очень друг другу понравились, встречались 3 раза, включая знакомство. По мимо него у меня было много поклонников, лето, веселье, ну вы понимаете, его особо не выделяла. Периодически созванивались, в силу возраста наверно, ему с друзьями повеселиться хочется, я это понимаю. Близости у нас не было, но страсть и без этого очущается, и пообщаться есть о чем, короче сообща очень хорошо нам. Но в последнее время все чаще стала о нем думать каждый день, накрутила себя по абсолютной, наши отношения остались на том же уровне, а мне хочется большего, стала замечать что общаться мы стали реже, может опять же накрутила себя... Переживаю... Не возьму в толк, пойдет ли у нас далее или же всё это конец... Запуталась... Подскажите плз что мне думать, позабыть или же подождать или же что...? спасибо за понимание, жду совета:)
Објави коментар