Пребарај го блогов

сабота, мај 20, 2006

Куманово

Куманово

Општина Куманово



















Општи информации





Општина КУМАНОВО

Седиште на општината: ГРАД КУМАНОВО

Број на жители: 105484

Површина: 509,48 km2

Густина на население: 207,04 жители/km2

Број на населени места: 48

Населени места: градот Куманово и селата: Агино Село, Бедиње, Бељаковце, Биљановце, Брзак, Вак'в, Винце, Габреш, Горно Коњаре, Градиште, Д'лга, Доброшане, Довезанце, Долно Коњаре, Живиње, Зубовце, Јачинце, Карабичане, Клечевце, Кокошиње, Колицко, Косматац, Кутлибег, Кучкарево, К'шање, Лопате, Љубодраг, Мургаш, Ново Село, Новосељане, Орашац, Пезово, Проевце, Пчиња, Режановце, Речица, Романовце, Скачковце, Сопот, Студена Бара, Сушево, Табановце, Тромеѓа, Умин Дол, Черкези, Четирце и Шупљи Камен.

Адреса: 11 Октомври б.б. 1300 Куманово Телефони: 031 425-127, 420-451 Факс: 031 421-423, 031 423-964

Куманово се наоѓа на североисточниот, дел на Република Македонија на надморска височина од 340 метри распространето од двете страни на реките Липковка и Којнарка. Првите изворни податоци за населбата Куманово се споменуваат во 1519 год, од патеписните дефтери во архивот на Република Турција во Истанбул со 52 семејства и околу 300 жители.
Најопширни и најзначајни податоци дава Евлија Челебија во 1660 година кој напишал:
"Населбата Куманово се наоѓа на територијата на Скопскиот санџак и претставува еден војводлак. Градот е украсен со многу реки, закитен со 600 куќи, покриени со керамиди. Џамијата што се наоѓа во чаршијата, е убава, тука има теќе, медреса, амам, доволен број лродавници и воденици а климата е добра и пријатна. Лозја и градини има многу".
Турскиот патеписец Евлија Челебија
Ат пазар
Градската населба, административен центар на нахијата, Куманово станува при крајот на XVI или почетокот на XVII век. По бурните настани (Карпошово востание во 1689 год.) настанува стагнација на градот, и тој се до крајот на XVIII век претставува типична турска касаба.
"Куде тумбу и четири бандере"
Стопански развој градот доживува дури при крајот на XIX век (земјоделие, занаетчиство и трговија) но во стопанскиот развој нема значаен подем на индустријата се до крајот на втората светска војна, По 1945 година Куманово доживува брз стопански, административен и културен развој. Тој денеска е современ град, со околу 100.000 жители.
Заради богатата историја на градот и неговата околина, во него постојат голем број културно-историски споменици. Тие датираат од праисторија до денес.
Најстарите локалитети се:
Населени комплекси, Костоперска Карпа, бронзено добскиот локалитет Градиште кај селото Пелинце, неолитскиот локалитет село Младо Нагоричане, железнодобскиот тумулус Гробље (село Војник), римската некропола "Дрезга" (село Лопате), римската населба Vicianus село (Клечовце) и други.
римската некропола "Дрезга" (село Лопате)
"Св. Георги" Старо Нагоричане
Од средновековните сакрални споменици со уметнички вреден византиско фреско-живопис позначајни се: Црквата "Св. Георги" (Старо Нагоричане) изградена 1071 година, а обновена 1313/18 година и црквата "Успение на Богородица" (с.Матејче) од 1356/60 год.
"Успение на Богородица" (с.Матејче)
"Успение на Богородица" (с.Матејче)
Од поново време познати се манастирот "Карпино" во близина на с. Сув Ора посветен на Воведението на пресвета Богородица, XVI век, црквата "Св. Петка" во . село Младо Нагоричане од XVII еек, "Ески џамија", 1751 година, црквата "Св. Никола", црквата "Св. Тројца" како и манастирот во село Градиште.
Камбанарија манастир "Карпино"
"Ески" џамија
За најстар објект во Куманово со јавна функција се смета старата "Ески" џамија подигната 1751 год. што се наоѓала во тогашното турско Орта бунар маало, подигната од Татар Саид бег.
Уќумат-сокаги, една од најстарите улици
За потребите на турската власт во непосредна близина на "Ески" џамијата била подигната зградата Уќумат(конак) каде што бил сместен кадијата и останатите судски и полициски органи.Во него заседавал меџлисот(срески одбор), а зданието било подигнато во 1880год., на местото каде што бил конак.
По овој објект и улицата се викала Уќумат-сокаги(сегашна ул. 11 Октомври)

Црквата "Св. Никола", дело на Андреја Дамјанов, обиколена со раскошни тремови, богат ентериер со раскошни галерии,иконостас и црковен мебел. Нетписот под патронската ниша над јужниот влез во наосот говори за подигање на црквата во 1851 година. на местото на постара црква(чиј патрон исто така бил Свети Никола)во тогаш познатото Варош маало.
Црква "Св. Никола"
Црква "Св. Троица"
Црквата "Св. Троица" е најмлад јавен верски објект изградена 1902 година. Оваа црква е производ од црковните борби на крајот на XIX век по иницијатива на приврзаниците на Патријаршијата.Подигната во Карапското маало, во чија близина се изградило и патријаршиско училиште.

1 коментар:

Анонимен рече...

You have an outstanding good and well structured site. I enjoyed browsing through it »

Архива на блогот

Site Meter